Не знам дал има посебна тема за електрика и апарати, проблеми и решенија па овде да прашам можи ќе се најде некој да сугерира.
Имено, пред повеќе од пола година го сменив греачот на бојлерот од 3 киловати. Исто шмерцаше и една жичка, па сите се сменети и престегнати одново.
Оваа недела веќе вторпат се случува осигурувачот (на табла за осигурувачи) за бојлерот да е паднат. Осигурувачите сите се по 16 ампери. Отворив кај жиците, не видов некоја да шмерцува или да е мокро. Самиот бојлер 3 кв, околу 13.5 ампери. Моја претпоставка е дека панелката која е во едната соба, кога се приклучува, да паѓа осигурувачот затоа што панелка од 2 кв е отприлика 9 ампери па заедно со бојлерот прават над 16 ампери што е многу за осигурачот. Или ако не панелката некој друг апарат со поголема ампеража.
Ме интересира, доколку шукоата каде се приклучува панелка или друг поголем потрошувач, не се на ист осигурач, а со жиците на бојлерот е се во ред...
Дали е можно греачот да е причина да падне осигурач. Оти досега не ми се случило, или греачот работи или не работи и не сум наишол на ваков проблем.
Утринава не сум баш расонет да чепкам струја, па ќе погледнам подобро попладне, но уште една можност ми иде во глава. Дали треба да ја отворам и дозната каде оди кабелот од бојлерот? Дали може и кај дозната да има некој проблем? Знам дека пред 3 години електричар, добар мајстор ги преврза жиците од дозна оти беа измешани фази и нули плус ги стегна оти шмерцааа, но дали да гледам и таму или дозната ако е добра, нема врска со паѓање на осигурач?
Инаку моментално, без други потрошувачи (освен фрижидерот), бојлерот нормално си работи и полни.
Фала ако некој знае каде е се можен проблем (греач, дозна), освен поголеми потрошувачи на еден осигурач.