Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.704
Поени од реакции
5.668
Мора да ги разнесеме тука едно 10 разлика па таму помирен реванш да има,класа сме боље од овие плус Борко добро брани Деки на ниво .
Треба Кузмановски и Жути да ги остаи да играат Тале нека влага во одбрана,и дај што е ова бламирање со дресот на Кузмановски
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Не сум у можност да гледам, на резултати пратам само. На што ни личи играта?
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.704
Поени од реакции
5.668
Не е лошо 8 разлика,мислам дека е доволно за уште едно светско,не смееме да се доводеме да бидеме во некакви проблеми таму,ќе не чека пекол
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.807
Поени од реакции
15.899
Ова мораше да иде над 10 разлика.
Премногу лошо одигравме, на крајот среќа што ја имавме Романија за противник.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.291
hehe romancite se vo podem ke bide tesko

Буши бре! Класа ипол над Романците сме, тури му пепел ако треба со овие да се мачиме.

Се надевам во иднина многу интернационалци ќе имаме бидејќи и тоа малку што го игра Талески се гледа дека му помага да има малце IQ при играта. Мене ми се допаѓа (сигурно сте го хејтале во темава :D ) како игра ќе стане еден од лидерите во екипава во иднина.

Жути и Кире се надреални играчи. Навикнати сме на нив и сметаме дека нивнава игра е стандард ама кога ќе се отидат ќсе види дека кои и да ќе ги заменат нема ни 50% од нив да бидат. Едноставно мора да се најдат повеќе фаци ко Талески бидејќи ќе требаат 3-4ца такви за да го заменат трудов на Кире и Жути.

Тоа е тоа, лаган пласман на СП. Таму...ќе видиме.

Раул е тренериште. Ептен ми е криво што немавме ваков тренер во златните денови на репрезентацијата..сега ново чаре ќе биде.....да создадеме нови златни денови на репрезентацијата :D
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.070
Поени од реакции
11.048
Талевски никогаш нема да биде ни до Мојсо блиску,не па до Кире.Банани му лепеа романциве.Едноставно го нема движењето за да биде нешто надпросечно.Прелесно се чита.
Просечен играч за просечна репрезентација.

Деки,тиквар невиден.Џабе и квалитет и се кога во тиквата нема.И 100 гола да даде,мора да направи некои потези што те вадат од такт.Оние пикањата од крило во нозете на голманот успеваат против вакви голмани,против појаки има да се резили.И колку ме изнервира во првото полувреме кога се засили и им ја даде врака.Ја фаќа топката на наши 9 метри и го мавна спринтот.Скокна БЕЗ ДА ЗНАЕ КОЈ Е НАРЕДНИОТ ПОТЕГ.И така во скок во дел од секундата не знае што да направи и им ја фрли в раце.Пошто ако паднеше пак на паркет со топка во него, ќе беа чекори.Ваљда ќе ви текне на ситуацијава.Доказ дека не мисли што прави.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.291
Не сум у можност да гледам, на резултати пратам само. На што ни личи играта?
На тоа и што најверојатно очекуваш :D Слична игра од Европското што беше горе доле.
Игравме 15ина минути добро после тоа малце се опуштија нашиве, на моменти изгледаше и ко со пола сили да игравме и да си ја сфативме победата здраво за готово.
Романциве врска немаат така да не може многу да се оценува играва на нашиве според тоа, не играа со целосен капацитет, а и покрај тоа можевме 10+ разлика да победиме лагано.

Познавајќи ги нашиве не би се изненадил да им дозволиме некој си топ период на Романциве таму кај што би воделе со 5 гола разлика колку да се исплашиме :ROFLMAO:

Иначе квалфикациве се опасни нек си ибат матер..Унгарија ја тепа Словенија во гости пет разлика. Ете Словенците ваљда нема да играат на СП изгледа, ние ептен здраво за готово си ги сфаќаме успесиве. Русија-Чешка ќе биде покољ у вторник реваншот. Белорусија-Австрија нерешено..интересни утакмици има богами.

Вајлд картата за СП ја доби....Јапонија..што значи ете една европска екипа помалце за нас како можен противник :D
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Една замерка имам до Раул на оваа средба.

Моментот кога проработе Кузмановски и им шибна 2 проектили, и беше единствен расположен бек во поставата, Раул во тој момент го извади, тоа ми е малку несфатливо.
Многу е лимитиран во минутажата Кузмановски, можеби е еден од најдобрите бекови и иден лидер на репкава, ама сепак за овие квалитети со кои што располага добива премалку минутажа.
Под водство на Лино во Металург главно од клупата го внесуваа во игра, а во репката е стално играч од сенка, а детево е македонскиот Карабатиќ.
Споредбено со Талески може да се каже дека е за класа подобар.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.808
Поени од реакции
15.732
Една замерка имам до Раул на оваа средба.

Моментот кога проработе Кузмановски и им шибна 2 проектили, и беше единствен расположен бек во поставата, Раул во тој момент го извади, тоа ми е малку несфатливо.
Многу е лимитиран во минутажата Кузмановски, можеби е еден од најдобрите бекови и иден лидер на репкава, ама сепак за овие квалитети со кои што располага добива премалку минутажа.
Под водство на Лино во Металург главно од клупата го внесуваа во игра, а во репката е стално играч од сенка, а детево е македонскиот Карабатиќ.
Споредбено со Талески може да се каже дека е за класа подобар.
може го чуваше за реваншот, да не го научат... туку не видов, влезе ли Филипче ?
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.704
Поени од реакции
5.668
Па реално и немаме толку лоша иднина според мене,многу критики има за Тале дали ќе бил бек како Кире или Мојсо или незнам кој,ај вратете се на поставата во 2012 колку играчи имаме пдмладено,Аљуш,Темелков,Мојсо,Ванчо еве и Јоноски веќе Бранче Ангеловски, Митков,Диви.
Сите овие отидоа во пензија и не се осети ништо на резултатите пак имавме шанси и за полуфинале,за лидери на екипата не треба да се секираме Деки ќе ги преземе пеналите,шутевите Тале и Кузмановски,за замена на Жути не треба да се секираме Кузмановски е печен вчера делеа минутажа по 15 минути,а и да играше Кузмановски цела утакмица мислам исто дека ќе беше.
Мене ме плаши позцијата десен бек во Велковски некако ич немам доверба .
Рака на срце и Кире не изигра којзнае што вчера 2 пенала промаши и уште едно 5-6 шута од 9 метри
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Солидни бевме вчера, иако имавме доста осцилации и неколку технички грешки од чиста мира. Не делувавме баш највоиграни и како да не бевме доволно спремни за противникот, ги добивме на нивно неискуство и не квалитет.

Најслаба алка во репката ни е десната крилна страна, Гоце е брука не видена, си ја упропасти кариерата последниве 3-4 години, Поповски е солиден (пред се дефанзивно) но не сум сигурен колку е кадарен да ни е првотимец.

Среда не очекувам чудо, очекувам резултат кој ќе заврши со 1-2 гола разлика на едната или другата страна (знаејќи не колку сме очајни во гости).
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Поповски мора да ја промени клубската средина, неможе да чека само репрезентативен настап за да игра, а во текот на целата сезона да биде гледач од публиката.
Се гледа дека е добар играч, нека си обезбеди трансфер во клуб кај што ќе може да игра, сега му е времето да гради кариера и да го искористи потенцијалот, во Вардар е само гледач од публиката.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Што сторија расправање Талески и Кузманоски вчера, поготово второто полувреме ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom