Не знаев каде да го ставам видеото, одамна е ама јас не сум го гледал.
Не дека е некое откритие ама краток осврт на главниот судија на мечот Франција-Италија во 2006 година за инцидентот Зидан-Матераци.
Знам дека повеќето разбирате шпански од сериите ако не од друго
, ама станува збор за динамиката на носењето на таа одлука. Главниот судија вели дека ниту тој, ниту двајцата негови асистенти го виделе настанот, туку тоа го видел само 4тиот судија. Е сега во тоа нема ништо страшно, но интересно е да се види што се случува од 3:15 натаму. Главниот судија оди кај асистентот и по кратка консултација се враќа и вади црвен картон. Овде тој вели дека тоа било само за јавноста, дека асистентот ништо не му кажал во тој момент туку тој од претходно знаел дека ќе покаже директен црвен.