Ч
Чек Он Ит
Гостин
Скулгрл, се сеќавам на твојот прв аватар ... Ученичка застаната во секси поза, облечена во црвено ... Секој би помислил уште една Скопска шмизла, некомуникативна, без грам мозок, не гледа подалеку од носот. Јас не го гледав аватарот ја гледав сликата на профилот и постовите и го сфатиф следното: Нафаца си преубава девојка која што зрачи со топлина, шарм и добрина. Незнам кој не би сакал таква убава девојка (внатрешно+надворешно преубава), а тоа е голема причина да човек биде среќен. Твоите постови уште од тогаш делуваа многу паметно, разумно. Имаш изградени мислења за нештата и не ги менуваш.Имаш храброст да одиш напред, не се плашиш од ништо што ќе ти застане на патот. Знаеш да се цениш и почитуваш. Иако некогаш делуваш дека си безчувствителна, ти уствари си многу чувствителна и емотивна.Се сочувствуваш со луѓето. Ако твојот пријател е тажен, и ти тажиш со него, ако е среќен ја споделуваш радоста. Личност која не им врти грб на пријателите и тие што и значат. Коректна во се што прави. Моќеби твоето мото е ако правиш некоја работа, направи ја како што треба и не се откажувај додека не ја постигнеш целта или пак воопшто не ни ја почнувај. Мислам дека сакаш да ги одбегнеш нервозите и секогаш гледаш да се справиш со проблемот со што помалку нервози и подобро да поминеш. Имаш доверба во својот квалитет и сопствените размислувања и замисли. Знаеш за своите квалитети, но не се фалиш со нив. Знаш да сакаш. Искрено да сакаш. Љубовта кон животните, ретко кој ја има во толкави размери. Ретко кој се сочувствува со нив и ги разбира, ретко кој ги брани нивните права и ги третира како човек со чувства и потреби. Ти си помеѓу тие ретките. Понекогаш знаеш да делуваш многу таинствено, но тоа е уште една твоја предност. Кога и да можеш се обидуваш да помогнеш. Знаеш за граници, кога се шалиме се шалиме, кога работиме - работиме, кога сме сериозни - сериозни сме. Девојка со стил, секогаш во чекор со модата. Амбициозна девојка, што точно знае што сака и не се помирува додека не си ја постигне целта. Можеби помалку конзервативна. Достоинствена, искрена и енергична девојка.
Ова ми е првиот обид. Ја одбрав Скул. Скул очекувам каков било коментар за мојава анализа, и негативниот се прифаќа. Пишував според постовите и моите заклучоци.
Ова ми е првиот обид. Ја одбрав Скул. Скул очекувам каков било коментар за мојава анализа, и негативниот се прифаќа. Пишував според постовите и моите заклучоци.