Резултатот е премија, со оглед на тоа што игравме речиси со половина сили, односно на терен делуваше како да можеме кога сакаме да ја зголемиме предноста, со еден збор
рутински.
Грешките се нормална работа, имавме доста технички пропусти, нормално е, јуни месец, крај на сезона, тешки нозе.
Презадоволен од позитивата.
Искрено мислев дека ќе се мачиме, очекував некоја тесна победа од 2,3 гола, ова ме изненади позитивно.
Не се наивни Романците, стравував од нив, Попеску е еден од најдобрите голмани во Франција, најдобар голман на Ф4 на ЕХФ КУП, тука се Јонеа и Ракотеа од Висла, добро познати играчи, Григорас е доста добар десен бек, добри партии даде во Татабања, исто и Чепреги, пикерите доста солидни, посебно Ротару.
Пола репка им игра во ЛШ, неколку играчи изостанаа, пред се Феничи на среден, солиден плеј, и останатите се во солидни екипи, нивната лига е доста појјака од нашата, нема збор овде.
Кога ќе се земе во предвид фактот дека ние вчера игравме со Талески речиси цел меч, кој ни беше убедливо најслаба алка, без Жути во речиси цело второ, со лимитирана ротација на бек за разлика од Пасквал кој ја изротира цела репка резултатот е премија.
И министерот одличен вчера, искина.
Пофалби и за одбраната пред него, доста солидно делувавме.
Како и да е, браво.
П.С.
За кој ( фактор ) сеуште во репка се Ф. Лазаров и Прибак? ( ај за првиот ок, јасно е, ама вториот!?).
П.П.С.
Добро бе, толку нема пари за дресови од 900 денари во Делта Спорт
( молопродажна цена ), да се земат по неколку (комада) и да се испринтаат по неколку за секој играч?
Колку чини принтањето, 500 денари од дрес, ова ти е 25 евра од дрес.
ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ ( се скинал на пример, квалитетот на конкретниот Hummel Jersey не e баш " нај-нај")
ТОЛКУ НЕМА? Пари, УМ, ВРЕМЕ?Шо нема? Хелоууу.21 век сме.
Кој резил ејјј, со црн фломастер начкрапани бројките на Кузмановски и Прибак.
Демек црн, па нема да се гледа.
РЕЗИЛИ.
Добро е шо не се решија презимињата да ги " принтаат", кое дно дна ќе беше.