Мене цело време ми делуваше Швајцарија дека е поблиску до победа, а не па до Х. Освен кога поведоа Србите, но многу бргу почна да ги доминира Швајцарија, што ми беше чудно, па изедначија уште во прво и тоа по убава акција.
Во второ после третиот гол, можеби најдобрата акција на првенството, јас не се сеќавам Србија да направи нешто. Сигурно едно триесет минути не успејаа ништо да изиграат.
Не е овој натпревар кој можел да отиде во друг правец, затоа што Србите веќе имаа водство, кое ништо не им донесе. Делуваше само како Швајцарија да треба да ги врати работите во нормала, што и го направи брзо.
До натпреварот со Бразил мислев дека Србија ќе помине групи, дури и после сто години ми делуваа како симпатична репрезентација, но после тој натпревар, со реакциите на Пикси, се виде дека нешто не е во ред, после второто коло, скоро и да немав дилеми дека Швајцарија повторно ќе помине група. На страна што се озбилна репрезентација Швајцарците, како што пишав во најава, најнезгодна репрезентација што може да ти се падне, а да не е од главните фаворити.
И уште нешто, не ми е јасно како можеа повторно да покажат ментална незрелост. Ми делуваше како Пикси барем тој проблем да го има решено, плус колку месеци имаа да се спремат психички за Швајцарија. Тука доаѓаме дека нешто се има случено што ги има пореметено. После Бразил, Пикси дава изјава како не биле искрени некои фудбалери кон него за повреди, трт-мрт, почнуваат шпекулации, присилни, извештачени прес-конференции да се вади ситуацијата...
Фалеше таа "главанизација", што велеше Ќиро. Ако некаде може да се направи нешто на "ура", тоа е на вакви кратки турнирски натпреварувања.