Стефус-Рефус
Jesus Loves Macedonia
- Член од
- 30 август 2009
- Мислења
- 3.452
- Поени од реакции
- 1.210
Просечен Македонец за оброк троши 0,74 евра, односно 46 денари
Од нас за нијанса помалку за оброк троши просечниот Србин – 0,63 евра. Просечен Македонец дневно се прехранува со 138 денари, за еден оброк троши 46 денари, а четиричлено семејство што живее од две просечни македонски плати дневно за храна троши 9 евра (546 денари), покажуваат официјалните податоци за 2011 година на Државниот завод за статистика.
Споредбата покажува дека Македонците за нијанса повеќе трошат за храна од Србите, но се далеку под просекот на Французите, кои за еден оброк трошат 6 евра.
Споредбата на податоците покажува дека во Македонија за нијанса повеќе се троши за прехранување на дневна основа, што не мора да значи дека животниот стандард во нашата земја е повисок од тој на соседите на север.
Српските медиуми, анализирајќи извештај на српскиот Завод за статистика, утврдиле дека едно просечно четиричлено српско семејство што прима две просечни плати во вкупен износ од 52.000 динари дневно за храна троши 888 динари (околу 8 евра). Наспроти него едно македонско просечно четиричлено семејство што егзистира со 2 просечни плати има приход од околу 41.700 денари, а на храна месечно троши околу 16.400 денари (266 евра), односно дневно за тие потреби просечното македонско семејство одвојува речиси 9 евра.
На што го троши семејниот буџет македонското просечно семејство
Речиси 40 отсто од месечните примања се трошат за набавка на храна и пијалаци. Официјалната статистика покажува дека во 2011 година 39,4 отсто од приходите се трошеле за таа намена, а во споредба со 2010 година таа сума е пониска за 1,4 поен. Втора ставка на расходната страна на семејниот буџет се трошоците за кирија и режиските трошоци за вода, струја и за греење. На нив отпаѓаат повеќе од 11,6 отсто од сите месечни расходи. Трета по големина ставка се ратите за кредит или заштедите на граѓаните на кои статистичарите пресметале дека се одлеваат 8,6 отсто или нешто повеќе од 50 евра месечно.
Во ставката сообраќај , во која се задоволуваат потребите на превоз или патување, просечните Македонци издвојуваат речиси 8 отсто од својот буџет, што претставува раст на трошоците од 50 отсто во споредба со трошоците за таа намена во 2010 година.
Според официјалната статистика, Македонците во просек за облека и обувки месечно издвојуваат 5,8 отсто од семејниот буџет. Оваа ставка бележи намалување за еден поен во споредба со просекот на 2010 година. Најмалку пари Македонците трошат за образование и таа ставка учествува со 0,6 отсто во просечниот семеен буџет. Само 2,9 отсто од семејните пари се трошат на рекреација и култура и таа ставка во буџетот е на исто ниво со 2010 година.
http://www.time.mk/read/NONE/c4050bf901/index.html
30
ЈУЛ 2012
15:54