Прозни искри

Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Со непознат поглед минуваш...
Ти живееш во поинаков свет, милиони светлосни години ни требаат дури да се допреме. Дојди, слободно можеш да го допреш мојот свет кој крие мистерии примамливи за твоето срце., ке ти дозволам да почуствуваш духовно исполнување зошто само во него верувам. Ослободи се и приближи се , ке ги склопам сите парчиња од твоето разочарано срце . Не плаши се, љубовта е онаа што ги скротува сите наши спротивности и не прави да креираме нови сопствени светови, овојпат блиски, вечно егзистирајки мегусебно.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262
Јави ми се... (од циклусот најглупави приказни)

Беше 31 декември 1999 година. Во Главниот град не беа сите места осветлени. Имаше некои улици кои заборавиле дека е Нова Година и беа потивки од вообичаено. А таквата тишина плаши некого... Во една мрачна улица без асфалтиран пат се слушаше врева од куќата што се наоѓаше околу средината на улицата, беше прилично голема и беше со број 1. Мислам дека беше број 1, барем така ми кажале, иако куќата беше на средина од улицата.
Во една мрачна улица со полуосветлени куќи околу 11 часот поминуваше човек облечен во костум од Дедо Мраз. Кога дојде околу средината, од куќата каде што се слушаше врева излезе едно девојче на околу 10 години... расплакано. Го виде Дедо Мразот, ги избриша очите и зачуте за момент.
- Што сакаш Дедо Мраз да ти исполни за Нова Година?
- Ги слушаш овие дома? - рече девојчето со плачлив глас, - направи да се сакаат.
Дедо Мразот ја извади лажната капа и иако помалку му се откриваше идентитетот, раскажувачот не дозна уште кој е тој и по третата приказна. Клекна, молчеше неколку секунди, па рече - Битно и двајцата те сакаат тебе.
Не знаеше што друго да направи, го гушна девојчето и тоа пред да влезе внатре, Дедо Мраз некако како да се сети нешто, па стана наеднаш и рече - Не повторувај ги истите грешки кога ќе пораснеш, и онака светот е во големи гомна.

Беше 31 декември 2009 година. На плоштадот на Главниот град имаше музика и се слушаше подалеку. Луѓето беа... делумно среќни. Сите брзаа негде, па што поблиску беше 12 часот, толку побрзо одеа.
Низ гужвата на плоштадот се туркаше една девојка да направи место. Имаше шатирана коса, која патем и беше многу долга, а можеби и по некоја штипка на неа. Зад неа трчкаше еден дечко, повисок, покрупен и забележително неизбричан. Изгледа ретко се гледал во огледало или пената му се потрошила, ама барем да се средел за Нова Година.
Се обидуваше да ја стигне и успеа во тоа кога таа излезе од гужвата а одма потоа и тој. Ја фати за рака и седна на клупата.
- Глумиме среќа. Ама најде на ваков ден да ми кажуваш работи... ццц, ја наведна главата девојката.
- Веруваш во неа?
- Не е тоа Дедо Мраз за да ме прашуваш дали верувам.. љубов е. Нешто што... ти е уште непознато. Денес не знаеме дека некој постои, утре се нервираме за него, заутре го сакаме и ни недостига. Чуден е овој теков на животов. Ќе те однесе кај што не очекуваш.
- Не мора да продолжиме да глумиме. Биди среќна. - дечкото кој веќе сега беше станат, се насмевна цинично, се поздравија и си замина.

Таа остана сама. Онака, опкружена од милион луѓе, а сепак сама. Полн свет со странци. Или странец во полн свет, затоа што нејзиното срце не беше тука. Заминуваше заедно со тој типот чие име не го знаеме, а и не е битно, ќе не потсеќа на нешто лошо. Последната воздишка, последниот бакнеж. Да знаеше дека тој последниот навистина е засекогаш последен, немаше да ги тргне усните. Правеше ретроспектива на минатото со него, исто како што правеше на минатото со тој пред овој, па и со тој пред тој пред овој.
Ја мразеше Нова Година, како и секогаш, како и пред 10 години кога ја помина во плачење, како и сега кога ја поминува во плачење.
Не не бира тоа нас, ние го бираме тоа. Го зеде мобилниот и го сврте бројот на мајка и. Од другата страна се слушна малку погруб глас, па таа рече - Ќе дојдам сега дома, ќе ти раскажувам... Спреми го најновиот албум на Линард Скинард, или ако сакаш ќе го слушаме Ринго Стар повторно, како и секоја година, да почувтвуваме празнично расположение.

Дојде 12 часот, музиката веќе беше намалена и се слушаше одбројувањето. За секунда, онака, меѓу земањето воздух и неговото испуштање таа ги виде сите лица околу неа. Сите беа среќни, сите ебено среќни и упорно се трудеше да најде барем една тажна фаца.
Ама не, сите беа среќни, гушнати со другите до нив, сите се смееја. Немаат тие грижи, немаат некој кој им недостига? Немаат проблеми? Отсекогаш биле среќни на Нова Година?
Да можеше барем некој да одговори на овие прашања. Каде е нејзината среќа? Само во мајката која ја чекаше сама затоа што нејзиниот маж, ја напуштил пред 9-10 години.
Потоа се сети и почна да трча. Се сети дека даде ветување да го посети Дедо Мразот кој седеше пред еден дуќан во една улица на две минути од тука.
Почна да трча, порадосна отколку порано. Не знаеше зошто, ама чувстуваше некоја среќа која беше чудна... Како да го бараше спасот во тој Дедо Мраз, како што фигурата за Дедо Мраз ја потсеќаше на нешто мило, на нешто среќно.
Како што влегуваше во улицата гледаше како еден Дедо Мраз паѓаше на асфалтот целиот во крв.

Денес е 14 јануари 2010 година. Некои луѓе зборуваат дека Дедо Мразот си ги исекол вените затоа што бил сиромашен и му било смачено од животот. Некои зборуваат дека бил член на некоја секта.
Тоа е животот... некои лутаат секој ден низ истите улици и уште не ги заприметуваат дрвјата и цвеќата.
Некои забораваат што беше тоа прегратка. Не ги гушнале саканите одамна.
А животов е краток, ако вечерва пред да легниш не се осигураш дека најблиските си ги направил среќни... подобро не легнувај. Денес уште се слуша текстот од Wish you were here на Пинк Флојд. Ама сето тоа е за џабе. Никој повторно не доаѓа да те прегрне ако и ти не си спремен да прегрнеш некого. Онака... заради љубов, затоа што постои.
 
M

_MACA_

Гостин
Беа тоа денови,месеци,години без него...помина брзо како е*ено лош сон,од кој се будев секоја вечер,а потоа неможев да спијам се претварав во вампир кој демнеше во мракот,чекајќи ја својата жртва.
Толку блиску го осеќав неговото присуство и мирис иако беше мнгоу далеку...неговиот пулс,ритамот на крвта во неговот тело ме правеа гладна за него па морав да се задоволам со некој случаен минувач,да го оствам без здив и да ја вкусам неговата крв,да ја исцицам до крај.Како минуваше времето се повеќе и повеќе го чуствував под кожата,како ме грбе внатре во срцето и ме предизвикува. Понекогаш ме обземаше страв,и некое чудно чуство од кое не можев да се контролирам и трчав во ќошот на темнината,скриена...бегав од сите,најмногу од самата себе,а тоа ме излудуваше.Колку ли беше голема мојата жед за него,да му ја земам душата,да му оставама траги на кожата...да го врзам во синџири,полеан со вино и полека да го мачам...да биде мој вечен заробеник.
Еднаш решив да му дојдам на сон,да го потсетам на сјајот во моите очи и да го бакнам на вратот.Знаев дека утредента ке ме побара за да ми раскаже што сонил.Тоа беше само сон мил мој,продолжи да спиеш и го бакнав на вратот.Едвај се воздржав да не ги натопам моите усни со неговта крв,а колку ли само сакав...и пак ме обзема она чудно чувство,повторно халуцинирав изгубена во мракот.
Еве ме пак,и оваа вечер разбудена чекам да го намирисам од некаде и да му шепанам во што ме претвори чекајќи го...
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Имав мисла шо сакав да ја споделам, само шо уште во најкревкиот концептуален зародиш сфатив колку бесцелно е да се беседи и да се предизвика заслепувачката моќ на семантиката. Секој ја има желбата да отгатни, да извојува интелектуална борба со зборот и да ја перцепира есенцијата на пишаното, ама не се црно и бело е белетристика и ако си тргнал да бараш разонода за својот инфериорен ум, заштеди си 5 минути од животот.

Во не толку далечното минато легална беше една клиничка постапка што радо на сите би ви ја препорачал, лоботомија. Поштедете се од континуираните јалови ништожни обиди да ја следите мислата, зошто патот го изгубивте преценувајќи ја сопствената ограниченост. И во овај момент кога е кристално јасно дека се губите во безизлезот на ова семантичко преплетување, како во жив песок пниете и тоните уште подлабоко во амбисот. Навремено и културно предупредени немавте доблест да го прифатите медиокритетот, а сега кога сериозно е компромитиран вашиот интелектуален интегритет замавнувате кон циникот.

Абе, прашање на време е кога опијатот ќе почне да отрпнува и ќе ве ослободи од делузијата за интелектуална супериорност. Замалку да реферирав во прво лице множина место второ, но зошто би глумел алтруизам, циничниот пристап ми се чини доста прагматичен. Туку има и лаконски осврт овај неуспешен обид за мудрост, само празна површина која вашата илузија за вистината ќе ја исполни со изблувотини, али не сум толку луциден.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Го имаше првиот дел тука but due to the problems that had occured ќе го пастирам целиот прв и втор дел.
-----------------------------------------------------------------------------------


Листовите хартија седеа покрај трошната полица. Прошарани со зборови, кои секому не значеа баш многу. Требаше само вистинската личност со поглед да ги допре, за да сопствениот свет го маѓепса. Ги читаше честопати. Знаеше дека со секој нов поглед, тој си нанесуваше болка. Но не можеше да ги уништи. Најпосле тоа беше единственото нешто што го потсетуваше на среќа. БА моментите кога тој беше непобедлив во душата, кога сакаше толку искрено и силно. Кога ја љубеше неа. Таа која не сакаше да го загуби и покрај тоа што нејзините чувства не беа толку силни. Но мораше да биде искрена. И не беше виновна таа. Тој едноставно не ги разбираше нејзините знаци. Беше очаен. Не во смисла дека ќе стореше се` за да таа го прифати, туку со тоа што самиот себеси се залажуваше.
И сега ги читаше истите зборови, полни со занес. Воздивна... Се прашуваше колку долго се немаат чуено. Еден ден. Еден проклет ден, само толку. А делуваше како вечност. И` пиша депорака по шаблонот на неговиот филм во главата – Тој беше Витезот, а таа – Принцезата. Не доби одговор. Во последно време не ни го очекуваше.. Знаеше дека со ова не прави ништо во врска со нивното пријателство. А сепак имаше желба да и` пише. Потоа легна и мирно заспа.

- Едностнавно заборави ја и продолжи со животот. – го тешеше неговиот брат додека тој му пишуваше за неговата невозвратена љубов. Имаше потреба да му пише. Секогаш го сметаше за далеку позрел, иако старосната разлика не беше поголема од една година.
- Верувам дека ти е многу тешко, но правејќи ги истите грешки повторно и повтроно се` повеќе се повредуваш. Го сакаш ли тоа? Да бидеш роб на сопствените чувства?
Молчеше... Не го знаеше соодветниот одговор. Повторно тој победи. Секогаш ја знаеше правата причина со вистински зборови да ја опише. Просто му се восхитуваше.
„Ќе се обидам...“ – си велеше во себе.


Се разбуди со доза на немир. Повторно истиот сон и оваа вечер. Сонуваше празнина во неговата душа. Како умира еден дел од него, но толму во последниот миг тој се буди. Чувствата на огромна болка повторно се враќаат.
Го зеде својот мобилен крај себе. Веќе со денови се мачеше. Сакаше да и` признае колку му беше тешко. Но знаеше дека ништо немаше да постигне со тоа. Таа уште помалку ќе го засакаше. А потоа...којзнае...
Пораката беше испратена. Немирот ги опфати сите пори од неговата душа. Ја замоли да се видат. Па макар и за многу кратко.
Нормално... телефонот со денови остана нем.

Беше гневен на себе. Го мразеше секое делче од својот живот, ги мразеше сите свои постапки, секоја мисла, секој став со кој се бореше последниве неколку години. Навидум мизантропски, ова на некој начин му годеше. Целосно ги повлече сопствените приказни за кои живееше, почна да го уништува сето она што го потсетуваше на среќа, секој спомен на љубов. Го мразеше тој збор. Го потсетуваше на евтина приказна која младите мајки им ја раскажуваа на своите мали дечиња пред спиење. Се` што беше од матерјална природа, отиде во самиот заборав. За да го раскопа уште повеќе јазот помеѓу себе и останатиот свет, тој утехата започна да ја бара во тутунот, во испарувањето на секој здив полн со агонија и темни мисли. Се чувствуваше вонсериски кога најчесто во друштвото ќе се споменеше некаков трач. И проклето му се допаѓаше тоа.

- Ова вака не иде. – му рече татко му, упатувајќи му поглед пол со загриженост. Веќе е почетокот на летото а ти немап никаков абер од факултетот...
Повторно истата тактика. Татко му ќе одржеше некакво си предавање од 15тина минути а подоцна ќе се зафатеше со својата работа. Го знаеше тоа. Знаеше дека со ова тој го повредуваше. Па сепак не допираше до неговата свест. Едноставно беше мрзоволен во се`. Сите ја имаа забележано неговата трансформација. И многу им паѓаше тешко.
Единствен прозорец кон надворешниот свет беше неговиот брат. Му кажуваше често за тоа дека сите по дома му додевале, дека се појавиле првите разочарувања на факултет... Брат му и покрај тоа што имаше многу обврски, секогаш го слушаше и му помагаше. Па сепак не изостави овој пат да му упати ултиматум дека ако не си ја поправи ситуацијата малку, ќе биде принуден да превземе драстични мерки. И се случи тоа. Нивните разговори веќе не беа тајна. Тој го изложи сето она што го попречуваше кај неговиот брат во едно писмо кое го упати кај неговите. За чудо, тие веќе ја претпоставувале вистинската причина за незадоволството кај нивниот син.

Едно попладне додека тој си го уништуваше времето, врткајќи се деноноќно покрај комјутерот, татко му го повика во собата. Го имаше тој лик на загрижен родител со мала надеж на успех
.- Разговарав со брат ти... Ми рече за...
- Немаш појма ништо – луто му одврати.
- Чекај, не скокнувај веднаш... – го пресече. – ми предложи ова лето да го посетиш.
Му се ококорија очите. Посакуваше уште сега да нафрли повеќето од облеката во куферот и да замине.
- Рече дека може да се сместиш во неговиот студентски дом за неколку дена додека најдеш удобно место за престој. Но се` зависи од тоа дали ќе прифатиш еден услов. А тоа не е тешко.
- Кажи ми го – не можеше повеќе да чека.
- Врати се на сопствените обврски. Ако успееш да го завршиш оноа што си го започнал, целиот пат ќе ти биде платен.
Долго го гледаше со возбуда која тлееше во неговото срце. А потоа го прегрна во знак на благодарност. Прегратка после толку време на на студеност.

Сакаше повторно да и` пише. Но овој па да и` ја истури вистинската причина за неговата болка. А сепак на крајот се прашуваше дали вредеше сета оваа фрка. Дали чувствата што ги негуваше за неа се истите оние кои ги имаше пред неколку месеци. Во што се претвори тој? И` пиша да се видат. Му требаше повеќе од било кога.
Мобилниот остана повторно нем... но за некое време.
Ја пгледна со доза на немир. Не знаеше што чувствува точно во тој момент. Од една страна, не можеше целосно да ги потисне чувствата во себе. Таа беше среќна, загубена во својата безгрижност. А од друга страна пак неговата резервираност го тераше да биде студен кон неа. Секако дека таа студеност ќе го заштитеше нивниот заеднички однос, но тој со секој поглед упатен во нејзините весели очи, знаеше дека еден ден ќе се покае ако не и` ја каже вистината.
- Заминувам летово... – ја погледна тажно. Таа како малку да се сепна од сонот. Ја чувствуваше тагата како срамежливо проникнува од неговата душа. За прв пат го фати за раката.
- Колку долго? – Зборови кои опишуваа чекање. Не беше важно ни местото, ни со кого ќе замине. Долгиот временски период ја плашеше од осаменоста која беше неизбежна.
- Не е важно. – ја погледна со мал слој на презир.
„Како не е?? Важно е, ако не и најбитното што нема да си тука. Се` ќе биде ирелевантно без тебе, секој момент поминат во осаменост“. – сакаше да рече. Наместо тоа нежно го вметна малото прсте во неговата шака. Знак дека е нервозна. И` го допре образот. Беше топол со боја на нејзините меки усни. Таа не можеше да се воздржи. Ја доближи главата до неговата. Сакаше да ги вкуси усните кои трепереа. Тој се поттргна. настрана.
- Затоа и те викнав денес... Да ти кажам дека не ми е сеедно. – збореше во еден тон.
- За што збориш? – го погледна зачудено.
- За тоа дека ми е страв. Се плашам дека те загубив... – не издржа.
- Не ми е јасно... – не можеше да ги сосредоточи мислите.
- Знаеш како е... да се љуби, да се верува во своите чувства додека портите се затворени... А потоа... – нежно ја погледна во лицето. - Жал ми е навистина. – шепотејќи додаде. Таа се тргна сосема на страна. Веќе не беше истата. Човекот кого го сакаше, во кого веруваше и му посакуваше да биде најсреќен, ја повреди. Потоа стана и молкум се обиде на замине.
- Чекај... – ја фати за раката.
- Што да чекам??? Да чекам како секој ден, дел од мене умира додека кај тебе ружите цветаат? Да го чекам денот кога ќе дојдеш и ќе ми речеш дека за мене веќе нема место во твоето срце? Да ми кажеш дека бе ти беше сеедно тогаш кога замина со поглед полн со студеност? Навистина не знам...
Молк... Доволно долго за да го покаже изненадувањето скриено во неговите очи. За прв пат посака да не ги кажеше зборовите кои ја опишуваа неговата болка.

Се присети и денес на тие мигови. Неговиот живот во странство, иако полн ос неизвесност и возбуда не беше доволно силен да му ги избрише спомените полни со чувства. И` се приближуваше на истата уличка каде што нивните погледи за прв пат се сретнаа. Се сеќаваше дури ина мирисот кој тлееше во воздухот тоа магливо претпладне. Мирис полн ос неизвесност, возбуда, напнатост. И еден поглед доволен за да неговото срце почне да ги шепоти тивко зборовите – „Те сакам“. И ден денес таа возбуда преовладуваше. Тој се чувствуваше како мало детенце кое го очекуваше својот најомилен подарок за Нова Година. Заѕвони на вратата. Беше сигурен дека ќе ја види. Можеби и се надеваше премногу. Но зарем не е надежта таа која не` тера да живееме од ден за ден? Вратата ја отвори едно дете не помало до неговите рамења. Се изненади кога го виде. Му делуваше малку познато, но не веруваше дека е можно.
- Ја барам... и само што го изусти нејзиното име, чувствата испливаа пред неговите очи. Веќе не беше возрасен маж, туку мало детенце кое ја бараше својата најдобра другарка. Но тоа што го слушна, веднаш го врати во реалноста. Отселена е во другиот дел од градот. Воздивна со малку олеснување, со мислите дека сепак сеуште е тука. Замина заблагодарувајќи му се на детето. Шест години поминаа откако го напушти своето пријателче од овој крај. И вечност откако нејзе и` го подари првиот бакнеж. Не можеше да седи мирен, викна такси и се упати во централниот дел на градот. Ова мора да заврши вечерва.

6 години порано...

Беше возбудена.. Не сакаше да биде тука, во собата со темни ролетни. Требаше да биде крај него. Да му каже дека без оглед на се` таа ќе го сака. Грутка ја стегна во грлото, кога зборовите зборовите кои ја опишуваа неговата болка ја допреа по душата. Видикот и` се замагли од солзите кои проникнуваа. Зглобовите на рацете побелеа од нејзиниот стисок. Не можеше понатаму.. Ја нурна главата во перницата и тивко залипа.

Уште 24 часа... Осаменоста веќе одамна зачука на нејзината врата. Но не можеше тек така да го преспие чувството на болка штом тој ќе и мафне пред да се качи во авионот. Утрото се ближеше. После немирната ноќ, таа веќе одлучи. Ќе го испрати па колку и да ја болеше душата. Само што стана, го чу ѕвончето од вратата. Потоа прослеи и тропање. Беше видно изненадена. Не очекуваше никого, поготово не во ова време.

- Те молам, отвори ми... – чу познат глас. Не веруваше а сепак посакуваше да биде тој. Со брзање ја отвори вратата. Тој стоеше пред неа, со сведната глава и очи зацрвенети од плачење. Го прегрна... цврсто и утешително како што мајката си го прегрнува своето детенце. Липаше во себе. Тој ја држеше цврсто, шепотејќи и` зборови кои ветуваа.
- Ќе сторам се` за да се чувствуваш подобро... - и` шепна додека таа трепереше внатре во него.
„Тогаш не заминувај“ – и` процедуваа зборовите во умот. Знаеше дека веќе е доцна. Ја спушти главата до неговата. Ги вкуси усните кои трепереа. Не се помрдна. Наместо тоа, тој и` го возврати бакнежот. Потоа откако и на двајцата здивот им исчезна, полека се одлепи од него.
- Чувај се... – го погали нежно по лицето.
- Биди среќна. – и` возврати.

Тој ден се чинеше дека за последен пат, нивните погледи се сретнаа. Но засекогаш нивните срца зачукаа во едно.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Да си цвет денес е толку грдо. Просто одвратно... Има нешто во патетиката на луѓето, уживаат да уништуваат се што не се тие, односно се што е убаво. Јас видов многу за мојот краток и небитен живот на земјава. Видов деца како се смеат, млади како водат љубов, мажи како се движат без да живеат, жени кои го изгубиле семоќниот мирис, старци како бегаат од прозорите за да не си го видат одразот. Се покрај оваа клупа. Ех, да можеа да зборуваат брчките кои се создале на даските, дупките кои се направиле од одпушоци, камењата под неа кои се обликуваат и неприметно се губат, колку имаат да кажат.
Од секогаш бев љубопитна, кога клупава би имала барем толку малку живот колку што има во мене, само колку да може да воздивнува, ако тоа воопшто е знак за живеење, дали би липала бидејќи тие оставиле дел од себе на неа , или би се радувала, зошто конечно може да го дели воздухот со нив.
Сигурно и таа, иако само клупа, не би ме приметила, исто како што не ме приметуваат тие, боговите на земјата, гнилежот под небото, луѓето. Не дека не сум убава, па зарем е можно да се каже тоа за една темјанушка, туку затоа што никој никогаш не погледна надолу. Никој не помислува дека тоа што е под него може да е подобро од него.
Порано не било вака, колку што ми кажуваат дрвјава, порано луѓето и природата живееле заедно, и тие биле дел од божеството. Само со тек на време заборавиле кои се, зошто не можеле да се договорат кој ќе биде Бог на боговите, кој ќе биде над сите, кој ќе ја поседува смртта а со тоа и животот,па почнале да се уништуваат меѓу себе. И така се изгубиле во нивниот бесконечен круг. Смешно зар не, па како може да постои Бог на Боговите.
Знаеш што е најинтересно, криво ми е што не ме приметува никој, иако знам дека не се ни малку значајни, иако знам дека во моментот кога ќе ме видат толку ќе биде од темјанушкава која ти зборува. Криво ми е бидејќи навистина не знам што е подобро, само да дишам и да набљудувам уште долго време, или да учествувам барем малку, барем за момент.
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
168
Беше прилично топла, летна вечер. Седев на каменот, каде погледот ми беше замислено упатен кон небото, и одвреме-навреме погледнував накај шумата. Освен црнила и темнина, ништо не можев да видам.
Одеднаш нечии раце ме допреа, го почувствував студенилото на мојата кожа, чудејќи се кој и зошто би имал толку ладни дланки сега.
Ми ја зеде раката и ми ја бакна, и се упати накај шумата, велејќи ми да не се плашам. Во сета темнина, одвај препознав дека влегуваме во една стара запустена штала, среќа блесокот од месечината преку прозорецот доволно ја осветлуваше.
Се изненадив кога почна страсно да ме бакнува. Ме спушти полека на подот, каде и преку облеката почувствував остри боцкања од сеното. Но тоа и не беше важно. "Сакам да бидам твоја" му реков, а тој само ме погледна и почна да ме соблекува, што всушност и ми се допадна. Зарем беа потребни зборови?
Жештина ми поминуваше низ целото тело, бев премногу возбудена. Сакав што побрзо да ја имам неговата машкост во мене.
Неговите дланки ми ги милуваа градите, и почна да си игра со моите пупки....Треперев, го сакав тоа. Најубави се моментите кога мислата за умирање ти е поттикната од убавина. Токму тоа го сакав, да умрам!
Сега, дојде мојот ред.
Застанав на колена пред него, го погледнав само за да се почувствувам понижено, како негова курва, што и бев. Бев "приморана" да ја земам неговата машкост. Почнав да го задоволувам, гледајќи го како ужива, а сето тоа ми ја зовре крвта, и бев влажна таму долу...
Ме фати за косата, и ме турна накај сеното....па легна врз мене.
"Сега ќе биде", си помислив. И да....бидна... Го почувствував во мене! Сега веќе бевме едно! Почна полека, и секое негово мрдање беше се побрзо и побрзо. Не сакав да престане, никогаш!
Нашите голи тела блескаа од месечевата светлина. Го фатив за лицето. Косата му беше од потта залепена на лицето. Се гледавме и дишевме еден со друг, а јас горев!
Ме бакна, а јас го чекав мојот оргазам. Почнав забрзано да дишам, мислев дека ќе умрам. Наеднаш немав сила за ништо, не знаев ни каде сум, само дека е тој тука! Испуштив глас на задоволство и треперев. Свршив! Го прегрнав силно, неможејќи да се соземам. Му се насмевнав, а тој продолжи да ме еби! Не траеше долго, кога ме стана, и повторно ме спушти на колена. Ми го стави во уста, а потоа во моите раце и кадешто неговата врела сперма заврши на мојата уста и јазик, а течеше и на моите гради...
Бев веќе исцрпена, и не ми преостана ништо друго освен да легнам. Не мислев на ништо. Тој легна до мене, ме држеше за лицето и ми рече:"Беше прекрасно мила моја, јас бескрајно те сакам". А мојата мисла, ја зачував за себе.
Заспав во негова прегратка, ми залади. Ноќта стана свежа, или тоа само мене ми се чинеше?
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Тишина...

Колку очајно некогаш ни е потребна.
А дали би можеле да живееме во тишина? Зошто сме зависни од врева бучава и нечие дерење кога тишината е толку прекрасна?
Доволно е да ја слушнеш...Да ја разбереш и почувствуваш...Ќе сфатиш колку тајни таа крие.

Ах тишина...
Колку само сакам почесто да те имам.Сакам да одлетам некаде каде што ќе можам во целост да ти се предадам и заедно да уживаме во мирот што го нудиш.
Постои ли место каде што преовладуваш? Постои ли твое царство,твој храм...Каде што би можела да се скрасам настрана од бучавата и агресивноста која ме опкружува,која ми ствара товар на духот...
Ах тишина...
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Како копита зариени во густа кал, така инспирацијата полека замира во неповрат и го исполнува тивкото тело со осила. Животната енергија се претвора во течен домат или конзервирана туна. Двете термички уништени и спречени да ја објаснат својата егзистенцијна вредност. Личното експонирање го доведе до состојба кога се прашуваше дали воопшто постои самиот, или постои во сликата за него. Во медиумот, во просторот, како објективот и стариот фотоапарат во фиоката. Гушкајќи ја перницата, се почувствува помал и од бактерија, со свои прототипи надвор, но немање клуч да ги истражи внатре. Тенкото погранично живуркање особено пречеше кога немаш ниту капка инспирација. Оној пат кога те одзеле од даровитата мајка наречена талент и те згужвале толку за да ја загубиш формата, веќе немаш ензими за живот. Седнат во точки и риги, во бои и сивило, сфаќаш дека сиот минимализам што си сакал да те опкружува е само фрустрација од желбата за дрво и топлина кои си ги поттиснал. А животното што `рчи до твојот кревет посакува да има штала и тоа е неговаата фрустрација. Сечија универзалија.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Ноќта се спушташе како завеса после завршена театарска претстава. Токму затоа се почувствував како актер кој во тој момент откри која е поентата на неговата долгогодишна работа.
Малите театри со веќе одамна неактуелните претстави беа сето она што се случуваше во мојот живот. Незначајните улоги кои ме направија суров и одбивен се причина плус за да верувам дека мојата актерска кариера не е ништо повеќе од еден беден обид да го зграпчам животот.
Останав уште еден безнадежен актер во толпа од истите на кои сонот за стапнување на Бродвеј и зграпчување на таа животна шанса одамна им загаснал.
Останав да живеам на нешто кое ниту е а ниту може да се нарече театар а да не спомнувам колку улогата која ја имав вредеше. Вредеше исто како што вреди и кофа без дно, скршен прозорец, дупнат кондом и предоцна отворен падобран.
Чувствував како секоја шанса да ме одминала, а онаа која застанала крај мене поради тоа и пропаднала.
Додека се спушташе завесата на претставата од мојата последна улога забележав дека еден рефлектор се уште свети. Таа јасна ѕвезда на небото ми го одвлече вниманието од мислите. Дали тоа значеше дека таа свети за да ми покаже дека има уште по некој човек кој седи во публика и го чека мојот следен настап?
Дали сакаше да ми каже дека мојата беда требаше уште еднаш да биде изложена пред очите на ненаситните души дојдени во мојот театар за да си олеснат гледајќи човек кој пропаѓа само поради фактот дека не можат да се помират со сопственото пропаѓање?
Во тој момент сфатив зошто пропаѓам. Сфатив зошто мојот актерски сон полека постана сивило кое ме гушеше и притискаше.
Како актер секогаш треба да го презентирам на публиката она што таа го сака и бара од мене. Дури сега приметив дека публиката доаѓа во театар за да се оддалечи од своите проблеми гледајќи ги туѓите. Дури сега сфатив дека она што јас го правам на сцена е всушност тоа што публиката го прави во своите канцеларии.
Задоволував туѓи потреби. Задоволував луѓе кои себеси се имаа изгубено во виорот на светот и во мене гледаа прибежиште од бурата.
Токму тогаш си реков дека е редно време да се вратам назад на патот во остварувањето на мојот сон. Од сега моите претстави ќе бидат за едни поинакви луѓе. Успешни, задоволни со себе и предани на животот. Од тука започнува мојот пат кон актерскиот сон. Од овие бедни штици, играјќи за овие бедни луѓе преминувам на убавината и сјајот кои ги нуди Бродвеј.
Барем таму знам дека публиката ќе ги манифестира своите позитивни чувства врз мене и од мене ќе бара да бидам она што јас сакам да сум а не она кое ти го чувствуваат во себе.
Од таа ноќ јас играм претстави за други луѓе. Од таа ноќ јас сум еден поинаков човек.
Знам дека бедната и изгубена публика од претходниот театар ќе плука по мене. Ама редно е да престанам да живеам за неа и да почнам да живеам за мене.
Од денес, јас сум во публика. Од денес јас гледам и критикувам. Од денес, јас сум јас и никој друг.
 
Член од
28 јануари 2010
Мислења
3
Поени од реакции
0
Troubled Girl and The Viking

In the shortlived gulp of ordinary life i've menaged to come to terms with some inner moments that obscured the whatever that kept me going in a blietzkrieg of retributionary firestorm.Maybe they turned me into some humanitarian pussy,and maybe i hate them,but i can't fucking disgard my roots and that malice that made me what i was,therefore i will at least make another push before i lower my head and take in the punches.


God bless Troubled Girl.She's like shaking hands with the Revelation of what makes a person Unique.Unique doesn't have to mean good.
In this case,it doesn't mean good or bad.Just fucking weird.Very fucking weird.Annoying weird.The kind of person that if you're not under a spell,you wanna kill.
You see,Troubled girl is extremely smart.A magnetic person.Charisma that thrives above everything else.First encounters with Troubled Girl dictate you to like her.As a Genuine Mortal,you even feel unworthy.As the words dominate your brain and crumble you,you are in awe of this girl's Stance.
And you are dumb.
All people are.
It's a curse that we base our general opinion on first impressions.
To put it plainly,the awesomness of Troubled Girl is but a mirage made just for you.Something that Troubled Girl created just for your comfort.It's nice,in a way....but a lie is a lie.
I can agree that we all have our sceletons in the closet.I can even go as far and say that people are almoast never what they seem.But,we also have to agree that if someone is not smart enough to keep his or hers dirty little dopelganger as a secret,those that fleshed it out have all the right in the world to punch him or her in the head with it.

Amnesty works only in politics,people.Troubled girl cannot be forgiven only because of the fact that she is Troubled Girl.Actions and deeds and some isolated leakes of a negative weirdness have all-around defiance written all over their fucking forehead.And if the Unwise cannot survive it,than the Unwise should probably just give up,or be forsed to kill himself(Herself).No philosophy.No talking.Force is applied when medicine cannot help.Troubled Girl neds to clean up her act.Look for allies.Try her fucking best to disprove people in a way that will force them to stop calling her Troubled Girl.
Not the way she's doing it now.Not by pure defiance.That's what the majority wants.The majority knows that when she's defiant and agressive in her debating,acting and interpreting,she's actually losing it inside.They know that they're hurting Troubled Girl.They get up and live life with a jestery smile,and she suffocates in the reality of what she is...the reality that goes beyond the mirage created just for the little Mortals.



The Viking is someone that balances Troubled Girl.Equally troubled,yet very hard to defeat.His hardiness is what Troubled Girl needs.If all turnes out good,he can be her Destiny.A waypoint to happyness.
I like that scenario.
I just don't like the fact that in my own reality,The Viking is a fucking Cavalry for Troubled Girl.A pacifyer.A Mongol Khan that rides forth from the fog and wipes out the Shades that surround Troubled Girl.Some strange Neo-Romanticism,that still workes in wiping out the Shades.
I can dare say that The Viking is a close friend.Someone that i'd hate to see spoiled.Someone that i know once was wrapped up in his Great Protector role and disgarded everyone that Troubled Girl saw as Shades.The Aftermath of it is something that i'll disclude and say it doesn't count,coz in this moment,The Viking is seeing it as a burned scribe.
Yet i'm seeing a repetition.I'm seeng a new pair of sheets wrapped around The Viking where he can,once again,forget everything and be a Holy Protector,blocking people,killing friendships,however fragile they may be,riding to the rescue when Troubled Girl is overwhelmed and occupying himself with the process of occupying Trubled Girl with an aura of Safe.
May it be.

I feel guilty.I feel guilty everytime i write about this peckish bussiness.I know i shouldn't and i know The Viking is mistaken,but i fucking like the guy,so Troubled Girl is no longer Troubled Girl in my eyes.She is just those three letters that represent her.No meaninig,no real person behind them.Just another dot.A dot can't hurt me,and i won't even try to erase her from existence,coz as we all know,a dot is crucial in a sentance.

Zvezda

Nok bez zvezdi.
Oci umorni od pogled vo dalecina.
Laden veter koj ne dopira veke
prazen list nedopren
A denot nov ke izgree
i sosema kako seedno
zborovite veke gi nema

Se vrtam zad sebe
dolgiot pat
prav pepel po mene
dolgiot pat
prooden vo bezbroj
a ocite nemaat solzi
nitu nokta ima svetlina
Patot ostanal pat
a cekorite teski
srceto ne treperi
kako da go nema

Nokva ima li zvezda
veke ne ni poglednuvam
veke ne ni cuvstvuvam nisto
osven praznotija siva
a dusata diva
veke e mirna
iscezna so poslednata zvezda
vo ovaa nok
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Светлина. Нема светлина на крајот од тунелот. Темнина. Нема темнина. Не постои тунелот, не постои ништо, нема врева, нема тишина, нема ништо. Потполна празнина. Мир.
 
С

Сатори

Гостин
Понекогаш, кога не се мразам себеси, живеам.

Во моментите на свесност и длабоко риење низ внатрешниот дел од својот ум, налетувам на емоции.На прв поглед ми заличуваат на страшни сеништа од моето минато кое што дошле по мене за да ме одведат и ми лекнува затоа што некаде, било каде ќе заминам.Но, тоа се среќни моменти затоа што сеуште се сеќавам.Но кога ќе го запалам светлото од собата во која што од дете премрзнувам, на прозорците ми се отцртува линијата на погрешни стапки и изедени постапалки, знам дека ми дошло времето да се пензионирам затоа што немам сила да се борам повеќе и сите изедени колачи веќе не ми се во организмот за да ме полнат со енергија.Резигнирано се помирувам дека никогаш повеќе нема да пронајдам среќа или дом.

Изгледа го погрешив воведниот дел, ајде да се вратиме таму каде што сме биле среќни како тинејџери, се сеќавам кога адреналинот ме правеше возбудена додека стоев на врвот на зградата, додека стаклото се кршеше и умот ми беше во состојба која што не познаваше фокусирана практична концентрација.Знам дека сакаш да си заминеш но не можеш да заборавиш, знам дека сакаш да избришеш но немаш гума а фломастерот ти е при крај, вниманието што ми го посветуваше не му дозволи на никој вистински да ми се приближи и во мене вгради сопствени карактерни осбини за никогаш да не можам ниту јас да заминам.Да не можам да заборавам.

Седам на истото столче но на различно место, во некое точно определено време и размислувам што ми останало за да го продадам за само да можам нешто да променам, меур полн со нафта која што ми го менува составот на крвта и не сум повеќе мртва и бледа.Би го дала она ланче од злато за да можам да си купам еден пар чевли и неколку грама кокаин за да ја допрам топлината која што никогаш вистински не ја почувствував.Поголем наркоман сум од сите што некогаш си ги запознал, затоа што живеам само за да можам да умрам од некоја драстична промена.

Сакав да бидам мајка ми прелетува некаде попатно во умот, толку очајно сакав дете на човекот со зелени очи кој што ми наметна темпо на живот спротивно на неговото за да му го преживеам присуството.Имав сон да избегам некаде далеку без никогаш да му кажам и да го пораснам син ми сама покрај море додека пишувам романи за љубов која што е остварлива.Да му печам торти и да му правам канелони за ручек, да го заспивам со топло млеко и со него да учам математика.Да ја запознаам неговата прва девојка и да се сложам со него дека ги има најубавите очи што некогаш ги видел додека ја пуши цигарата и го пие кафето замислен и безгрижен за тоа како ќе му изгледа иднината.

Нема повеќе излези за мене.
Би била среќна во триумфален молк, во вечна тишина, слатка амброзија која што за навек би ме умртвила.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Понекогаш не знам што мислам. Не знам како сум, не знам што ми се случува, а најмалку зошто го кажувам тоа што го кажувам. Едноставно тоа така треба да биде, наивно и чудно истовремено. А ти бараш од мене рационализам баш во таа една точка која ми вика ,,биди тоа што телото ти вика да бидеш". Знаеш што е интересно, понекогаш се прашувам дали тоа место се наоѓа воопшто во мене, или јас лутам наоколу и очајно го барам, ми е потребно како изговор за моите искушенија.
Се почесто размислувам, онака најнаивно што може, што ако навистина ме проколна во моментот кога го остваив онаа вечер засекогаш. И се прашувам, па зарем не треба да му се заблагодарам ако навистина е така? Ако тоа проклетство го исплете мојот нов мирис, или ги жигоса мисливе во главава, ако тоа барем го создаде новиот поглед на моето лице а со тоа и ми ги промени очите засекогаш, зарем не ме направи ова денес? Си се допаѓам вака, навистина. Само се прашувам дали е добро човек да и се радува на својата судбина, кога не е ни малку од него создадена.
И не ме прашувај веќе ништо, се што треба да се знае ќе е кажано. Па зарем не се приметува дека и јас сум само лик во оваа приказна и се повеќе молчам од колку што нешто кажувам. Се повеќе чуствувам потреба повторно да ги отворам книгите кои се веќе прочитани и одново да почнам да ја барам смислата во нив.

Ако светот е направен од коцки, и дури ако навистина сакаш да ги наместиш за мене, немој, јас моментално уживам како некој плете, ваја, создава немир во мене...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Џ.
Член од
22 септември 2008
Мислења
153
Поени од реакции
13
Со своите 32 години, славната русокоса жена воопшто не изгледаше лошо. Чоколадниот тен и нејзините ексцентрични сини очи откриваа харизматична убавица. Уште еднаш ја зафрли косата наназад и ја испрати блескавата насмевка на сите папараци кои штракаа со фотоапаратите. Луксузната приемна сала беше посредник за запознавањето на идните најпознати парови во шоу-бизнисот. Зема едно мартини од келнерот и затропа со своите Гучи сандали надевајќи се дека вечерва ќе запознае некој забавен.

Една година подоцна.
Нежно се испружи на белата гарнитура кога го слушна неговиот милозвучен глас:
"Ха, мила ти текнува ли? Онаа снобовска забава минатиот јуни.. кој би рекол а?" - се закикоти. Таа му се придружи. -"Не ми се верува дека се запознавме поради твојата несмасност. Цела облека ми мирисаше на мартини." Тој престана со вежбањето на справата и легна до својата сопруга. Ја гушна со едната рака и тивко и шепна: "Спреми се вечерва. Те носам на уште една таква луда журка." Таа налик срамежливо му се насмевна и кимна со главата.
Ја чекаше во ходникот, намирисан со колонска вода и елегантен смокинг. Но таа изгледаше боженствено, со омилениот тиркиз фустан од Шанел и сребрени потпетици. Ја измерка и и упати шармантна насмевка која говореше: "Мммм, само јас имам ваква риба!"
Но кога го фати за раката, оддеднаш почна да и се врти. Се задржа за него, и брзо отрча во ВЦ, каде што повраќаше половина час. Тој цело време се врткаше околу неа грижејќи се за нејзината здравствена состојба. Одложувањето на излезот беше неизбежно, па се упатија кон клиниката. Пријателски поздрави ја придружуваа до канцеларијата на докторот. Неколку пати ја прегледа, и малку изненадно проговори: "Честирам! За неполни 9 месеци ќе се соочите со малечко суштество и одговорноста за станување родители!" Таа неколку минути гледаше во подот додека овие зборови и оддзвонуваа во главата. Тој беше пресреќен, рипаше околу неа, повторуваше постојано "Ќе бидам таткоо!" а потоа и таа се соземе.

9 месеци покасно..
Се разбуди и отиде да се тушира. Неможеше да се навикне на идејата дека има толку голем стомак, имаше чувство дека е дебела, нешто со кое моделите од светска класа како неа неможеа да се помират. Имаше обичај да збори со нејзиното 'стомаче' и да раскажува се што се случило во денот. Тој ден немаше ништо посебно да сподели, освен дека тој денес се враќа од долгиот пат во Швајцарија. Го облече фустанот со цветен дизајн од продавницата на породилки кога стомакот ја стегна, таа се виткаше од болка. Излезе од високатницата и фати едно жолто такси на улицата. Таксистот брзаше кон болницата но папочната врвца веќе и беше пукната. Ја сместија во болничкиот кревет и ги затвори очите.
По некое време ја разбуди бебешки плач. Таа гореше од температура и едвај можеше да се помрдне. Ја известија дека состојбата и е критична. "Дајте ми го да го видам бебето, макар и последен пат да ми е"- липаше таа. Кога го фати во своите раце, почувствува дека утробата и се преврти. Таа нежност, љубов која пленеше од едно толку мало суштество ја врати во живот. "Добродојде во светот, бебенце" - го лулаше во своите раце и му збореше како кога беше во стомакот сеуште. Ги имаше очите на татка си и нејзините усни. А каде беше тој, главата на семејството, зар сеуште не знаеше дека таа беше во болница? Почна да кашла и мораа да и го отргнат бебето од неа но го држеше цврсто. Почна да се гуши и околу неа се насобраа медицинските сестри. Слабееше секој момент. Животот и поминуваше пред очи, мигот со нејзиниот потомак беше поважен од сиот успех во својата кариера. Мислеше на него, на неговата љубов, на неговата препуштеност да остане сам со дете во рацете и гроб на љубената. Мислеше за неправедноста, за неможноста да го гледа детето како ги прави првите чекори.. што нема да присуствува во најважните мигови на своето сонце. Животот едноставно не и ја пружи таа шанса. Зелената права линија и титкањата го означуваа крајот на еден млад живот..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom