Прозни искри

marko_d

Ретард
Член од
10 април 2009
Мислења
430
Поени од реакции
18
Trapped

Trapped inside my own body, my brain is a prisoner of his own making, and the limits set by others.
I like to say something, scream, do, dream better dreams, imagine better things,
I can't, i'm weak, i i'm the weakest man on earth, i don't see nothing in front of me, only the fog, the fog and its getting denser and denser. I live in the alternate past, created by my brain, the future seems hopeless now, only disapointments and hollow pain. All i wanna do now is sleep, sleep and wait for something to push me, to make me wanna live again, and if that doesn't happen, i just wan't to sleep and dream until the end of time, the end of time when i will be gone from the world and the world will be gone for me. And i will cease to exist, then i won't be sad anymore, so thus i should be happier than now.
 
V

[vladimir]

Гостин
Не постоеше ниту еден друг зрак светлина во таа темна соба освен нејзината совршена фигура што лелаво чекореше по паркетот. Одеше полека, ја истакнувше гордо својата кожа...ми се смешкаше, иако на нејзиното лице немаше насмевка. Се смешкаше некаде однатре. Се смешкаше...

Седна пред пијаното.
Го отворив тешкиот дрвен капак, неможев да изустам ни збор бев нем и ослепен. Ги смести прстите врз шаховската табла што раскажува најубави приказни. Беа тоа најнежните прсти што посакував да ме допреа. Ах, отсекогаш ја љубев таа музика, но моите прсти беа немоќни. А таа, со еден потег започна да танцува по нотите. Насмевките изрипуваа низ воздухот. Ме облееаа морници, во немоќ го прегрнав пијаното, го залепив увото како што некогаш тоа го чинеше Бетовен. Потонав во нејзиното љубовно писмо. Љубовно писмо од ноти...

Ветрот дуваше длабоко под петтолинието. Птиците распеани далеку, далеку над него. А јас, јас останав во средината. Легнат во нејзиниот скут. Ги чувствувам најнежните прсти како ми го милуваат лицето. Потполно потонав во нејзините зборови. Таа молчеше, а сепак толку милно ми зборуваше...

Maybe I Maybe You...


 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Збогум, за никогаш

Еј... Аха. Јас сум. Одамна не сум одлучил да ти посветам неколку реда. Поточно, сум одлучил, меѓутоа или несвесно сум ја бркал инспирацијата несакајќи да ти го придадам статусот на муза од највисок ред па сум го прескокнувал тоа, или секогаш кога ќе си ми го украла сонот сум се посветувал на темелно општење со сложени хемиски соединенија во некаква ликвидна форма во желба да делуваат антибиотски и да го избркаат вирусот од мојот мозок, од моето срце, од секоја пора на телово. И во двете варијанти никогаш не успевав до крај. Секогаш имало нешто што останувало внатре, а слабаците како мене кои игнорантски настапуваат против вулканите во своите гради се осудени на постепена внатрешно транфузиска смена на крвта со магмата на нередот кој настапил секогаш кога заминуваше, за да се вратиш, непосакувана а реална, се подалеку и подалеку од мене, секој нареден пат... Кога ќе ја снема крвта, останува само магмата, напати врела како сите гејзери на екстазата во која слабакот пливал, а најчесто оладена и обвиена со пепел кој е единственото нешто што потсеќа дека некогаш тука виреела страста. Останувајќи само со пепел во вените, полека се отуѓуваме од себеси. Се отуѓуваме од се она внатре, не гледаме ништо ниту надвор. Како во сон во кој вечно паѓаме во бездна / без дно, осудени на постојана левитација меѓу реалното и посакуваното.

Никогаш повторно нема да пишувам за тебе, помислив многупати. Можам да се заколнам дека сум го имал тоа чувство, некогаш толку реално што дури и мене би ме прелажало. А се заколнав долго откако сфатив дека никогаш повеќе нема да пишувам нешто за ниту една друга, окован во попустите обиди да излезам од вортексот на вечно тлеечките недоречености. Баш како дух со неговата незавршена работа која го држи заробен меѓу два света: едниот каде некогаш припаѓал и оној во кој е осуден на вечна робија без она што го сака. Никогаш не вели никогаш, никогаш не се откажувај, никогаш не преминувај автопат пешки и со врзани очи...никогаш не викај никогаш. Никогаш не врискај никогаш. Никогаш не тетовирај го зборот никогаш, никогаш не го жигосувај скалпот во „никогашен“ амбиент. Хех, никогаш...а види ме сега. Во немоќта како луѓе да одлучиме нешто и да бидеме постојани во одржувањето на одлуката, користиме зборчиња како – никогаш. Зошто не сакав да пишувам за тебе? Не секој поет има потреба од невозвратена љубов. И крајно, јас не сум поет. Барем не кога не сум со тебе, а ни без тебе. Ни-ко-гаш. Исто како некој да каже: са-мо-се-ла-жам. Никогаш нема да запалам уште една. Никогаш повеќе нема да пијам. Никогаш повеќе нема да лажам, нема да се залажувам. Нема да ја повторам истата грешка. Никогаш повеќе. Кога човек ќе направи еден таков завет, одлучен и полетен, со енергија која гарантира дека ќе си стои на зборот, можете да бидете сигурни дека ќе успее во кажаното...никогаш.

Види, не е дека сакам да си газам на зборот. Ако погазам на моето, газам врз себеси. Ако го сторам тоа, не сум сторил ништо повеќе од она што си го направила ти, она што ме натерало да го кажам зборот кој за мене повеќе не постои. Но, очигледно има некоја сила многу повисока од сите кои ги знам и за кои сум слушнал која веројатно сака да ми каже дека мојата мизерна маленкост просто треба да го сфати патот кој и е даден да го исползи. Пат со 6 ленти, без знаци од страните, со една мистична бела светлина на крајот и ветер кој ноншалантно те фрла од една во друга лента додека вие нежно оддекнувајќи го аксиомско-параходалниот лајт мотив на целото патување: нема да го добиеш тоа што го сакаш. Ама ако немаш попаметна работа, можеш да се потрудиш. Сепак, подобро би било да сконташ што те чека. Иако, што и да одбереш, нема да има никакво значење. Трите баби во ноќта кога сум се родил трипати ме проколнале да се израдувам на меур од сапуница. А јас, налик на добар христијанин кој го очекува третиот антихрист, третиот пат го замислувам далеку од мене, од моето сетилно спознание за животот, едноставно сакајќи да и дадам малку смисла на целата приказна. А крстената вода се наоѓа под моите прсти во моментов. Букви, поточно, бинарен код кому душа и смисла, транскрипција и печат му дава и само едно влакно од твојата коса, засекогаш возљубено од перницата на храмот на чувството за кое вреди да се живее.

Никогаш не сакам да одам против себе, а сега знам дека не одам. Некогаш би рекол: „човеку, батали. Дигни глава, гледај напред. Ти си силата, ти си моќта, ти си кец пик во ракавот, ти си....ти! Не прави нешто што ќе те доубие, не оди онаму од каде нема враќање... целиот живот е пред тебе. Морето има многу риби“. Да. Ама јас сум во пустина. Сам. Или сам со себеси, што е најлошото друштво воопшто за сите кои имаат проблем со спознанието на самиот себе. И тука одлучив да направам пресврт. Конечно, да бидам перипетијалниот мистик кој ќе и даде друг тек на драмата. Маче, донесов неверојатна одлука на која ќе бидеш горда: признавам пораз. Се спознавам себеси. Признавам дека сум шмокле, интровертен грубијан со епизодна улога во сопствениот живот кој се вози на лифт заглавен меѓу подрумот и осмиот кат на црвената зграда во која од влезот до твојот кревет има 122 скалила,72 чекори и 195 моменти на запирање на здивот кои никогаш не сум ги броел.

И верувај ми, зошто незнам да лажам: ова мене не ми се допаѓа многу повеќе него што тебе ќе ти надоместат сите вакви навидум театрални исповеди кои те пиедестализираат на место на кое ти годи да бидеш секој пат кога ќе побегнеш од себе. Ама друго чаре – нема. И можам да кажам дека навистина нема, свесен за сите можни толкувања на еден ваков збор: се плашиш, сакаш да патиш, немаш мадиња за да донесеш одлука која ќе промени се, сакаш да си играш со другите, немаш храброст да се погледнеш во огледало. Знам дека не е така, бидејќи во милениумите додека те чекав да се родиш, имав доволно време да го пробам секој можен начин кој ќе ми гарантира или барем ќе навести дека нема да го заборавам моето име пред да го заборавам твоето, или дека ќе те љубам само тебе и со мојот последен здив.

Хех, како дојдов до едно вакво навидум патетично спознание? Многу едноставно. Се обидов поинаку, и не успеав. Магмата не тече. Таа – стои. Никоја друга енергија не ме подигнала од тлото доволно високо за да се погледнам себеси и да речам: „вака повеќе не оди“. Ничиј вагинален секрет не е повкусен од твојот, ничии совршено извајани линии не ја надминале неспретната игра на твоите колкови, ниедна насмевка не измамила замрзнување на времето како твоите кадрици во мартовско дождливо попладне. Ниту еден кревет не е толку голем колку нашиот, без тебе. Ниту еден момент гледан од ивицата на се она што знам не може да го замени бакнежот во кој ми ги полниш градите со просторот меѓу две галаксии. Дури и наредниот кој ќе го добијам од тебе да биде врз моето ладно чело намирисано со темјан, јас знам дека ќе биде потопол од сите сонца во вселената кои утре би изгреале над мојата постела.

Не барам оправдување за мизеријално продолжување на „борбата да ме оставиш уште еднаш“. Навистина, не. Затоа што тогаш немав две, а сега немам ниту едно срце. Затоа што во моментот кога се што имав ти дадов тебе, јас го дадов засекогаш. И ако одлуката ми била неспретно донесена, ако ти не си „таа“ и ако вака мора да биде, нека биде. Затоа што, можеби е лага дека никогаш нема да напишам песна на некој друг попатен перон, но не е лага дека знам каде секогаш ќе патувам. Каде отсекогаш и сум патувал, на која страна ги дувнале моите едра трите баби, три пати на ноќта на која сум се родил.

На почетокот реков дека ќе ти напишам неколку редови...уште една лага. Зарем има некој што може да го напише неописливото во неколку зборчиња, или со два три реда да успее да открадне барем една капка од сјајот кој врз мене го фрла твоето постоење? Зарем има некој кој неможе да напише „љубов“ со само четири букви?

Лени, запеј за мене...

As long as I’m living,
I’ll be waiting.

 

ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
Тој што го утнал животот, или животот ме е**ше и сега ме е**т во затвор

[FONT=&quot]Градење на личности со неважни факти, у пизду материну. Бескорсини настани со незначајни последици, повторно некоја пцовка. Си ебал матер овој овде што квичи ко свиња и се поплакува пред публиката, дека го оставила девојката, немал работа, му умрел канаринецот. Купи си музичка кутија, ќе ти пиде подобро, барем нема да те напуште или умре. Ако немаш ни пари, укради една за да имаш компанија во затворот. Беден живот си имал, ама на никој не му е грижа. Невидлив си, но не за сите, законот те фати. Зад решетки со некој цимер, ама на цимерот како да му се свиѓа твоето дупе. Моли се да имаш широка карлица, иако немаш, моли се, иако никој не те слуша. Сега седи во ќелијата со твојата музичка кутија и пушти си музика, не ти остана ништо друго.[/FONT]
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.402
Поени од реакции
25.262
За Дедо Мраз.

Почитуван господине, јас оваа година многу се двоумам што да посакам. Седев сношти до кај 2-3 часот сабајле, размислував и не смислив нешто особено. Всушност, се двоумам помеѓу неколку работи, а пред тоа правев ретроспектива на изминатава година.
Секоја година правам ретроспектива да видам колку можам да бидам задоволен од себеси и тоа што сум го постигнувал од година на година и да ти кажам право оваа година мислам дека постигнав повеќе отколку што очекував. Среќен сум поради тоа и мислам дека не сум целосно човек туку некој полу човек - полу ѕвер, затоа што работите кои ги правев оваа година не личеа на мене. Можеби треба да добијам некој медал оваа година за најголем мазохист, воедно и херој.
Размислував што да ми донесиш оваа година и сфатив една работа: кога бев мал посакував некои конкретни работи, а што повеќе растам посакувам апстрактни работи.
Е, дали се сеќаваш кога лани посакав да ми донесиш љубов и кога се разбудив на 1ви јануари под елката видов твоја порака во која пишеше: "Друг пат не посакувај толку безвезни работи".
Е фала ти ама го добив тоа што го посакав и тоа толку неочекувано и оваа година прекрасно па не смеам да се пожалам. И затоа што минатата година го посакав тоа и ме опомена да не посакувам безвезни работи, оваа година се мислам да посакам нешто друго.

Оваа година се мислам дали да ти побарам нов заб. Не онаков златен како онаа двојка горе лево на еден постар комшија, туку сакам една нова шестка за долу лево. Мојата отиде по фира на крајов од годинава. Денес прв пат се сретнав со значењето на поимот "живец од заб", а пред тоа беше само теорија, е сега пракса. Е драг Дедо Мраз, дали ова можеше да се случи баш во ова време од годинава, па ете имам закажано пак на заболекар и тоа на мојот роденден.
Сигурно по нешто ќе го паметам, а тоа е успешното правење на забот со умртвен живец. Еве, чим имало лек и за ова, не ти барам нов заб, ќе барам нешто друго.

Уште од мал некои ме убедувале дека постоиш, иако јас упорно одбивав да верувам во тебе. Интересно е што беа цврсто уверени дека ќе ме усреќуваш секоја наредна година, а не ми кажуваа всушност кој си и каков си. Никогаш не ми рекле - Дедо Мраз е педер или Дедо Мраз е ваков или таков, само ми велеа дека постоиш.
Само не сакам да испаднам неверник, еве ќе посакам нешто сосем трето. Сакам една голема, огромна тегла ајвар.
Донеси таква и ќе бидам среќен.
Колку е интересна симболиката на последната тегла ајвар. Замисли, и оваа година се кладевме дали ајварот ќе издржи до Нова Година - и не издржа. Пред некој ден ја јадев последната тегла ајвар и толку бавно и мачно и жално ја јадев затоа што... беше последна. Кај отидоа 30 и нешто тегли во рок од 2 месеци, алал да ни е. Е, го јадев ајварот со стек, го јадев без леб, го јадев во 12 на полноќ со шунка, па ајде некогаш го јадев со кашкавал, некогаш со рибља чорба.
А сега ја јадев последната тегла ајвар и ми беше мака. Отсекогаш дедо Димо ми велеше - "Е сине, ќе имаш ти повеќе деца, за да можат сите да ти прават ајвар и да ти излезе повеќе ајвар за една година". Е дедо, ќе те послушам јас, иако имаш два сина кои ти помагаат, јас оваа година не можев да ти помогнам да го направиме ајваров поради трети обврски. Не сум јас крив што сум морал да бидам отсутен во тоа време кога ти ги лупеше пиперките и ги печеше.

