Пронајден гробот на Александар Македонски?

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
106
Не дека многу верувам, ама интересна шпекулација.
Веста во целост:

На белградскиот блог City Magazine беше објавена сензационалистичка приказна за најголемото откритие кое ќе го смени текот на историјата, пронаоѓањето на гробот на Александар Македонски. Кирилица ви го пренесува текстот кој беше објавен без разлика дали станува збор за фиктивна приказна на некои блогер



При реконструкција на граничниот премин Висје, помеѓу Македонија и Грција, работниците од градежната фирма Билд, ја разрешија една од најголемите мистерии на античкото време. До ова откритие дошло при откопувањето на геодетските маркери, по што со одлука на градежната инспекција се започнало со дополнителна дренажа на теренот. Било потребно да се откопа една карпа за да може да се продолжи со сондажа на теренот. По повеќечасовен труд и со помош на механизацијата карпата конечно била поместена, по што дневната светлина ја здогледала голема гранитна плоча. Под претпоставка дека се работи за закопано турско злато, багеристот Ангел Трајковски во договор со колегите продолжил да го расчистува теренот, за по неполни два часа да се испостави дека всушност станува збор за скалеста мермерна градба долга 30 и широка 4 метри. Вкопувајќи се со багерот уште подлабоко некаде на длабочина од четири метри, пронајден бил влезот на мавзолејот на Александар Македонски. Не терен веднаш излегол и директорот на Генералниот инспекторат на Република Македонија Гоце Мичевски, а наскоро истото го направиле и две екипи археолози од Народниот музеј на Скопје. На лице место било утврдено дека е пронајдена градба односно тунел кој води кон оближното брдо Бојчик. Тунелот е долг околу 140 метри и е обложен со црни мермерни плочи дебели околу еден метар.

На влезот од тунелот археолозите ги пречекал огромен камен блок совршено вклопен во ивиците на ходникот, а кој бил поместен дури доцна во ноќта и тоа така што бил избуткан во внатрешноста од соседната просторија. На блокот е изгравирана слика на богот Аполон на кочија која ја влечат лебеди, а над рељефот на јонски дијалект од старогрчкиот јазик е испишано Хипербореја (Υπερβορεία). Тоа како што беше соопштено, претставувало јасен знак дека зад ѕидот лежи нешто многу значајно. Тоа што било пронајдено внатре сосема сигурно, според зборовите на одговорните луѓе, ќе започне ново поглавје во историјата.

Внатрешноста на следната просторија, за која се испоставило дека е гробницата на Александар Македонски, се наоѓа на некои дваесетина метри под површината на падините на Бојчик. Како ѕидовите така и ходникот се направени од гранитни блокови кои се прекриени со мозаици од походите на Александар. Покрај тоа, во внатрешноста има осум носечки столбови со лиот на богот Атлас кои го потпираат таванот на просторијата, познати како каријатиди. Во самиот центар на просторијата се наоѓа камена крипта на која исто така на јонска варијанта од старогрчкиот јазик е вклесано Мегас Александрос (Μέγας Aλέξανδρος) односно Александар Велики. Од левата и од десната страна на криптата стои по еден Атлас каријатида, додека останатите се распоредени по аглите. Во гробницата биле пронајдени и коски од осунаесет човечки костури за кои според војничката одора, се верува дека припаѓаат на личната гарда на Александар. Се претпоставува дека овие луѓе останале во гробницата живи, за одвнатре да го затворат приодот кон неа, избуткувајќи го камениот блок на влезот од тунелот.

Директорот на Државниот инспекторат на Република Македонија, како и експертите од Народниот музеј, во својата заедничка изјава објавиле само дека во криптата бил пронајден доста добро сочуван костур во полна борбена опрема со златно бронзен оклоп и со штит и маска на кои било врежано името Александар. На новинарите потоа им било кажано дека во попладневните часови ќе биде одржана конференција за печат на која подетално ќе бидат објаснети резултатите од ова откритие. Изјавите меѓутоа дојдоа само од работниците кои се всушност и најзаслужни за ова откритие.

Васил Делчев (геометар): Требаше да се направи дополнителна дренажа на теренот поради тоа што локалитетот се наоѓа во непосредна близина на езерото Горско. Пред тоа моравме да ја испитаме влажноста на теренот. Веќе при вадењето на втората сонда наидовме на проблем, не можевме да влеземе во земјата подлабоко од еден метар. Мислевме дека е некој камен па го откопавме за да продолжиме со работа, и оп чудо.

Тодор Стојановски (багерист): Знаете сите мои претци се родени тука во Митковско, и татко ми и дедо ми, сите. Никој не ни сонуваше што ние ораме тука. Што да кажам, освен дека сум горд што сум роден тука и дека баш ние го пронајдовме гробот на Александар Македонски.

Извор.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
НЕ Е ПРОНАЈДЕН !!!

ЛАЖНА Е ВЕСТА!!!

АМАН!!!
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
106
Не се нервирај де.
Доволно бев дескриптивен кога реков интересна шпекулација.
:smir:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Денеска само наслови гледам и реагирам :tv: Сори.
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Луѓе,не ме штрекајте со вакви сериозни откритија,в рака држам дијазепам,бев готов да го испијам.
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
106
Ама сепак, ако доаѓа ова како некоја фиктивна приказна од некој српски блогер, интересно е што е запазена географијата на Македонија до детали, локални места, топоними како и називи кои стојат автентични.
 
Член од
29 септември 2007
Мислења
245
Поени од реакции
17
Шо убаво ми дојде "веста"...

Еден ден навистина ке биде вест.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Висје? Горско? Митковско? Топонимите се утнати. Шпекулација али тотално неуспешна.
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
106
Коментар од написот:
Еве за сите што пишуваат дека граничниот премин не постои-ПОСТОИ! Тоа е неактивен граничен премин во Мариовскиот дел каде постои само рампа и ништо друго. А ова другово споменато место Бојчик се наоѓа меѓу Кожуф и Ниџе. Така да топонимите имаат логика и тоа голема. Ако е лага тој што го напишал ова има толку големо познавање на Македонија (што за жал гледам дека нашето население го нема) и сета оваа лага е до тој степен смислена што дури и тие што имаат познавање од Македонија би поверувале дека е вистина. Искрено се надевам дека ова што го прочитав е точно! Поздрав
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Како може приказна од бајките на некој блогер да им биде вест бреееееееееј :tapp:
 
G

grande-juve

Гостин
Се претпоставува дека конечно е откриена гробницата на Александар Македонски на граничниот премин меѓу Македонија и Грција. На таа тема средба ќе одржат министерката за култура, Елизабета Канческа- Милеска, Паско Кузман и други познати археолози
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Е оваа денешна изјава е добра, за здравје еден ден ко ќе го најдеме Аце наш...

А и баш ми се смешни луѓево со изјави од типот..."Конечно го најдовме"
"Се знаеше дека е тука,ајде сега уште нека докопаат археолозите за да го видиме" "Нека пукнат грците сега"...колку само ветрушка народ сме!!!

Значи хипотетички нашава влада незнаеме дали уопште има стратегија ако се открие вакво чудо....

Бидејќи ако се остави работата,демек археолозите тоа нека си докопаат....тогаш Грците цела армија ќе пратат ваму,живи ќе не изгазат ако разберат дека е откриено такво нешто...и нормално после ќе си го присвојат...

Значи не е лошо да се има однапред стратегија што и како ако се открие такво нешто....оти знаете дека американциве имаат стратигија за во случај ако им дојдат вонземјани во посета!!!:nesum:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Јас пак мислев дека Александар ќе го бараат кај Хунзите во Пакистан,а не во Мариово за кое и Србите се свесни дека е центар на Македонската етногенеза.:toe:
 

GIS

Член од
21 октомври 2007
Мислења
881
Поени од реакции
154
Edno e jasno grobot kaj sto e zakopan Aleksandar Makedonski odamna e pronajden!! zosto do sega e krieno razmislete sami!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom