Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
Честитки за пласманот на Светското првенство (y)...
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Не се нервирајте, бар отидовме на Светско.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Честитки за пласманот! Исклучително важен за продолжување на континуитетот. Патот и за ЕП2020 ни е и тоа како отворен со оглед на ждрепката, така што практично сме на работ на врзана декада на настапи на првенства. ЕП2020 потенцијално би ни било 9то последователно или 10то во 12 години - што е апсолутно за почит и со ваков успех не можат да се пофалат и поизвикани репрезентации од нашата.

Што се однесува до натпреварот, многу слаб натпревар на целосната бековска линија на Македонија во Клуж според мене. Лазаров, Миркуловски, Талески, Прибак - сите одиграа слабо и под своето ниво. Лазаров одамна ми се чини не одиграл толку тактички слаб натпревар. Миркуловски беше тотално отсечен и никако не можеше да се справи со истурената 5-1 одбрана на Романија и да организира убоит напад и соодветни акции за бековите шутери околу него. И на крај Талески - во принцип ги одигра акциите (додавања, влезови, шутеви) што требаше да ги одигра, но имаше катастрофална реализација. Неприфатливо е да промашува онакви зицери ако сака да биде играч од повисока класа. Прибак не направи буквално ништо.

За среќа не извади добрата игра на внатрешната линија (пикерите и крилата) особено на Стоилов кој е дефинитивно играчот кој ја победи Романија во овој двомеч. Тотална доминација на дуото Стоилов/Пешевски во овие 120 минути кои се надевам ќе бидат патоказ како да играат и на првенствата.

Исто така мислам дека ова е најслабо водениот натпревар на Раул Гонзалез откако е селектор. Против онаква одбрана каква што играше Романија, едноставно несфатливо е како игравме 60 минути со Талески и Лазаров како класични бек шутери кои не се особена закана за влез на доста разретчената агресивна зона. Го сфаќам ризикот во транзиција доколку би се одело со Прибак и Миркуловски (особено што и двајцата беа прилично очјани), но трагедијата е што Македонија го има играчот кој е совршен за вакви одбрани - Филип Кузмановски! Тотално нејасно ми е зошто не играше добар дел од мечот на местото на Талески, а повермено и на среден бек.

Како и да е останува да се одморат летово и во идните 2 сезони да најдат начин како да стигнат до таа толку далечна а толу посакувана Олимпјада!

П.С. Мал коментар и за кадетите кои треба да играат ЕХФ шампионат летово со цел пласман во "A дивизија" што е практично ЕП. Денес излезе списокот на повикани ракометари. Во голема мера очекуван, со едно огромно изненадување - го нема практично вториот најдобар играч во генерацијата голманот на Вардар - Марко Кизиќ (веројатно најголем голмански талент во моментов). Се надевам дека ова е некаква грешка бидејќи ова е тотално несфатлива одлука на Брестовац/федерацијата ако е вистина.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Катастрофална игра и во одбрана. Единствен плус од неделата беше што го запревме Јонеа од десно крило, не наполни во Скопје. Овде беа проблем бековите, се едни исти голови примивме од Григорас, го направивме да изгледа како Кире Лазаров од најдобри денови. Најмногу ме болеа головите од Ракотеа и во Скопје и во Клуж примивме барем по 2-3 парчиња од него од иста ситуација: на скоро наша поставена одбрана сам се залетува и од десен бек ни дава гол.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Се поизгледно е дека нашиот „суперталент“ Талески ќе биде новиот Аце Јоновски.

Односно така ќе му оди кариерата, пошто така ќе биде корисен за тимовите во кои ќе игра.

Не ги пратам многу РНЛ, но во оние мечеви од ЛШ кои им ги глеав, воглавно го форсираа во одбрана. Обично швавите прават така во првата сезона ги челичат за да играат у два правци, па понатаму ги пуштаат во напад. Но кај овој мислам дека штом досеа не почнаа да го употребуваат напред и пред се ако не почнат наредна сезона, неговата кариера ќе биде ко специјалист за одбрана.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Веројатно и температурата во салата си го направи своето, 36 степни во затворен простор... И ќе се чудиме после зошто ракометот се третира како спорт од трета класа, но тоа е веќе друга тема.

Слаб меч особено кога е во прашање бековската линија. Многу луѓе го мислиме и сме го коментирале истото, но не можам да го разберам Раул кога станува збор за Кузмановски. Очигледно е дека нешто постои, иако не сакам да верувам, меѓутоа нема грам логика во ситуација кога противникот игра мошне истурена 4-2 одбрана со фластери на Жути и Талески упорно и упорно да го држиш Кузмановски на клупа. Три пати поголема подвижност има, техника, инает и снага од Талески! Можеби немаше да успее, но не ми е јасно воопшто зошто да не се проба? Истото беше и со Чешка, и со Романија у Борис и... Григораш ни го зема здравјето, Жути ништо не можеше на 5-ка против него, а Фитиљот е убедливо најдобар дефанзивец што го имаме на таа позиција, пушти го, нека проба да го задржи. У крај краева Талески игра мање-више 60 минути напред-назад на 1000 степени у сала, млад е да, ама колку и да е млад и физички спремен не е воопшто лесно да се издржи темпото, седни го бар 10 минути на клупа, одмори го.

Околу Талески. На прсти се бројат мечевите на РНЛ во Бундес кои што сум ги пропуштил сезонава, ЛШ ги имам гледано сите до еден. До некаде средина на сезоната, односно европското во Хрватска добиваше минутажа и во напад, покрај онаа стандардната што си ја добива во одбрана, па веројатно и затоа офанзивно беше сосема ОК на тоа првенство. После европското речиси и да не го користеше Јакобсен во напад. Неговата најголема грешка која што може да го чини премногу е што отиде во тим кој две сезони по ред освојуваше Бундес, со играчишта на речиси секоја позиција. Особено во ситуација кога се збореше дека имал понуда и од Целје, како тим што и тоа како знае да работи со млади играчи! Да не зборуваме за тоа дека Јакобсен е тренер кој едноставно не експериментира и не менува. Главната причина поради која што ја изгубија титулата е што бековското трио Менсах-Шмид-Петерсон играше по цели утакмици, дури и во ситуации кога млатеа тимови по 10 разлика на домашен терен. Но, на крајот на денот секој си ги носи последиците на изборот што самиот го направил, а во неговиот случај нема да ме чуди последиците да се огромни, како играч кој се наоѓа во години кога треба најмногу да игра.
 
Последно уредено:
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.701
Поени од реакции
5.620
Најлошото за Талески е што има договор до 2021 со РНЛ,а сега и Фет доаѓа на таа позиција,плус изгледа дека и ЛШ нема да играат догодина така да може да се надеваме само дека Кузмановски нема иста грешка да направи.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.892
Поени од реакции
84.253
Познавајќи ги нашиве не би се изненадил да им дозволиме некој си топ период на Романциве таму кај што би воделе со 5 гола разлика колку да се исплашиме :ROFLMAO:
#менталитет

Тоа е тоа, овој пат до 4 дозволивме, се подобруваме :D

Очекувана македонска утакмица, тоа е.

Најверојатно никогаш нема да се смениме и секогаш ќе бидеме вакви.

Штета што не можеме да бидеме екипа што лагано и со втор тим ќе добива вакви утакмици, смачено ми е од тоа да им играме до 60та минута дрско на французите а со романија да губиме на пример...

Одлично е што сме на светско, ждребот е за 10ина дена, да се надеваме ќе имаме лесна група. Што знам....да му ебам мајката ако остане Раул ја сум оптимист дека ќе успееме да направиме нешто.. (1/4 финале можеби)

Знае некој кога ќе излезе поделбата на "шешири" за светсково?

Ок, сега може да се префрлиме на квалфиикации за ЕП.

После последниве настани во државава со сигурност може да се каже дека најјака атмосфера ќе има за 365 дена од сега :D

Македонија-Грција во последно коло од квалификациите на наш терен. По секоја логика треба да биде небитен мечот :D
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Честитки за пласманот на уште едно СП, кое што ни е четврто во низа, имаме одличен континуитет.
Од година во година се надеваме на подобар пласман, искуство имаме, па здравје боже да го скршиме ледот и да стигнеме помеѓу топ 5 на престојното СП кое не очекува.


Ќе го повторам членот @Chronysync во врска со повторното изоставање на Кузмановски, тоа е една огромна моја забелешка која ја имам до Раул, не му даде ниту минутка против Чешка на ЕП, реално таа беше утакмица која неговиот влог ќе внесеше поинаква димензија во играта и во резултатот, но да не се навраќаме на веќе завршени приказни, на овие квалификациски натпревари повторно се појави истата ситуација.

Според тоа колку ги следам игрите на нашите бекови, мојот заклучок е дека Кузмановски е најдобриот бек што го имаме, неверојатно потсетува на Карабатиќ, а прашањето кое си го поставуваме сите е зошто не добива значајна улога во тимот, па дури е и изоставен на секоја можна средба?
Реално дечково може да одигра и на среден бек ите како добро, денеска Миркуловски беше прочитан, па можеше Раул да им го пушти Кузмановски да ги извади од такт противничките одбранбени играчи,нападот плачеше за неговите влезови, ама што е тука е.
Исрекно не би сакал да поверувам дека има некаков скриен конфликт со Раул.


Талески во нападот разочара, една средба може да значи лош ден, секако не гарантира дека од него неможе да излезе бек од светска класа, но напредокот во нападот стагнира, овие движења кои што ги прави се лесно прочитливи за просечни селекции, а камоли за селекции од повисока класа, ќе го истиснат без проблем.
Најверојатно швабите не обраќаат на него внимание во ованзифата, го спремаат пред се за дефанзивни задачи, а тоа може да се одрази сериозно за нашата репрезентација.
Во Металург имаше една белскава полусезона во 2016, чиката му довери да биде лидер на тимот, реално екслоподираше во полусезоната и си го обезбеди трансферот во РНЛ, но неговите напаѓачки "aдути" ни најмалку не ветуваат негов напредок, се ова ми наликува на нов Ацо Јоновски, како што напишавте.
Позајмица назад во Металург ( невозможна мисија ) , доколку им одобрат вајлд карта за настап во ЛШ би била иделна за него,да си ја врати напаѓачката форма, секако од интерес за репрезентацијата, бидејќи тој се смета за долгогодишна опција на оваа лева бековска позиција.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Фитиљо мора да си бега од Металург наредна сезона. Најдобро би му било во некој mid-table тим во Германија или Франција да фати ритам и да се докомплетира. И секако да го заобиколат повредите, греота е да си го стагнира талентот.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.207
Поени од реакции
4.944
Колку сме отепани во гости то е чудо нешто....
Ептен слабо играме во гости, зато почести се поразите надвор од границите на државата.
Цела среќа шо имавме голема победа во првиот меч и мечот беше решен уште тогаш....
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Фитиљо мора да си бега од Металург наредна сезона. Најдобро би му било во некој mid-table тим во Германија или Франција да фати ритам и да се докомплетира. И секако да го заобиколат повредите, греота е да си го стагнира талентот.
Искрено не сум сигурен за ова. Единствената добивка би била да се тргне малку од ова домашно опкружување и малку да го добие германскиот менталитет. Бидејќи ако е за конкуренција, натпревари, тренинзи не мислам дека му е лошо во Металург засега. Имам впечаток дека треба уште една сезона да работи на скок шутот како алфа и омега во екипата. За натпревари на високо ниво и онака нема некоја особена разлика меѓу 10 во ЛШ, 10тина во СЕХА, 3 против Вардар во домашно... или 30тина во Бундеслига во просечен тим.

Сигурно е подобро ова отколку погрешен потег како овој на Талески. Магдебург од 2019-2020 е подобар избор за Кузмановски отколку, РНЛ од средина на сезона 2016-2017та.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.892
Поени од реакции
84.253
Ај пак да прашам..знае некој како оди рангирање за поделба во шешири?

Се гледаат резултати од последно светско, светско+европско, последни пет првенства или?

Ако се гледаат резултати од последно големо натпреварување т.е. европско ние би биле втор шешир

.....не верувам да е така :D

Вака би изгледале првите 2 шешира за СП ако поделбата е според ЕП

Прв шешир:
Данска (домаќин)
Германија (домаќин)
Франција (Светски првак)
Шпанија (Европски првак)

Втор шешир:
Шведска (второ пласирана од ЕП)
Хрватска (петто место на ЕП)
Норвешка (седмо место на ЕП)
Македонија (единаесетто место на ЕП)

Пред нас се Словенија,Белорусија,Чешка што не се пласираа...

Чисто ради реда да продолжам според тоа во трет шешир би биле:

Србија
Исланд
Унгарија
Австрија

Па после тоа не-европските екипи
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Ај пак да прашам..знае некој како оди рангирање за поделба во шешири?

Се гледаат резултати од последно светско, светско+европско, последни пет првенства или?

Ако се гледаат резултати од последно големо натпреварување т.е. европско ние би биле втор шешир

.....не верувам да е така :D

Вака би изгледале првите 2 шешира за СП ако поделбата е според ЕП

Прв шешир:
Данска (домаќин)
Германија (домаќин)
Франција (Светски првак)
Шпанија (Европски првак)

Втор шешир:
Шведска (второ пласирана од ЕП)
Хрватска (петто место на ЕП)
Норвешка (седмо место на ЕП)
Македонија (единаесетто место на ЕП)

Пред нас се Словенија,Белорусија,Чешка што не се пласираа...

Чисто ради реда да продолжам според тоа во трет шешир би биле:

Србија
Исланд
Унгарија
Австрија

Па после тоа не-европските екипи
Малку ги подзаборави неевропските :) Катар пример гарант ќе е во втор шешир претпоставувам.

Не знам дали има строго дефинирана методологија но мислам ќе се земаат вро предвид барем и од минатото светско резултатите.

Во секој случај нема шанси само европски да бидат во првите 3 шешири.

Јас очекувам да бидеме во 3тиот шешир.

1 шешир
DEN
GER
FRA
ESP
2 шешир
CRO
NOR
SWE
QAT
3 шешир
HUN
MKD
ISL
RUS
4 шешир
TUN
EGY
AUT
SRB/POR
5 шешир
BAH
SA
BRA
ARG
6 шешир
ANG
CHI
KOR
JPN

Веројатно нешто вака ќе изгледа. Евентуално BRA може ќе е во 4 шешир, а POR ако ја тепа SRB би била во 5ти. Клучно би било да се избегнат BRA/POR од 5ти (кој и да е таму од нив) и CRO/NOR од 2ри. Се друго не менува нешто особено.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.701
Поени од реакции
5.620
По мене ќе бидеме во 2ри шешир некако ценети сме кај ИХФ,или ние или Унгарија ќе бидеме не верувам Катар да е во 2ри шешир.
Ама и да е вака дај боже во групата со која вкрстуваме да е Катар,во тој случај и да бидеме трети во нашата група ќе играме со нив или евентуално со некој од трети шешир,со тие репрезентации можеме да се носиме,по мене тоа е единствена шанса за влез во топ 8.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom