Дефинитвно Филип Лазаров не требаше да добие толку голема шанса од селекторот. Едноставно момакот има слаб шут, играше мноу нервозно многу избрзуваше меѓутоа тоа избрзување како да беше одлика на македонската репрезентација на светсково. Токму кога ке се доближевме до израмнување или пак да поведеме во тие моменти се праве пробивања, чекори и што ти незнам.
Не знам зашто не беше повикан Стојанович во репрезентација, дечкото има неверојатен шут од далечина, токму тоа нас ни требаше од таа десна страна, да се префли малце противничката одбраната која стандардно многу поголемо внимание обрнуваше на Кире, што беше за очекување, но и во исто време голем простор по другата страна кој ние очигледно не го искористивме. Тука би го спомнал селекторот Илија Темелковски кој мораше со Данска и Норвешка да ја постави одбраната малце погоре со оглед на тоа дека Норвежаните не утепаа со голови од 9 метра. Можеше и мораше на вчерашниот дуел кога игравме со играч повеќе да му стави фластер на Хансен, човекот ги даде најбитните голови на утакмицата и тоа сите од 9 метра и подалеку. Исто така се согласувам со Комитамкд дека требаше да биде повикан и Јоноски, дефинитивно ке помогнеше во одбраната, ни требаше таков висок одбрамбен играч кој ке може да ги задржи противничките играчи. Да не заборавиме првиот пикер Димовски имаше повреда која го оневозможи да прикаже игри какви што покажуваше пред повредата кога ги разнесуваше противничките играчи. Потоа како врв на сите повреди, скршениот прст на Наумче- иначе дечкото е ѕвер, ги пригруваше одлично своите играчи, вистински лидери во тимот заедно со Кире за кого мислам дека сите делиме исто мислење- ЅВЕРОТИЊА!!! Исто така морам да напоменам не совлада и заморот, ова е прво вакво натпреварување за многумина во репрезентација. Не им замерам ништо за борбеноста, за СРЦЕТО што го оставија на терен, направија да се ГОРДЕЕМЕ со нив, и повеќе од достојно ја преставија РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! Треба да се собереме во што поголем број и сите заедно да ги пречекаме на аеродромот во Скопје, да видат колку е ГОРДА МАКЕДОНИЈА на нивното достигнување!! Испаднавме пред Шпанија чија лига е втора по квалитет во Европа, ако не и пред Германците, пред Русија која одсекогаш била велесила во ракометот и ќе биде. Затоа главите горе и пред утрешниот натпревар со Србите, искрено многу ке ми биде мило(на кого нема) да ги победат за крај како ВРВ на светсково првенство. И пораз нема да го смени моето мислење за нашата најдобра генерација во историјата на ракометот!
НИЕДЕН ПОРАЗ НЕ СЕ БРОИ, ВИЕ СТЕ НАШИТЕ ХЕРОИ!!!!