Не може клуч на оваа тема... И де де.. јас сум навредил двајца.. Што правиме со тоа што вие вреѓате 2 милијарди??? Милијарда христијани и милијарда муслимани?
Или ај локално да се изразам, пошо знам дека не ви стига паметот до таму... 2 милиона? Македонски граѓани, македонци и албанци?
Или ај уше да го стеснам тоа, неколку десетици илјади што размислуваат како мене?
Или, не е ни до тоа, туку сам оги вреѓате мешаните врски?
Или не ви смета ако македонец и албанка се ебат... туку болката у душата ви е ако се ебат албанец и македонка? Или турчин и македонка?
Се прашувам само како се вадите пред себе? Дека они се криви? (кои и да се они)... Они се лошите? Они се убиците? Наркодилерите? Џганот? Да ви понудат да ги изништите сите муслимани во мкд гарант би ги изништиле.. Пак со оправдание, дека они се лошите и дека добро правите...
И доста со тој конфликт од 2001 кој што вие го викате војна!!!! Во таа “војна“ загинаа точно 89 луѓе од македонска националност... од кои што само 18 не беа професионални војници или полицајци!
Имам другар муслиман иде со христијанка... Се бунат и двете фамилии... охридски фамилии, и двете ценети... лицемерие бе.. И тие и тие се дружат и со христијани и со муслимани!!! ама демек брак - не!!! Ајде бе!!
Религиите се измислени од алчни луѓе за да може да го владеат простиот народ (не дани, не мислам дека си проста, ти си немала избор, а ни сестра ти, од мали сте така воспитани)!!! И се уште религиите постојат за тоа...
Па у курац. Не почитувам ниеден муслиман што не јаде свиснко затоа што “така треба“, и ниеден христијан што не би направил сунет од хигиенски причини, затоа што “сечените“ се гадни муслимани!!!
Не само што не сме напреднале многу од `45 и од хитлеровското време (се што е евреин е лошо и треба да се убие)... Ние глеам не сме напреднале многу и од времето на крстоносните војни... Исто е...
Тука морам да дадам и мал осврт на православните хритијани... Додека католичките и протестантските христијани ги сметаат сите за христијани и немаат гајле при дружење и бракови, православните хритијани се најнеинформирани така да се изразам, и мислат дека другите 2 христијански секти* се различна религија (т.е. со нивни зборови “различна вера“) и нема мешање...
Затворени умови бе!!!!!!!!!!!!!!
Р.Ѕ. популарен у друштво? Нормално дека сакам да сум! И не само што сакам, него и сум!!!! Ама не фала, нејќам друштво во кое што сите се Хитлери, Аркановци, Готовини, Хашим Тачевци, или Горан - Мујовци!!!
* за неинформираните секта = религиска подгрупа... пример православието е христијанска секта.