Пронајден гробот на Александар Македонски?

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Имам другар поверва во веста,ама малце е спор па простено му е.
 
G

grande-juve

Гостин
пред 20 минути пред мојава зграда, помина кола со разглас дека е најден гробот на александар
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
пред 20 минути пред мојава зграда, помина кола со разглас дека е најден гробот на александар
Неинформирани до крај луѓе. Што нема да направат луѓето коа ке слушнат таква информација...
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
И ова е дел од ГЕБЕЛШТИНАТА!!! Не паѓајте на овие ефтини финти, целта е да се обезвредни она што реално ќе се случи во блиска иднина... Кога ќе дојде вистинскиот момент, светот прво ќе дознае!!!
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Почнале да откопуваат и оп гробот е да да :pos:

Кога би имало вистинска претпоставка дека можеби станува збор за гробот на најголемиот војсководец во историјата тоа прво би било истражувано долг период од врвни археолози и историчари, а не вчера копавме денес го најдовме гробот :icon_lol:

Со пронаоѓање на гробот на Александар Македонски би се дал одговор на многу прашања, но ќе има и многу несогласувања.

Се надевам дека еден ден ќе бидам дел генерациите кои ќе бидат сведоци на ова откритие :)
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Амин.


слика кај се наоѓа овај преминов некој да дај?
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
стигнав до негде :)


и не претерале со информации?

При реконструкција на граничниот премин Висје, помеѓу Македонија и Грција, работниците од градежната фирма Билд, ја разрешија една од најголемите мистерии на античкото време. До ова откритие дошло при откопувањето на геодетските маркери, по што со одлука на градежната инспекција се започнало со дополнителна дренажа на теренот. Било потребно да се откопа една карпа за да може да се продолжи со сондажа на теренот. По повеќечасовен труд и со помош на механизацијата карпата конечно била поместена, по што дневната светлина ја здогледала голема гранитна плоча. Под претпоставка дека се работи за закопано турско злато, багеристот Ангел Трајковски во договор со колегите продолжил да го расчистува теренот, за по неполни два часа да се испостави дека всушност станува збор за скалеста мермерна градба долга 30 и широка 4 метри. Вкопувајќи се со багерот уште подлабоко некаде на длабочина од четири метри, пронајден бил влезот на мавзолејот на Александар Македонски. Не терен веднаш излегол и директорот на Генералниот инспекторат на Република Македонија Гоце Мичевски, а наскоро истото го направиле и две екипи археолози од Народниот музеј на Скопје. На лице место било утврдено дека е пронајдена градба односно тунел кој води кон оближното брдо Бојчик. Тунелот е долг околу 140 метри и е обложен со црни мермерни плочи дебели околу еден метар.
На влезот од тунелот археолозите ги пречекал огромен камен блок совршено вклопен во ивиците на ходникот, а кој бил поместен дури доцна во ноќта и тоа така што бил избуткан во внатрешноста од соседната просторија. На блокот е изгравирана слика на богот Аполон на кочија која ја влечат лебеди, а над рељефот на јонски дијалект од старогрчкиот јазик е испишано Хипербореја (Υπερβορεία). Тоа како што беше соопштено, претставувало јасен знак дека зад ѕидот лежи нешто многу значајно. Тоа што било пронајдено внатре сосема сигурно, според зборовите на одговорните луѓе, ќе започне ново поглавје во историјата.
Внатрешноста на следната просторија, за која се испоставило дека е гробницата на Александар Македонски, се наоѓа на некои дваесетина метри под површината на падините на Бојчик. Како ѕидовите така и ходникот се направени од гранитни блокови кои се прекриени со мозаици од походите на Александар. Покрај тоа, во внатрешноста има осум носечки столбови со лиот на богот Атлас кои го потпираат таванот на просторијата, познати како каријатиди. Во самиот центар на просторијата се наоѓа камена крипта на која исто така на јонска варијанта од старогрчкиот јазик е вклесано Мегас Александрос (Μέγας Aλέξανδρος) односно Александар Велики. Од левата и од десната страна на криптата стои по еден Атлас каријатида, додека останатите се распоредени по аглите. Во гробницата биле пронајдени и коски од осунаесет човечки костури за кои според војничката одора, се верува дека припаѓаат на личната гарда на Александар. Се претпоставува дека овие луѓе останале во гробницата живи, за одвнатре да го затворат приодот кон неа, избуткувајќи го камениот блок на влезот од тунелот.
Директорот на Државниот инспекторат на Република Македонија, како и експертите од Народниот музеј, во својата заедничка изјава објавиле само дека во криптата бил пронајден доста добро сочуван костур во полна борбена опрема со златно бронзен оклоп и со штит и маска на кои било врежано името Александар. На новинарите потоа им било кажано дека во попладневните часови ќе биде одржана конференција за печат на која подетално ќе бидат објаснети резултатите од ова откритие. Изјавите меѓутоа дојдоа само од работниците кои се всушност и најзаслужни за ова откритие.
Васил Делчев (геометар): Требаше да се направи дополнителна дренажа на теренот поради тоа што локалитетот се наоѓа во непосредна близина на езерото Горско. Пред тоа моравме да ја испитаме влажноста на теренот. Веќе при вадењето на втората сонда наидовме на проблем, не можевме да влеземе во земјата подлабоко од еден метар. Мислевме дека е некој камен па го откопавме за да продолжиме со работа, и оп чудо.
Тодор Стојановски (багерист): Знаете сите мои претци се родени тука во Митковско, и татко ми и дедо ми, сите. Никој не ни сонуваше што ние ораме тука. Што да кажам, освен дека сум горд што сум роден тука и дека баш ние го пронајдовме гробот на Александар Македонски.
имиња? презимиња?
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Maртин, нели гледаш дека имињата се измислени, како и целата статија?
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Амин Боби, амин реков :icon_lol:
Гледам, зато викам претерале со информацииве. :)
Aма пак на канал5 давале во живо демек...
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Мене не ми е јасно и тоа што и А1 ја пренесува истава инфорамција. Дали некоја тв екипа отишла на лице место на тоа ископување?
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
„ПРОНАЈДЕН“ ГРОБОТ НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ
Српски блогер се пошегува со Македонија


Сите наведени места во текстот се измислени затоа што тој е плод само на мојата фантазија и нема никаква врска со вистината,изјави за „Дневник“ Александар Илиќ, авторот на текстот

Фотографиите објавени со блогот од ископувањата на гробот на Александар Македонски и дел од најдените предмети, Илиќ вели дека ги земал од интернет и немаат врска со Македонија
Српски блогер вчера ја крена Македонија на нозе со текстот за откривањето на гробот на Александар Велики, на „граничниот премин Висје“, помеѓу Македонија и Грција. Големата вест ги возбуди сите - стигна до археолозите, државните институции, дури и до Владата. Во чудење, сите креваа раменици и прашуваа за изворот на информација, која прва ја објавила наводно агенцијата „Макпрес“, а беше објавена на блогот „Сити магазин Белград“.

„Дневник“ вчера разговараше со авторот на текстот, Александар Илиќ. Тој низ смеа објаснуваше: Уживав додека го пишував текстот за „големото“ археолошко откритие, пронаоѓањето на гробот на Александар Македонски на југот на земјата, во пределот во кој Македонија се граничи со Грција. Секако дека сите наведени места се измислени затоа што текстот е само плод на мојата фантазија и нема никаква врска со вистината. Драго ми е што мојот текст многу се чита во Македонија, кој наводно јас го презедов од „Макпрес“, новинска агенција од Македонија која одамна не постои. Јас не сум научник. Јас сум само блогер - изјави низ смеа Илиќ, од Белград.

ГОЛЕМИОТ МАВЗОЛЕЈ

Во текстот на блогерот пишува:

„Работниците од скопската градежна фирма „Билд“ разрешија една од најголемите мистерии на античкиот свет, при реконструкција на граничниот премин Висје. Копајќи со багерот пронајден бил влезот на мавзолејот на Александар Македонски. Ѕидовите и ходникот се направени од гранитни блокови прекриени со мозаици од походите на Александар. Во внатрешноста има осум носечки столбови со ликот на богот Атлас (познати како каријатиди) кои го потпираат таванот на просторијата. Во центарот на просторијата се наоѓа камена крипта на која исто така на јонска варијанта од старогрчкиот јазик е издлабено Мегас Александрос, односно Александар Велики. Во криптата бил пронајден многу добро сочуван костур во полна борбена опрема со златно бронзен оклоп и со штит и маска на кои било врежано името Александар. Во гробницата биле пронајдени и коски од осумнаесет човечки костури за кои според војничката одора, се верува дека припаѓаат на личната гарда на Александар“, пишува меѓу другото во текстот.

Во приказната наведени се имињата на градежните работници, институции и археолози кои излегле на терен да направат увид во состојбата.Мавзолејот е опишан како скалеста мермерна градба долга 30 и широка 4 метри. До неа водел тунел долг околу 140 метри, обложен со црни мермерни плочи дебели околу еден метар. На влезот од тунелот археолозите ги пречекал огромен камен блок на кој била изгравирана слика на богот Аполон на кочија која ја влечат лебеди.


АРХЕОЛОЗИТЕ РЕЗЕРВИРАНИ

Во текстот е спомната планина Бојчик, езеро Горско и околината на Митковско. Археолозите вчера се чудеа на приказната бидејќи не ги препознаваат топонимите што се спомнуваат во текстот. Археологот Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, вчера беше бомбардиран од телефонски јавувања.

- Не знам што е работава, треба да се информирам. Не ми е познато местово што сите го кажуваат - изјави Кузман.И археолозите се чудеа. Во текстот пишува дека на терен заминале стручњаци од „Народниот музеј во Скопје“, а таква институција не постои. Затоа консултиравме археолози од двете институции во метрополата што би можеле да имаат некаква „врска“ со случајот.Перо Јосифовски, програмски директор на Музејот на Македонија рече: Првпат слушам за оваа работа. Не ми се познати местата што се спомнуваат - рече Јосифовски.Археологот Ленче Јованова од Музејот на град Скопје искоментира: Како е пронајден скелетот на Александар, кога историските извори велат дека тој бил кремиран?Ниту на Виктор Лилчиќ, професор на катедрата за археологија при Филозофскиот факултет во Скопје не му се веруваше. Секој див копач ќе ви раскаже по неколку вакви приказни за гробот на Александар Велики - рече Лилчиќ.

========================================================================================
ја сепак мислам дека е вистина :pipi:
 

spaso

Discover the ultimate in relaxed romance with the
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Zamislete toa da e tocno.:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Zamislete toa da e tocno.:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Според некои пронајдени пишани документи Александар бил кремиран,па не би требало во гробницата да има скелети.:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom