Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Ч

Чек Он Ит

Гостин
Bada Bing!
О, прв пат кога дојде Бада и тој ден го памтам искрено. Брзо се здоби со репутација, не мислам зелена но и таа се издигна брзо, мислам со репутација дека си навистина исклучителен човек, со оформено мислење за се. Отворен си, но некогаш знаеш сосема да ги прикриеш најдлабоките чувства. Кога те читам се чудам како може толку мудрост да излегува од 18 годишно дете (без навреда, сакав да кажам човек), се чудам како може да си толку паметен и во секоја ситуација да знаеш што да кажеш и како да изреагираш. Некогаш знаеш да бидеш многу сериозен, а некогаш да делуваш толку откачено. Знаеш да бидеш ироничен и да ги исмеваш луѓето без памет, луѓето што се праат дека на Господ дупката му ја нашле и се праат којзнае што. Знаеш да бидеш и директен. Ни ‘’а’’ ни ‘’б’’немаш, на секого му го плеснуваш во лице тоа што го мислиш за него. Мислиш двапати па правиш некоја работа. Сакаш се што правиш да биде правилно. Имаш силна волја и амбиција. Неуморен кога се работи за твојата надоградба, умствена нормално. За се што подразбира учење имаш време. Ги вреднуваш луѓето според внатрешноста, надворешноста не ти е битна. Знаеш да ги покажеш емоциите, но само кога сакаш. Некогаш знаеш да бидеш студен и да се правиш дека не чувствуваш.Секогаш си полн со изненадувања и нови нешта. Знаеш да го изненадиш човека, да дури и се мисли дали тоа што му го збориш е стварност. Практичен си, гледаш да се биде како што треба, но најпрктично што може. Многу решителен и секогаш си ги решаваш проблемите сам, не чекаш на другите бидејки си свесен дека има многу малце кои би ти помогнале и многу малку се тие што нема да бараат ништо за возврат. Широко срце имаш, знаеш секој да го сватиш и разбереш. Знаеш сите работи да ги свртиш на твоја страна, што уште еднаш докажжува дека си паметен, интелегентен и трезвено размислуваш за работите, иако во главата имаш милион прашалници.Сакаш да уживаш во животот. Ја сакаш филозофијата и си филозофски настроен, сакаш да ги анализираш луѓето, но сакаш да знаеш и тие што мислат за тебе. Независен, духовит, и дечко со добра волја.

МрНо

Е, можеби ќе изгледам како да го фалам шмекерчево, али само вистина зборам.
Секогаш стоиш за секого на располагање. Спремен си да дадеш се од себе да му помогнеш на некој, но само ако заслужува. Способен си да го разбереш секого. Уживаш да ги бодриш луѓето, тоа е уште една доблест. Имаш меко срце, лесно се предаваш, но затоа некогаш остануваш повреден. Be carefull to whom you give your heart because when you do that you are also giving to that person the power to hurt you(Се секаваш?!). За тебе е природно да мислиш и на потребите на другите. Секогаш гледаш да му се најдеш на најблискиот, и не бараш ништо за возврат.Женкар си. Кога се работи за женскиот пол, па ти незнаеш да кажеш НЕ. Незнаеш да одбиеш девојка, а тоа те прави кавалер.Иако изгледаш срамежлив, воопшто не си, баш напротив. Секогаш расположен за дружење. Решителен си, кога си решил нешто нема назад, нема човек што ќе те премисли. За тебе постои само најдобро или најлошо, нема средина. Се радуваш на се што ти дава животот. Не сакаш да се врзуваш, сакаш да си самостоен во твоите најлуди години, да не зависиш од никој. Сакаш да живееш, и ништо не дозволуваш да ти попречи на патот. Полн си со пресвртници. Спонтан си, сакаш да се забавуваш .Имаш способност да бидеш водич и носител на позитивни вибрации во твоето друштво. Сакаш авантури. Спремен си да издржиш секакви невољи и оскудации, остануваш и се бориш. Можеш да бидеш со секого, но ако си нерасположен знаеш да се изолираш и да бидеш сам – со никого.Сакаш да се издигаш во животот. Љубовта ти е неопходна за твојата среќа. Знаеш да сакаш вистински и да бидеш романтичен иако не изгледа како таков. Некогаш знаеш да биде импулсивен, и да реагираш без да размислиш. Некогаш прифаќаш големи одговорности иако знаеш дека можеби неможеш да ги изполниш. Знаеш да бидеш озбилен, но знаеш и да го изнасмееш човек до солзи. Секогаш си позитивен и гледаш на добрата страна на животот. Во се си темелен. Енергичен, зборлив, амбициозен дечко.

Еве и за вас. Чекам и јас иначе анализа ! :smir:
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
mary jane

Никот ме потсетува на оние девојки кои се споменуваат во текстовите на рок баладите.Навидум незаинтересирана и рамнодушна,а всушност е red blooded girl not yet a woman.
Ти си многу слична со мене.Не треба да направиш нешто посебно за да бидеш забележана,ти и така ќе бидеш.Плениш со шарм и носиш со себе некоја дивост во очите што те прави уште попривлечна.
Приказна за себе.Не следиш ничии чекори,трендови не се грижиш што другите мислат за тебе.Велиш-Тие на крај си живеат сопствен живот и не треба да ги интересираат проблемите на другите.
Тврдоглава,и понекогаш имаш проблеми со неа,но знаеш секогаш околностите да ги свртиш во своја корист,се разбира,и да попуштиш кога сфаќаш дека не си во право.Сакаш кога си опкружена со друштво и со твоите пријатели,да се пошегуваш на своја сметка,мислам дека имаш развиен смисол за хумор,и затоа си омилена во кругот.
Го сакаш сликарството и музиката подеднакво...и ми требаше време да сфатам дека не си ти тапанар,туку твојот дечко:)
Ги сакаш авантурите и да откриваш нови нешта.Искрена си,понекогаш премногу и го сакам тоа`плескање се во фаца`.Бараш и ти да бидат отпочеток отворени со тебе.Ти се случува да ја изгубиш довербата во себе и во другите и на момент да станеш несигурна,но мислам дека со текот на времето тоа добро го сфати и го прикриваш тоа со умешност.На сите ни се случува да ни падне самоувереноста.Ништо страшно.
Се надевам дека ќе имаме шанса да се запознаеме подобро и да те анализирам повеќе,со твое допуштение нормално.:smir:
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
После толку долго читање на Форчн на форумов,добив желба да и кажам како ја доживувам :) (доброволно!)

