Хрватска-Бразил
За жал не гледам како овде Хрватска може да пројде. Мислам, ок фудбал е, топката е округла што би се рекло народски, ама разликата во квалитет моментално е огромна. Можеби на претходните 2-3 големи натпреварувања Хрватска зема некои скалпови и важеше за dark horse на турнирите, ама сега се наоѓаат во некоја преодна фаза и смена на генерации каде веќе испратија некои играчи во пензија а за некои ова е последен турнир, пред се мислам на Манџукиќ, Срна, Чорлука, Модриќ, Ловрен итн. Е сеа у овој момент според мене 1/4 финале е подобар резултат во однос на квалитетот на хрватскиот тим и верувам и ако изгубат за нив ова ќе биде оценета како успешна кампања и успешно СП.
Хрватска е најсилна во средниот ред, но сето тоа е џабе против Бразил кога другите позиции и те како чкрипат. Според мене најкритичен е нападот, составен од Ливаја, Петковиќ, Крамариќ и Будимир, играчи од Хајдук, Динамо, Хофенхајм и Мајорка, ЈЕБИГА, без потценување ама не е тоа тоа. Друг критичен дел се бековите, Јурановиќ за мене е криминален играч, миџет кој имал среќа да стане фудбалер. Не знам како ќе излезе на крај со Нејмар и Винисиус, ваљда ќе утројуваат по таа страна, друг спас им нема. Хрватска едино може да се надева на кревкоста на бразилските бекови и да проба со Перишиќ да изнуди нешто по левата страна, некој продор, центаршут и слично. Не знам, Хрватска ја гледам како победник едино во некое лудо сценарио да се бранат бункерашки и да закопаат гол од прекин, другачие тешко.
Холандија-Аргентина
Единствен сум што мисли дека Аргентина ќе ја згази Холандија? Односно дека ќе помине полесно од очекувањата? Можда не единствен ама еден од ретките сигурно. Не знам, оваа трипетдвашка Холандија на Ван Гал ми е скроз безвезна и некарактеристична, имаа лесна група, лесен противник во 1/8 финале, така да мислам дека тука им е крајот. Не дека ќе тепа Аргентина 10-0 ама очекувам 2-0 нешо така уз малце кансер фудбал.