Слушајте ме само кравја урда кило 100 денари 100% чисти млечни протеини најефтин извор на животински протеини плус е посна и речиси и да нема холестерол а пуна е со калциум. Да не претерам ако годишно јадеме едно 50-60 кила урда четворица. Друго царско јадење е кикиритки 100 денари кило а пуни се со протеини и масти плус витамин А, Е и други антиоксидански. Живи малку се невкусни ама може да ги сприжиш или свариш во манџа и даваат убава арома. Печурки 120 денари кило свежи чисти протеини и прекрасен вкус. Од месо поможе понекогаш пиле или риба ама и тоа не многу често еднаш неделно. Свинско, Телешко, Говедско и Јагнешко јок не се ни здрави а отров скапи се...Исто и сирење и кашкавал. Може некад кравјо сирење. Моите јадат и путер ама јас не сум мерклија на тоа мрсно ми е многу и не е баш здраво...
Најмераклиско јадење ми е зеленчукова чорба, моркови, целер, карфиол, брокули, кромид, компир, пипер, ако имаш оние суви патлиџани (sun dried tomatos), маслинов зејтин во голем лонец и ќе ја јадеш 3 дена со леб тоа е кога ме мрзи да готвам. Бадијала а многу здраво...
Омилено летно јадење ми е Шопска тава, сецкан пипер, патлиџан во тава и врз тоа урда(може и сирење) и јајца најгоре.
Има тон вакви јадења...сите се по 40-45 ден порција ако не и помалку.
Ми се пријаде одам да џапнам нешто...2 јајца, кромид и краставица, снемало патлиџани...