Самит на НАТО; Чикаго - мај 2012; (општа дискусија)

Ќе биде ли Македонија ставена на дневен ред на овој самит?

  • Да

    Гласови: 25 20,5%
  • Не

    Гласови: 97 79,5%

  • Вкупно гласачи
    122
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Механизми има, нека не примат под референцата?
Епа тоа е што ни фали на нас ! Стратегија. Појма нема никој од политичарите што да направи и кога. Изгубени се како гуски во магла.
Ај можеби е офтопик но да си прашам: Зошто до сега не сме почнале постапка при ОН за признавање под нашето уставно име?
Нема теоретска шанса да бидеме примени по ФИРОМ.

1. Тој билатерален проблем кој Грција го има со нас, хипотетички ако влеземе под ФИРОМ внатре во НАТО ќе стекнеме сојузници од некои земји, по автоматизам проблемот ќе стане криза во НАТО. Нема да бидат едногласни ќе бидат поделени. Дел од нив ќе бидат на страна на Грција дел од нив на страна на Македонија.

2. Грција неможе да не поднесе нас. Не е проблемот само името. Проблемот се имотите на Егејците. Тоа се големи пари кои треба Грција да ги врати како отштета. Некои велат дека станува збор за милијарди долари. (тие пари они ги немаат)

3. Егзодусот и напалм бомбардирањето. Тоа ако Македонија го извади на површина како земја членка на НАТО со подршка од некои земји, значи директно обвинување на Грција за геноцид и етничко чистење.

Ништо нашите политичари кои и да се неможат да сторат. Оставени сме на милост и немилост на големите сили. Треба да се повлече војската од НАТО да престанеме да бидеме окупатори, и да престанеме да се трудиме да влеземе во НАТО. Тоа е сојуз. Сојузите историски е докажано дека се формираат и распаѓаат. Државите и понатаму остануваат.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.734
Поени од реакции
35.560
Можеби не е лошо што пред Самитот на НАТО во Чикаго сме аутсајдери.
Веќе имаме лошо политичко искуство со фамозниот самит во Букурешт пред 4 години. Тогаш бевме фаворити. На ден пред соопштување на одлуката за покана на новите членки, дури и американскиот претседател Буш не промовираше заедно со Албанија и Хрватска за нови членки, арно ама,,,
Се сеќавате, тогаш Владата создаваше еуфорија, се натопорија цел еден авион официјални државни претставници во Букурешт, заминаа помпезно и се вратија скришум.
Не треба однапред да се предадеме. Ќе биде добро ако владата извлекла поуки и од лошото искуство што го имаме во поглед на погрешните дипломатски процени пред самитот на НАТО во Букурешт. Тогаш очигледно ги потценивме грчките закани, тогашниот наш министер за надворешни работи Милошоски негираше дека Грција ќе го искористи правото на вето, тој тогаш велеше - ‘‘да имаш право на вето е како да имаш нуклеарна бомба, ни едното, ни другото не се употребуваат‘‘ - и видовме што се случи:facepalm:
Дури и да бидеме ставени на дневен ред, не верувам деќа ќе се промени нешто, повторно ќе не потчукнат по рамото ‘‘спремни сте, ама сменете го името‘‘, и се ќе се сведе на тоа.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
Присуство на висок светски државник или пак негова не посета не значи дека земјата е заобиколена. Земјата е членка на ООН, ЦЕФТА, ОБСЕ, СТО, разни трговски организации, признаена е од стотици земји, остварува економски, трговски и разни врски. Тоа не значи дека е заобиколена ако не дошол Обама или Буш. За твоја информација до сега во Македонија од 91-ва имаат дојдено многу влијателни фаци во европската и светската политика.

Во однос на темата. Мислам дека имаше ваква тема ама Крејзи ја заклучи:)
Јас мислам дека нема да биде Македонија на дневен ред. Ќе се постигне заеднички став на Алијансата дека Македонија напредувала, но единствен проблем е спорот со Грција кога ќе го реши тогаш ќе добие покана. Не верувам дека Грција има смелост после одлуката на судот во Хаг и после оваа криза која ја има, повторно да стави вето. Едноставно НАТО како организација не сака да ја прими Македонија. Со тоа ќе ги внесе и проблемите внатре во Алијансата и ќе настане криза и поделеност во самата Алијанса.
Абе сега ние со наши емоции можеме да кажеме све, дека и без компромис ќе влеземе во НАТО после неколку месеци,ама не е така. Дека сме заобиколени сме, тоа е факт, а иначе што ако Гејлада нема да ни стави вето кога ние пак не ќе можеме да влеземе во НАТО, јас се секирам затоа што не сме интересни за големите сили, нас не имат оставено сами да си плеткаме на место, а од друга страна соседите ни се душмани, ме сфаќаш што сакам да кажам? А од друга страна имаме и внатрешни проблеми со албанците, мене по се изгледа Големите сили политички ќе не терат сами да го смени името, па ако треба и со застрашувачка политика ќе го сторат тоа.( За жал)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Абе сега ние со наши емоции можеме да кажеме све, дека и без компромис ќе влеземе во НАТО после неколку месеци,ама не е така. Дека сме заобиколени сме, тоа е факт, а иначе што ако Гејлада нема да ни стави вето кога ние пак не ќе можеме да влеземе во НАТО, јас се секирам затоа што не сме интересни за големите сили, нас не имат оставено сами да си плеткаме на место, а од друга страна соседите ни се душмани, ме сфаќаш што сакам да кажам? А од друга страна имаме и внатрешни проблеми со албанците, мене по се изгледа Големите сили политички ќе не терат сами да го смени името, па ако треба и со застрашувачка политика ќе го сторат тоа. ( За жал)
Не го гледам тоа заобиколување. Во земјава имаш капитал внесен преку инвестиции од Кина, Јапонија, Турција, Русија, Израел. Не значи дека ако не сме на дневен ред дека немаме подршка. Имаме потпишан договор со САД и Турција. Не ни сакам да бидеме на дневен ред на некоја светска сила. Тоа што Обама нас не не перцепира не е ништо ново. Тој кога дојде на власт си кажа дека во неговата политика нема да биде балканот приоритет. Се сврте према Русија, Кина, Арапската пролет. Никој нема да не натера име да смениме. Не е тоа едноставно да промениш име и идентитет на една цела нација. Не верувам дека ќе има нови конфликти и немири. Оптимизам за тоа ми даваат инвестициите. Не верувам дека една Русија, Кина или Гермнија би вложиле во земја која би била нестабилна со можни конфликти и безбедносни ризици. Албанците ја немаат подршката од Америте како во минатото. Тие ги искористија за некои сосема други работи, сега веќе не им се интересни.
 
Абе Ок тоа е во ред, дека имаме стратешки договори со САД и Турција, и дека имаме инвестиции од Кина,Русија,,Јапонија,Турција,Израел. Ама јас пак несум голем оптимист за безбедноста,што ако во иднина Албанците барат федерализација или нешто друго? Дај Боже никогаш да нема војна ама ние треба секогаш да сме спремни, како прво Косово е проблематична земја,плус не се членки во ООН-Обединети Нации, можат секогаш проблеми да ти стварат со радикалните групи,тие пак нема да одговарат пред меѓународна заедница, плус јас не верувам Грција и Србија па и Бугарија дека немат корист да се дестабилизира ситуацијата во Македонија,така да заради тоа се секирам за иднината,а да бевме во НАТО,барем за тие безбедносни ризици немаше да се секирам,тогаш соседите можеа само да ни се фатат. Незнам што ќе се случи со нас,од друга стана не сакам во никој случај да се промени уставното име,ама од друга страна пак не сакам во иднина да ни се наруши суверенитетот и итегритетот.
--- надополнето: 15 февруари 2012 во 15:01 ---
НАТО e единствената организација што ни гарантира територијален интегритет, затоа сакаме таму. Во превод, ако влеземе во НАТО нема делење на државата.
Заради тоа сакам во НАТО да влеземе,ама работата е како да успееме за да влеземе?:(
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Присуство на висок светски државник или пак негова не посета не значи дека земјата е заобиколена. Земјата е членка на ООН, ЦЕФТА, ОБСЕ, СТО, разни трговски организации, признаена е од стотици земји, остварува економски, трговски и разни врски. Тоа не значи дека е заобиколена ако не дошол Обама или Буш. За твоја информација до сега во Македонија од 91-ва имаат дојдено многу влијателни фаци во европската и светската политика.
Препорачувам ти да прочиташ тази колумна и да видиш,дека понекога и изпракjaнето на честитки или изпракjaнето на сочувство покажува многу во односите и ставовите на една држава. Во високата политика това да те заобиколуват или да те посетат значи многу.
http://www.dw.de/dw/article/0,,15742532,00.html
 
B

Borg_Drone

Гостин

Во случајот со Германија и не покажуваат баш поради тоа што Германците водат неутрална политика.Они и во политиката за Либија беа воздржани кога беше воената интервенција па тоа не значи дека беа против промената на режимот на Гадафи.Друго, примерот со пораката за сочувство до Глигоров некако ми е малку смешен а сепак се наведува дека Вестервеле испратил писмо каде го изразил своето сочуство.Вулф и нема толку време да испрати една телеграма со сочуство зошто во моментов се соочува со мега-скандал во неговата земја и е готов да падне според она што го гледам поради неговиот кредит што го земал без да го пријави итн.Меркел пак го повика Груевски на разговори во Германија.
Што значи Германија е нешто сосем друго после Втората светска војна на полето на меѓународната политика.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Препорачувам ти да прочиташ тази колумна и да видиш,дека понекога и изпракjaнето на честитки или изпракjaнето на сочувство покажува многу во односите и ставовите на една држава. Во високата политика това да те заобиколуват или да те посетат значи многу.
http://www.dw.de/dw/article/0,,15742532,00.html
Не гледам проблем во тоа што не испратиле телеграма со сочувство ниту пак коментирале за одлуката на судот во Хаг. Глигоров е поранешен политичар. Тој што го испочитувал испратил сочувство. Македонија не е заобиколена од никого. Од 91-ва година па се до денеска, овде доаѓале претседатели, премиери, министри, конгресмени, сенатори.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Во случајот со Германија и не покажуваат баш поради тоа што Германците водат неутрална политика.Они и во политиката за Либија беа воздржани кога беше воената интервенција па тоа не значи дека беа против промената на режимот на Гадафи.Друго, примерот со пораката за сочувство до Глигоров некако ми е малку смешен а сепак се наведува дека Вестервеле испратил писмо каде го изразил своето сочуство.Вулф и нема толку време да испрати една телеграма со сочуство зошто во моментов се соочува со мега-скандал во неговата земја и е готов да падне според она што го гледам поради неговиот кредит што го земал без да го пријави итн.Меркел пак го повика Груевски на разговори во Германија.
Што значи Германија е нешто сосем друго после Втората светска војна на полето на меѓународната политика.
Со кого водат неотрална политика? Не гледам Германиja да води неотрална политика например со Србиja и Косово (давам ги за пример,заштото и тиja држави са дел от Западен Балкан, каквата е и Република Македониja).
Jaс не велам,дека е истата,но тежината на Германиja во Европа е факт се повеке и повеке се засилва. Jaс само ти пренасjaм веста от DW.
Да ми кажеш,колко пати германскиот канцлер посетил РМ во изминатите 20 години и да видим во другите балкански држави. Да споредим?
--- надополнето: 16 февруари 2012 во 17:37 ---
Не гледам проблем во тоа што не испратиле телеграма со сочувство ниту пак коментирале за одлуката на судот во Хаг. Глигоров е поранешен политичар. Тој што го испочитувал испратил сочувство. Македонија не е заобиколена од никого. Од 91-ва година па се до денеска, овде доаѓале претседатели, премиери, министри, конгресмени, сенатори.
За теб е вака, за авторот на колумната е друго.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
За теб е вака, за авторот на колумната е друго.
Сосема нормално авторот има свое мислење јас мое. Некои ќе го подржат мислењето некои нема да се согласат со истото.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Со кого водат неотрална политика? Не гледам Германиja да води неотрална политика например со Србиja и Косово (давам ги за пример,заштото и тиja држави са дел от Западен Балкан, каквата е и Република Македониja).
Jaс не велам,дека е истата,но тежината на Германиja во Европа е факт се повеке и повеке се засилва. Jaс само ти пренасjaм веста от DW.
Да ми кажеш,колко пати германскиот канцлер посетил РМ во изминатите 20 години и да видим во другите балкански држави. Да споредим?.
Во комуникацијата со останатиот свет водат неутрална политика, па дури и со Србите на еден начин си играат топло-ладно.Германците никогаш не би навлегле подлабоко во проблемот зошто не се ориентирани кон загрозување на односите со некоја земја а политиката на Германија после Втората светска војна е насочена кон создавање на пријателства со останатите земји со цел зајакнување на економските врски со таа земја.Тоа е потврдено безброј пати.
Во Либија на пример канцеларката беше против режимот на Гадафи но моментот кога требаше да се испратат авиони таа само мудро премолче на таквата одлука.А тоа го направи со една цел: да не ги загрози односите со останатиот арапски свет од кој ќе може да има некаква економска придобивка.И германски канцелар ако ја посетил Атина сигурно дека не ја посетил поради тоа што им даваат поддршка туку ја посетил за бизнис.За разлика од Америка па и Британија, Франција итн.Малку поинаква е политиката на Германија.Економски е ориентирана Германија и загрозување на односите со било која држава не им одговара на ниту еден начин.За џабе не се светска сила и после Втората светска војна.Си го гледаат својот интерес.
Инаку еве ти за пример да видиш колку добро стојат во моментов односите помеѓу Грција и Германија:
Die Schuldenkrise belastet das deutsch-griechische Verhältnis. Die Bundesregierung hat Bedenken gegen weitere Milliardenhilfen. Und der griechische Präsident Papoulias fühlt sich von Finanzminister Schäuble beleidigt.
Der griechische Staatspräsident Karolos Papoulias hat Bundesfinanzminister Wolfgang Schäuble ungewöhnlich scharf angegriffen. Der 82-Jährige empörte sich nach Presseberichten über jüngste Äußerungen Schäubles in der Griechenland-Krise. "Ich akzeptiere es als Grieche nicht, dass mein Land von Herrn Schäuble beleidigt wird", polterte Papoulias. "Wer ist denn Herr Schäuble, der Griechenland beleidigen kann. Wer sind denn die Niederländer, wer sind die Finnen?"
http://www.dw.de/dw/article/0,,15745387,00.html
Преводот гласи:
-Должничката криза го загрози германско-грчкиот однос.Бундестагот се двоуми за тоа дали да и се исплати нова помош на Грција.Грчкиот претседател Папуљас се почувствувал навреден од германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле и невообичаено остро го нападнал.После известувањата во весниците за најновите изјави на Шојбле осумдесет и две годишниот претседател се изнервирал и изјавил:
-Јас како Грк не прифаќам тоа мојата земја да биде навредувана од г. Шојбле.Кој е г. Шојбле кој ја навредува Грција.Кои се Холанѓаните, кои се Финците?

Ете ти за најновите германско-грчки односи и покрај тоа што била Атина неколкупати посетувана од канцелар итн.
Што значи од една страна гледаат да не и наштетат на Македонија а од друга не сакаат и да се чепкаат со Грција, и пуштаат само „водичка“ на двете држави.

И нема потреба понатаму да дискутираме за ова на оваа тема, ако си заинтересиран за продолжување на темата повели на профил.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.858
Македонија ќе биде ставена на дневен ред на овој самит доколку ги исполнуваме овие услови којшто ни ги бара НАТО:

1. Без пораст на деца родени со опашка,
2. Без пораст на деца родени со 10 прсти на една рака
3. И Без пораст на малигни заболувања од 400% нема влез во НАТО.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Која смисла за хумор човече, се изгазив од смеење...

:confused:
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346

http://www.time.mk/read/7b0a5671b4/bd02b0f420/index.html

Кој идиоти од политичари.
Па на тој меч е крвта на грчките војници, сигурно и цвеќе ставаат на споменикот кај Херонеја.
Е овде погинаа Македонците кои се бореа на страна на Атина а ги победи Гркот Александар.

Ах ќе им дојде крајот на ова западниве ми се згади од нивната наука.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Во комуникацијата со останатиот свет водат неутрална политика, па дури и со Србите на еден начин си играат топло-ладно.Германците никогаш не би навлегле подлабоко во проблемот зошто не се ориентирани кон загрозување на односите со некоја земја а политиката на Германија после Втората светска војна е насочена кон создавање на пријателства со останатите земји со цел зајакнување на економските врски со таа земја.Тоа е потврдено безброј пати.
Во Либија на пример канцеларката беше против режимот на Гадафи но моментот кога требаше да се испратат авиони таа само мудро премолче на таквата одлука.А тоа го направи со една цел: да не ги загрози односите со останатиот арапски свет од кој ќе може да има некаква економска придобивка.И германски канцелар ако ја посетил Атина сигурно дека не ја посетил поради тоа што им даваат поддршка туку ја посетил за бизнис.За разлика од Америка па и Британија, Франција итн.Малку поинаква е политиката на Германија.Економски е ориентирана Германија и загрозување на односите со било која држава не им одговара на ниту еден начин.За џабе не се светска сила и после Втората светска војна.Си го гледаат својот интерес.
Ако за тебе това што го прави Германиja е неотрално, треба да ми обесниш што прават Австриja и Швеjцариja. Jaс не велам,дека ке навлезат далбоко во проблемот,но ако Германиja е предпазлива не ja прави неотрална.
Инаку еве ти за пример да видиш колку добро стојат во моментов односите помеѓу Грција и Германија:
http://www.dw.de/dw/article/0,,15745387,00.html
Преводот гласи:
-Должничката криза го загрози германско-грчкиот однос.Бундестагот се двоуми за тоа дали да и се исплати нова помош на Грција.Грчкиот претседател Папуљас се почувствувал навреден од германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле и невообичаено остро го нападнал.После известувањата во весниците за најновите изјави на Шојбле осумдесет и две годишниот претседател се изнервирал и изјавил:
-Јас како Грк не прифаќам тоа мојата земја да биде навредувана од г. Шојбле.Кој е г. Шојбле кој ја навредува Грција.Кои се Холанѓаните, кои се Финците?

Ете ти за најновите германско-грчки односи и покрај тоа што била Атина неколкупати посетувана од канцелар итн.
Што значи од една страна гледаат да не и наштетат на Македонија а од друга не сакаат и да се чепкаат со Грција, и пуштаат само „водичка“ на двете држави.

И нема потреба понатаму да дискутираме за ова на оваа тема, ако си заинтересиран за продолжување на темата повели на профил.
Ако погледнеш односот на Германиja ком Грциja и зашто тиja дават толкова пари и прават вакви напори, ке разбереш за што зборувам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom