Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.699
Јас бојкотирам репрезенатација (во живо следење) дур не се смнат некои работи, дур не бидат избркани Начевци и дур не дојде некој рандом претседател кој не е зависен ни од Минчо ни од Михајло и секако дур не почнат да ги земаат вистинските играчи.
Никој не треба да им оди на утакмици може ќе се свестат тогаш!
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.925
Поени од реакции
10.553

со тебе сум :)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Утре јас најверојатно ќе одам и ќе дадам поддршка на играчите. Треба да им се даде бидејќи тие се оние кои ги постигнаа резултатите и тие се оние кои се борат и покрај тоа кој седи позади нив. И секој Македонец мора и треба да оди и да даде поддршка бидејќи тие го градат тоа што го имаме. И не може репрезентацијата да ја гледаме по поединци. Имало и ќе ги има и проблемите меѓу играчите. Не сме навивачка група да не се појавуваме на мечевите на Македонија тоа е апсурд, може да се свири и да се критикува по РФМ и да се притиска преку медиумите и ред други работи. Се работи за национален дрес. Убаво беше кога во НИШ и во Белград се бореја за високо одличје, и тогаш седеа позади истите луѓе ама сите беа да ги гледаат. Поддршката не смее да спласне никогаш и никаде а не сега кога ги бележиме најголемите успеси.
 
Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.610
Добија медали од преседник на држава, незнам зашо се незадоволни.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Добија медали од преседник на држава, незнам зашо се незадоволни.
Пошо им ветил некој нешто, и сеа вика пу пу не важи. Тоа е дефиниција за лажење. И за 10 денари да станува збор пак треба да се незадоволни. Секој би бил.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Верувам ракометарите од сите ќе добијат поддршка во ова против идиотите од РФМ, ама истовремено да не е ова некакво барање предвреме алиби за евентуален неуспех утре.
И кога веќе одат против раководството на РФМ, нека помислат дека истото раководство со години е толерантно спрема нивното составување на репрезентацијата и глумење приватници.
 
P

PewDiePie

Гостин
Пошо им ветил некој нешто, и сеа вика пу пу не важи. Тоа е дефиниција за лажење. И за 10 денари да станува збор пак треба да се незадоволни. Секој би бил.
Епа очигледно не треба да им се вети ништо на нашите,зошто испаѓа дека само парите им се мотивација. Јас разбирам дека од ракометна федерција се гниди,ама и играчиве заебаваат. Што не можеа едни смрдени унгарија и бразил да ги победат зошто не ги искешираа ? Тоа ли беше причината?

Ај нека не ми се прават светци,посебно најдобрите двајца играчи и нивните батиња што мора да играат на секое првенство,или Борко што после европското и трансферот во Германија мислеше дека го фатил Господ за муда.Или тренерот што е сакат во секоја смисла на зборот? Ај нека не ми глумат нешто исто гомно се во однос од федерација до играчи моментално,чест на исклучоци.

И да планирам да одам утре да ги поддржам,какви и да се,нема да глумам лудило А У не идам ЈАС додека не почнат да делат хамбургери на врата ! Ма ај да му се збогдиса на човек од таквите "фанови". Демек ние хардкор сме,без нас нема да има обична публика.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
105
Поени од реакции
91
За друго нема да коментирам али многу ме нервира кога ќе видам луѓе како се бунат на карти од 150 или 200 денари.

Јас не знам во какви илузии живеат.За влез во клуб/пиво и цигари ќе дадат 200-300 денари али за спорт ако не е 50 и 100 автоматски е неприфатливо и тоа последен ден се купуваат карти а до тогаш гледаш од негде гага да најдеш,и ако најдеш ќе пробаш да ги продадеш прво.

Не можам да сфатам како не разбираат дека спортски натпревар е забава исто како и кино,театар,концерт,излегување надвор па и плаќање кабловска и интернет,таму има играчи кои поминуваат повеќе од саат време забавувајќи ве.

Ај да беа картите како претходните квалификации за европско каде за со унгарија по 350 и 400 беше карта па да кажеш навистина скапи се али да се буниш за 150 и 200 денари е навистина срамота.Во Бразил со ист па и понизок стандард карта за натпревар е во просек 900 денари.Али за тоа кај нив нема на трибини луѓе кои дошле дека немале што да прават,или ги добили гага туку цела трибина или е во навивачко лудило или гледаш луѓе кои коса кубат додека трае натпреварот.

Кај нас се сликаат 1 саат за да ги видат на фејсбук дека биле на стадион/сала дека за тој ден тоа е "местото" ,цело време си прават муабет и се смеат не ни гледаат што се случува на терен и си идат 10 минути пред да заврши за да не ги фати гужва.

.
и си идат 10 минути пред да заврши за да не ги фати гужва :pos:
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Епа очигледно не треба да им се вети ништо на нашите,зошто испаѓа дека само парите им се мотивација. Јас разбирам дека од ракометна федерција се гниди,ама и играчиве заебаваат. Што не можеа едни смрдени унгарија и бразил да ги победат зошто не ги искешираа ? Тоа ли беше причината?

Ај нека не ми се прават светци,посебно најдобрите двајца играчи и нивните батиња што мора да играат на секое првенство,или Борко што после европското и трансферот во Германија мислеше дека го фатил Господ за муда.Или тренерот што е сакат во секоја смисла на зборот? Ај нека не ми глумат нешто исто гомно се во однос од федерација до играчи моментално,чест на исклучоци.

И да планирам да одам утре да ги поддржам,какви и да се,нема да глумам лудило А У не идам ЈАС додека не почнат да делат хамбургери на врата ! Ма ај да му се збогдиса на човек од таквите "фанови". Демек ние хардкор сме,без нас нема да има обична публика.
Џабе шириш дискусија на непотребни милион-пати-дискутирани ствари... не праам муабет зашто изгубивме од Бразил, или зашто Фичо и Престап се во тим или зашто на Наумче му се клемпави ушите...
Ако им ветиле некаква премија за освоено место и слично, требало да им ја дадат уште одамна. За ова се во право.
А за се друго е милион пати праен истиот муабет на темава.
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
се додека и играчите и рфм не сватат дека работат и играат за МАКЕДОНИЈА и не ги тргнат настрана нивните ЛИЧНИ барања, потреби и условувања, ние на секое овде ќе дискутираме шо, зошто и како било!!! а репрезентацијата ќе ни пропаѓа.
кратко и јасно!!!
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.808
Поени од реакции
15.899
Само едно ќе кажам, вечер ако загубат или изиграат нерешно против Швајцарија, тоа медалите од претседателот нека си ги напикаат во газот.
Не читав овие 4-5 дена информации околу тоа збрките РФМ- Играчи, и не ме интересира, по квалитетни сме од репрезентацијата на Швајцарија, на последното ЕП бевме 5ти, ако вечер не победат ич нека не одат во Шпанија во јанури месец да се бледат и таму..
И ме интересира само дали Гоце е во составот? .. не ја читав темата поназад..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom