Саем на книгата

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.285
Поени од реакции
22.572
Временска машина јас ја купив од кај нив и ја прочитав и не ми остави некој лош впечаток , но јас други преводи и изданија немам досега прочитано на таа книга. На нет како што споредив со оргиналната верзија на англиски приметив дека не е искасапена (150-160 страни) туку дека толку малку имала и оргиналната.

Ѓурѓа прво беа за срам со касапењето од 300 страни на 160-180 страни и оправданието дека "се изгубиле во преводот " :pos:
 
Член од
19 април 2014
Мислења
407
Поени од реакции
1.135
Јас 2 купив, не ја научив грешката од првиот пат. Прво ја купив 'Уметноста на војувањето' оти кога излезе само што ја имав прочитано српската верзија 'Умече ратовања'. Српската беше убаво организирана со поглавја, со толкувања на кажувањата од книгата и вистинско уживање да се чита. Преводот од Хероес беше тежок ужас, нејќам да навредувам особено не некого кого не го знам, ама преведувачот ко ниедна книга да немал прочитано во животот. Од друга страна некако им се погоди периодот или насловната или реклама не знам што и едно чудо луѓе постираа дека ја купиле и дека ја читаат. Тоа особено ме изнервира оти така луѓе не се навлекуваат на книги, туку напротив се оддалечуваат уште повеќе. Уствари, за преводот сега сликав споредба на српската и македонската, ова е само исечок, цела книга е ваква, да не ја аплоадирам целата сега.



После тоа ја зедов и 'Временска машина' на која уште насловот ѝ е згрешен и не ни успеав да ја дочитам. Идејата им е мислам да направат книжулиња што се читаат лесно и брзо, нешто што на времето и Ѓурѓа пробуваше да го прави, ама само прават контрауслуга на народот.
Кога ќе видам ваков превод добивам нагон да земам и јас да почнам да си ги преведувам некои книги што не се преведени тука, ако немам поим од лингвистика ама и со мојот скромен англиски подобар превод ќе составев убеден сум во тоа. :ROFLMAO:
Инаку ја разгледав мојата копија од ТРИ и е добро преведен овој дел.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.704
Поени од реакции
22.130
Попусти

Во Три, 50 книги симнати на 100 денари.

Има и од едиција Ѕвезди на светска книжевност.


Арс Ламина

 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Во Икона, Рамстор имаше попуст на книгите на Слово. Тие црните книги, антологија на светскиот краток роман беа 150 денари и тие зелените книги им беа по 200 сите.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.798
Поени од реакции
33.618
Во Икона, Рамстор имаше попуст на книгите на Слово. Тие црните книги, антологија на светскиот краток роман беа 150 денари и тие зелените книги им беа по 200 сите.
Јас тие црните, пола едиција ги собрав од Или Или, по 50 денари ги продаваа.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Јас тие црните, пола едиција ги собрав од Или Или, по 50 денари ги продаваа.
да повеќето ги имам купено од кај нив. Само дел што ми фалеа или се кај нив и поскапи (Песјо срце беше 220 денари) или вака по Икона или другите.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Инаку слабо годинава со преведена литература или мене така ми се чини?
 
Член од
13 март 2017
Мислења
36
Поени од реакции
14
Штанд со стари книги во Охрид годинава има некаде?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
А останатите книги по 30-100 ден попуст. :D

Тешко дека би зел нешто со "попустиве". Можеби Фантастичните раскази што им се 50 денари.

Годинава би зел нешто од Темплум и евентуално Или Или.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom