Ремедика vs Систина

Член од
22 јануари 2016
Мислења
124
Поени од реакции
61
Систина нормално,кога се работи за ваква установа (приватна) и истата ги содржи сите свери на медицината,а од друга страна некоја е фокусирана само на една како на пример очна клиника секогаш се разликуваат во однос на тоа дека во оваа втората фокусот е само на очните болести и нормално дека конкретно за тоа има поголема доза на квалитет од другите.
 
Член од
25 февруари 2018
Мислења
2
Поени од реакции
0
Zdravo,
Me interesira ako imate nekoja informacija za ceni (ginekologija) vo Sistina i iskustvo so dr.Slobodan Drakulevski.
 
Член од
2 ноември 2018
Мислења
2
Поени од реакции
0
Bremena sum veke 8 mi mesec . Pred edna nedela mi otkrija placenta previa totalis. Prebaruvav na internet i naidov na za mene zastrasuvacki podatoci. Se uste nemam prokrvareno no toa mi se mota non stop vo glava .osven odmor vo krevet drugo ne smeam da rabotam.nekij da doziveal vakvo iskustvo da mi dade nekoj sovet
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.736

http://www.euroitalia.mk/

ни ставија реклами во сандачињата... гледам малку доктори ама западњаци, кој знае колку се солени цените ???
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574

http://www.euroitalia.mk/

ни ставија реклами во сандачињата... гледам малку доктори ама западњаци, кој знае колку се солени цените ???
Не им е довршен сајтот, тоа не се слики од докторите што работат таму туку stock фотографии. Доста непрофесионално, морам да признаам.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
...жалам што модераторот не ми дозволува вклучување во темата ,,Мкд со најлошо здравство“ не знам дали банот е вечен, ако се смилува може постов да се префрли таму, ако не, ете овде ќе најдам простор ако некој ќе чита да укажам на проблемот што ќе не снајде ако ја приватизираат И Брзата помош која како организациона единица спаѓа под Здравствен дом како јавна државна установа во секој град!

Зашто овде? затоа што споредбено ќе укажам на приватизација на хемодијализата за која приватникот (Систина Нефроплус) дава услуга правејќи ја хемодијализата на пациентите за што Министерство за здравство преку Фондот плаќа за секој пациент на дијализа голема сума на пари (нема да ја кажам сумата) поради извршената дијализа зависно за секој пациент секој ден, секој втор ден или секој трет ден!
Систина Нефроплус инвестирала во создавање на дијализни центри следејќи ги најразвиените светски примери по највисоки стандарди - ДА! се сложувам но прашање, кој ги контролира колку често праваат лабораториски анализи на пациентот чиј резултат зависи одредување на зачестеноста на хемодијализата?!
...што ако имаат високи стандарди кога наместо секој втор ден (за да заштедат) на пациентот му прават хемодијализа секој трет ден? и да тој пациент за кратко време кај да е ќе му се слоши? прашање кој ги контролира тие „високи стандарди“ т.е. реагенсите и начинот на примена?
... проблеми ИМА не знам зашто не се изнесува во јавност или дали воопшто се знае, ама сигурно на некого „ќе му пукне филмот“ па после ете роднината, па пациентот ќе биде крив ако агресивно реагираат кон медицинскиот персонал!
...пациентите ја добиваат таа хемодијализа дали централно во Систина Нефроплус Скопје или во десетина дисперзирани дијализни центри низ другите градови оформени од Систина, но само толку и ништо друго! можеби е на светско ниво поради тежината на болеста пациентите најчесто пред, во текот или после на самата дијализа имаат дополнителни здравствени проблеми при што треба често итна интервенција со лекарства или со дијагностицирање дали лабораториски (уреа,кратинин..итн), дали ЕКГ ...итн при што тие секогаш се насочени терапијата да си ја купат приватно со сопствени средства,па докторите во тие дијализни центри им ја аплицираат, а за други проблеми ги насочуваат кон други клиники таму да ја земаат терапијата, при што превозот НАЈЧЕСТО ПАЦИЕНТИТЕ САМИ СИ ГО ПЛАЌААТ (такси, приватно возило) или ако имаат среќа да има слободно возило на Брза помош за да би се префрлиле до клиниките или пак од дисперзирани дијализни центри до Систина, што со склучување договор со Фондот и добивање висока цена како дијализен пакет за секој пациент и Систина Нефроплус се задолжени и тие се одговорни и да го обезбедат превозот (во присуство на доктор и апаратура...кислород...итн) ама од тоа нема ништо??? каде зборуваме тука за светски стандарди? со еден збор Систина Нефроплус си ги зема парите од Фондот за секој пациент прави само дијализа и ТОЛКУ, пациентот е оставен сам на себе, а ТРЕБА ДА БИДЕ ЦЕЛОСНО ЗАГРИЖЕН, А ПОСЕБНО ДА МУ СЕ ОБЕЗБЕДИ ПРЕВОЗ ОД ВОЗИЛАТА НА СИСТИНА!...ама нема возила, нема бензин, нема превоз и пациентите спас наоѓаат преку Брза Помош или поретко преку транспортно возило на клиника!
...е сега замислите што би било и да Брза помош на ваков начин склучува договор со Фондот и да биде приватна, ми е страв и да помислам!
Министерот за здравство ако сака да биде здравството како треба, треба да ги активира матичните лекари кои денес се само „писари“ и ништо друго тука да се организира давање целосна здравствена услуга на пациентот што денес сите ги насочуваат во секундарното здравство! во секундарното здравство треба да остане за давање на услуга на тешко болни пациенти и припрема за терцијалниот дел на давање услуга хирушки гранки... а не денес сите и за банални причини се упатуваат во клиниките каде се прави и гужва и им се завзема место на тешките болни кој живот им значи предноста во тие клиники!
...ама кога се работи за пари на жалост „све да се продаде“ тешко на нашиот напатен народ, и тука доаѓа тоа но филинг ин бизнис, на жалост и во најболната сфера во здравството, па во интерес ќе биде „да се држи пациентот“ да не оздрави, за да биде извор на тие пари...на жалост!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom