Пронајден гробот на Александар Македонски?

GIS

Член од
21 октомври 2007
Мислења
881
Поени од реакции
154
е каде е пронајден де?
Pred portata tvoja vo Gostivarsko!:) mislis deka jas znam!?? grobot na Aleksandar Makedonski ne se otkriva zosto ke ja smeni istorijata na mnogu narodi,ke dojde do nemiri,do vojna! se se drzi vo tajnost,zarem mislis deka od cel svet razni eksperti,naucnici ne bi go pronasle!? ma ajde
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Pred portata tvoja vo Gostivarsko!:) mislis deka jas znam!?? grobot na Aleksandar Makedonski ne se otkriva zosto ke ja smeni istorijata na mnogu narodi,ke dojde do nemiri,do vojna! se se drzi vo tajnost,zarem mislis deka od cel svet razni eksperti,naucnici ne bi go pronasle!? ma ajde

Ќе поставам малку необично прашање,оти нема како поинаку да го формулирам:А,зарем има некакви останки од царот наш Македонски во таа гробница?

И ако има-каде се,во чија сопственост?
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Не дека многу верувам, ама интересна шпекулација.
Веста во целост:

На белградскиот блог City Magazine беше објавена сензационалистичка приказна за најголемото откритие кое ќе го смени текот на историјата, пронаоѓањето на гробот на Александар Македонски. Кирилица ви го пренесува текстот кој беше објавен без разлика дали станува збор за фиктивна приказна на некои блогер



При реконструкција на граничниот премин Висје, помеѓу Македонија и Грција, работниците од градежната фирма Билд, ја разрешија една од најголемите мистерии на античкото време. До ова откритие дошло при откопувањето на геодетските маркери, по што со одлука на градежната инспекција се започнало со дополнителна дренажа на теренот. Било потребно да се откопа една карпа за да може да се продолжи со сондажа на теренот. По повеќечасовен труд и со помош на механизацијата карпата конечно била поместена, по што дневната светлина ја здогледала голема гранитна плоча. Под претпоставка дека се работи за закопано турско злато, багеристот Ангел Трајковски во договор со колегите продолжил да го расчистува теренот, за по неполни два часа да се испостави дека всушност станува збор за скалеста мермерна градба долга 30 и широка 4 метри. Вкопувајќи се со багерот уште подлабоко некаде на длабочина од четири метри, пронајден бил влезот на мавзолејот на Александар Македонски. Не терен веднаш излегол и директорот на Генералниот инспекторат на Република Македонија Гоце Мичевски, а наскоро истото го направиле и две екипи археолози од Народниот музеј на Скопје. На лице место било утврдено дека е пронајдена градба односно тунел кој води кон оближното брдо Бојчик. Тунелот е долг околу 140 метри и е обложен со црни мермерни плочи дебели околу еден метар.

На влезот од тунелот археолозите ги пречекал огромен камен блок совршено вклопен во ивиците на ходникот, а кој бил поместен дури доцна во ноќта и тоа така што бил избуткан во внатрешноста од соседната просторија. На блокот е изгравирана слика на богот Аполон на кочија која ја влечат лебеди, а над рељефот на јонски дијалект од старогрчкиот јазик е испишано Хипербореја (Υπερβορεία). Тоа како што беше соопштено, претставувало јасен знак дека зад ѕидот лежи нешто многу значајно. Тоа што било пронајдено внатре сосема сигурно, според зборовите на одговорните луѓе, ќе започне ново поглавје во историјата.

Внатрешноста на следната просторија, за која се испоставило дека е гробницата на Александар Македонски, се наоѓа на некои дваесетина метри под површината на падините на Бојчик. Како ѕидовите така и ходникот се направени од гранитни блокови кои се прекриени со мозаици од походите на Александар. Покрај тоа, во внатрешноста има осум носечки столбови со лиот на богот Атлас кои го потпираат таванот на просторијата, познати како каријатиди. Во самиот центар на просторијата се наоѓа камена крипта на која исто така на јонска варијанта од старогрчкиот јазик е вклесано Мегас Александрос (Μέγας Aλέξανδρος) односно Александар Велики. Од левата и од десната страна на криптата стои по еден Атлас каријатида, додека останатите се распоредени по аглите. Во гробницата биле пронајдени и коски од осунаесет човечки костури за кои според војничката одора, се верува дека припаѓаат на личната гарда на Александар. Се претпоставува дека овие луѓе останале во гробницата живи, за одвнатре да го затворат приодот кон неа, избуткувајќи го камениот блок на влезот од тунелот.

Директорот на Државниот инспекторат на Република Македонија, како и експертите од Народниот музеј, во својата заедничка изјава објавиле само дека во криптата бил пронајден доста добро сочуван костур во полна борбена опрема со златно бронзен оклоп и со штит и маска на кои било врежано името Александар. На новинарите потоа им било кажано дека во попладневните часови ќе биде одржана конференција за печат на која подетално ќе бидат објаснети резултатите од ова откритие. Изјавите меѓутоа дојдоа само од работниците кои се всушност и најзаслужни за ова откритие.

Васил Делчев (геометар): Требаше да се направи дополнителна дренажа на теренот поради тоа што локалитетот се наоѓа во непосредна близина на езерото Горско. Пред тоа моравме да ја испитаме влажноста на теренот. Веќе при вадењето на втората сонда наидовме на проблем, не можевме да влеземе во земјата подлабоко од еден метар. Мислевме дека е некој камен па го откопавме за да продолжиме со работа, и оп чудо.

Тодор Стојановски (багерист): Знаете сите мои претци се родени тука во Митковско, и татко ми и дедо ми, сите. Никој не ни сонуваше што ние ораме тука. Што да кажам, освен дека сум горд што сум роден тука и дека баш ние го пронајдовме гробот на Александар Македонски.

Извор.
БОЛДИРАНОТО ЈАСНО УКАЖУВА НА ТОА ДЕКА ОВА Е САМО ЛАГА!!! НАТПИСИТЕ МОЖАТ ДА БИДАТ САМО СТАРОМАКЕДОНСКИ!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не е србин автор на текстот, се приметува по грешките граматички. Тоа е некој од кај нас, кој сакал да постигне глупава поента и да се исмева.

Ништо чудно и форумов да го читал и темата во Историја.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Кој и да имал инспирација за ваква глупост се гледа дека за историја е неписмен.Како прво Аполон никаде и никогаш не е прикажуван со кочија како лебди,тоа е всушност би требало Хелиос(Илија).
 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
Grobot ako se najde vo Makedonija vesta sigurno nema da procuri vo rok od nekolku saati ili denovi do javnosta..kje ima strategija, sostanoci, konzervacija, kje se trgnat nastrana artefaktite i zamenat so nivni kopii (a toa trae dolgo)...se so cel da ne se otvori moznost da se sluchi neshto nepredvidlivo so mestoto
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Не е србин автор на текстот, се приметува по грешките граматички. Тоа е некој од кај нас, кој сакал да постигне глупава поента и да се исмева.

Ништо чудно и форумов да го читал и темата во Историја.

Vasko e
 
G

grande-juve

Гостин
Сензационалната информација на директорот на Заводот за заштита на историски споменици, Паско Кузман ја карактеризираше како груб фалсификат и подметнување од страна на лица и медиуми од соседната држава Србија. Претставници на Министерството за култура велат дека информацијата е сосема измислена и дека се измислени и лицата со кои наводно е разговарано.

http://www.time.mk/story_45460b65ff_article_5097fe8d55.html
 

P-S-G

ЃОРЧЕ НАД СЕ ДРУГО...
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.087
Поени од реакции
20
Според некои мои блиски пријатели Историчари тие ретпоставуваат дека можеби гробот се наоѓа на Вардарски Рид (Гевгелиско милам дека е) и тврдат дека никој друг Крал не би сакал да е погребан во туѓа држава па така кога се закопувале нашите кралеви , биле закопувани тајно и со многу богатство во гробниците зависи од заслугите за време на неговото владеење . :helou:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Пронајдена професорката на Александар Македонски

Ексклузивно, сензационално и спектакуларно...

Мојон Блог дознава дека откако археолозите го пронајдоа гробот на големиот војсководец Александар Македонски, после половина час копање пронашле и фотографија која Александар ја сликал со својот мобилен телефон за време на предавање во училиште.

На фотографијата е неговата професорка по математика во седмо одделение, трет час, веднаш после голем одмор во втора смена.

Фотографијата ќе биде донесена во Македонија со хеликоптер на АРМ во текот на утрешниот ден, а читателите на Мојон Блог ќе ја имаат таа чест први да го видат ова сензационално откритие.

Еве ја фотката направена со iPhone Ancient.


Слободно им дозволувам на македонските медиуми да ја преземат и да ја постават за топ вест на денот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom