СП 2022 Катар - генерална дискусија

Од кој континент ќе биде победникот на СП 2022 во Катар?


  • Вкупно гласачи
    167
  • Гласањето е завршено на .
Член од
14 април 2012
Мислења
31.550
Поени од реакции
62.468
Најнаместеното Светско уште од 2002 кога ја форсираа Јужна Кореја.
Секоја чест како успееа вака да ја наместат, со апла зицер за Франција во 123-та минута.

Доста "Аргентинци" имаат друго потекло, Фојт полско, Мкалистер шкотско, Таљафико италјанско, Дибала полско...ама ајде оти се сите белци не се познава, овие се тие очигледните а сигурно и другиве не се сите чисти.
Татко му на МекАлистер има играно со Марадона за Аргентина. Така да, од овие набројани, бајаги е Аргентинец.

Вториот гол на Мбапе веројатно е сон за секое дете кога почнува да разбира фудбал. Ова се сонува и години отпосле ако го доживееш како Мбапе.

На прва, полу-волеј, финале на Светско.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Меси, па и оваа генерација аргентински фудбалери, заслужија да се радуваат на светското злато.

До пред некоја година, Меси, беше премногу напаѓан како од јавноста, така и од медиумите во Аргентина. Репрезентацијата на Аргентина немаше никаков успех, а капак на сѐ беше промашениот пенал во финалето на Копа Америка, дури и според анкетите важеше за еден од најнепосакуваните, да не речам најомразените, спортисти во своите матични земји. Неколку пати остана покус за златниот медал на Копа Америка, и еднаш за светското злато, и сега ги поврза.

Ова е круна на неговата фудбалска кариера, иако сеуште не е завршена, има волја и сили за уште една Копа Америка (и ОИ), и да стигне до 100+ репрезентативни голови, нанижа значајни успеси и на клупско и на репрезентативно ниво. Како играч освои сѐ што можеше да се освои. Вистински лидер, тимски играч, почесто играше за другите отколку другите што играа за него. Жива активна легенда во фудбалот, инспирација на многу активни играчи, и вистинско задоволство беше да се гледа сиве овие 20тина години.

Матринез е херојот на Аргентина, фати два пенали во 1/4 финалето, одбрани зицер во последната минута од финалето, а подоцна и пенал. Презаслужена златна ракавица, не знам ни зошто воопшто има полемики, расправии и дилеми.

Од друга страна, оваа репрезентација на Хрватска, иако имаше одредена, а и ќе има и дополнителна смена на оваа генерација, има огромен потенцијал. Не се озогласени, не се извикани, но со срце влегуваат во секој натпревар. Динамо, има фантастична академија, константно дава нови таленти. Притоа тоа не се одразува на нивните резултати, шампионската титула ја имаат во џеб, а покажуваат и огромна борбеност во Европа со европските гиганти. Секоја чест.

А да, организатори на светските првенства треба да биде држава односно држави кои имаат фудбалска традиција, кои знаат да направат фудбалска атмосфера, а такви не се арапските држави. На фудбалот гледаат како на некоја колекција од скапи и ретки автомобили кои ги купуваат и ги чуваат во некоја гаража. Градат стадиони преку ноќ, сакаат да креираат некоја своја лига каде ќе ги донесат најдобрите и/или најзвучните имиња на фудбалот, да им дадат +200 мил по сезона, да фрлаат пари без ниту грам бизнис логика и да ги следат натпреварите на (полу)празните стадиони...затоа што таму и нема позначителен интересен за гледање на фудбал, како што има во Шпанија, Германија, Италија, Англија, Аргентина, Бразил, Мексико...каде од најмало до најстаро, мажи, жени и деца секоја недела со пасија го следат својот фудбалски клуб. И САД, Австралија и Канада знаат да направат атмосфера, ама фудбалот е терцијален спорт. Не е штосот ни да се купат навивачи кои само ќе рипаат. Со пари скоро се може да се купи, ама не може скоро сѐ да се долови. Дефинитивно фалеше атмосфера, фалеше еуфорија. Дополнителен проблем ќе претставува и збиениот распоред во фудбалските лиги, што ќе резултира со повеќе повредени играчи. Затоа не сум фан на ваквото кршење на ритамот на фудбалските лиги, па ни со репрезентативни натпревари. Истите треба да се играат пред почетокот на сезоната, а не за време додека трае сезоната, така и самите репрезентации ќе имаат ем повеќе време за тренинг и подготовки, ем нема да се соочуваат со притисоци од тренерите за одморање на одредени фудбалери. Тоа е само мое мислење, не мора никој да се сложи со истото.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Кај сте друштво?

