Меси, па и оваа генерација аргентински фудбалери, заслужија да се радуваат на светското злато.
До пред некоја година, Меси, беше премногу напаѓан како од јавноста, така и од медиумите во Аргентина. Репрезентацијата на Аргентина немаше никаков успех, а капак на сѐ беше промашениот пенал во финалето на Копа Америка, дури и според анкетите важеше за еден од најнепосакуваните, да не речам најомразените, спортисти во своите матични земји. Неколку пати остана покус за златниот медал на Копа Америка, и еднаш за светското злато, и сега ги поврза.
Ова е круна на неговата фудбалска кариера, иако сеуште не е завршена, има волја и сили за уште една Копа Америка (и ОИ), и да стигне до 100+ репрезентативни голови, нанижа значајни успеси и на клупско и на репрезентативно ниво. Како играч освои сѐ што можеше да се освои. Вистински лидер, тимски играч, почесто играше за другите отколку другите што играа за него. Жива активна легенда во фудбалот, инспирација на многу активни играчи, и вистинско задоволство беше да се гледа сиве овие 20тина години.
Матринез е херојот на Аргентина, фати два пенали во 1/4 финалето, одбрани зицер во последната минута од финалето, а подоцна и пенал. Презаслужена златна ракавица, не знам ни зошто воопшто има полемики, расправии и дилеми.
Од друга страна, оваа репрезентација на Хрватска, иако имаше одредена, а и ќе има и дополнителна смена на оваа генерација, има огромен потенцијал. Не се озогласени, не се извикани, но со срце влегуваат во секој натпревар. Динамо, има фантастична академија, константно дава нови таленти. Притоа тоа не се одразува на нивните резултати, шампионската титула ја имаат во џеб, а покажуваат и огромна борбеност во Европа со европските гиганти. Секоја чест.
А да, организатори на светските првенства треба да биде држава односно држави кои имаат фудбалска традиција, кои знаат да направат фудбалска атмосфера, а такви не се арапските држави. На фудбалот гледаат како на некоја колекција од скапи и ретки автомобили кои ги купуваат и ги чуваат во некоја гаража. Градат стадиони преку ноќ, сакаат да креираат некоја своја лига каде ќе ги донесат најдобрите и/или најзвучните имиња на фудбалот, да им дадат +200 мил по сезона, да фрлаат пари без ниту грам бизнис логика и да ги следат натпреварите на (полу)празните стадиони...затоа што таму и нема позначителен интересен за гледање на фудбал, како што има во Шпанија, Германија, Италија, Англија, Аргентина, Бразил, Мексико...каде од најмало до најстаро, мажи, жени и деца секоја недела со пасија го следат својот фудбалски клуб. И САД, Австралија и Канада знаат да направат атмосфера, ама фудбалот е терцијален спорт. Не е штосот ни да се купат навивачи кои само ќе рипаат. Со пари скоро се може да се купи, ама не може скоро сѐ да се долови. Дефинитивно фалеше атмосфера, фалеше еуфорија. Дополнителен проблем ќе претставува и збиениот распоред во фудбалските лиги, што ќе резултира со повеќе повредени играчи. Затоа не сум фан на ваквото кршење на ритамот на фудбалските лиги, па ни со репрезентативни натпревари. Истите треба да се играат пред почетокот на сезоната, а не за време додека трае сезоната, така и самите репрезентации ќе имаат ем повеќе време за тренинг и подготовки, ем нема да се соочуваат со притисоци од тренерите за одморање на одредени фудбалери. Тоа е само мое мислење, не мора никој да се сложи со истото.