Секој нејзин аватар зрачи со женственост! Ама не се сеќавам еден нејзин аватар (освен во ерата кога сите ставаа аватари со ѓупците од Касандра или слични шпански серии. Па дури и тогаш ја имаше женствената Габриела Спанич од Пор Ту Амор,нели?) да бил без таа доза на женственост,на нежност,на чистина,па дури често и доза на депресија. Во аватари ми се слични со Дивајн,се гледа дека се другарки :) Па кога ги читам нив и кога ги гледам нивните аватари секогаш си велам дека младите жени на нивни години сите се доживуваат и чувстуваат така,што можда и не е точно.
Одиме психо..
Таинствена е,сеуште не ја знам причината поради која е толку таинствена,ама се штити себеси и покрај тоа што знае дека ова е само форум и преку мониторот никој не може да пушти раце и да ја повреди,ама преку пишаниот збор може. Со таинственоста веројатно јасно дава до знаење: Ако сакаш да ме запознаеш подобро,дојди да ме видиш во живо т.е дојди на собиранка! (е па жалам што ја немав таа прилика последниот пат,ајде нареден пат,ветувам!)
Ете дури и во таа таинственост се крие женственоста и некој сексапил,доказ дека жената е неодолива во секој поглед. Јасно може човек да ја види од нејзините постови На зададена,на Љубов и Секс итн.
Како администратор е секогаш коректна,пофалба до неа за тоа,а и секогаш е рационална личност,која секогаш има топол однос према оние кои ги смета дека се заслужни. Башка на страна смислата за хумор, ко ќе помислам на неа одма ми текнува она: -Бастардо,пор диос!!! :pos:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Toreador напиша:
а никој не се осмелува да ме анализира.
</паун>
Сфати го тоа како комплимент. Толку си посебен што е тешко да те опишат у ограничен простор како што е постот. Или не:raz:...Anyways, јас ќе се осмелам, со моќта која ми е дадена од Синиот Череп...Јас сум моќна..Сега и Грингер..Oops wrong line...Значи со помош на моќта на мојата кристална кугла ќе се обидам да проникнам барем делумно во сето она што го претставуваш Ти(со големо Т):icon_razz
Прво што ми паѓа у очи е твојот личен конфликт помеѓу либералноста и конзервативноста, т.е дали да бидеш космополит или она шо се вика "прв и омилен у село". Се гушиш од затвореноста тука но, не знаеш ни дали ќе се снајдеш во слободата "надвор". Ипак, тешко е да се побегне од теретот на "генетското наследство".
Потоа, очигледно е дека сакаш да бидеш забележан, уникатен и допадлив и константно се преиспитуваш дали е тоа така. Но, honey дали вреди за да се замараш со тоа?Because thеse are things that you get born with, thus you either have them or not. And there's not much you could do to change them.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Истотака, од една страна сакаш да бидеш тој што контролира и што е доминантен но, on the other hand, длабоко во себе сакаш да бидеш ти оној пасивниот(ова не е со сексуална конотација, затоа што за тој дел од тебе не знам ништо, за да можам да влечам заклучоци).
Твојата желба за доминација ја гледам и во фактот дека сакаш да ги доведуваш работите во ред, да ги категоризираш и сместуваш во системи. Но, на ова се спротистваува онаа твоја друга страна. Страната која наликува на дете, размазено, површно но, сепак слатко и мило.
Во комуникациите си како merry-go-round. Забавен, фокусиран на личноста но, само додека е пред тебе. Потоа, доаѓа друг ride и забораваш на онаа особа од претходно. Да, можеби тоа укажува повторно на една површност и слаб интензитет на емоции, but hey, денес тоа е очигледно најдобриот начин. Пошо како да пројде времето на она "friends 'till the detah do us apart"
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Fortune

По дифолт сите со неа некако одат во пензија,па така и јас засега ќе се суспендирам на некој период,а кој е најдобар за тоа ако не-Форчн.

Девојка која се развила комплетно во жена,свесна за квалитетите кои ги поседува.Дружељубива,но не премногу,допушта да ја запознаат,но не премногу,секогаш чува мало парче за себе,нешто што никој нема да го види и е резервирано за некој што ќе се осмели да допре до неа.
За постовите нема потреба да коментирам,ако би рекла дека си глупава,неспособна и немаш врска од живот ќе си имам смртни непријатели.Не,ти си прекрасна личност,помалку затворена но тоа е тоа што те прави поразлична од другите.Резервирана,но преку твоите текстови кои патем ги пишуваш со целата своја душа и од срце,сфатив дека си многу кревка однатре,и се оградуваш токму од тоа,дека не сакаш некој да те повреди.
Паметно пристапуваш кон секоја област,упорна си и не си мрзлива.Па кој друг учи до 6 наутро ако не ти...еј,легенда си.Иако Дивајн ја бие гласот дека е најстрога админка,сепак мислам дека ти си построга,не трпиш декорирање и разубавување на нештата,ги сакаш сервирани какви што се.Вистината и фактите на маса,после се друго.
Слатка си и сеуште го имаш оној детски шарм на твоето лице без разлика на сериозноста.Можеби затоа ми стана една од омилените мои фаци овде.Научив многу од тебе и ми се сменија многу погледи кон одредени работи токму од тебе.
Во иднина те гледам како успешна жена со успешна кариера пред себе,која и покрај брзото темпо на живот кој што го води,наоѓа време да се разоноди со добра музика,интересна книга или прошетка во некоја природа која сеуште не е чепната-баш како тебе.
 
Член од
12 ноември 2005
Мислења
396
Поени од реакции
8
wwwwoooowww posle vakvi postovi se plasam da pisuvam gluposti po forumov,izgleda vo sekoj od vas se krie po nekoj psiho analiticar....
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Orion2 напиша:
wwwwoooowww posle vakvi postovi se plasam da pisuvam gluposti po forumov,izgleda vo sekoj od vas se krie po nekoj psiho analiticar....
Или има доста музи за психоанализи. :pos2:
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
164
Ајде бе, се утепав јас од чекање! Ги исполнувам условите, ајде една анализа дајте. Од Lady или Fortune, ама ако сака некој друг нека повели.
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
треба да наведам од кој сакам? па еве форчун(ане:pos:), ада, разор, или чек он ит, па и кој сака, нека повели. analyze me.
edit. ги исполнувам условите.
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Напишано од Serpico
Нормално дека ако некој сака своеволно да анализира форумџија, нема да му биде забележано :)
Фер, нели?
Фер. :)
Јас, самоиницијативно, сакам да ја психоанализирам Псај (ваљда ќе се прочита). :)

Првата асоцијација која ми паѓа на памет...
Open - minded до бесвест. Кога би те споредувала со мене, си далеку полиберте`. Секогаш зборуваш без влакна на јазикот, отворено и слободоумно на било која тема, без око да ти трепне. Се бориш против предрасудите и ги почитуваш ставовите на луѓето околу тебе, исто како што сакаш и твојот да биде почитуван. А ако не е, тураш пепел и одиш понатаму. Не ми изгледаш како личност која би си го трошела времето и вниманието каде што не е засалужено. Принципиелна си и строго се држиш до она што ти е важно во животот, пред се` ќе да е љубовта од луѓето што ти значат. Кога се трудиш околу нешто, вложуваш во тоа се` што можеш за да успееш.
Не леташ во облаци, напротив, мислам дека многу здраво гледаш на нештата околу себе, што говори за тоа дека не се плашиш да ја согледаш реалноста онаква каква што е. Најчесто проблематична, а доброто е тоа што ти не бегаш од проблемите (претпоставувам :)). Решението секогаш ти е промислено, и звучи како резултат од рационално размислување, најчесто. Имам таков впечаток, дека ги анализираш сите можни опции и услови, па потоа сигурно ги изнесуваш аргументите, онакви какви што се, до словце. Баш затоа и немаш проблем со конфликтите, се справуваш најдобро што можеш. Што е - ок. :) Сепак, тоа не би бил пост на секретарицата, ако не е "нашминкан" со онаа веќе добро позната, задолжителна доза хумор, обавезно проследена со :pos:, која ти дава личен печат.
И девојко, алал ти вера, една единствена печатна грешка не сум ти забележала, на што лично, обрнувам внимание во секој можен пост што го читам на форумов. Тоа е за почит.
Напишано од PSYtisfaction
И сум крајно неодговорна. :pos:
И си крајно неодговорна. :pos:
Така те доживувам, чисто од читањево постови. Аватар и потпис не анализирав... Ако утнав нешто, кажи ми, барем да знам. :)
Се` на се`, една од омилените ми форумџики за читање. :smir:
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Vlatko_Rusin
Odsekogash sakam da te prasham od kade ti e ova ruskoto vo tebe, ama samo zaboravam....Mlad covek koj pred se uziva vo zivotot, nosi sloboden duh , lebdi vo optimizam, pozitivizam i energicnost. Ramnodushen na gluposti i nepravdi, inteligentno i ambiciozno se dvizi po svojot pat.
Posebno go ceni prujatelstvoto i znae za istoto da se zrtvuva…
Negovata strast e fudbalot, pred se ROMA, kompjuterite i igrite…Preokupiran e so zivotot na fudbalerite, sto zabelezav od negovite postovi….Emotivec koj dva cekori pravi napred a eden nazad, sto znaci deka koga ednash ke se zaljubi nema veke vrakanje, spremen e i svetot da go podari, da kolenici i moli vo imeto na ljubovta…
Pozitiven, duhovit, energicen, drushtven, emotiven se tvoi osobini:smir:

Ramada, Divajn, Misticen, fala vi za analizite, nemam zborovi:uvo:
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
164
Lady, фала за анализава, не знам што да кажам, затоа само ќе кажам фала:smir:. Инаку руското во мене е само надимак, кој ми го извадија другариве .......... и тоа е, кај и да сум, го понесувам со себе.

Фала уште еднаш!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom