Радиодифузна такса!

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
147
Прашање за поупатените ....

Каде се плаќаат заостанати сметки за радиодифузна такса, во МТВ, УЈП, локалната пошта .... ?
 
Член од
24 август 2011
Мислења
105
Поени од реакции
35
добро да се плаќа ДА, али тоа немора да значи секој член од фамилијата мора да плаќа
се знае дека само на носителот на имотниот лист оди тоа,
а не и покојни луѓе да плаќаат (да токму тоа ми се деси)

бтв оваа е истото што и мене ми се деси, значи не е од почетокот на месецот туку некоја недела пред
само што пензионерите виделе кога им стигнала пензијата
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
УЈП ЌЕ БЛОКИРА СМЕТКИ ПОРАДИ ХАОСОТ ВО МТВ

Управата за јавни приходи доставила 150 илјади опомени за неплатен долг за радиодифузна такса.

Должници се фирми и граѓани кои деновиве на адресите веќе добиле известување дека Управата ќе почне со присилна наплата на долговорите. Од УЈП велат дека...
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=B461BD41F15BE64197CC1C9C69ADA24A

како мала споредба, Германија пред некој ден 14 милиони опомени се испратени за не наплатена РДТ
 
Последно уредено:

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Скоро 40 илјади корисници на социјална и на постојана парична помош се најдоа на првичниот список на лица кои ќе бидат ослободени од плаќање на радиодифузна такса – соопшти министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Пресметките на државата покажале дека е трошоците за наплата на побарувањата се поголеми од побарувањата.

-Веднаш по стапувањето во сила на законот Министерството за труд и социјална политика постојано редовно секој месец ќе доставува база на приматели на социјална и постојана парична помош со цел ЈП Македонска радиотелевизија да не фактурира радиодифузна такса кон овие граѓани приматели на парична помош од страна на држава и кои реално се во најтешка состојба“ изјави Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=15140
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Пред два месеци платив за пола година и тоа секој месец на посебни уплатници. Сега на etax-fl.ujp.gov.mk пишува дека само еден месец е платен. А исто и на решението за опомена за плаќање. o_O
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Пред два месеци платив за пола година и тоа секој месец на посебни уплатници. Сега на etax-fl.ujp.gov.mk пишува дека само еден месец е платен. А исто и на решението за опомена за плаќање. o_O
Ќе си отидеш во УЈП со уплатниците и ќе го средат тоа,
многу каснат со испраќањето на опомените, вчера кај мене дојде за четири месеци, а веќе ќе станат и седум за плаќање.

Мој совет до останатите, плаќајте ги на шест месеци или една година така заштедувате на провизии кај банките ги плаќате на една уплатница, сепак најдобро на пола година оти во тој случај нема да ви пратат извршител оти обично се касни со опомените.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ќе си отидеш во УЈП со уплатниците и ќе го средат тоа,
многу каснат со испраќањето на опомените, вчера кај мене дојде за четири месеци, а веќе ќе станат и седум за плаќање.

Мој совет до останатите, плаќајте ги на шест месеци или една година така заштедувате на провизии кај банките ги плаќате на една уплатница, сепак најдобро на пола година оти во тој случај нема да ви пратат извршител оти обично се касни со опомените.
И на нивната веб страна ми пишува дека не се платени. Таму би требало за еден ден да се средува затоа што имаат и плаќање преку интернет.
 
Член од
11 август 2014
Мислења
21
Поени од реакции
1
Имам ситуација во која лицето кое не е носител на домакинството, ниту на сметките кои се наплаќаат за тоа домакинство, му доаѓаат сметки за наплата на радиодифузна такса. Истовремено доаѓаат сметки за наплата на истата радиодифузна такса на нејзиниот сопруг. Доколку имате решение во однос на проблемот, ве молам советувајте.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Имам ситуација во која лицето кое не е носител на домакинството, ниту на сметките кои се наплаќаат за тоа домакинство, му доаѓаат сметки за наплата на радиодифузна такса. Истовремено доаѓаат сметки за наплата на истата радиодифузна такса на нејзиниот сопруг. Доколку имате решение во однос на проблемот, ве молам советувајте.
Оди во УЈП и однеси лични карти и белешките за да потврдат дека имате иста адреса, а ако си од Скопје најдобро е да идеш во МТВ и ќе ти го решат проблемот.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Доколку почине лицето што е на негово име сметката, дали семејството ќе продолжи да плаќа?
Имам слушнато дека по смртта на носителот повеќе не и доаѓале сметки. Некој со ваков случај?
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.330
Поени од реакции
4.895
Пошто МРТВ имаат блокирана сметка и нешто им се отвори дизната за пари ми блокираа трансакциона сметка поради основ Неплатена РДТВ.
Финтата е што стварно не плаќав РДТ поради тоа што не ми идеа сметки за РДТ.
А зашто не ми идеа сметки за РДТ? Затоа што немам никаков имот. Ни куќа, ни стан, ни шупа, нит ќенеф. Што се однесува до мене можам да се претстава дека живеам под мост.
Е сега
На кој основ они пресметуваат РДТ на мое име ако на мое име не се води ниту едно живеалиште?
Дали јас ако живеам на улица треба сепак да плаќам РДТ?
 
B

Bafra

Гостин

А лична карта имаш таму на која адреса се водиш... кој е сопственик, дали тој плаќа за таа адреса.
И кај нас во фирма во почетокот не дојде и оп после година си симнале од банкарска сметка. 2.000 за нив плус 7.000 денари за трошоци,награди.
Кога ги прашавме врз основа на што сте побарувале/тужеле дека не плаќаме кога сметки не ни стигнале.
ни рекоа: ПА ТРЕБА ДА СИ ЗНАЕТЕ и ДА СИ БАРАТЕ.
Законски јас без сметка/фактура/договор/профактура/решение несмеам да платам на било кој но овие се над законот.
Имаше на ТВ, кравар мораше да плаќа РДТ за шталата во која ги чува кравите :confused:
Тоа ти е држава братче ОРГАНИЗИРАН криминал. Ако не е државата вклучена неможе да биде организиран :P

Оди си во ТВ и распрашај си се.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.330
Поени од реакции
4.895
Адресата е на куќа од дедо ми, а дедо ми е починат пред 20 год.
Нејсе и тоа...Мене ми беше побарано 4940ден. + 1000 и кусур за да ја одблокираат сметката. Кој ќе ми гарантира и како да се заштитам да немам додатни плаќања по основ на заостанат долг?.... Не верувам дека е платена РДТ од 1989год. Што треба сега 20.000 Евра на државата да и дадам? Толку им требаат за 200 гласа?
Законот за Облигациони односи според член 367 од ЗОО вика дека за една година застаруваат долговите и немаат право да вршат блокади и присилна наплата. а судски не е покренато ништо така да ако ја сум бил фантом во државава што сум им крив да им плаќам долгови од пичкеси лепе материне кога они немаат систем за наплата.
 
"Законот за Облигациони односи според член 367 од ЗОО вика" ..... :pos::pos:

Epa dobredojde vo realnosta. Toa ZAKON vazi samo za nas obicnite smrtnici, za drzavni institucii ne vazi. Mislis Izvrsitelot i Notarot ne go znaat toa...
Ama nema koj niv da gi kazni pa si gi polnat svoite dzebovi a i na drzavata :sneaky: . Plus RDT e od pred nekolku godini a ne od 1989. Odi vo Televizija i tamu se ke ti objasnat :bance:

So blokirana smetka kako mislis da funkcioniras vo segasniov sistem.
Sovet moj, plati si odma najeftino i najlesno ke si pomines. Pravoto e sekogas na stranata na drzavata a pravdinata e odamna mislovna imenka vo SVETOV
 
Kajgana Shop

На врв Bottom