Стариве нешто имаат проблем со радиодифузна такса, па пред да се консултирам со адвокат да прашам дали некој е повеќе запознат и дали вреди да се трудат да тужат.
Сметката за електрична енергија која што иди кај стариве е на име од баба ми која што има 100% слепило и беше ослободена од радиодифузна такса по тој основ години наназад.
Последнава година повторно почнала да иди сметка на име на радидифузна такса и стариве по пошта им испратиле фотокопија од сметките со доказот дека корисникот има 100% слепило.
На тоа немало никаков одговор од страна на МРТВ, и сметките повторно си иделе.
Пред месец-два се испрати уште едно писмо до МРТВ со документите, и на него слично како и на првото немало одговор.
Пошто бабава е примател на постојана парична помош на основ нега, вчера стариве ја примиле таа помош со 3600 ден. помалку ако добро се сеќавам.
Поштарот им врачил само писмо од МРТВ каде што им кажале дека си наплатиле годишна радидифузна такса плус затезна камата за истата.
Прашање
Дали луѓе кои се со 100% слепило се ослободени од радидифузна такса?
Дали МРТВ или било кој друг има право да запри пари без претходно судско решение?
Дали има некаква основа за тужба?
Согласно Чл. 146 став 4 од Закон за радио дифузна дејност
баба ти и цело семејство ако зивеете заедно на иста адреса не треба да плаќа радио дифузна такса.
Треба да отидеш во МРТВ и да им однесе наод од лекар специјалист дека баба ти е 90 % и повече слепа и нема да ти стигаат сметки, а за тоа што веќе си земале тоа си сам крив дека не си отишол на време. Иначе можеш да пробаш да ги тужиш ама мое мислење е дека нема шанси да и ги вратат парите.