Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Дискусија во форумот 'Ракомет' започната од Крусер, 11 октомври 2008.

  1. Rockn Roll

    Rockn Roll

    Член од:
    6 декември 2017
    Мислења:
    9
    Допаѓања:
    2
    За грев е сиот, македонска лига немози да заигра та бундес лига ке играл :pos::pos::pos:млад е 24 год........................ имаат време ке напредва до кај 30-те :roker:
     
  2. Tomasino

    Tomasino Дете од старото кино

    Член од:
    19 март 2009
    Мислења:
    8.950
    Допаѓања:
    17.371
    Резултатот е премија, со оглед на тоа што игравме речиси со половина сили, односно на терен делуваше како да можеме кога сакаме да ја зголемиме предноста, со еден збор рутински.
    Грешките се нормална работа, имавме доста технички пропусти, нормално е, јуни месец, крај на сезона, тешки нозе.
    Презадоволен од позитивата.(y)
    Искрено мислев дека ќе се мачиме, очекував некоја тесна победа од 2,3 гола, ова ме изненади позитивно.
    Не се наивни Романците, стравував од нив, Попеску е еден од најдобрите голмани во Франција, најдобар голман на Ф4 на ЕХФ КУП, тука се Јонеа и Ракотеа од Висла, добро познати играчи, Григорас е доста добар десен бек, добри партии даде во Татабања, исто и Чепреги, пикерите доста солидни, посебно Ротару.
    Пола репка им игра во ЛШ, неколку играчи изостанаа, пред се Феничи на среден, солиден плеј, и останатите се во солидни екипи, нивната лига е доста појјака од нашата, нема збор овде.
    Кога ќе се земе во предвид фактот дека ние вчера игравме со Талески речиси цел меч, кој ни беше убедливо најслаба алка, без Жути во речиси цело второ, со лимитирана ротација на бек за разлика од Пасквал кој ја изротира цела репка резултатот е премија.
    И министерот одличен вчера, искина.
    Пофалби и за одбраната пред него, доста солидно делувавме.
    Како и да е, браво.
    П.С.
    За кој ( фактор ) сеуште во репка се Ф. Лазаров и Прибак? ( ај за првиот ок, јасно е, ама вториот!?).
    П.П.С.
    Добро бе, толку нема пари за дресови од 900 денари во Делта Спорт
    ( молопродажна цена ), да се земат по неколку (комада) и да се испринтаат по неколку за секој играч?
    Колку чини принтањето, 500 денари од дрес, ова ти е 25 евра од дрес.ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ ( се скинал на пример, квалитетот на конкретниот Hummel Jersey не e баш " нај-нај"):pipi:
    ТОЛКУ НЕМА? Пари, УМ, ВРЕМЕ?Шо нема? Хелоууу.21 век сме.
    Кој резил ејјј, со црн фломастер начкрапани бројките на Кузмановски и Прибак.:facepalm:
    Демек црн, па нема да се гледа.
    РЕЗИЛИ.
    Добро е шо не се решија презимињата да ги " принтаат", кое дно дна ќе беше.:eek:
     
    На Splendora, shweps, RedBlack и уште 8 други им се допаѓа ова.
  3. Пеце

    Пеце Пелистер-Битола

    Член од:
    16 септември 2009
    Мислења:
    3.362
    Допаѓања:
    2.616
    Не е работата за немање пари или резервен дрес, сите имаат резерви, проблемот беше кај нашата федерација шо ги пријави со грешки бројки во ЕХФ за мечот Кузмановски и Прибак.
    Кузмановски бил пријавен со број 18, а Прибак со број 8, а требаше Фитиљот да е 27, а Прибак 21, па зато после и двајцата мораа да облечат дрес без бројка и презиме и да му го напишат правилното бројче со фломастер :D
     
    На Македонија 1932, vlatkobond, dragonsky и уште 4 други им се допаѓа ова.
  4. Xsago

    Xsago

    Член од:
    5 април 2013
    Мислења:
    2.499
    Допаѓања:
    3.580
    Точно. Среќа жива делегатот се погоди ок и брзо се снајдоа нашите.
     
  5. Сладоледџија

    Сладоледџија Ванила & Чоколадо

    Член од:
    8 декември 2009
    Мислења:
    8.604
    Допаѓања:
    4.219
    Мене искрено ми се свиѓа како игра Поповски и мислам дека ветрушката Џинџер такозвани Гоце Џомба Георгиевски да грее клупа..
     
  6. fidanmk

    fidanmk

    Член од:
    30 септември 2011
    Мислења:
    2.117
    Допаѓања:
    1.681
    пренос ќе има Романија-Македонија?
     
  7. kristijan_m75

    kristijan_m75

    Член од:
    27 септември 2015
    Мислења:
    90
    Допаѓања:
    35
    Телма

    Sent from my Redmi 4 using Tapatalk
     
    На fidanmk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Zarniwoop

    Zarniwoop

    Член од:
    2 септември 2010
    Мислења:
    6.518
    Допаѓања:
    7.026
    Зар и на ваква утакмица каде имаме голема предност мора Борко да брани? Зошто да не им се даде шанса на помладите не ми е јасно. После ќе ги плукаат кога ќе се плашат да играат.
     
  9. Colt Willcox

    Colt Willcox Љамче-Бутин Фанс

    Член од:
    27 ноември 2007
    Мислења:
    25.625
    Допаѓања:
    41.001
    Какво дрво си ти Тале Дрваревски. Три зицери од иста позиција промашува. Само како коњ оди, три пати има празен агол и не го погодува.
     
    На Cannon, Fastforza, Пеце и уште 6 други им се допаѓа ова.
  10. Waoo

    Waoo

    Член од:
    16 јануари 2014
    Мислења:
    1.813
    Допаѓања:
    1.245
    Талески :facepalm:
     
    На shweps му/ѝ се допаѓа ова.
  11. shweps

    shweps

    Член од:
    28 јануари 2018
    Мислења:
    111
    Допаѓања:
    78
    Аман бе Кузмановски што не игра во напад,Талески 3 зицери и празен гол промашува
     
    Fastforza, Mich0MKD, Сладоледџија и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    72.797
    Допаѓања:
    143.809
    Ајде давајте лексилиумите
     
    На shweps му/ѝ се допаѓа ова.
  13. fidanmk

    fidanmk

    Член од:
    30 септември 2011
    Мислења:
    2.117
    Допаѓања:
    1.681
    Честитки за пласманот на Светското првенство (y)...
     
    На shweps му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    6.376
    Допаѓања:
    1.647
    Не се нервирајте, бар отидовме на Светско.
     
  15. Xsago

    Xsago

    Член од:
    5 април 2013
    Мислења:
    2.499
    Допаѓања:
    3.580
    Честитки за пласманот! Исклучително важен за продолжување на континуитетот. Патот и за ЕП2020 ни е и тоа како отворен со оглед на ждрепката, така што практично сме на работ на врзана декада на настапи на првенства. ЕП2020 потенцијално би ни било 9то последователно или 10то во 12 години - што е апсолутно за почит и со ваков успех не можат да се пофалат и поизвикани репрезентации од нашата.

    Што се однесува до натпреварот, многу слаб натпревар на целосната бековска линија на Македонија во Клуж според мене. Лазаров, Миркуловски, Талески, Прибак - сите одиграа слабо и под своето ниво. Лазаров одамна ми се чини не одиграл толку тактички слаб натпревар. Миркуловски беше тотално отсечен и никако не можеше да се справи со истурената 5-1 одбрана на Романија и да организира убоит напад и соодветни акции за бековите шутери околу него. И на крај Талески - во принцип ги одигра акциите (додавања, влезови, шутеви) што требаше да ги одигра, но имаше катастрофална реализација. Неприфатливо е да промашува онакви зицери ако сака да биде играч од повисока класа. Прибак не направи буквално ништо.

    За среќа не извади добрата игра на внатрешната линија (пикерите и крилата) особено на Стоилов кој е дефинитивно играчот кој ја победи Романија во овој двомеч. Тотална доминација на дуото Стоилов/Пешевски во овие 120 минути кои се надевам ќе бидат патоказ како да играат и на првенствата.

    Исто така мислам дека ова е најслабо водениот натпревар на Раул Гонзалез откако е селектор. Против онаква одбрана каква што играше Романија, едноставно несфатливо е како игравме 60 минути со Талески и Лазаров како класични бек шутери кои не се особена закана за влез на доста разретчената агресивна зона. Го сфаќам ризикот во транзиција доколку би се одело со Прибак и Миркуловски (особено што и двајцата беа прилично очјани), но трагедијата е што Македонија го има играчот кој е совршен за вакви одбрани - Филип Кузмановски! Тотално нејасно ми е зошто не играше добар дел од мечот на местото на Талески, а повермено и на среден бек.

    Како и да е останува да се одморат летово и во идните 2 сезони да најдат начин како да стигнат до таа толку далечна а толу посакувана Олимпјада!

    П.С. Мал коментар и за кадетите кои треба да играат ЕХФ шампионат летово со цел пласман во "A дивизија" што е практично ЕП. Денес излезе списокот на повикани ракометари. Во голема мера очекуван, со едно огромно изненадување - го нема практично вториот најдобар играч во генерацијата голманот на Вардар - Марко Кизиќ (веројатно најголем голмански талент во моментов). Се надевам дека ова е некаква грешка бидејќи ова е тотално несфатлива одлука на Брестовац/федерацијата ако е вистина.
     
    На Splendora, Пеце, Види Фотос и уште 10 други им се допаѓа ова.

Сподели преку: