Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

RealGirL

My LiFе...My ST0Ry
Член од
13 февруари 2006
Мислења
2.348
Поени од реакции
19
Fortune напиша:
Прв пат кога го видов аватарот мислев дека типката си буричка со прстите во водата. Потоа кога подобро се загледав видов дека водата си се „движи”:icon_lol:
Фала Форчн,што ми ги отвори очите!:pos:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Форчн може некогаш кога ќе имаш време и мене една анализа?
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Fortune напиша:
Прв пат кога го видов аватарот мислев дека типката си буричка со прстите во водата. Потоа кога подобро се загледав видов дека водата си се „движи”:icon_lol:
Глупости. Нема да ти ги анализирам аватарот и потписот. Доволни ми се постовите и муабетите на мсн.

Е сега...

Шо да кажам ма? Тууу ме стави во непријатна ситуација, сега морам сите тајни да ги изнесам на виделина.
Постови твои не пропуштам, да му е мерак на човек да те чита. Средени, педантни, до ситница спакувани за читање и лесно разбирање. Не сум имала прилика со тебе да разговарам очи во очи, но претпоставувам дека така и се изразуваш, сакаш да бидеш разбрана, јасно го кажуваш она што го мислиш. Најмногу ми се допаѓа тоа што знаеш на посериозни теми да пишеш со доза хумор, ем човек да се насмее ем да прочита нешто убаво. Имам впечаток дека човек во твоја близина може да се чувствува баш опуштено и пријатно. Ги цениш туѓите мислења, но тешко да те разубеди некој во нешто за кое имаш свој став. Ако си сигурна во нешто упорна си и нема шанси да попуштиш, но ако згрешиш знаеш да признаеш и ако е потребно да се извиниш.
Со луѓето на почеток си воздржана, цело време како да избегнуваш посериозни теми, тераш муабети кои се далеку од сериозност. Како да се плашиш да се опуштиш, т.е. да се отвориш. Прилично си затворена, ти си од оној тип на луѓе кај кои треба да се помачиш за да почнеш да зборуваш за нешто што не е само сеирџиски муабет. Кога ќе стекнеш во некого доверба се отвораш и човек може да се запраша дали си тоа ти.
Тврдоглава до немајкаде (т.е. своеглава што би рекла ти). Кога ќе запнеш за нешто нема шанси да се откажеш. Совети примаш ама не ги прифаќаш, т.е. пак по свое ќе си тераш. Треба човек премногу да е трпелив со тебе за да ти смени некое мислење и да постапиш поразлично од она што мислиш. Имаш принципи кои нема шанси да ги погазиш, па дури и кога знаеш дека можеби би било подобро ако постапиш поразлично од тоа на кое си навикнала. Не сакаш да ризикуваш, се плашиш од последици, се чувствуваш најсигурна со пречките кои си ги поставуваш. Не сакаш разочарувања и токму затоа не ризикуваш, а треба да прифатиш дека некогаш и лошите искуства можат да те издигнат на повисоко ниво.

Пријатна си за разговор, никогаш нападна (добро сега, знаеш да запнеш ако нешто ептен те копка:pos: ), мила и добра личност. Лесно е да стекне човек во тебе доверба и да гледа во тебе пријател.

Знам дека уште нешто сакав да кажам, ама ај наредна прилика. Откако ќе седнеме ко луѓе на маса да си напрајме муабет:kiss3: :smir:
Заборави да кажеш дека е неодговорна. Ама го немаш искусено тоа :))))))

за мене анализа од било кој. Да нема заблуди иам анализирано.
 

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
Ајде, ајде, ај и мене една анализа да не почнам да спамирам. :P
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Toрчо брат, не видов... си анализирал ти некој, на темава?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Toreador напиша:
Ајде, ајде, ај и мене една анализа да не почнам да спамирам. :P
Ајде, само почекај да се испразни, бидејќи знам дека сакаш да е празен. Стив. :pos2::pos2:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Гижо напиша:
Заборави да кажеш дека е неодговорна. Ама го немаш искусено тоа :))))))

за мене анализа од било кој. Да нема заблуди иам анализирано.
Ај јас ќе пробам иако не знам колку ќе бидам успешна:smir:

Е па вака..од тоа што го имам забечежано досега,имаш малце поинаква смисла за хумор,некогаш знаеш да бидеш и малку иронично-саркастичен и да провоцираш,меѓуота сето тоа е како од позадина,а интересно ти е да пукаш сеир,но никогаш не го правиш тоа на навредлив начин,па зато ретко и некој да ти се налути...имаш интерес за повеќе работи како фудбалот,музиката..Кога имаш интерес за нешто се трудиш да имаш што повеќе информации и постојано се надоградуваш,не дозволуваш да тапкаш во место..Имам чувство дека си тип кој што сака да посматра од страна,да набљудува и да се забавува,но на свој начин...Не си тип кој што постојано се бори да биде центар пажња,не се замараш многу многу со тоа,повеќе би сакал да бидеш во поопуштена атмосфера...Човек кој што сака да посетува концерти,особено ако се работи за својата омилена група,пејач...За некои работи си многу принципиелен и имап тврд став,кој што го браниш и секогаш гледаш тоа да биде со аргументи и факти..мислам дека не сакаш да губиш мнбогу време во празни муабети...

хм..па тоа би било се...:helou:
 
Член од
21 декември 2005
Мислења
661
Поени од реакции
7
PSYtisfaction напиша:
Не мора. За анализа до 3 реченици, не мора.
Еве ја ќе ти дадам:
Рапер, провокатор, бивш синдикалец, избркан од одредена маса поради чаталење и непочитување на правилата. Во вечна заблуда дека Тупак е уште жив. Инаку белец.
Задоволен? :pos:

Едит: Барам анализа од Форчн, некаде во задните страници ги исполнувам условите.:)
wooooooow. popoleka malce de, tupak ziv? hah toa moze da ti go kaze samo nekoj negov zabegan fan no ne i jas, a provokator....paaa mozda neznam kazi mi ti a toa sto sum izbrkan od nekoja "masa" pa neznam kolku mi znaci a i ne otvara rani bidejki imam dobra zamena(?provokator?)
moja revizija na tvojata iritiracka PSIHOANALIZA
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Crazy in Love напиша:
Форчн може некогаш кога ќе имаш време и мене една анализа?
Секогаш пишуваш кратки постови, кратко и јасно го изразуваш својот став. Имам впечаток дека се плашиш да навлезеш во некои поостри дискусии, како да се плашиш да не бидеш нападната за своето мислење. Можеби грешам, но за некои работи мислам дека ти фали храброст.
Моментално најверојатно се наоѓаш во некоја ситуација во која не знаеш што да правиш, како да постапуваш. Без разлика дали ти е возвратена љубовта или не, без разлика дали си разочарана или не, сепак се трудиш да ја зачуваш љубовта која ја имаш ти кон некоја личност.
И покрај тоа што некогаш може да те зафати лош период, сепак не сакаш да се откажеш од помислата дека можеби утре ќе биде подобро. И уште нешто... Не сакаш да прифатиш дека постојат луѓе кои имаат цел да им наштетат на другите. Колку побрзо го прифатиш тоа, толку полесно ќе се заштитуваш од нив:)

Се извинувам што е кратка анализава, но не те познавам баш:(
Анализава е само според постовите.

Ако згрешив нешто, извини:)
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
MISTICEN

Man-ot na ovoj forum koj e zasluzen za estetikata, ubavinata i kontrolata vrz sharlatanskoto odnesuvanje vo ovoj forum......
Ima vrodeno cuvsto za ubavina i sproveduvanje na istata vo bilo koja svera od negoviot zivot…Toa moze da se vide ne samo preku negovite postovi , tuku i
preku uredenosta na negoviot dom, nacinot na oblekuvanje...... Domot go gleda kako mesto vo koe ke ja dozivuva svojata harmonija posle naporniot raboten den…
Negovata radoznalost ne mu dava ni kafeto da si go ispie na raat…Covek sto postojano saka da uci neshto novo, postojano e so svoite bliski, pa Mistik da go videte sam e vistinska retkost. Svojata otovrenost i direktniot odnos im go prenesuva i na svoite prijatelski i na ljubovnite vrski. Toj prvenstveno e iskren covek, duri i koga negovata iskrenost boli.
Poseduva avanturisticki duh koj mu ovozmozil da prozivee mnogu raboti koi go zbogatile negovoto iskustvo…Kako rezultat na toa Mistik moze da deluva nezainteresirano i samo da posmatra vo nekoe kose od nekoe kafule…I vo toj moment toj ne sedi mirno, ami razmisluva za momentalnite problemi, nedostatoci i doblesti na ovaa mladina…
Vo svojstvo na odbrana na svojot stav, Mistik znae dosta zestoko verbalno da ja napadne sprotivnata strana, dur da kaze i raboti za koi utre ke se pokae….Impulsiven e, ne trpi nepravdi, neznaenja,neinformiranost, prostotilak i na toa deluva dosta arogano I cinicno…Toa sto kazuva deka znae da se sprotivstavi i na avtoriteti e znak na negovata jaka potkovanost, no i istoto znae da go zakaci i vo nevolju i kashi od koi na kraj pak sam ke se izvlece…
Ima strasna ljubov kon kompjuterite, ubavite cevli, ubaviot ambient …………
Impulsivnosta, hrabrosta, direktnosta, drustvenosta, odenjeto vo krajnosti, estetikata, fleksibilnosta se osobini za Mistik:helou:
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
sky_dog>no.1< a.k.a Летечкиот питбул

Не знам многу за тебе,ама ми се запна за анализа па ајде(ова ептен оти сме во крвна врска хехе).
Спонтан си,сакаш да изненадуваш и да те изненадуваат.Кога ќе му се посветиш на нешто/некој,му се посветуваш со цела душа.Ова го заклучив оти те запознав малку подобро од друга перцепција,односно,личноста што те знае ми кажуваше,па јас некако го поврзав сето тоа.Мразиш да те етикетираат конкретно во поглед на музиката.Сметаш дека тоа што го правиш не е само минлив период,тоа е твојот начин на живот.Колку и да изгледаш грубо како по надворешен изглед,така и овде,сепак си романтична душа и ти се случува по Моторхед да ги пуштиш Вајтснејк...претпоставувам си заљубен,сите го гледаме тоа.По постовите не можам да те запознаам,можеби е сеуште рано или затоа што половина и повеќе ти се во играчница.:(
Не знам кои ти се приоритетите во животот,кога ќе те запознаам подобро,ќе ти направам подобра анализа.Засега би ти рекла само да се сконцентрираш на нешто што те исполнува и тоа да го работиш,така ќе бидеш и ти задоволен и ќе постигнеш добри резултати без некои потешкотии.

...Со мојата анализаторска кариера завршувам вечер со Форчн и Мери Џејн....јавно се самосуспендирам на некое време од темава.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Скулгрл

Моето најпрво зеленко беше од неа(класика човече).Интересна си ми,затоа што не си уште едно убаво лице кое стекнува слава и популарност на него,доста созреана личност која со текот на времето си го нашла местото овде,а богами и во нечие срце.
Имав впечаток дека си доста дива,некомуникативна на почеток,а излезе сосема спротивното.Со сите сакаш да развиеш добар однос,штета што има некои луѓе кои ти љубоморат на комплетната ти,па сакаат да ти напакостат,но добро се браниш.Но добро,мора и такви да постојат за да сфатиме кои сме всушност ние како индивидуи.Имаш цврст карактер и не даваш никој да ти`мачка очи`народно кажано.
На моменти срамежлива,но тоа е тоа симпатичното кај тебе.Ретки се девојките што црвенеат денес.Си се пронашла себе како и во другите сфери,така и во имиџот.Бринета си ми поубава,мада и плавуша беше ок(момент на дудлање,сори).Софистицирана во секој поглед.
По постовите заклучив дека пишуваш концизно,квалитетно,со добар заклучок на крај,да можеш да извлечеш од сето тоа поука.Уметничка душа си,ја сакаш уметноста било да се работи за нејзината историја или нешто друго од нејзината област.Мислиш дека од секој човек може да се научи нешто ново кое ќе ти користи за искуство или во понатамошна примена.
Вљубена си и не се срамиш да го кажеш тоа-дека си го нашла партнерот во кој си нашла се за што си сонувала.Иако на моменти тврдоглава и бунтовна,знаеш до каде можеш да одиш,и ако не си во право,да се извиниш.Човек што си ја признава грешката-ендемични видови верувај.А ти си еден од тие.
Понекогаш имаш чувство дека не си разбрана од одредени личности кои ти се најблиски.И тоа те иритира.Верувај,со текот на времето ќе сфатат дека биле во заблуда и дека попусто се грижеле и те туркале во психичка бездна,напротив,тие можат доста да научат од тебе,но кога ќе го сфатат тоа,ти велиш дека ќе биде доцна.Во тие моменти не им врти грб и дај им шанса ако вистински ја заслужуваат,на крај краеви,тие го сакаат најдоброто за тебе,како и сите оние што те сакаат и се грижат за тебе.Сепак велиш дека љубовта те прави посилна за да се справиш со сите згоди и незгоди во секојдневието.Овде се сложувам.
Среќни се оние кои го имаат твоето другарство и поддршка.Можат да сметаат на тебе во секое време.
Од оние си што со текот на годините стануваат се поубави како однадвор така и одвнатре,позрели,со поголем елан за животот.Продолжи така,и нема да погрешам.

 

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Може една психоанализа и за мене,ги исполнувам условите,ако овака бирам би сакал од:форчн,разорблејд или крејзи ин лав
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Razorblade Kiss напиша:
Моето најпрво зеленко беше од неа(класика човече).Интересна си ми,затоа што не си уште едно убаво лице кое стекнува слава и популарност на него,доста созреана личност која со текот на времето си го нашла местото овде,а богами и во нечие срце.
Имав впечаток дека си доста дива,некомуникативна на почеток,а излезе сосема спротивното.Со сите сакаш да развиеш добар однос,штета што има некои луѓе кои ти љубоморат на комплетната ти,па сакаат да ти напакостат,но добро се браниш.Но добро,мора и такви да постојат за да сфатиме кои сме всушност ние како индивидуи.Имаш цврст карактер и не даваш никој да ти`мачка очи`народно кажано.
На моменти срамежлива,но тоа е тоа симпатичното кај тебе.Ретки се девојките што црвенеат денес.Си се пронашла себе како и во другите сфери,така и во имиџот.Бринета си ми поубава,мада и плавуша беше ок(момент на дудлање,сори).Софистицирана во секој поглед.
По постовите заклучив дека пишуваш концизно,квалитетно,со добар заклучок на крај,да можеш да извлечеш од сето тоа поука.Уметничка душа си,ја сакаш уметноста било да се работи за нејзината историја или нешто друго од нејзината област.Мислиш дека од секој човек може да се научи нешто ново кое ќе ти користи за искуство или во понатамошна примена.
Вљубена си и не се срамиш да го кажеш тоа-дека си го нашла партнерот во кој си нашла се за што си сонувала.Иако на моменти тврдоглава и бунтовна,знаеш до каде можеш да одиш,и ако не си во право,да се извиниш.Човек што си ја признава грешката-ендемични видови верувај.А ти си еден од тие.
Понекогаш имаш чувство дека не си разбрана од одредени личности кои ти се најблиски.И тоа те иритира.Верувај,со текот на времето ќе сфатат дека биле во заблуда и дека попусто се грижеле и те туркале во психичка бездна,напротив,тие можат доста да научат од тебе,но кога ќе го сфатат тоа,ти велиш дека ќе биде доцна.Во тие моменти не им врти грб и дај им шанса ако вистински ја заслужуваат,на крај краеви,тие го сакаат најдоброто за тебе,како и сите оние што те сакаат и се грижат за тебе.Сепак велиш дека љубовта те прави посилна за да се справиш со сите згоди и незгоди во секојдневието.Овде се сложувам.
Среќни се оние кои го имаат твоето другарство и поддршка.Можат да сметаат на тебе во секое време.
Од оние си што со текот на годините стануваат се поубави како однадвор така и одвнатре,позрели,со поголем елан за животот.Продолжи така,и нема да погрешам.
И како да не поцрвенам после волку прекрасни зборови?:kesa: Благодарам.:)
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
И јас сакам анализа:pipi:...Btw, ги исполнувам условите. Благодарам однапред:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom