До сите останати кои се сметате за прави мажи и го величате како ултимативен успех тоа што сте биле или ќе бидете во војска - Ако тоа ви е крајната цел од својот живот, да изигравате оружја на две нозе, динамичен пиун кој е движен од туѓи (домашни и гоем број странски) интереси, повелете, одете наредете се еден по друг, направете и услуга на државата. На страна моите импресии за војската како институција, нема да давам за тоа на темава, суштинската поента ми е, зошто да го ебам, мора да биде обврзно? Кој има желба, нека го прави тоа. Се согласувам со голем број постирачи дека подобро е да имаш некој кој го сака тоа што го прави, и да му се понудат можности да биде обучен од добар кадар, во добри услови, од експерти, да може да покаже квалитет на терен, ако дојде до такво нешто, а не некој кој нити сака, нити го бива, да ракува со оружје и да го праќате во војска, или уште полошо, во војна. Ако ништо друго, тие што се таму под принуда, можат на бојно поле само да им одмогнат на тие кои се специјализирале за таа функција (бранител на државата).
И сериозно, не ми се јасни некои од коментариве. Демек за право машко, потребно е војска, да го официјализира неговото припадништво на тој пол. Што точно тоа значи? Дека таму ги раснете мудата? Ако во војската сте си ја пронашле машкоста, алал да ви е. Единствено значи дека сте станале тоа што сте, а не сте се родиле како такви. Вештачка креатура. Ист коментар имам и за оние кои повикуваат на доведување во ред, вредности и дисциплина. Луѓе, ако имате иницијатива, јака воља, и истрајност, сами ќе го постигнете истото, не ви треба војската како единствена призма низ која ќе ги измолзете како придобивки тие работи.
поарно на борбен ред да погинам за татковината одколку да ме газат и плукаат кој ќе стигне на улица.
за татковината ќе ме има негде во историјата и ќе ме запамтен,а тебе нигде нема да те има!
Навистина? Јас не знам кои бајки ти ги читале на тебе како мал, ама јако те поебале.
Каде се ветераниве денес? Не само Македонија (од 2001 навака), види ја и Америка, и што им прават таму на војниците. Што е најлошо, истите што таму водат обука, тука дојдоа да обучуваат, и ги учат на истите финти и овдешниве регрутанти. По амерички модел ќе се води сето тоа. Беше прашање на време кога ќе почне, откога бев присутен на презентацијата која ја водеа.
А за мене, не ни сакам да ме има негде. А нити ќе ме плукаат по улица. Поголемиот дел од народот е свесен. Остатокот, како тебе на пример, ќе го влечат за нос, и од време на време ќе му маваат по некоја доза brainswashing, за да останеш читав таков каков си.
Многу добро знам јас за што служи терминот п*чка и можам да ти објаснам подетално ако сакаш ама мислам дека нема потреба да се вреѓаме.
Па кога некој што е контра твојот став го наречеш пи*чка, нели повлекуваш прв со секирата?
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
. Се согласувам дека нема потреба.
Служењето воен рок од 3 месеци не значи дека по автоматизам ќе се најдеш во војна.
Точно, во право си. Ама можеби не сакам да трошам 3 месеци од мојот живот, за нешто кое можам на друг начин да го постигнам, без да жртвувам многу работи, од кои и време. Сакам да можам да бирам што да правам со својот живот, и на што ќе го посветувам, вклучително и времето. Против обврзаност кон ова сум. Кој сака и има желба, слбодно нека иде, ќе го подржам. Ама не сакам некој со сила од мене да прави нешто ако не сакам.
Гледам што им се случува на учесниците во конфликтот и ми е жал за нив. Но повеќе ми е жал за овој гнасен Македонски народ кој не презема ништо во врска со тоа. А тука спаѓаме јас, ти и секој ебен Македонец во државава. Ми се гади од тоа што веднеме глава на секој ебен проблем и не си ги решаваме самите туку оставаме другите да ни ги решаваат а после не ни чини. Епа после ебење нема каење.
Види, во право си, да. Ама ете, it just so happens, за одредени проблеми кои ги гледам во државава, гледам да дејствувам како можам, најчесто преку протести што се организираат. Но, потребно е поголемо унифицирање на народов, но за жал, се повеќе си ги акцентираме разликите, и тоа во негативна конотација, и затоа кога вакви срања се случуваат, не можеме заедно да реагираме соодветно. И мене ми е жал, затоа и цело време јадам гомна за идниве војници што сакаат да бидат, да знаат во што се впуштаат и што може да го снајде. А верувај, ситуаицјата е таква што конфликт не е веќе wishful thinking на одредени групи со вои интереси, но станува реално сценарио кое може да ни се случи релативно брзо. Така да, остај 3 месеци, ќе се случат срања, одма ќе те пратат меѓу први борбени редови, нема да те прашаат кога и како сакаш да дејствуваш.
Да не беа тие учесници во 2001ва да не бранат тебе, мене и уште 1.5 милиони Македонци сега или ќе бевме мртви или ќе немавме држава. Дозволивме тие што ни дигнаа оружје и што ни ја нападнаа државата да ни седат у Собрание, да ни ја водат државата и АРМ да се поклонува на гробови на терористите и крвниците на оваа држава. И ако не си знаел, воено јака држава е држава која ретко кој се осудува да ја пипне. Да бевме ние паметни и да создадевме јака војска по распадот на Југославија сега немаше цел Балкан да не заебава како сака.
Дозволивме, да. А јас сум се уште на тоа, ако се издигне некоја трета политичка опција, која не е до толку недоквакана во мозокот како другиве две опции што ги имаме, да ги симне од власт сите тие, и на кој од нив не му се допаѓа овде, сосе бонус правата што им се доделени, да фаќаат магла на запад, или северозапад од нашава земја. Чистка, буквално. И покрај сегашната ситуација, сум оптимист дека нешто налик ова ќе се случи, и или ќе си ги затнат муцките и подвиткаат опашките, или да бидат депортирани.
Што се однесува до 2001, тогаш сум бил ептен мало дете, и дури години подоцна всушност разбрав што се случило. Кога беше конфликтот, јас поим немав што се случува, само знам дека моите беа во panic mode. Но сега сум доволно возрасен, плус знам да ракувам со оружје, така да ако дојде ситуаицја да морам да се бранам себе си и други, ќе можам да го сторам тоа.
Божем некој ке ве праша или ве праша за мислење.
Ти иди поштарот ти носи покана да се јавиш тогаш и тогаш и крај на маубетот. Ако се правите на мутави во ниедно доба во некој ден кој никој не го знае ке ви трпони воена полиција и така по пижами ке ве однесат во касарна. Е таму пошто сите ке знаат дека сте избегнувале вон рок посебно старешините и десетарите мамицата ке ви ја расплачат. И не мислам само на рибање веце или стража и такви ситници. Буквално мислам.
Со оглед на тоа дека доста голем број се изјаснија против оваа глупост, мислам дека нема да помине, па они ја ставиле во Уставот ако сакале. Статистички гледано, сигурно вака размислуваат во горе доле ист процент и мажи кои не се дел од социјалниве мрежи и форуми. Кого ќе апсат бе? Ти знаеш колку мажи тоа ќе бидат на број? А свежо дипломираниве со средно мислиш едвај чекаат војска да служат? Ќе има невиден отпор.
Ако по некоја случајност го нема, и јас и останативе сме некоја аномалија што сме против ова. Јас фаќам џенем. И така имам планови да се релоцирам негде, ова буквално ќе го сфатам како зелено светло да пакувам куферите и бегензи додека е време. Ако треба затвор ќе служам, не сакам да изигравам нечиј пиун. Доволно сум приморан да изигравам марионета во секој друг аспект од мојов живот, не ми треба и тоа срање.
Шкорпион се уклучив само да ти стегнам LIKE,коментарот ти е на место,инаку стрејт сум и служев 9 месеци војска,позз
Фала
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)