Радиодифузна такса!

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.148
Поени од реакции
331
Дали може да се направи нешто со плаќањето на радиодифузната такса, т..е. да се изнајде начин да не ја плаќаме..
Мислам не онака ко што беше пред некое време, да одвојуваме струја од тв, туку реално, да се укине плаќањето на доприноси за таа такса, од која јасно е дека 90% одат за МТВ, која ретко кој (освен сега со фудбалов) ја гледа.
плус ...Има ли можност МТВ да се укине?
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.317
На последното прашање, Никола, одговорот е НЕ. РДТ сега ке стане јавна давачка, која ке ја наплаќа приватна фирма. Нема да плаќаш, ке те тужат, ке добијат и ке ти пуштат извршител и ке си платиш.
Да се укине МРТВ, шанса има, која никогаш нема да биде искористена, а тоа е да донесе таква одлука оснивачот, т.е. Собранието на РМ. А да се случи такво нешто е научна фантастика.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.148
Поени од реакции
331
Струмикс напиша:

Затоа и го поставив прашањето. Мене тоа не ме засега којзнае колку си плаќаме редовно за се, па и за таа такса, туку, прочитав дека ќе се одвоело од стујата и ќе станело како што напиша јавна давачка. Прашањето ми беше зошто? Зошто цела држава да подржува 2-3000 паразити во мтв?
Ако ни е жал за луѓето да не ги отпуштат тогаш дај секој месец да донираме по 200-300 денари и за сите други фирми кои или пропаднале или се соочуваат со тоа.. Тоа би било фер.
Дали знаете како е ова регулирано во другите земји? Нормално ли е да се плаќа ваква такса и кое е оправдувањето за истата?
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.317
Во некои земји да, во некои не. Скандинавските земји, според некои мои информации, плаќаат некоја такса, Италија исто. Хрватска плаќаат луѓето, Германците не.
Државата со закон издржува паразити, за жал.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.148
Поени од реакции
331
Струмикс напиша:
Во некои земји да, во некои не. Скандинавските земји, според некои мои информации, плаќаат некоја такса, Италија исто. Хрватска плаќаат луѓето, Германците не.
Државата со закон издржува паразити, за жал.
Значи некоја тужба пред некој суд во Мк не би вродила со никаков плод иако биде подржана со огромен број потписници..Може ли референдум за ова прашање да се направи? Или ниеден референдум неможе да успее поради многуте фиктивни гласачи+ незаинтерсираност + оние кај кои не се осмелува да влезе некој да наплаќа, или било што кое е во склоп на правна држава да прави...
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.317
Никола напиша:

Теоретски референдум е можен, ама практично е неизводлив. Никоја партија официјално нема да поддржи кинење на таков медиум кој би им бил адут кога се на власт. За тужба не постои правен основ, и треба да се помириш со оваа ситуација.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.148
Поени од реакции
331
Струмикс напиша:
Теоретски референдум е можен, ама практично е неизводлив. Никоја партија официјално нема да поддржи кинење на таков медиум кој би им бил адут кога се на власт. За тужба не постои правен основ, и треба да се помириш со оваа ситуација.
Зарем не е можно нешто кое е сопственост на државата, а со тоа на граѓаните, да биде бесплатно и достапно на секого?
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.317
Само со закон регулирано. Вака не.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.317
Сметам дека ова забегува малце од советите, па да продолжиме во оваа нова тема, каде верувам, ке го добие потребното внимание.
 
Член од
2 јуни 2006
Мислења
238
Поени од реакции
4
Дали може да се направи нешто со плаќањето на радиодифузната такса, т..е. да се изнајде начин да не ја плаќаме..

U poverenje mozhe...

Odjavi go televizorot kao bajagi nemash ... i nikoj ne moze bez nalog od sud da ti vleze doma da proveri dali imas televizor ili nemash ... taka da ke nemaat dokazi vo sudot deka si im nanel steta....so neplakanje !

E sea postoi mal rizik ama mnogu mal deka ke te tuzat so tuzba so uvid na lice mesto da utvrdi sudot deka poseduvas televizor.... slozena procedura a plus ke mora da prethodno da ti ja vracat tuzbata... taka da ke znaes prethodno kolku e saatot....

Do takva tuzba nema da dojde 99% sum siguren taka da nema da plakas pretplata.

A iako dojde ... ke napravime dogovor deka televizorot ne e tvoj nego veke odamna si mi go prodal mene i cekas da si go zemam i ne go koristis , taka da MRTV ne trpi nikakva steta od tebe vo vid na ispustena korist bidejki ti i ne gi koristis nejzinite uslugi....

Ama ova e malce slozeno ima uste nekoi finesi koi besplatno ne gi kazuvam :)
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.148
Поени од реакции
331
najfraer напиша:

ова треба убаво да се формулира и во весник да се објави.. Кога сите ќе се вадат на оваа финта, може и ќе ја укинат таксата.
Немој сега да ми кажеш ако сите ја знаат, ќе најдат од мтв начин да не спречат. Очигледно е правно можно.:)
phh ако нешто мразам тоа се луѓе кои добиваат пари што не ги заслужиле.
 
Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.359
Поени од реакции
57
Радиодифузната такса е давачка која е пропишана од државата и која е од корист на сите. Токму поради тоа и треба да се плаќа редовно. Таа такса во еден дел е извор на средства на МТВ но исто така со неа се финансира и работата на Македонската Радио дифузија. Тоа е друга фирма која ги одржува антените и предавателите во цела РМ. Плус тоа од тие пари одат и за Совет за радиодифузија и приватните медиуми. Да не го забораваме делот кој преку конкурси оди за приватни продукции и снимање емисии од јавен интерес. Едноставно сосема на место давачка за која сите треба да платиме зошто е за наше добро.
А тоа што дел од луѓето мислат дека треба да се укине или бараат начин да не ја платат збори за нашиот интерес и не грижа за сопствената држава.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.148
Поени од реакции
331
Jakov напиша:

Колку проценти одат за приватните колку за МТВ? Какви антени? Какви емисии од јавен интерес? Не туку нафрлај работи, објасни ги.. 90% оди за мтв и тие пари завршуваат во јама. Нема интерес ниеден во Мк од тоа и аман немој да го споменуваш интересот и грижата за државата, заедно со рдт..
 
Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.359
Поени од реакции
57
Македонската радио телевизија последниве неколку години доживува препород. Сите тие подобрувања на должат на напорите и ентузијазмот со малуте пари кои сепак некој чесни и совесни граѓани ги плаќаат. Конечно има интересни емисии како за тинеџери така и за повозрасни па и постари луѓе. Доколку дифузната такса се плаќа онака како што е предвидено и замислиено ќе добиеме вистински јавен сервис. Во сегашнава ситуација сите сакаат нај нај од МРТВ а никој не дава пари, епа тоа ни во Монголија го нема.
И воопшто не е точно него е паушална оцената дека 90% од парите одат за мртв. Видете го законот за МРТВ и ќе видите колку пари добива телевизијата а колку всушност заслужува. Ова е безобразие.
Сите би да гледааат квалитетн пренос од Германија а никој да не плати. Нека оди некој во Унгарија или во Шпанија да гледа такво нешто.
Нека ги спореди некој нашите МРТВ документарци и странските. Вода може да ни носат а правени се со едно снопче пари.
И конечно е време да почнеме сите да размислуваме за нашето заедничко добро и за јавниот интерес а не само за нашиот џеб, стомак, г`з или некој друг орган.
 
На врв Bottom