Малце закаснет одговор, ама јебига, уште читам. И не е само за Бибе, него до сите што ги поставуваат овие прашања. Се разбира, ги сменив родот во првото прашање, да не испадне недоразбирање :wink:
ThA-BiTcH напиша:
kako kje slavis i nejzin i tvoj praznik?
Пошто не се поклапаат повеќето(осим ако е ханука, не знам кога се паѓаше, ама некаде околу божик и тоа неправославен, види среќа), многу лесно. Ако се поклапаат ќе искомбинираме нешто.
aj ti se molam dosta veke se prepravate i glumite dobri na forumov, ne znam kako site ste tolku liberalni i ne vi smeta ama bas nisto!
Јас не се преправам. Што мислам тука на форумот, мислам стварно. Не знам за другите. Ми сметаат мене многу работи, ама религијата, верата и расата на таа што ја љубам, никад. А сумњам дека и на неа би и сметало.
Abe od ljubov samo ne se zivee, so vi e na site vas, tocno e deka da si zaljuben e prekrasno i se toa, ali ne e i neophodno custvo zaradi koe treba se da zrtvuvame!
Не се живее само од љубов, ама без љубов тешко. Посебно во брак. Тогаш е само некое другарство, а некогаш ни тоа. Само некое партнерство. И у таквите нормално дека разликите ќе се чуствуваат. И ако влегувате у таков брак, ни ја не би препорачал. Ама што дробам. У такви бракови се гледа прво кој, што.
I kazi mi ednoto dete kje ti se vika Ardzen, drugoto Dejan, tretoto Simona, cetvrtoto Seada ?
Ќе најдам некое неутрално. Еве на пример Елерина ми се свиѓа ептен. Ех имиња колку сакаш. Важно е, името какво значење има.
Za veligden jajca kje im bois ili ne?
Да бе. Не го поштувам многу Ристе и неговите учења. А помалце црквата.
Ама празници славам. Од причина што семејството се собира, заебанции, шали и убави успомени се дешаваат.
Затоа и се празниците, а не затоа шо некој демек воскреснал или се родил пред 2000 и кусур години. И нејзини и мои ќе ги славиме.
Ќе фарбаме, ќе боиме. Све што треба.
Додуше ја на Велигден увек ги заебавам* „Христос воскресе!” луѓето.
Со реплики као: „Ајде бе, пак ли?”, „Украдоше ми кесе”, „Јајце ми се стресе” и такви глупости. Али се кцам со јајца, добивам по некој денар и чепкам од јагнето, редовно... И слава славам. И Божиќ.
И Рамазан ако се оженам за муслиманка, Ханука со еврејка, Денот на големиот орел, со некоја индијанка. 25. мај со комунистка. Не ми е важно. Важно таа да е со мене а и луѓето кои ми значат, и да сме среќни. За другите многу многу не ми чуе.
П.С.
Постира на македонски, да ме разберете поубаво.
*другарите и домашните. Сепак кон другите имам некој почит. Тие што ќе сватат автоматски дека е заебанција, да.