Самит на НАТО; Чикаго - мај 2012; (општа дискусија)

Ќе биде ли Македонија ставена на дневен ред на овој самит?

  • Да

    Гласови: 25 20,5%
  • Не

    Гласови: 97 79,5%

  • Вкупно гласачи
    122

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Како наши фантазии?! Па, ние не сме толку садисти! Еве ти нешто да ѕирнеш:

„Викиликс: Американскиот амбасадор Рикер: Грците и Бугарите во заговор против Македонија!“

http://macedonianspark.com/mk/vesti/statii/681-2011-12-07-16-12-58
Ке ми цитираш това?!:icon_lol: Коj го напишал? Хаjде сега се врати и прочитаj грамата, па после ке си зборуваме.
Викиликс нема вако заглавие на грама. Това си е измислица на тоja, што пишува на macedonianspark.com
--- надополнето: 14 февруари 2012 во 16:42 ---
Мор фми, иако се боревме против едноумието во комунизмот испадна дека западното едноумие е десет пати бетер од комунистичкото.
Јас од 1990 слушам само за НАТО и ЕУ, Русија е спомната само во делот на број на мртви од алкохол и други црни вести.
Они го моделираат нашето мислење, нема судар на идеи, на концепти, па да видиме во една здрава дискусија што значи денеска НАТО што значат евроазиските интеграции кои ги водат Русија и Казахтсан.
Ти не си видел комунистическо едноумие, затова недеj да зборуваш.
Да те прашам, като Русиja и Казахстан водат евроазиатска интеграциja, коj интегрираха? Беларус ли интегрираха? Или интегриха Грузиja? Или интегрираха Украjна?
Не може да станува абсолутно збор. Това се уште са напори, кои немат никакакв резултат.
Jaс мислам,дека дискусиjaта за Русиja, за НАТО, за ЕУ, за, за ,за се е водила на многу поранен етап. Ако сега сакаш да ни кажеш,дека мора да водиш таа дискусиja това значи дека ти не знаеш што си правил по последните 15 години. От сека дискусиja по ваква тема, накаj има изводи, кои мара да си направиш и да земиш решение. Jaс мислев,дека вие сте минали таа дискусиja,ама очигледно сум згрешил.
--- надополнето: 14 февруари 2012 во 17:51 ---
Това беше моjaта прогноза преди неколко дни
Моjата прогноза за средбата и изjaвата на Германиja:
РМ засложува членство во НАТО, но без решение со Грциja не може да се очекува зачленуване. Относно ЕУ - направени са чекори напред, РМ засложува почеток на предпристапните преговори,но без полно согласие на совета на министрите не може да започнат преговорите.
Еве што кажала тетка Меркел денес
Во фокусот беше и прашањето за членството на Македонија во НАТО и разговаравме за начините, како сакаме да го решиме тоа прашање. Но, прашањето со името мора да се реши, инаку не верувам дека ќе биде можно отворање на преговорите со Унијата и членство во НАТО
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=E4873725ADD5E44FB9C9106053A8DF26
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Дали се сеќавате некои големи и познати политичари во светот да ја посетат Македонија???
Например, Барак Обама,Никола Саркози, Ангела Меркел, или ако сакате и поранешните председатели да ги спомнам? Џорџ Буш,Тони Блер, Жак Ширак итн,??
Македонија уште од кога стана независна земја уште од 1991,јас не се сеќавам некои големи и познати политичари да не посетат? Сем Турскиот премиер Ердоган, и тој е голем политичар,ама освен него јас не се сеќавам некој да дојде кај нас, барем Русите да не посетат,ево например Путин или Медведев да дојдат, што е ова работа?? Навистина сме заобиколени!!
Apsolutno se slozuvam,mozebi do sega na nikoj ne im teknalo vakov komentar da pisuva,ama navistina ova e kapak na realnosta..(y)
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
фми лесно ви е на вас брат, вие за час менувате страна.
А ние во Македонија што сме правеле 15 години, перална на мозок, детергент НАТО и ЕУ.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
фми лесно ви е на вас брат, вие за час менувате страна.
А ние во Македонија што сме правеле 15 години, перална на мозок, детергент НАТО и ЕУ.
Не ми отговори, коj интегрираха Русиja и Казахстан? Коja држава от Европа интегрираха?
Не си видел што е перене на мозок со детергент СССР (днешната ти Русиja само нашминкана).
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Не ми отговори, коj интегрираха Русиja и Казахстан? Коja држава от Европа интегрираха?
Не си видел што е перене на мозок со детергент СССР (днешната ти Русиja само нашминкана).
fmi, западот станува СССР. Кодекс алиментариус, хемиските отрови во храната, кршење на меѓународното право, огромни мас медиуми кои го моделираат јавното мислење итн итн....

Да ставиш еднаквост на Русија со СССР е исто да ставиш еднаквост на фашистичка Германија со денешна Германија.

Или само Русите се исклучок ?
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
И ете вторник дојде и си помина. Груевски имаше средба со Меркел и ништо не се промени....
Договорете се со Грција и тогаш ќе бидете примени...

http://vecer.com.mk/?ItemID=497CB9BEAC087C4884B486A0D80A170E

И која бедотија од држава сме бе тоа е чудо едно, во ист контекст со веста, овој весник пренесува дека нашиот премиер седел на иста маса со Бред Пит и Анџелина Џоли :vozbud:.

Ваууууууууууууууууу

Кај не ебаваат во здрав мозок и не не примаат никаде, еден од провладините весници пренесува во ист контекст дека премиерот се сретнува со Бред Пит и Џоли? :pos::pos:

И после се жалат луѓето дека соседите си играле ташак со нас..... Епа ај да не.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Иако се сметам себе за оптимист, во однос на овој самит сметам дека присуството на Македонија ќе биде про-форма, колку да не потапшаат по рамо, да ни кажат - Браво дечки, топ сте, големи да растете и сл., ама покана или нешто којзнае каков чекор напред нема да се случи. Јасен сигнал беше изјавата веднаш по пресудата: Оваа пресуда е само знак дека Македонија и Грција...бла, бла,бла... добрососедски односи, бла, бла, бла... разумно решение... бла, бла, бла... компромис, бла, бла, бла... Јасно е кој е условот. Нема што други стандарди да поставуваат, кога веќе рекоа дека сме ги исполниле НАТО критериумите. Не условуваат за ситуација, кој не е на никаков начин поврзана со НАТО. Франција е против нас, како и впрочем секогаш, а Франција и Германија моментално играат танго, заради кризата во ЕУ - така да, не очекувам баш некоја помош од Германија. Нема збор дека на збор не поддржуваат, ама досега КОНКРЕТНА помош, освен ќе ви помогнеме да изнајдете решение (???????) не сум видела од Германија. Досега можеби ја осудувале Грција заради размазеното однесување, но повторно ние сме биле тие кои треба да вложат напори. Не ми е ова многу верно, едноставно сега моментално немаат некој посебен интерес, да имаа имаше и рози да ни постават за да влеземе, а Грција немаше никој да ја праша за мислење. Двојни стандарди...
Добри беа Еднооки, по повод пресудата од Хаг: Судијата од Хаг - БРАВО, БРАВО За МАКЕДОНИЈА, АЈДЕ АПЛАУЗ ОД СИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА,... а Грција - за нив... уште 5-6 милијарди евра. Тоа е муабетот. Ние добиваме “морална“ поддршка, Грците добиваат “институционална и финансиска“ поддршка, која секогаш била многу побитна, барем во светот на политиката и дипломатијата. Секогаш ЕУ и НАТО (посебно ЕУ), говорат дека немале механизми за да спречат, бла бла бла... Демек не можеа до сега да најдат механизам против злоупотреба на политичка моќ? Не им одговара едноставно и тоа е тоа.
Затоа ќе кажам, се надевам дека грешам, Самитов може само да е добра прилика да се излобира за нешто и да се удри некој јак говор, иначе се ќе биде про-форма и тапшање по рамо. И мислам дека време е да им кажеме дека доста ни беше тапшање по рамо.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Господ гледа, и враќа. Грција наместо да го искористи своето богатство и сила да ги прими сите земји околу неа во НАТО и ЕУ, и на тој начин да оствари долготрајна економска, политичка и воена стабилност, таа со сите се раскара.
А ова за во НАТО, Македонија има само два основни проблеми , и тоа - Албанскиот сон за Голема Албанија и нискиот наталитет кој моѓе да доведе до измирање на нацијата. Се друго е фантазија на ненормални луѓе - па чунким Албанија, членка на НАТО ќе не нападне нас? Или Грција, или Бугарија? Влезот во НАТО не моѓе да го реши проблемот со Голема Албанија, а тоа нема да го реши ни влезот во ЕУ. Но , за тоа има платени политичари кои треба да мислат.
 
M

Muranyi

Гостин

И мислам дека време е да им кажеме дека доста ни беше тапшање по рамо.
Дали би добиле ние нешто ако им кажеме дека ни е доста од тапшање по рамо?Дали би било тоа политички исправна одлука?
Јас не знам што прават или што би требало да прават нашите политичари во услови кога на сите ни е јасно дека Македонија никогаш нема да се интегрира во НАТО и ЕУ.Време е да се размисли за некоја друга опција,да се посветиме на економскиот дел и сојузниците да си ги бараме надвор од овие посрани фашистички организации од кои ништо добро не сме виделе ниту ќе видиме.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Уште веднаш по пресудата се знаеше дека вака ќе биде. Сите релевантни институции изјавија дека е во ред пресудата но треба да се постигне договор со Грција.
Велат надежта последна умира, но за нас за НАТО и ЕУ ни е умрена уште одамна. Е сега во ред, не не сакаат, нека не не сакаат. Работата што ме нервира е што немаме никаков план, никаква стратегија, ништо !
Премиерот го гледаме се сретнал со Џоли...:гомце: Па човече кај ти е паметот?
Сите наши политичари идат со глава у ѕид.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.858
Господ гледа, и враќа. Грција наместо да го искористи своето богатство и сила да ги прими сите земји околу неа во НАТО и ЕУ, и на тој начин да оствари долготрајна економска, политичка и воена стабилност, таа со сите се раскара.
А ова за во НАТО, Македонија има само два основни проблеми , и тоа - Албанскиот сон за Голема Албанија и нискиот наталитет кој моѓе да доведе до измирање на нацијата. Се друго е фантазија на ненормални луѓе - па чунким Албанија, членка на НАТО ќе не нападне нас? Или Грција, или Бугарија? Влезот во НАТО не моѓе да го реши проблемот со Голема Албанија, а тоа нема да го реши ни влезот во ЕУ. Но , за тоа има платени политичари кои треба да мислат.
Не е кључна Грција за НАТО. Не е Глобален играч од калибар на Русија, Кина, САД, Индија, Германија... Ако требаше македонија да влезит, ќе влезеше до сега. А можеш да влезиш ако покажиш заби. Ако се пучиш, никој немат да те одминит...
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Дали се сеќавате некои големи и познати политичари во светот да ја посетат Македонија???
Например, Барак Обама,Никола Саркози, Ангела Меркел, или ако сакате и поранешните председатели да ги спомнам? Џорџ Буш,Тони Блер, Жак Ширак итн,??
Македонија уште од кога стана независна земја уште од 1991,јас не се сеќавам некои големи и познати политичари да не посетат? Сем Турскиот премиер Ердоган, и тој е голем политичар,ама освен него јас не се сеќавам некој да дојде кај нас, барем Русите да не посетат,ево например Путин или Медведев да дојдат, што е ова работа?? Навистина сме заобиколени!!
Присуство на висок светски државник или пак негова не посета не значи дека земјата е заобиколена. Земјата е членка на ООН, ЦЕФТА, ОБСЕ, СТО, разни трговски организации, признаена е од стотици земји, остварува економски, трговски и разни врски. Тоа не значи дека е заобиколена ако не дошол Обама или Буш. За твоја информација до сега во Македонија од 91-ва имаат дојдено многу влијателни фаци во европската и светската политика.

Во однос на темата. Мислам дека имаше ваква тема ама Крејзи ја заклучи:)
Јас мислам дека нема да биде Македонија на дневен ред. Ќе се постигне заеднички став на Алијансата дека Македонија напредувала, но единствен проблем е спорот со Грција кога ќе го реши тогаш ќе добие покана. Не верувам дека Грција има смелост после одлуката на судот во Хаг и после оваа криза која ја има, повторно да стави вето. Едноставно НАТО како организација не сака да ја прими Македонија. Со тоа ќе ги внесе и проблемите внатре во Алијансата и ќе настане криза и поделеност во самата Алијанса.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Дали би добиле ние нешто ако им кажеме дека ни е доста од тапшање по рамо?.
А бе каква политички исправна одлука, они не гледаш дека си играат мајтап со нас? Немале они механизми, жими мајка, немале.:pos:

Да сакаа да влеземе, ќе влезевме. Ама ние премногу трчаме по нив, во знак на протест, јас би ги повлекла војниците секаде каде што има НАТО трупи, па тогаш можеби ќе си речат: Чекај малце доста има удиравме заушки, затоа што моментално само тоа ни прават.

Понекогаш, во некои ситуации (како оваа, пошто нема што да изгубиме и онака додека не го смениме името нема да не' примат) треба да се покаже заби, за да можеш да бидеш сфатен сериозно. Политиката е многу слична со покерот, некогаш немаш јака рака, ама мораш да блефираш. Тоа ние не го знаеме, да бидеме успешни блефери. Грците цела историја ја имаат поминато со блефирање, само што се зајдоа, па како што гледаме пред банкрот се. Успешен блеф и добро лоби, може да не' однесат прилично далеку, само за тоа треба и добра стратегија.
 
Механизми има, нека не примат под референцата?
Епа тоа е што ни фали на нас ! Стратегија. Појма нема никој од политичарите што да направи и кога. Изгубени се како гуски во магла.
Ај можеби е офтопик но да си прашам: Зошто до сега не сме почнале постапка при ОН за признавање под нашето уставно име?
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Механизми има, нека не примат под референцата?
Епа тоа е што ни фали на нас ! Стратегија. Појма нема никој од политичарите што да направи и кога. Изгубени се како гуски во магла.
Ај можеби е офтопик но да си прашам: Зошто до сега не сме почнале постапка при ОН за признавање под нашето уставно име?

На Грција не и одговара тој муабет да бидеме примени под референца, затоа што ако не примат под референца, ќе имаме еднаква политичка моќ за донесување одлуки како и тие и така ќе бидеме рамноправни, па и има силни шанси да се избориме за користење на Уставното име. Вака, тие мислат дека не' држат во рака и сакаат да не' фатат на кондиција, ама не можат они да ****, колку што ние може да трпиме, не за џабе само во Македонија има име Трпе. Они ја користат подобрата политичка положба и тоа максимално и воопшто не им одговара да бидеме примени под референцата, затоа што уште повеќе би си ги ослабнале позициите, со оглед дека и немаат баш некои очигледни факти.

Затоа што и од ОН ти велат дека “мора да се изнајде заедничко решение“. ОН се повеќе наликуваат на тотално незрела и детска институција. Тие ти велат дека ни го дале Нимиц, еве ви го, средете си ја работата. Значи никој отворено (со исклучоци) не не' поддржува во борбата за зачувување на името и идентитетот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom