СП 2018 - генерална дискусија

Дали сериозно мислите дека ќе се вратат темите?


  • Вкупно гласачи
    45
  • Гласањето е завршено на .

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
29.645
Поени од реакции
34.602
СП 2018 ќе биде 21вото издание на најголемото интернационално натпреварување во фудбалот, а ќе се одржи во Русија. Првенството ќе трае од 14ти Јуни до 15ти Јули и ќе се натпреваруваат 32 репрезентации, нормално домаќинот Русија + 31 земја која ќе избори пласман преку квалификациите.

Причината што токму денеска ја отварам темава е почетокот на квалификациониот процес во Ј.Америка. Дерби на првото коло е Чиле-Бразил, па очекувам да има активност, што од коцкарите, што од членовите кои ги пратат Јужноамериканските репрезентации.


format.jpg
Како што кажав претходно, преку квалификациониот процес 31 земја ќе избори виза за Русија. На сликата погоре може да се забележи дека најголемо учество на СП 2018, како и обично ќе земат Европските репрезентации. Русија + 13 тима кои ќе бидат најдобри во квалификациите се местата кои се доделени на УЕФА за следното СП. Другите 18 учесници се распределени низ останатите 5 континентални фудбалски асоцијации.


Африка
Kвлафикациите во Африка започнаа вчера и се подолени во 3 рунди. Во првата рунда (која е во тек) учествуваат 26те наслабо рангирани репрезентации, кои се подолени во 13 home-and-away натпревари.

AFRICA R1.jpg
Победниците од овие наптревари продолжуваат во втората рунда, каде ги очекуваат подобро пласираните репрезентации од CAF. Тука имаме 40 тима и 20 натпревари.

africa r2.jpg
20те победници одат во 3та рунда, а тука се подолени во 5 групи по 4 репрезентации. Победниците од секоја група добиваат право на учество на СП 2018 во Русија.



Азија
Квалификациониот процес во Азија е поделен на 4 рунди + плеј оф. Во Рунда 1 најслабо рангираните 12 репрезентации беа поделени во 6 натпревари и победникот од секој двомеч избори пласман во втората рунда. Втората рунда е во тек, тука се приклучуваат и останатите репрезентации и тимовите се поделени во 8 групи, кои ги гледате подолу.

ASIA.jpg
Моменталната ситуција може да ја видите тука. Победниците од секоја група, заедно со најдобрите 4 второпласирани тима продолжуваат во Рунда 3. Тука 12те репрезентации ќе бидат поделени во 2 групи по 6 земји. Прво и второпласираните репрезентации од двете групи се пласираат на СП 2018та, а двете третопласирани продолжуваат во Рунда 4 каде играат меѓу себе. Победникот од овој двомеч се пласира во интерконтиненталниот плеј оф, а ќе игра против репрезентација од КОНКАКАФ зоната.


Европа
Делот од квалификациите кој нас не засега најмногу. Нема многу да објаснувам, бидејќи на сите ни е јасно како функционира овој дел од турнирот кај УЕФА. Натпреварите започнуваат на 4ти Септември 2016, а земјите членки се поделени 9 групи кои се следните:

EUROPA.jpg
Нашата Македонија е во група Г, заедно со 2 огромни фаворити во Шпанија и Италија. Албанија е тука од третиот барабан, која е во голем подем последните неколку години, незгодниот за нас Израел и Лихтенштајн, кој сигурно едвај чека да забележи победа. :D

Нормално - победниците од секоја група добиваат виза за Руија, додека најдобрите 8 второпласирани продолжуваат во баражот. Тие се поделени во 4 двомечи и победникот од секој двомеч им се придружува на останатите репрезентации на СП 2018.


Северна и централна Америка
Натпреварувањето во овој дел од Светот е поделено во 5 фази + интерконтинентален плеј оф. Како и во Африка и Азија, и тука воведните рунди се двомечи, од најслабо кон подобро рангираните репрезентации од КОНКАКАФ зоната. Квалификациите се веќе стигнати до Рунда 4, каде што 6те најдобро пласирани репрезентации од оваа сезона чекаа уште 6 земји кои обезбедија пласман низ претходниот дел од квалификациите. 12те тима се поделени во 3 групи, а прво и второ пласираните репрезентации од секоја група продолжуваат во наредниот дел од процесот.

KONKAKAF.jpg
Во Рунда 5 шесте земји играат меѓусебе во една група. Најдобрите 3 тима од оваа група обезбедуваат пласман на СП 2018, додека четвртата репрезентација оди во интерконтитенталниот плеј оф, каде ќе игра со репрезентација од Азија.


Океанија
Квалификациите низ Океанија се поделени во 3 рунди + плеј оф. Да бидеме реални, ова е најнеквалитетниот и најнеинтересниот дел од континенталните квалификации за Светските првенства. Поради тоа ниту една земја не добива директно учество преку континенталните квалификации на Океанија. Репрезентациите се подолени во групи во сите 3 рунди на квалификациониот процес. Во третата рунда се пласираат најдобрите 6 репрезентации од претходниот дел, кои се поделени во 2 групи. Победниците од групите играат меѓусебе, а победникот од овој двомеч се пласира во интерконтиненталниот плеј оф, каде ќе се сретне со 5то пласираниот тим од квалификациите во Јужна Америка.


Јужна Америка
Овој турнир започнува вечерва, а форматот е ептен едноставен. Сите 10 земји членки на КОНМЕБОЛ се натпреваруваат во една група, од кои првите 4 директно се пласираат на СП, додека репрезентацијата која ќе заврши на 5тата позиција игра интерконтитентален плеј оф со тимот од Океанија. Поради тоа што во Океанија фудбалот е многу ниско ниво и не би требало да имаат проблеми во плеј оф-от, најчесто и 5тото место значи пласман на СП за земјите од Ј. Америка.

CONMEBOL.jpg
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.255
Поени од реакции
3.760
Ебати идиотот од штопер што го има Венецуела.Цело време напаѓаа и на крај ради него примија гол и изгубија.Цреп невиден.
Бар со Бразил да не го јадеме на големо :D:D.
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.443
Поени од реакции
1.205
Што се деси со Агуеро?гледам го извадиле од игра нешто сериозно или?
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Toa e toj umren Brazil. Ne znam sto planira Dunga so Ricardo fucking Oliveira, Kaka, Renato Augusto i ostala bagra ispukani puski. Pa uste i bez Cesar na gol.
Sala na strana stvarno e greota za Coutinho pati i ne dobiva sansi na smetka na vakvi propadnati igraci. Koi mu se ovie debilni potezi na strucnjakov stvarno ne mi e jasno.
Treba da si gi konsolidiraat malce redovite posto Paraguay i Ecuador se seriozni kandidati za toa 5to barazno mesto.

Ja se smeam za Coutinho a istoto se desava so Icardi i mentalniot Tata Martino.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
12.315
Поени од реакции
30.080
Toa e toj umren Brazil. Ne znam sto planira Dunga so Ricardo fucking Oliveira, Kaka, Renato Augusto i ostala bagra ispukani puski. Pa uste i bez Cesar na gol.
Sala na strana stvarno e greota za Coutinho pati i ne dobiva sansi na smetka na vakvi propadnati igraci. Koi mu se ovie debilni potezi na strucnjakov stvarno ne mi e jasno.
Treba da si gi konsolidiraat malce redovite posto Paraguay i Ecuador se seriozni kandidati za toa 5to barazno mesto.

Ja se smeam za Coutinho a istoto se desava so Icardi i mentalniot Tata Martino.
Абе повикан беше Кутињо али се повреди нешо у меѓувреме и мртвиов Дунга го викна Кака.

Леле бразилциве на какво мизерно ниво се спаднати, срамота е тој напад да го глеаш а порано си глеал како хара Роналдо.

Тие па Аргентина како со таков тим губат дома бе? Кај ти е Игуаин? Дибала не игра? Шо го тргаш Икарди коа немаш класика шпиц бе Тата Мартино?

Хаос е у Јужна Америка.

Леле Рикардо Оливеира играл аууууууууууууууууууу :pos::pos::pos:


Абе овој у најдобрите години не успеваше да фати место бе сега го викнал да игра:tapp:
Иди бе Дунга удави се некаде.
 
P

pepito*

Гостин
Тата Мартино и Дунга се безкичмењаци кои ако не се избркани до СП во Русија или нема да се пласираат таму или таму ќе има дебакл на Бразил и Аргентина. Какви играчи имаат на располагање, а кои и како играат...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
29.509
Поени од реакции
65.397
Ај Аргентина има голем избор на напаѓачи па би разбрал до негде ако не го викне Икарди иако дискутабилно е тоа, ама Дунга што прави дали е нормален да ми објасни некој? Кои ти се тие играчи од бразилско првенство бе шипттар? Кој е тој Оливерира да му ебам неспособниот? Мрш бе, Бразил од синоним за фудбал стана предмет на потсмев.
 
P

pepito*

Гостин
Никогаш не сум навивал за Бразил, ама како фан на фудбалот ми е жал што им се случува овој пад. Најфудбалската земја во светот за селектор го има Дунга со неговата пичкарска игра што ја практикува налик на онаа на Грција. Зема испукани пушки и неталентирани играчи во тим. Бразил треба да вези по терен, да не можиш топката да им ја земиш, толку страшни играчи имаат, толку јаки дефанзивци, креативци, а играат срање играчи, а и тие добри што се повикани не функционираат. Тата Мартино и Аргентина да не ги коментирам, смешки од тренер е, после некој нека каже дека немал Меси никаква улога во играта на Аргентина. Абе како воопшто да не се спремаат за утакмици, како да немаат тренинзи претходно, дечкиве да немаа толку квалитет ќе изгледаа како Македонија, толку неорганизирани се. Се плашам дека на мускули ќе се изборат и двете екипи за СП и ќе им останат овие тренери. Меси дефинитивно нема да земе СП со тренер како Тата и покрај тоа што имаат ептен добра генерација и во последно време вадат страшно добри играчи.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.963
Поени од реакции
8.679
Ај Аргентина има голем избор на напаѓачи па би разбрал до негде ако не го викне Икарди иако дискутабилно е тоа, ама Дунга што прави дали е нормален да ми објасни некој? Кои ти се тие играчи од бразилско првенство бе шипттар? Кој е тој Оливерира да му ебам неспособниот? Мрш бе, Бразил од синоним за фудбал стана предмет на потсмев.
http://www.goal.com/en-us/news/3296/brazil/2015/09/25/15725042/ricardo-oliveira-shows-age-is-just-a-number-after-shock

http://www.goal.com/brasilglobaltour/en/news/5457/brasil-global-tour/2015/10/06/16068632/theres-still-fuel-in-the-tank-35-year-old-ricardo-oliveira

:kafence:
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.727
Поени од реакции
7.543
Бразилската фудбалска федерација е можеби најкорумпираната во цел свет, а Дунга го земаат само затоа што агенти и маркетиншки агенции му диктираат состави.
Веќе долго време бразилската селекција служи да се пумпаат цени на неталентирани играчи за да се шиткаат во Европа.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
17.292
Поени од реакции
19.643
Бразил моментално има доста лоши играчи, не гледам дека Дунга прави некои огромни пропусти. Еве сите што зборите, ме интересира да наброите моментално најдобри 11 на Бразил.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Бразил моментално има доста лоши играчи, не гледам дека Дунга прави некои огромни пропусти. Еве сите што зборите, ме интересира да наброите моментално најдобри 11 на Бразил.
Цезар​
Алвес-Силва-Миранда-Марсело
Густаво-Фернандињо​
Кутињо-Оскар-Нејмар
Хулк

Не дека и ова е сјајно ама дефинитивно боље варијанта од Рикардо Оливеира, Кака, Елано, Елијас, Фред, Жо, Лусио, Роке Жуниор, Зе Роберто.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
17.292
Поени од реакции
19.643
Епа тие се тие играчи. Нејмар не знам зошто не играл, Силва и Кутињо се повредени. Иначе Даглас Коста мора да игра моментално, во топ форма е. Оскар врска нема од фудбал.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
12.069
Поени од реакции
19.210
Цезар​
Алвес-Силва-Миранда-Марсело
Густаво-Фернандињо​
Кутињо-Оскар-Нејмар
Хулк

Не дека и ова е сјајно ама дефинитивно боље варијанта од Рикардо Оливеира, Кака, Елано, Елијас, Фред, Жо, Лусио, Роке Жуниор, Зе Роберто.
Џонтра болдираните вчера играа + Вилиам, Дуглас Коста, Давид Луиз и единствено Елиас и голманот Џеферсон од нивната лига што играа.

Рикардо Оливеира влезе во игра околу 70-та мин. и одма створи две шанси.

Не играа Жунињо, Зе Роберто и Роке Жуниор. :D
 
На врв Bottom