Drzavna ima mnogu dobar ginekoloski kadar.
Problemot e sto ne se dovolno plateni i normalno e da se razocarani i nezadovolni pa pomalku i arogantni.. Ako imame zdravstvo kako u Francija ili Slovenija nemase da se slucuva ova sto se slucuva denes kaj nas so zdravstvoto..
Сите вработени на гинекологија што беа професионални и си ја знаеја работата, си отидоа во Ремедика и Систина, речиси и да не остана стручен доктор таму. Исто и на кардиологија, гастро, речиси сите интерни клиники останаа без добар кадар, што е ужасно, затоа што државното здравство е на раб на пропаст. Се стремиме кон систем за здравство кој нема шанса успешно да функционира кај нас, ќе умираат луѓе по улици зашто не може да си дозволат добар доктор, а земјата од која го позајмуваме системот, прави реформа за да го достигне она што ние го имавме пред малоумните реформи.
На темата-во Ремедика сега е Др. Димитров кој е и повеќе од одличен доктор.
Мислам дека со квалитет на услугата, и Ремедика и Систина се на исто ниво, а за цените не знам.
Само што секогаш стојат n-број на случаи кои заради лекарска грешка, инкомпетенција на докторот/немање услови завршуваат во државна да ги прикрпуваат докторите.
Знае некој како е во новата клиника што се отвори накај Сарај, Св. Лазар?