Ниту стигнав до сега да пишам ниту имам време да ги прочитам последните 20 и кусур страни на темава. Од утре ќе "мудрувам" тука, сега само дојдов да пишам...

АРГЕНТИНА Е СВЕТСКИ ШАМПИОН !!!

:oleee: :ojeaa::cuc::cuc::cuc::roker::pijanco::pivo2:

Премногу емоции имаше денес, ама на крај ова испадна најслатко што може... Каков преубав крај на годината, ова е момент кој бев скептичен дека ќе го дочекам ама еве бидна :ojeaa:
 
Член од
10 ноември 2022
Мислења
299
Поени од реакции
880
Фала богу, шо заврши овој циркус наречен Светско првенство во Декември. Прво се беше наредено Аргентина да освои , од групи до толку многу пенали досудени, вкрстувања со лонеквалитетни селекции до краен резултат Меси да го освои и последниот трофеј што му недостасува. Покемон имаше понеизвесна краеви. Организацијата беше на топ ниво за Аргентина да освои испланирано до најситен детал, мислам дека до таа 80 минута одеше се по план до дека Французите не решија да не дозволат друг да одлучи место нив, но немаа сили за повеќе, мислам дека на Меси само тој ветар му требаше од судиите за да освои светско. Оти игра со дебили кој што одговорно тврдам нема да направат кариери, секој што ќе каже Аргентина заслужи е фан на Меси а не фудбалски фан, нејсе ни ја не сум фан на Франција ама 5те пенали ме натераа да бидам против Аргентина, мислам дека на тие корумпирани Фифа членови им успеа планот со помош на Франција ова да не испадне хаос и ептен да се изгуби кредибилитетот на таква една институција кој и така е занишан. Пенал за Аргентина немаше, тоа влијаеше да ги демотивира Французите снимката не се повтори уште еднаш поради која причина незнам и да не де спомнуваат уште неправилности од ова светско за заборав, шутирање пуна накај клупата на Холанѓаните без реакција, еден куп пенали, Саудиска победа против Аргентина, голот на Јапонија, мизерно светско.
Добар пост, да сфатите како им е на нормалните во фан клуб Манчестер Јунајтед кога треба овој да го читаат.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
Татко му на МекАлистер има играно со Марадона за Аргентина. Така да, од овие набројани, бајаги е Аргентинец.
Не само он, сите тие се Аргентинци. Џабе тука се гледа потеклото на нивните прадедовци и какво презиме носат, факт е дека тие се чуствуваат како Аргентина да е нивна татковина и не би играле за ниту една друга репрезентација. Овие во Европа, посебно па ако се друга боја на кожа не се чувствуваат како Европејци, секогаш се повикуваат на своите корени и играат за репрезентација само затоа што знаат дека со Франција имаат шанси да достигнат врв и да направат топ кариера. Имаше слика пред да почне светсково, пола афрички тимови беа со играчи родени во Франција. Мароко 65% од тимот родени во Европа.
Емболо на пример не слави гол за Швајцарија против Камерун, а истото мислам дека ќе го направат и многу други (Џака, Шаќири...). Од друга страна Аргентинците со германско потекло на гол против Германија ќе се соблечат голи и ќе трчаат низ цел стадион.
Поентата ми е, знаеме кои екипи се "чисти", не значи ништо ако некој од држава како Перу е со презиме кое влече корени од Европа. Тие таму немаат допирни точки со нивните корени.

П.с. Тука им се гледаат презимињата на тие како МекАлистер, Фоит, Таљафико дека се нетипични за јужноамеричките држави а никој не спомна дека 90% се со шпански презимиња, односно никој не рече за Фернандез, Мартинез и Алварез дека се со шпанско потекло.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.008
Поени од реакции
4.177
Не само он, сите тие се Аргентинци. Џабе тука се гледа потеклото на нивните прадедовци и какво презиме носат, факт е дека тие се чуствуваат како Аргентина да е нивна татковина и не би играле за ниту една друга репрезентација. Овие во Европа, посебно па ако се друга боја на кожа не се чувствуваат како Европејци, секогаш се повикуваат на своите корени и играат за репрезентација само затоа што знаат дека со Франција имаат шанси да достигнат врв и да направат топ кариера. Имаше слика пред да почне светсково, пола афрички тимови беа со играчи родени во Франција. Мароко 65% од тимот родени во Европа.
Емболо на пример не слави гол за Швајцарија против Камерун, а истото мислам дека ќе го направат и многу други (Џака, Шаќири...). Од друга страна Аргентинците со германско потекло на гол против Германија ќе се соблечат голи и ќе трчаат низ цел стадион.
Поентата ми е, знаеме кои екипи се "чисти", не значи ништо ако некој од држава како Перу е со презиме кое влече корени од Европа. Тие таму немаат допирни точки со нивните корени.

П.с. Тука им се гледаат презимињата на тие како МекАлистер, Фоит, Таљафико дека се нетипични за јужноамеричките држави а никој не спомна дека 90% се со шпански презимиња, односно никој не рече за Фернандез, Мартинез и Алварез дека се со шпанско потекло.
Тоа е така зошто тие во Аргентина се веќе неколку генерации наназад. Да било пред 100-200год не знам дали би се радувале исто. Нека поминат неколку генерации и ќе видиме дали некој си Мбапе (пример) со камерунско, нигериско, хаитско, мароканско, француско потекло ќе се замара за тоа дали ќе слави гол.

Само што они си имаат други проблеми за кој нема да навлагам многу. Ќе бидат сведоци на измирање на тој стар Француз. Ќе биде нешто историско што си го читал во историја, а веќе не постои. Единствено нешто што ќе остане ќе биде јазикот.
Ќе станат како домородците на америчкиот континент.
 

Verdict

Galadriel
Член од
21 мај 2012
Мислења
2.197
Поени од реакции
2.114
Ви читам коментари и не ми е јасно што пишувате, па вие се разбирате во спорт или?
Во финале да свиреш најсмешен пенал што во 4та македонска лига никад нема да го свират е жива срамота.Па, и да пишувате што има врска, ако Франција е толку јака, нека игра и нека ги стигне, па вие имате ли поим што пишувате, па знаете ли што значи гол предност во финале.
Него, ајде имаа среќа на крајот оној глупакон од Франција промаши чист гол.
Ипакк, честито титула Аргентина и Лионел Меси, можам ич да те нејќам ама страшен играч си.
This.

Нека објави некој каде има контакт во пеналот.

Да ти отвори некој резултат во прво полувреме, па во финале на с.п. ... масивна разлика.

Па нема ни вар, инстант пенал е.
 
Член од
14 јули 2017
Мислења
626
Поени од реакции
1.207

Ни П од пенал, ама тука е армијата на барса фан бојс заедно со @Filip Telford да мават хехе-нца и тажно. Играеа подобро Аргентина цело прво и второто до кај 60-та минута, а растуриа Франција тогаш, ама да играш добро, да го доминираш противникот и да знајш да дадиш гол не секогаш одат заедно. Пример првата утакмица Реал - Манчестер Сити, Сити ги отепаа Реал, можеа 10 гола да му дадат, ама они дадоа само 4, а примиа 3 и на крајот уствари ништо не направиле.
Сепак, нека му стое ајде, каа за крај му го дадоа на џуџенцето светското, трофејот шо му фалеше и сега може слободно у газот да си го пикне.
 
Член од
11 октомври 2022
Мислења
123
Поени од реакции
262
Абе луѓе 2025 ќе има куп на конфедерации? И зошто за оваа СП немаше куп на конфедерации ?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.170
Поени од реакции
107.684
Финалево се одвиваше во скроз обратна насока од она што очекував, а тоа е пред се заради бледата игра на Франција. Скалони перфектно го имаше спремено мечот и буквално се што имаше замислено му се остваруваше. Го приметувам на неколку мечеви дека ин гејм менаџментот му е катастрофа, примија гол и се изгубија во свемирот и лесно можеа да изгубат на крај. Да беше 2-2 накај 70/75 минута ќе изгубеа 100000%, се распаѓаа како кула од карти во тие моменти. Не само кај Скалони, него и кај други млади тренери го приметувам тој пичкарски менталитет кога ќе заводат со 1 или 2 разлика, сместа мењаат напаѓач за дефанзивец и се бранат како умрени. Го извади Ди Марија и го стави Акуња, крило/напаѓач за бек, сакаше со дупли бекови да игра, бог да чува и да брани. Од друга страна Алварез невидлив цела утакмица овој упорно го држи во игра, наместо да го стави Лаутаро кој е доста пргав играч, знае да нагази на топка, да изнудува фаули, да троши време итн. Имаше огромна среќа Скалони што не направија фаул над Турам у 93та и што Мартинез у 123 минута со нинџа одбрана ги спаси од пораз. Чиста титула можеше да им избега ради очајно менаџиран меч од страна на тренерот.

Франција од друга страна ни бледа сенка од правата Франција, дали ради вирусот што ги зафати дел од играчите, дали ради нешто друго искрено не знам, али прелоши беа денес до 80та минута. Исто така не знам и зашо ги напраи измените у 40та, ако е ради вирусот тогаш ок, ама ако му пукнал филм од тактички аспект тогап скроз луд потег кој на крајот му се исплатеше до негде на Дешамп зашо со Турам и Муани почнаа поживо да играат и да прават проблеми на Аргентина. Тео беше дно денес, апсолутно неупотреблив во двата правци, Гризман скроз угушен, уствари цел тим беа ужас. И на крај пак можеа да тепаат, имаа шанси и во регуларен дел да ја свртат, а и во продолжението шансата на Муани во 123 минута.

Пратам фудбал 23/24 години, а СП ги памтам од 98ма па навака и може да кажам дека ова е најдоброто финале кое го имам гледано. 98ма едносмерна улица, 3-0 за Франција против Бразил кои имаа слично издание како Франција денес, 2002 Бразил лагано 2-0 против Германија, 2006 рак, 2010 рак, 2014 рак, 2018 ок 4-2 за Франција али очигледна беше разликата во квалитет. Ова денес беше епски меч, до 80та негде беше на прагот да биде слично на финалето од 98ма али Мбапе се погрижи тоа да не биде така. Од таа минута па се до крај еден куп шанси и измешани емоции, тоа е тоа што се бара од финале на едно СП.

Околу наградите све си е на место само што Гвардиол требаше да земе за млад играч, а не Енцо Фернандес али тоа е.

Меси запечати ГОАТ статус, дечкото буквално нема трофеј што го нема освоено, од ОИ, СП до 20 години па се до ЛШ, Копа Америка и СП како јаготка на шлагот. И тоа со стил освои СП, 7 гола, неколку асистенции, убедливо најдобар играч на цело СП, прав лидер. Многу ми е драго за него, доста скромен лик за така голема светска ѕвезда, заслужуваше ваква завршница на кариерата. Нека лапне сеа и ЛШ со ПСЖ за да им докаже на хејтерите дека може и вон Барселона да освојува ЛШ и нека иде у Америка да изигра уште 2 сезони и да си ужива у пензијата.

Лично за мене најмногу може да жалат Бразил на ова СП, имаа прејак тим, огромни амбиции и на крај изедоа ладен туш и све им се урна и отиде во провалија. Знам дека имаше и други јаки тимови што испаднаа порано, пред се Шпанија и Германија, ама Бразил беше апла меѓу најголемите фаворити и неочекувано, а јас би рекол и несреќно испаднаа од Хрватска.

Околу СП во Катар што би рекле старите како смо се надали добро смо се удали, не беше нешто wow првенството ама не беше и дно дна како што сакаа да го претстават некои пред почетокот на истото. Јасно е дека Катар е нефудбалска нација и дека не можеш тука да создадеш мундофорија како на пример во Аргентина, Бразил или европскиве земји, али барем им беше све добро организирано и под конец, а искрено и мерак ми е што бевме лишени од ЛГБТ и слични пропаганди што се редовен декор на вакви големи настани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom