Како незаслужено? Каков лесен ждреб? Како Египет заслужил?Поке би рекол очекувано не заслужено по мене Египет заслужи да освои али ете единствениот пораз им дојде од Франција и штета што не бев во можност да ги испратам овие два дена полуфиналињата и финалето Хрватска и немаше некој шанси против Франција зато шо нонстоп зависеа од 3-4 играча али им се поклопија коцките лесен ждреб и дотуркаа до тука

Ради меѓусебната у групи? Многу често фаворитите играат во втора брзина во групи, што беше и случај со Франција во тој дуел, во полуфиналето Египет немаше шанси, постојано во водство беше Франција, при крај само успеаа да изедначат еднаш, ма да и во тие моменти се гледаше дека Французите ги држат конците во мечот и дека лесно ќе ја доведат утакмицата до крај, што и се деси. Во финалево ја одуваа Хрватска, во петта минута веќе се знаеше кој е шампион, во осминафинале го елиминираа домаќинот Шпанија, не знам стварно кај гледаш лесен ждреб тука, напротив јас баш мислам дека ги победија сите конкуренти за титула во меѓусебен дуел.
Мартиновиќ е феноменален играч, се растури од голови сезонава во Бундес-лига, многу брзо ќе стигне и до топ клуб, и не дека е незаслужена МВП наградата, сепак најдобар играч на второпласираната репрезентација, со феноменална статистика, освен бледиов настап во финалето немаше никаква слабост, али сепак мислам дека најголем талент во генерацијава е убедливо Диого Силва. Прв стрелец на првенството (со и без пенали), прв асистент исто така, при тоа и во топ 10 по процент на реализација на шутеви од бек, во топ 10 по број на одземени топки во одбрана, до дуелов за трето имаше и 100% реализација на пенали, прв пат промаши на овој дуел и заврши со 20/21 реализирани. Едноставно детево нема слаба точка, веројатно им беше премногу да му дадат втора МВП награда по ред (лани на европското беше) со освоено четврто место со Португалија, па најдоа некое соломонско решение него да го прогласат за најдобар десен бек, а Мартиновиќ за МВП. Ќе биде интересно да се следи годинава во Цеље во ЛШ, колку ќе може да се покаже и на клупско ниво, до лани во Порто мислам играше и не сум имал прилика да го гледам за клуб.