Радиодифузна такса!

Дискусија во форумот 'Право и закони' започната од Никола, 3 јули 2006.

  1. @cool@

    @cool@ Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική

    Член од:
    2 јуни 2007
    Мислења:
    23.580
    Допаѓања:
    27.051
    РЕАКЦИИ ЗА ВИСИНАТА НА НАГРАДАТА ЗА СКОПСКИОТ ФЕСТИВАЛ НА ЗАБАВНА МУЗИКА
    МРТВ плаќа 20.000 евра за песна Според конкурсот што деновиве е актуелен за претстојниот фестивал "Скопје 2013", во пропозициите на МРТВ се наведени и парите што како надомест ќе ги добијат наградените композиции..
    http://www.vest.mk/?ItemID=561E88A14FC36044AAAA570C8F92FC91
     
  2. leandra

    leandra Модератор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    23.600
    Допаѓања:
    38.378
    До вчера леб немаа да јадат, со пајаци седеа во едно демолирано студио сега фраери се прават. Па ќе се прават кога ни ја ставија сметката под УЈП!

    Македонија уф!
     
    lobanceto, Meh, @cool@ и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Топче

    Топче Арсеналиста

    Член од:
    18 септември 2010
    Мислења:
    8.590
    Допаѓања:
    12.783
    Ми стигна казна за неплаќање радиодифузна такса, има некој идеја каде да се обратам за ова?
    Прашувам зашто радиодифузната такса е плаќана од баба ми т.е. стигаа на нејзино име, јас се водам на иста адреса така да претпоставувам дека не треба да плаќам?
     
  4. Windfucker

    Windfucker Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат

    Член од:
    30 април 2010
    Мислења:
    8.436
    Допаѓања:
    15.302
    Стариве нешто имаат проблем со радиодифузна такса, па пред да се консултирам со адвокат да прашам дали некој е повеќе запознат и дали вреди да се трудат да тужат.
    Сметката за електрична енергија која што иди кај стариве е на име од баба ми која што има 100% слепило и беше ослободена од радиодифузна такса по тој основ години наназад.
    Последнава година повторно почнала да иди сметка на име на радидифузна такса и стариве по пошта им испратиле фотокопија од сметките со доказот дека корисникот има 100% слепило.
    На тоа немало никаков одговор од страна на МРТВ, и сметките повторно си иделе.
    Пред месец-два се испрати уште едно писмо до МРТВ со документите, и на него слично како и на првото немало одговор.
    Пошто бабава е примател на постојана парична помош на основ нега, вчера стариве ја примиле таа помош со 3600 ден. помалку ако добро се сеќавам.
    Поштарот им врачил само писмо од МРТВ каде што им кажале дека си наплатиле годишна радидифузна такса плус затезна камата за истата.

    Прашање

    Дали луѓе кои се со 100% слепило се ослободени од радидифузна такса?
    Дали МРТВ или било кој друг има право да запри пари без претходно судско решение?
    Дали има некаква основа за тужба?
     
  5. blek stena

    blek stena

    Член од:
    30 ноември 2010
    Мислења:
    110
    Допаѓања:
    48
     
  6. Windfucker

    Windfucker Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат

    Член од:
    30 април 2010
    Мислења:
    8.436
    Допаѓања:
    15.302
    На МРТВ на два пати преку писмо им беше доставен наодот од специјалист.
     
  7. Lurtz

    Lurtz

    Член од:
    28 март 2006
    Мислења:
    14.976
    Допаѓања:
    7.756
    ако е препорачано треба да вреди како доказ дека е пратено тогаш и тогаш. Кога праќаме како физички лица за ујп на пример користиме препорачано. Дали контактиравте телефонски или лично? Можда и тогаш ќе имате матканици ама побрзо ќе знаете на што сте со документите од докторот и што понатаму.
     
  8. iphone

    iphone

    Член од:
    23 октомври 2013
    Мислења:
    817
    Допаѓања:
    160
    kako ne ispocrkaat site u toa skapanoto MTV !
     
  9. Mark Renton

    Mark Renton I live by the tune, I die by the book

    Член од:
    12 ноември 2009
    Мислења:
    4.842
    Допаѓања:
    3.859
    Блокирана ми е сметката ради не плаќање. Кои чекори треба да се превземат за да ми ја одблокираат? Значи сакам да платам, но не ми ги даваат сметките и не ми кажуваат колку треба да се плати.. Некој со слично искуство?
     
  10. Ireal

    Ireal

    Член од:
    12 март 2009
    Мислења:
    11.557
    Допаѓања:
    5.405
    Сега, со наплив на Турски серии кој се синхронизирани на македонски, а нема титлување, глувите, па и делумно глуви се во нерамноправна состојба, ништо не можат да пратат. :mad: Посебно што ако е доцна навечер не е во ред силно да се пушта тонот а неразбирливо е !!
     
  11. tomcedoo

    tomcedoo

    Член од:
    24 август 2011
    Мислења:
    88
    Допаѓања:
    19
    Значи вака си имав патешествије
    Во 2012 ми стигна за РДТ, отидов се одјавив(двојно задолжување) оти веќе на едно име се плаќа(носител на имотниот лист)

    Во ред од тогаш ни сметка ни ништо

    Во понеделникот ми ја Блокираа сметката во банката, цел ден ме шетаа додеа дознаам зошто, банката оти во ујп, ујп оди во МТВ,... наводно сум требал за 2012 и 2013 да платам,

    ајде одново поднесување лист на двојно задолжување, па носење во куманово во ујп, па во штип,...
    За да денес сметкатам и е одблокирана и од неа се одземени нешто средства, точно незнам колку на нлбклик касни малку

    И да е ситуацијата уште потрагична за оваа јас немам никакво писмо известување и сл од банката дека СМЕТКАТА КЕ МИ Е БЛОКИРАНА,

    кажете ми имам право да се жалам во банката, или да турам пепел, на ~1000ден за деблокирање и да молам бога пак да не ми ја блокираат, кога посакаат !!!
     
  12. Xibalba

    Xibalba Punctum vivimus

    Член од:
    24 јануари 2012
    Мислења:
    5.708
    Допаѓања:
    10.149
    УЈП блокираше 20 илјади сметки заради радиодифузна такса

    [​IMG]
    Неплатена радиодифузна такса – само по овој основ нделава УЈП замрзна околу 20 илјади сметки на граѓани. Од почетокот на месецов граѓаните немаат пристап до нивните трансакциски сметки, а за да ги одблокираат треба да платат и еден куп трошоци – такси за присилна наплата, тарифи за блокада и деблокада на сметката.
    Така за неплатени сметки за радиодифузна такса, од кои една изнесува 190 денари, можат да си навлечат неколку илјади денари трошоци. Граѓаните се збунети и револтирани. Велат дека платите се мали, па не секогаш доволни за да се покријат сите трошоци во еден месец.
     
  13. DIJAMANTE

    DIJAMANTE

    Член од:
    13 април 2008
    Мислења:
    3.963
    Допаѓања:
    1.072
    Таксата е мала и мислам дека секој може да си ја дозволи. Добро што не почнат д аказнуваат и од порано луѓе што со години не плаќале.
    Точно дека не ни се свиѓа тоа што плаќаме такса за државна телевизија, но така е во секоја држава.
     
  14. Xibalba

    Xibalba Punctum vivimus

    Член од:
    24 јануари 2012
    Мислења:
    5.708
    Допаѓања:
    10.149

    Ти редовно плаќаш РДТ такса?
     
  15. DIJAMANTE

    DIJAMANTE

    Член од:
    13 април 2008
    Мислења:
    3.963
    Допаѓања:
    1.072
    Да како и најголем број на македонски семејства
     

Сподели преку: