Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

D

Delux

Гостин
pearl напиша:
А мора да биде анализа баш на оваа тема? Некако тука слабо ми оди, повеќе ми лежи кај соновите. Ќе може да се направи компензација помеѓу теми или мора, ама баш мора тука да напишам? :):)
Македонско чупе со тапија,лепота невидена:) препознатливо е по аватарот... оставаш силен впечаток тука на форум!Жена која има цврст карактер,шо мора да признаеме дека тоа е редок случај.Јавно си многу критична и категорична,си имаме разменето по неколку пораки и знаеш да бидеш многу нежна во однос на оние јавни критики.
Понекојаш потсеќаш на водителката од квизот „најслабија карика„хаха...не верувам дека некогаш ќе се здобијаш со ингеренции да модерираш на форум:)
Секако ќе ти посакам добар престој тука во МК!!
 

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
ada напиша:
Истотака, од една страна сакаш да бидеш тој што контролира и што е доминантен но, on the other hand, длабоко во себе сакаш да бидеш ти оној пасивниот(ова не е со сексуална конотација, затоа што за тој дел од тебе не знам ништо, за да можам да влечам заклучоци).
Твојата желба за доминација ја гледам и во фактот дека сакаш да ги доведуваш работите во ред, да ги категоризираш и сместуваш во системи. Но, на ова се спротистваува онаа твоја друга страна. Страната која наликува на дете, размазено, површно но, сепак слатко и мило.
Во комуникациите си како merry-go-round. Забавен, фокусиран на личноста но, само додека е пред тебе. Потоа, доаѓа друг ride и забораваш на онаа особа од претходно. Да, можеби тоа укажува повторно на една површност и слаб интензитет на емоции, but hey, денес тоа е очигледно најдобриот начин. Пошо како да пројде времето на она "friends 'till the detah do us apart"
А good try Lady Harlequin, albeit incorrect. There is truth though, to some degree.

A инаку, ти ада, ти си....суштество. Ти си она коешто отсапува, ти си личноста која носи црвено, додека другите носат сиво. Ти си дама, грацизноа и женствена, но ти си и царски шут, трубадур, харлекин, секогаш емотивна, секогаш весела или тажна. Ти ја поседуваш љубопитноста на мало дете, но секогаш зад него постои дамата, висока и стројна.

Иако си онака, хепи, for the most part, кај тебе постои доза на сериозност, кредибилитет, чувство за чест и ред. Сакаш кога нештата се одвиваат како што треба. Сакаш да ризикуваш и да делуваш спонтано, но пред секој таков чекор се јавува сомнежот кој многу брзо се шири, како тумор. Затоа на моменти можеш да бидеш несреќна. Не знаеш како да постапиш, не знаеш кои ќе бидат резултатите, последиците на твојата кација.

Be that as it may, ти живееш на сцена. Светот те гледа и воздивнуа со секоја твоја воздишка. Плаче со тебе, се радува со тебе, тагува заедно со тебе. Твојот живот е голем, гласен, полн со бои и динамичност.

Unleash magnificence! Fly!
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.488
Поени од реакции
7.983
Ada како си го погодила Трочо наш... БРАВОС, неќе ни да признае дека е тоа ТОЈ!!!
:pos:
Kyril не се љутиш знам....

[mod]11 модераторска заповед: Бараj анализa откако ќе направиш анализа. Поздрав, Серпико.[/mod]
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
еве за форчн...
I am looser baby, but take me as I am...(за анализава)
аватарот... сексипил, женственост, провокација. she's got "it"!!! во тоа сум сигурен! можеби не го искажува тоа толку многу, но еротиката блеска преку нејзините аватари(поготово моменталниов). знае што сака и го добива тоа кога што таа сака(пример: анализава -)).
таа е склоп на интелект и еротицизам(како што напоменав) и воедно борбена личност. нескротлива во секој поглед. сака да влага во битки со форумџии, можам да кажам дека тоа и е омилено хоби, хоби во кое не излегла на крај со пораз. сите пехари ги има собрано, no doubt -)
отворена особа која е мн. мн. комуникативна и искрена. секогаш е од помош, нема да каже не кога се работи за форумов, но и за пријателски совети. цени добар ремет(умерен), сака да фаќа сеир, што е и за респекат воедно.
исцрпен сум, толку од мене. тапа способности, poor writer.
благодарам.
поздрав.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Прво да им се заблагодарам на Bada Bing!, Razorblade Kiss, `Ангелче` и на kpbKENGUR :)icon_lol:) за анализите:kiss3:


Спајдер, еве ми ти анализа од мене...

Аватар...
Знам дека не го одбра сам, но немаше да го ставиш токму тој доколку не ти се допаднеше. Во што се пронајде (ако воопшто си се пронашол), ќе се обидам да објаснам според мое мислење. Ако грешам, ќе простиш.
Дечко кој стои на скали потопени во вода и кои завршуваат некаде горе каде се гледа светлина, а опколени со облаци. Хммм...
Можеби се пронаоѓаш затоа што можеби моментално се наоѓаш пред еден пат кој знаеш дека нема да е лесно да се помине, знаеш дека треба да се трудиш за да успееш да стигнеш до светлината, но тоа не значи дека тука прекинува се`, бидејќи животот не знаеш каде ќе те однесе како што не знаеш каде завршуваат скалите. Бидејќи си храбар и си сфатил дека ништо не може да биде добиено само со седење, не верувам дека ќе стоиш со рацете во џеб, туку ќе правиш чекори нагоре. Без разлика што постои опасност водата да те накваси, без разлика што надвиснале сиви облаци, смело и одговорно му пристапуваш на тоа што сега ти се случува, нешто ново за тебе.
Можеби од поразлични причини од оние што ги опишав јас се наоѓаш во аватаров, но сепак се обидов.

Постови...
Кој не знае, не верувам дека би помислил дека зад јузер Спајдер се крие дете 14-15 годишно. На форумов може да се забележи разлика меѓу тебе и останатите твои врсници. Смело се впушташ во дискусии насекаде по форумов, воопшто не се плашиш да им реплицираш на повозрасните од тебе. Но, никогаш не зборуваш напамет, пишуваш ако имаш познавање од некоја област и ако поседуваш аргументи за понатамошна дискусија. Секогаш покажуваш цврст став и никогаш не сум забележала дека си сменал мислење после некоја дискусија со било кој форумџија. Сериозен си (можеби и премногу за твои години), мислам дека никогаш не сум прочитала некој твој пост во кој ќе има смајлиња, па дури ни во Чек дис аут. Во ред е да се пристапи сериозно кон дискусиите, но некогаш човек може да се опушти и пак да не остави погрешен впечаток кај другите. Интелигентен си, тоа убаво се гледа во постовите. Сакаш да не остане ништо нејасно, секогаш се трудиш да дадеш максимум кога одговараш на некоја тема. Најверојатно таков си и во живо со пријателите.

Можеби не на форумов, но ако згрешиш нешто знаеш да си ја признаеш грешката и да ја прифатиш казната со молчење сфаќајќи си ја грешката.




Јас се извинувам, ама за Gadfly BaBa и за Влатко_Русин не можам да направам анализа. Не ми се лутете. Додека не оформам мислење за да можам да се искажам, не можам да ве анализирам. Слабо ве читам на форумов:)

Значи, да си направам една листа кој побарал анализа, па ќе видиме:)

Прити Грл - не можам да те анализирам според новото правило, мислам дека до сега на темава не си анализирала ти никого:)
мРнО, не сум сигурна дали ти си постирал некоја анализа:)
Геџо, не знам како не видов дека ти никого не си анализирал до сега. Значи, додека не го направиш тоа, да не те видам на темава:icon_lol:

Е сега...
ada, mary_jane, и walker girl се во листата сега за сега
А им должам анализа на Лејди Сатори, `Ангелче` и на kpbKENGUR.
Како ќе добијам инспирација, така ќе анализирам.

Осеќам дека за брзо ќе се анализирам самата и ќе земам одмор додека ме анализираат тие на кои ќе им побарам анализа:icon_lol:
 
Член од
17 август 2005
Мислења
1.410
Поени од реакции
23
Razorblade Kiss напиша:
Никот ме потсетува на оние девојки кои се споменуваат во текстовите на рок баладите.Навидум незаинтересирана и рамнодушна,а всушност е red blooded girl not yet a woman.
Ти си многу слична со мене.Не треба да направиш нешто посебно за да бидеш забележана,ти и така ќе бидеш.Плениш со шарм и носиш со себе некоја дивост во очите што те прави уште попривлечна.
Приказна за себе.Не следиш ничии чекори,трендови не се грижиш што другите мислат за тебе.Велиш-Тие на крај си живеат сопствен живот и не треба да ги интересираат проблемите на другите.
Тврдоглава,и понекогаш имаш проблеми со неа,но знаеш секогаш околностите да ги свртиш во своја корист,се разбира,и да попуштиш кога сфаќаш дека не си во право.Сакаш кога си опкружена со друштво и со твоите пријатели,да се пошегуваш на своја сметка,мислам дека имаш развиен смисол за хумор,и затоа си омилена во кругот.
Го сакаш сликарството и музиката подеднакво...и ми требаше време да сфатам дека не си ти тапанар,туку твојот дечко:)
Ги сакаш авантурите и да откриваш нови нешта.Искрена си,понекогаш премногу и го сакам тоа`плескање се во фаца`.Бараш и ти да бидат отпочеток отворени со тебе.Ти се случува да ја изгубиш довербата во себе и во другите и на момент да станеш несигурна,но мислам дека со текот на времето тоа добро го сфати и го прикриваш тоа со умешност.На сите ни се случува да ни падне самоувереноста.Ништо страшно.
Се надевам дека ќе имаме шанса да се запознаеме подобро и да те анализирам повеќе,со твое допуштение нормално.:smir:
damn girl!! ме наежи :smir:crvenee
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Чек Он Ит напиша:
МрНо

Е, можеби ќе изгледам како да го фалам шмекерчево, али само вистина зборам.
Секогаш стоиш за секого на располагање. Спремен си да дадеш се од себе да му помогнеш на некој, но само ако заслужува. Способен си да го разбереш секого. Уживаш да ги бодриш луѓето, тоа е уште една доблест. Имаш меко срце, лесно се предаваш, но затоа некогаш остануваш повреден. Be carefull to whom you give your heart because when you do that you are also giving to that person the power to hurt you(Се секаваш?!). За тебе е природно да мислиш и на потребите на другите. Секогаш гледаш да му се најдеш на најблискиот, и не бараш ништо за возврат.Женкар си. Кога се работи за женскиот пол, па ти незнаеш да кажеш НЕ. Незнаеш да одбиеш девојка, а тоа те прави кавалер.Иако изгледаш срамежлив, воопшто не си, баш напротив. Секогаш расположен за дружење. Решителен си, кога си решил нешто нема назад, нема човек што ќе те премисли. За тебе постои само најдобро или најлошо, нема средина. Се радуваш на се што ти дава животот. Не сакаш да се врзуваш, сакаш да си самостоен во твоите најлуди години, да не зависиш од никој. Сакаш да живееш, и ништо не дозволуваш да ти попречи на патот. Полн си со пресвртници. Спонтан си, сакаш да се забавуваш .Имаш способност да бидеш водич и носител на позитивни вибрации во твоето друштво. Сакаш авантури. Спремен си да издржиш секакви невољи и оскудации, остануваш и се бориш. Можеш да бидеш со секого, но ако си нерасположен знаеш да се изолираш и да бидеш сам – со никого.Сакаш да се издигаш во животот. Љубовта ти е неопходна за твојата среќа. Знаеш да сакаш вистински и да бидеш романтичен иако не изгледа како таков. Некогаш знаеш да биде импулсивен, и да реагираш без да размислиш. Некогаш прифаќаш големи одговорности иако знаеш дека можеби неможеш да ги изполниш. Знаеш да бидеш озбилен, но знаеш и да го изнасмееш човек до солзи. Секогаш си позитивен и гледаш на добрата страна на животот. Во се си темелен. Енергичен, зборлив, амбициозен дечко.

:smir:
Бравос,секоја чест ептен добра анализа,ми изненади дека знаеш некои детали за мене кои мислев дека никој не ги знае...се гледа дека си талентирана за анализирање
 

Potato

Cold hearted
Член од
18 мај 2007
Мислења
4.924
Поени од реакции
86
Aj nekoj da me analizira mene, bas sakam da vidam dali ke pogodite barem nesto :)
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Пожелно е кога ќе побарате анализа, да кажете дали вие имате анализирано некој или не. На пример, не знам дали да го бришам Компирко зошто ме мрзи да пребарувам дали анализирал.
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Скулгрл напиша:
не знам дали да го бришам Компирко зошто ме мрзи да пребарувам дали анализирал.
Оф топиk : има анализа, на Вампирката. :)
Напишано од Potato
~ThE_VaMpIrE~ e misteriozna devojka, koja ne go saka ucenjeto. Luda e po pirsevi i tetovazi, a spored toa sto e zatvorena pretpostavuvam deka ima teskotii da si fati decko iako e mnogu ubava. So svojata opsesivnost kon vampiri, pocnuva da im stanuva odbivna na momcinjata, no po nekoe vreme ke go najde vistinskiot vo koj ke se vljubi, a i toj ke se vljubi vo nea. Treba samo da poceka izvesno vreme. Saka da crta, da pisuva na forumi, raboti sto se pravat samostojno, toa ja pravi uste pozatvorena. Treba pocesto da izleguva so mnogubrojnite drugari i prijateli na kafe ili na kojznae sto.
Kratko i jasno :)
Oн: Може анализа за мене? Koj сака, тој. Ја имам анализирано PSYtisfaction на на претходната страна. :)
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Emma напиша:
Oн: Може анализа за мене? Koj сака, тој. Ја имам анализирано PSYtisfaction на на претходната страна. :)
И PSYtisfaction ќе те анализира тебе коа ќе и дојде наплив на инспирација. :)
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Темава пак некако си доби на популарност, па интересна ми е и еве сакам уште некој кајганџија да анализирам, на онака лаички начин ... важно е да се дружиме, де ...:vozbud:

Побарав анализа од газдата, но никако да ме рецне ... еве втора провокација ... Мистичен повели ...

Да тргнеме по ред ... аватарите ти се секогаш нешто што најмногу ми одвлекува внимание. Ги менуваш ретко и секогаш се внимателно избрани без оглед дали сакаш да кажеш нешто со нив, да тргнеш некој сеир или не. Посебно ми се допаѓа што секогаш се едноставни без многу приказни во нив ... едноставноста ја имаш, карактеристика што се цени. Тоа што почесто си ти на нив, за мене е знак на самодоверба, што може да се заклучи и без тоа. Преку нив си истакнал и дека уживаш во фотографирање, во твојот составен дел од животот компјутерот, како и во тоа дека си и се доживуваш и самиот како деловен и успешен човек. Ни по грешка не ти се случува да изгледаш запоставено, значи водиш грижа за себе и својот изглед, што е сигурно уште една добра работа кај тебе ...
Од твојата желба за фотографирање (кое ти е хоби претпоставувам) можам да кажам дека се родил одличен телент. Секоја слика која сум ја видела од тебе е едноставно совршена, без оглед што има на неа ... доказ дека си перфекционист, уживаш во убавото, ги живееш убавите работи и ситници, а сето тоа на еден начин те прави голем и исполнет човек.
Потписите не ти се нешто што ти одзема големо внимание, па не би имала што да кажам ... може само тоа дека повторно се доловуваш самиот како успешен со своето дело (Кајгана), и сакаш и уживаш во тоа да го истакнеш истото, со што влеваш стравопочит кај останатите. Свесен си што си постигнал и со право си ја признаваш својата одлично завршена работа.
Постовите и тоа што те знам лично, не се никаква спротивност од овие неколку карактеристики што ги напишав претходно. Авторитет си, интелигентен, работлив со големи амбиции, успешен во се` за што ќе се зафатиш ...
Цврст карактер кој не попушта до последно во дискусии, што ваљда може да ти даде и друга особина - тврдоглав ... тврдоглав, но само кога со докази и само со докази и самиот себе си се убедил во нештото. Без тоа, не се ни малтретираш да губиш од твоето скапоцено време.
На страна од тоа, ти си всушност доста добар дечко кога се опушташ и ја тргаш таа маска од себе. Дружељубив, весел човек, кавалер на ниво кога се работи за твојата понежна половина, што мора да се нагласи дека е редок пример! Сигурно копнееш по денот кога ќе имаш полна куќа дечиња и прекрасна жена, кои ќе те чекаат да си дојдеш од работа и со кои ќе уживаш да го поминеш секој слободен миг. Токму затоа и со својот одличен вкус за убаво, си успеал да го создадеш првенствено тоа ваше катче. Сакаш да си за ниво подоминантен во домот, но никако тоа не значи дека некогаш би потценил некој друг ... едноставно, сакаш да си глава на куќата и поткрепа за сите во неа, што не е мала работа.

Како комплетна личност би те оценила со највисока оцена и една минуска. Минуската би била за тоа што со својот темперамент, на моменти избрзуваш во некои ситуации, што можеби некогаш и да не резултираат со добар исход ... не дека сум видела некоја грешка (на форумов), но ете, некогаш може де ... :podsmev:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Делукс, не прашувај. Анализирај кого сакаш, онака доброволно:)
Ајде да видиме кој ти дава инспирација за анализа.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Fortune

Ја избегнувам анализава за тебе со месеци, затоа што те познавам и незнам од кај да почнам кај да завршам за да си кажам се`. Но, ќе се задржам на форумов, па ако ми надојде нешто успат, ќе надоврзам и од приватен живот ... ќе видиме колку ќе погодам и успеам во долгоочекуванава анализа ... ах маки!

Аватарите ... ах тие аватари ... ги менуваш според расположение, така да многу може да се зборува за нив. Кога не се со таа причина ставени, тогаш се огледало на тоа што си или би сакала да си, надвор од пишаниот збор тука. Најчесто се тоа нежни ликови на девојки кои копнеат за љубов, провокативни - кои се полни со шарм и сексипилност, диви - кои сакаат и уживаат да владеат во некои исклучителни моменти со спротивниот пол ...
Дали се наоѓаш тука, ти си знаеш ... јас така гледам на тоа.
А да, ја заборавив страста што преовладува секогаш ... сакаш на еден потаен начин да ја покажеш и таа твоја страна, па ја истакнуваш преку аватарите, затоа што мислиш дека не е нешто што може да се опише и каже исто така и со збор.

Потписите ... кога не се сеирџиски, секогаш ти се во врска со љубовта. Уште еден момент кој кажува дека си личност која знае да сака, која сака да биде сакана, која сака едноставно да живее од и за љубовта. Тоа е добра страна, бидејќи како таква, неможеш да си лоша, неможеш да си материјалистка и неможеш да имаш празен живот ... и кога немаш никој до себе, секогаш љубовта ја чувствуваш, негуваш и те исполнува ... те исполнува и тогаш затоа што знаеш да ја чувствуваш и даваш на сите работи и останати личности во твојот живот.

Постовите ... постовите се таа главната работа што те истакнува на форумов, покрај твојата "функција":podsmev: .
Како што забележуваат сите, една си од ретките која кога сака да каже нешто, кажува во еден тон зборови. И тука и во живо си таква ... не сакаш да останеш неразбрана, сакаш до детаљ да се доискажеш, за секој соговорник да те разбере како што треба, а при тоа да не биде случајно навреден или збунет. Од тука ваљда ти е и тоа "правило", секогаш да си таа што го кажува последниот збор ... така највероватно се чувствуваш и посигурна дека си ја постигнала својата цел ...
Маана ти е што често за да не кажеш нешто директно, нешто што мислиш дека лошо звучи така, кружиш, вртиш и многу муабет испаѓа за ништо ...за ништо велам, дека ако некој сака да те сфати така како што сака, и три дена кружење е залудно. Едноставно, мора да поработиш на тоа да си подиректна ... мора (доколку не ти е касно де!:pos2: ).

Од приватен живот, што можам да додадам, бидејќи те знам 6-7 години ...

Тврдоглава си до тука и назад. Мана? Па незнам ... може да се каже и да и не. Има работи и моменти кога треба да си таква, има и кога не треба. Тоа некако се балансира со тоа што прилично брзо попушташ и забораваш (доколку се побанални работи), па можам да кажам дека се тераш некако ... :podsmev:

Чувствителна си многу. Секој мал крив збор може да те повреди, натажи, па и расплаче, а секој прав од прав човек може веднаш да те расположи и насмее.

Верна си. Кон партнери, другари/ки, семејство ... некогаш даваш од себе повеќе од што заслужуваат останатите, но не ти е криво и кога сфаќаш дека било така. Едноставно, даваш што можеш без да бараш нешто за возврат. Така се чувствуваш побогата во себе и позадоволна ... своето си го направила како треба, а другите нека си мислат за нив.

Не си злопамтило, без оглед колку некогаш и самата мислиш и сакаш да си. Таквите луѓе враќаат лоши работи, се одмаздуваат на неправди, а ти тоа не си го направила никогаш. Попустлива си многу, дозволуваш многу, па и кога ти е преку глава некоја работа, пак си културна и на некое љубезно ниво. Тоа ти е добро, иако мене лично ме иритира!:podsmev:

Имаш свои посебни моменти или точки, кои кога те фаќаат ме враќаат во нормала ако не сум била ... значи, добро друштво си и хуморот во тебе ти е уште една позитивна страна. Посебно си најинтересна кога си нервозна ... тогаш, знаеш колку најмногу ме смееш ... :kiss:
И да се пикнам и јас во постов, двете кога сме заедно сме црна двојка и тешко ушите на тие кои ни се во уста!:pos2:

п.с. Сигурно има уште многу да пишувам, но уморна сум веќе, а и срамота е колку е голем постов, па не би да биде уште поголем! Не за друго, нејќам да те заменам!:podsmev: :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom