Во лигава има простор за таленти да играат колку сакаат и наши и странски,само проблем е што на тие "таленти" побитно им е да земат пари отколку да имаат минутажа.
Во Струга,Охрид,Пролет,Бутел сите форсираат млади играчи,незнам само колку ги пратите.
Само што сите млади играчи се летаат во Металург,или сега во Работник мислејќи дека таму којзнае каква минутажа ќе имаат и демек поголем напредок.
Грешката ја прават младите играчи кај нас што многу рано се решаваат да одат во странство и мислат дека се созреани играчи,плус медиумиве ќе ги направат ѕвезди...
Според мене таква грешка направи Талески,чист пример како не треба да се прави,во прва прилика ја здува за Германија и...Скапува на клупа таму,никаков напредок нема.
Се надевам дека истата грешка нема да ја направи и Кузмановски со одењето во Магдебург,ама се ми се чини дека како имењакот негов ќе заврши давајќи пешкири на клупа.
Младите играчи кај нас се дури и премногу исфорсирани а нема некој резултат,еве Металург цела сезона играше и во Сеха и во Лш со млади наши играчи па не стана никој играч нешто посебно.
Ако е добар играчот нема потреба од "форсирање" кој е квалитетен ќе си исплови на површина.