Скулгрл
Queen of the superficial::..
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 5.059
- Поени од реакции
- 69
Ада, една од моите омилени форумџики. Прво нешто што го забележав од твоите постови е дека си противник на исмејувањето и сеирот кога сето тоа се прави на безвкусен, простачки начин. Не наоѓаш забава во омаложувањето на некој кога сите други го прават тоа. А тоа е за восхит.
Цврст, непокорлив карактер и оформено мислење кое е невозможно да се смени се твои јаки карактеристики. Знаеш да истераш до крај со некоја дискусија и твојот збор да биде последен. Буквално имаш капаче на се.
Постовите ти се прилично интересни за читање, не пишуваш напразно, не паламудиш (изразов ) туку напротив-ги црпиш сите аргументи кои можеш да ги приложиш за да докажеш дека токму ти си во право.
Од она што те запознав во живо (не сврзавме муабет, но доволно беше два-три пати да те опулам ) забележав дека си импулсивна, неверојатно весела и пргава и обожаваш да се смееш, особено кога ти е погодено друштвото.