Секс/врска/брак со партнери од различна религија/националност

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Ја однесовте темава, не знам ни јас сама каде:(
Најдобро е да се заклучи, мислам дека се претера, се` измешавте:se_ molam
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Нема да ја заклучам дека може да се дискутира нормално, само неможат сите да влезат измеѓу расправиите. Но секако, секој нареден навредлив пост на Да Бич (како што ги има многу претходно) ќе го бришам без да ми трепне око. И друго ... дајдо, зошто мислиш дека ќе се претера работава ако збориме за тоа дека не бираме ние во кого се заљубуваме? Герард убаво кажа, баш тоа е поентата на темата, дали оправдувате брак од љубов помеѓу двајца со различна вера, религија, националност ...
Ај сега продолжете мирно ...
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
Aбе уствари кои сме ние да ОПРАВДУВАМЕ или НЕ некој да си се земе па и нека бидат двајцата од различна религија?
Можеме да си кажеме ние дали би се земале или НЕ а не да збориме за други.Јас НЕ би се земала ама не ги спречувам другите да го напраат тоа зошто мене нивниот живот не ме тангира и пред се НЕ СУМ ЈАС ТАА што ќе кажува.А зошто јас не би го напраила тоа -си образложив ама ако било кој од форумов сака и успее - мило ми е за нив најискрено.Можеби на еден чуден начин тие се похрабри од мене.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Да се разбереме, јас не мислам дека е тоа така лесно ... свесна сум нормално кои проблеми би произлегле од тоа, и дека нема на самиот пар да му е лесно, со сите разлики што ќе следат ... но муабетот на Бич за храброста го поддржувам. Треба ептен храброст за да се решиш на таков потег, а љубовта ја дава таа храброст и ништо друго. Значи мислам дека ако се сакаат вистински, не треба сите тие разлики колку и да се големи да ги спречат да се заедно. Тоа е она мое мислење вака во една реченица.:wink:
 

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29
Жалам што не можам да го цитирам тоа малолетното девојче што имаше напишано бидејќи Дивине ме предухитри и го едитирала.... но важното е тоа дека јас го прочитав.... а таа сигурно го виде разочарувањето на моето лице па го едитира пред да се логирам јас.

Содржината на тој пост не ме извади од такт толку колку што ме извади фактот дека тој пост едноставно постоеше на оваа тема. Нели е оваа тема за Врска/брак со партнери од различна религија или националност? Каде беа модераторите и администраторите да интервенираат на тој пост? Тие што ме знаат (лично и персонално) знаат дека јас не сум националиста и никогаш нема да бидам, но оваа мало девојче постираше навреди на кои не им е место и никој од одговорните на тоа не интервенира :( туку го оставија тука да постои. На такви навреди/вистини (зависно кој како гледа) местото им е во Политика, затоа јас таму не сум напишал ниеден пост, пошто мене тоа не ме засега и не сакам да влезам во некои долги неколку томовски дискусии за тоа кој на кому што му направил. Јас си постирам на Љубов и Секс (најчесто) тука ми е супер баш поради фактот дека нема вакви безвезни и безвредни испади од некој да напише нешто што би ме навредило на таква некоја глупа национална база :lud: .
Многу сум разочаран..... многу сум накурчен.... многу сум изнервиран.
Од сега па натака едитирајте/неедитирајте колку што ви душа сака нема да ви коментирам никогаш за ништо.
Јас си имам свое достоинство и нема да се спуштам на било кое ниво, а посебно нема да се спуштам на нивото на тоа мало девојче кое што има уште многу работи да си помине во овој суров свет, самошто искрено премногу ме разочара самото постоење на тој нејзин пост на оваа тема од толкавата голема ажурност на сите модератори и администратори коишто константно имаат жалби и поплаки од усерите дека многу постови им биле избришани или едитирани.
Постот е едитиран да, но штетата е направена.:(
Извинете ако постов испадна многу долг, но ете за првпат си пишувам на кирилица се снајдов со буквите некако за да Ви биде полесно за читање.

Вашиот пријател Еко.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Најмалку од све сакав да ми замериш на мене во врска со темава. Те поштовам премногу и се осеќам глупаво што дозволив да го прочиташ тоа, што не едитирав на време. Од мене имаш извини, ако менува нешто.
Ја затварам темава, за да нема повеќе вакви дешаванки. Може да се отвори понатаму ако има интерес и откако ќе смират страсти сите.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Темава ја отварам на општ интерес и на барање на една особа којашто нема да навреди никој и никого а и којашто многу ја ценам!!! Од вас барам само да си имате соживот и да не се препуцавата и да размислите петпати пред да напишете еден пост. :wink:
 

NikolaP

Команданат Флик
Член од
30 октомври 2005
Мислења
1.095
Поени од реакции
16
Епа ја тражи да гу отвори. Пошто ве читам веќ едну недељу, па се изнервирам, па угасу. И такој. А цело време затворена била :icon_lol:

Углавном, за мене е глупо да гледам у религију. Ја ќе се жену само од љубав, а тк она ќе ми биде божица, религија и храм. Кој гу ебе религију, националност, расу. Ја другари не бирам по тј критериум, не па жену.
Поштују обичаи и празници, да, иако христијанство и не га много миришу, и жена у коју ја ќе се заљубу ваљда ќе ме поштуе и мене. И ако е случајно од другу религију(или исту), ќе славимо све што ни се слави. Не ме интересира бе. Ако гу љубу може да биде што сака. Пошто ја ќе гу сакам комплет. Сас сви врлине, мане и верувања. Такви препирања може да искочив само у брак што и не е бш од љубав него од други работе.
А за дете, дете ќе га васпитамо да има слободан ум, и да веруе у тој што му се свиѓа. Ако не веруе у исти работе како мене ок. Ама ќе се потруду да гу поштуе свету троицу: љубав, лепоту и слободу.

Edit: Сватите ме буквално :)
 
P

Princ

Гостин
Сега и јас се накурчив. Зошто воопшто отварате вакви топици кога милион пати се глодале? Башка, зборуваме за љубов, нешто што кога ќе стрефи некого, ќе заборави да праша за име, презиме, надимак, вера, националност, земја на раѓање.... Не ги прочитав сите постови, можеби се повтарам со некого, можеби и сум пишал некој пост, врска немам, но ова навистина ми е бајато. Преку овакво и онакво од ваков тип на топици во кои не се води здрава дискусија туку само може да се навредиме (реков погоре дека едноставно не можеме да одбереме во кого ќе се заљубиме, а ако одбираме, ќе одбереме некого што не го сакаме баш токму поради нашите глупави критериуми ”се вика Сања, не ми личи да бидам со неа. а пусто срце многу ја сака...” или пак ќе остариме сами и осамени поради горенаведените критериуми). И така ви викам, нешто у овој стил сакав да пишам..
Поздрав.
 
P

Princ

Гостин
NikolaP напиша:
Епа ја тражи да гу отвори. Пошто ве читам веќ едну недељу, па се изнервирам, па угасу. И такој. А цело време затворена била :icon_lol:

Углавном, за мене е глупо да гледам у религију. Ја ќе се жену само од љубав, а тк она ќе ми биде божица, религија и храм. Кој гу ебе религију, националност, расу. Ја другари не бирам по тј критериум, не жену.
Поштују обичаи и празници, да, иако христијанство и не га много миришу, и жена што у коју ја ќе се заљубу ваљда ќе ме поштуе и мене. И ако е случајно од другу религију(или исту), ќе славимо све што ни се слави. Не ме интересира бе. Ако гу љубу може да биде што сака. Пошто ја ќе гу сакам комплет. Сас сви врлине, мане и верувања. Такви препирања може да искочив само у брак што и не е бш од љубав него од други работе.
А за дете, дете ќе га васпитамо да има слободан ум, и да веруе у тој што му се свиѓа. Ако не веруе у исти работе како мене ок. Ама ќе се потруду да гу поштуе свету троицу: љубав, лепоту и слободу.
Еве ти пост којшто се усогласува со ставовите на скоро други. Оние останатите, тие што бараат лична карта при запознавања, нек идат у бестрага!
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Постот на Никола незнам дали да го сватам иронично или баш како што е пишан, ама битно го сватив Принц како што пишал и прибидејќи веќе милион пати така се имам изјаснато и јас, има зелено од мене афкорс:wink:
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
divine - баш како што е напишано да го сфатиш. Дијалекатот му тепа на кумановски малце ама проаѓа :wink:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Океј тенкју, во тој случај да го позеленам и него:icon_lol:
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
divine напиша:
Океј тенкју, во тој случај да го позеленам и него:icon_lol:
Он и така е зелен ама ја многу си го сакам и поштуем : иста боја сНе :pos:
 

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29
Velite temava e sega dopechena za ponatamoshna diskusija... hmmm :raz:
Jas moite stavovi sum gi iskazal.... ne bi sakal da se povtoruvam.... a definitivno nemam shto da menuvam :wink: .... epa aj.... Gospod muabet neka i dade na temava.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom