Чудно ми е да доминираш претходно све со ред и на крај на Светско се покакуваш, исто и у Јужна Африка исто и Русија (ај тука смена на тренер ау бау) исто и сега.
Не е чудно ич, туку на виделина излезе сељачкиот менталитет. Точно знаев што ќе се деси кога почнаа, пред се Пикси и играчите, да ствараат атмосфера дека се иде на СП прво да се победи Бразил, па после да се освои и првенството.
Еве баш глеав после утакмицава некој статистики. У 21-ви век Србија (дали како СЦГ или самостојна) има играно на 4 мундијали и секој пат има испаѓано у група. Од можни 36 освоени бодови, освоени се само 7. Со таква историја на настапи не моеш да се курчиш.
Реално, Пикси е најголем кривец за испаѓањево. Колку добро ја водеше репрезентацијата низ квалификациите и низ Лига на нации, толку овде ја испосра работата. Се почна од првата утакмица со Бразил. Баш со таа атмосфера што ја створија пред СП (а на која највише и кумуваше самиот он) им се наби притисок на играчите дека може и треба да се тепаат Нејмар и друштво, затоа и така млитаво делуваа на терен. И реално беше да примат 4 гола минимум, али чиста среќа па Вања Милинковиќ-Савиќ одигра добро првенство (едини кој заслужи преодна оценка според мене) и спаси поголема катастрофа тогаш. А баш таа утакмица со Бразил, тоа требаше да биде утакмица да ја играш растеретено и без притисок, пошо со тие аждаите нема што да бараш да победиш. Нокаут фаза бркаш со Швајцарија и Камерун, репрезентации од твој ранг. Со Камерун па тек ја еба работата, кога на 3-1 наместо да го затвори натпреварот, он дозволи екипата да му прими два гола од контра. Уште полошо беше тоа што на 3-3 резултат правеше некој WTF измени. После тоа кога испуштија таква предност против една дива екипа како Камерун јасно беше дека нема што да се тражи против Швајцарија.
Овие Швајцарциве реално никакви екстра индивидуалци немаат, ама тимски изгледаат добро, многу тврда екипа. После тој голот за 3-2 максимално ја умртвија играта. Да се играше до утре , немаше да примат гол. Ги глеав и со Бразил, слично вака играа, доста тврдо, добро организирани одбрамбено. Немаат никаков екстра класа поединец, али тренерот очигледно добро го користи тоа што го има.
Ајде кога веќе пишав после долго време, малце и општо за првенствово да спомнам збор-два. Иако имаше изненадувања и доста победи на аутсајдери, реалн квалитетот на фудбалот е просечен до испод-просечен. Ниедна репрезентација од овие фаворитиве не одушеви, напротив. Се надевам, иако искрено не очекувам, дека ќе има бољи фудбал од утре натака.