светсково ми беше уживанција, се изнагледав фајтерски дух, сите екипи беа горе доле симпатични. Гледав Хрватска како да гледам филм режиран од стивен спилберг, гледав една Кореа која душа немаа против Германија и со крајни сили дадоа два гола. Гледав едни Лидеришта како Роналдо, Модриќ, Шмајхел, Годин. Виртуози како Хазард, Мбапе, Кутињо. Изгледав утакмици на екипи кој немаа големи имиња во тимовите ама едноставно гинеа на терен до последна стотинка. Недостатокот на индивидуалци го покриваа со огранизирана колрктивна игра.
за вас незнам ама за мене е what a time to be alive. после 2006 најдобро светско првенство во мојот живот.
Дефинитивно, најдобро заедно со 2006 и 1998, хајлајт момент ќе ми останат Јапонците против Белгија, толку сакав да поминат во тој момент, ама генерално беше одлично првенство, интересни утакмици, фаворити кои потфрлија, послаби репрезентации кои стигнаа таму каде никој не очекуваше, вклчително и сребрените од финалето, многу дадени голови, ВАР со прво претставување на голем настан, со сите негови предноти и мани и секако Мбапе, пред се на утакмицата со Аргентина.
А самата органзација е посебна тема која треба убаво да се опише, накратко, на целиот геополитички контекст, лоша слика од англофонските медиуми русите беа перфекни домаќини, никакви инциденти, убава атмосфера, без хулиганства, тепачки, топ стадиони, топ организираност, среќни и весели навивачи, чиста десетка од тој аспект.