Затоа оваа година почитуван Дедо Мраз донеси ми тегла ајвар. Помеѓу другото можеш да ми оставиш под елката нови сијаличиња, овие еве веќе прегореа. Остави и некој цитат да ме води низ оваа нова година затоа што морам да имам некоја насока. Помеѓу тоа остави и цела колекција од Вуди Ален, па да можам да се надоградувам интелектуално, не сакам да сум "Скарфејс" фраер и само да љокам алкохол и да шетам со мајци од политички партии.

Ете тоа воглавно, мислам дека скромно ќе поминеме оваа година јас и ти и ќе останиме во добри односи. Всушност, ако разгледаш подобро оваа година се однесував прилично добро и мислам дека не ќе биде проблем да застанеш кај мене на подолго.
А деновиве кога правев ретроспектива правев и други работи и на секое велев "последниот филм за годинава", па ајде ќе кликниш лајк на фејсбук и ќе речиш "последниот лајк за годинава", ќе јадиш изварок - "последниот изварок за годинава". Ќе испадниш глуп - "последен пат сум глуп за годинава", се гледаш со некој - "последен пат за годинава", кажавме виц - "последен виц за годинава", слушавме Квин - "последен пат Мејд Ин Хевн за годинава", слушаме Џон Ленон - "ааа, последен пат божиќни песни од Битлси за годинава, тек за некоја недела пак, ама друга година е тогаш".

Ех, колку побавно важните работи ги сфаќаш толку побргу туѓите долгови ќе ги плаќаш.
А ти Дедо Мраз, остави некоја фина порака оваа година, пиши на пример "ќе биде подобро baby, some day maybe, само ти да си жив и здрав".

Поздрав.
 

Божана

Morning sun
Член од
17 август 2009
Мислења
226
Поени од реакции
111
Сама. Чекорам по улиците. Празни се. Нема никој, само луѓето кои се брзат накај дома вракајќи се од маалските продавници. Околу мене куќи. Украсени со сијалички и најавуват дека се ближат новогоднишните празници. Го барам најдолгиот пат до дома. Одам бавно. Луѓето кои пред пола час ме видоа како брзам да стигнам некаде со насмевка на лицето, сега ме гледат како ги бројам чекорите. Ја нема веќе насмевката. Сега ги имам солзите во очите.
Го шетам маалото. Одам по улици низ кои не сум поминала веќе подолг период. Темни се. Но, го немам вообичаениот страв од темнина. Во мене имам друг страв. Страв дека ќе те изгубам. Ладно е, но не сакам дома. Размислувам за нас. Поминувам од местото каде што пред некој ден се скривме од дождот. Се навраќам во минатото. Се насмевнувам во себе кога ќе се сетам на некоја случка. Но, солзите се тркалат низ моето лице. Влегувам дома. Моите не ги ни забележуваат моите солзи. Зафатени се со спремањето околу празниците. Ги пуштам песните кои ме потсеќаат на тебе. Сама сум. Те немам тебе. Ти секогаш се обидуваше да измамиш насмевка на лицето дури и кога солзите беа во очите. Земам ливче и пишувам „Те сакам“. Да, те сакам, но не е доволно. Ги пишувам нашите имиња. Солзите паѓаат. Ми требаш до мене. Само ти. Никој друг. Но, те нема. Сама сум...
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Лежам на креветов со непознат човек до мене,собата мириса на лош ликер од малина а во умот ми е една мелодија...мелодијата на штотуку пристигнат воз на стница,свирежот,и чадот од локомотивата.
Не знаев дали треба да го бакнам тој човек за збогум,но му ги оставив валканите гаќички во случај да му затребам,ќе знае каде да ме побара. По мирисот.
Побрзав кон железничката станица со ранецот полн недовршени раскази,уништена смисла и многу оптимизам и покрај теглата од песимистички корнишони на кои бев на диета. Наликуваа на мали куриња во пресол. Куриња на вонземјани. Жити се па на тоа личат нели ? Нели? На ова и си мислев кога реков...уништена смисла.
И покрај секојдневната мизерија која на некој можеби му изгледа доста филмска и погодна за филмско сценарио,ете,фино си разговарав со краставичките за да ги оттргнам мислите од тоа што следи утре,барем додека патувам. А патувањето кон дома е молитва која ми дава сила да се соочам со многубројните духови од минатото кои се хранат од мојава снага. Поздравот со полињата посадени со тутун,стогодишната бреза на патот кон Црна Река со која си разменуваме по некој збор низ прозорец,иако секундно,мојата пукнатина во карпата која заликува на човечкото срце,смрдливата река во која кришум се капев како малечка,тоа се станици на кои повремено се одморам и ме потсетуваат дека сум жива штом можам да ги видам,почувствувам,помирисам,допрам.
Го исекоа јаворот под кој водевме љубов јас и ти мил мој,на кој од воајеризам оставив и мала црвена трага во форма на крст. Вербата,љубовта,надежта и новиот живот ги симболизираше токму тој крст,нацртан со крв со моите два прста.За подоцна да го искрварам почетокот на новиот живот на истото место со локва крв околу коренот. Подобро што ги исекоа тие...јалови корени.
Бавно минат часовите,веќе сум шест часа во возот а всушност сум само десет минути. Годините ми тежат на плеќите,а каде се уште наредните триесет да ги пикнам в торба.Се плашам дека нема да ги дочекам драги. Велат дека боледувам од некоја тешка болест со пет презимиња, па затоа моите испади ги толерираат како да сум пубертетличе кое сака да оди во Големиот Град по исполнување на големите сништа,иако моите ги удавија уште пред да отидам да ги добијам,зошто,на секого му следуваа. Исто како кантиче јогурт и ѓеврек.
Слободна ко птица болна од сопственото постоење а толку заробена во сопствените ќелии,понекогаш,бутка душата,сака да се прошири...познатите редови.
Ја гледам трудницата спрема мене,до неа едно мало слатко како ми се смешка и сака да си игра со мојата нечешлана вошлива коса. Мајка му со гнасење и негодување но сепак со доза на почит му рече да не ме вознемирува,и така делував отсутно. Секогаш сум била слаба на тие очи големи како голем филџан полн со кафе,може и чај,благодарам.
И започнаа трудовите,а бевме далеку до следната станица. Почна да се пораѓа,сите дотрчаа кој од возбуда кој од паника да го пречекаат тоа мало човече на свет. Врескаше од болки а како јас да чувствував како ми се цепе утробата. Се довлечкав до излезот на вагонот и се симнав. Ползев уште неколку метри до нашиот јавор да се одморам. Тешко дишев,а можев да го чујам плачот на новороденчето,мало,храбро детенце.
Продолжија без мене,патот беше проследен со честитки и аплаузи,а јас останав на ливадата,потсетувајќи се оној ден кој беше најсреќен и најтрагичен. Тој ден останав без тебе,и без него/без неа...беше прерано да му го откриеме полот нели ?
Таму,под јаворот...никогаш не успеав да стасам дома.Веќе бев дома.

 
Член од
25 мај 2008
Мислења
547
Поени од реакции
14
Сине мој...
Веројатно кога ќе го читаш ова јас веќе нема да бидам на овој свет. Ќе бидам негде горе работејќи на небеските ниви. Се надевам ќе успеам до тогаш да го сокриам од тебе овој текст, да ја прелажам твојата љубопитност и да не одговорам на многу прашања, сепак мислам дека не си доволно возрасен за да ги откријам тие големи тајни и да ги внесам во твојот детски свет. Дозна дека си бил прелажан, не се чуствувај лошо и те молам немој да ми замеруваш, сето тоа за твое добро мали. Убаво беше да те гледам како растеш. Колку бев горд оној ден кога скришно поминувајќи покрај тебе слушнав како ти се обратија со Ви. Стана она што одсекогаш посакував да станеш. Ти си пример за останатите!
Посебно мило ми е што не ме послуша мене, веројатно доколку тргнеше по водите на реката која што јас ти ја предложив сега ќе беше некој клошар ниту со завршено школо ниту пак со успеси во спортот. Знаеш гиле, никогаш нема да го заборавам твојот прв натпревар. Бесценета беше топлата насмевка која го облеа лицето на мајка ти кога коментаторот го најави момчето со број 22. Брз како газела со манири на танчер низ теренот така те фалеа на тв. Викаат епитети биле тоа, не знам што се тоа епитети ама убаво зборат овие од телевизија, веројатно си нешто добро. Стареам мали, веќе не се ни сеќавам која беше датата кога прв пат стрелаше за репрезентацијата.


Баш пред некој ден со чичко ти Лазе правевме муабет, се смеевме за песничката што ја напиша како мал.
Dobro se secam,
posle zvuka poslednjeg zvona,
trk od skole do stadiona.
Bio sam sretan.
Tacno pamtim dan, trening prvi,
i: "Mali ima fudbal u krvi".
I onda: "Trci"
i onda: "Lezi",
nekad po kisi,
nekad po Sezi.
To su bili teski dani, al' sve je proslo,
vreme je doslo da vladam ja!
Moj stari veruje, mo?da preteruje,
kad kaze da sam bolji od svih.
Хаха опасен беше еј куре мало, кај ти текна нешто вакво.
Знаеш ... ова се едни од спомените кои ги носам со себе на оној свет. Скришно ќе ги стуткам во некоја фиока во мојето сеќавање наречена „Нешта кои никогаш нема да ги заборавам“. И да знаеш дека сите тие убави нешта ќе ги понесам со себе. Горд сум на тебе мали!
- Нормално дека ќе ти оставам нешто за тебе, па цел живот ринтам морав и нешто на страна да тргнам.
Но прво мора да ми ветиш дека ќе се грижиш за старата, чувај ја мајка ти многу те сака... не знаеш кои жртви сме ги правеле за тебе. Самата бараше да работи прекувремено да добие некој денар плус само за да можеш да ги добиеш копачките кои ти ги посакуваше.

- Немој ни да помислиш да се чуствуваш виновно, тоа го направивме затоа што така сакавме, тоа беше она што нас не направи среќни.
Сакај ги и останатите, и во животот знај дека е многу лесно да бидеш нечовек. Тешко е да бидеш добар човек. Тоа не се учи. За да бидеш добар ќе мораш да надминеш премогу препреки, ќе те сметаат за смотан, наивен се поради она што би дозволил да ти се случи затоашто си добар. Ти биди силен истрај, и немој никогаш да те водат парите, биди оној што беше одсекогаш. Не дозволувај да се оствари она што го кажа Калински „Веќе во фудбалот нема дриблај и подај, во фудбалот се се сведува на онаа старана Добро се продај“.... барем ти биди различен. Промената нека започне од самиот тебе. А многумина ќе те лажат и ќе ти кажуваат се и сешто, ееее ќе видиш ќе ти објаснуваат за пловидбата а никогаш во својот живот сидро не кренале. Не ни помислувај да не ги слушнеш, барем ќе научиш како не треба да постапиш и тоа е некој плус.
Оставив и некоја паричка мали.. да да помисли тато и на тоа.
Во подрумот зад сликата од прадедоти, таму е сето она што го имам оделено. Не е многу али сосема доволно е... иако мислам дека со фудбалот ќе успееш и понатака да си ги задоволуваш сопстевните потреби.
Епа брзи толку од мене.
Остани ми со здравје и живеј убаво на земјава.


http://i.telegraph.co.uk/telegraph/multimedia/archive/00796/kaka127afp_796508c.jpg
 

ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
[FONT=&quot]Златен човек[/FONT]
[FONT=&quot]Ќе те позлатам. Навистина. Ќе те довлечкам до мојот мрачен подрум и ќе те ставам во голем контејнер полн со електролит, ќе ти набутам катода во шупакот и ќе те позлатам со златна катода која се наоѓа во растворот до тебе. Ќе имаш златен шупак, но јас сакам целиот да си позлатен. Некако ќе успеам во тоа, ќе најдам начин да вршам електролиза на органски смеси. Но пред тоа ќе те наполнам со формалин, не сакам да смрдеш на мртво ткиво. Ќе те полнам од сите отвори на телото, тоа во едно ќе те убие и ќе те зачува. Колку држи формалинот нека држи, потоа те продавам на пазар како [/FONT][FONT=&quot]“[/FONT][FONT=&quot]златна[/FONT][FONT=&quot]” [/FONT][FONT=&quot]статуета. Смрди им на твоите нови сопственици, ако некој воопшто те купи. Сакам некој да те купи, сакам да заработам од тебе. Оние кои ќе те купат ќе те намирисаат со парфеми, ќе ти закачат цветни венци околу вратот и редовно ќе ти го гланцат твојот златен задник. Секогаш ќе блескаш со беспрекор, секој ќе може да си го види одразот од твојот златен газ. Луѓето ќе се трудат да мирисаш и изгледаш убаво. Но некој ден ќе мора да се одлучат да те продадат на друг, прежалувајќи те како склуптура и златно огледало, иако не те позлатив за да си огледало. Патувајќи од еден во друг, правејќи целосен пат околу светот, некој ден сите твои поранешни сопственици ќе сфатат дека иако однадвор си златен, одвнатре полека гниеш. Секогаш си велев дека ова ќе го сторам и ете го сторив. Твоите поранешни сопственици во соба заедно со тебе и мене ја ислушаа причината поради која сме зберени овде. Ти си поставен во лежечка положба на маса за аутопсија, но не си во болница. Зошто да си во болница кога оддамна не си жив. Ти си кај мене во подрумот, истиот подрум во кој те позлатив , но сега не е мрачен, има осветлување. Те сечам со пила по вертикална оска на симетрија, полека го поминувам златниот слој. Твоите бивши сопственици чекаат со нетрпение да видат што навистина се крие под тој златен слој. Додека вложувам пот и крв во твојата дисекција, тие ги следат сите мои постапки со ококорени очи. Конечно те расеков на два дела. Внатрешноста ти беше празна, навистина немаше ништо. Сите претходно претпоставувавме дека ќе најдеме нешто изгниено, со црна боја, барем некоја коска или нешто што претходно било органска материја, но беше празно. Јоните на злато се тука, оформен е златниот слој, но врз празнина. Ова е невозможно. Ти беше човек како сите нас, те позлатив, почна да гниеш, те пресековме на два дела и откривме дека те нема. Го оставаме твојот пресечен златен оклоп да лежи на масата. Јас ја гасам сијалицата и излегувам од подрумот заедно со твоите бивши сопственици.[/FONT]
 

ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
[FONT=&quot]Хималајскиот ибекс стои со горд став на работ од камена плоча, со своето крзно го победува студот. Ибексот ја набљудува околината , тој е единственото живо суштество. На ова исто место години подоца орлица изградила гнездо. Седи над своите неиспилени орелчиња и ги чува од студот. Се тече, се се менува, после орлицата дојде тибетански монах. Лотус во снег, остана во самади. Зрачи топлина која го топи снегот. Поминаа 7 дена и 7 ноќи и тој изгуби надсвест. Стана и си оди. Сега ти си на ова исто место каде сенките на минатото уште интерферираат една со друга. Ибексот, орлицата и монахот околу тебе. Твои водичи низ ладните хималаи, но ти не сакаш водство. Стоиш еден чекор пред нив, но и еден чекор поблиску до паѓање од работ . Под твоите стапала е дол во кој може да паднеш. Си мислиш дека падот е бесконечен. Помислата дека си на раб од кој на еден чекор си кон бесконечен пад ти го покачува адреналинот во крвта идишеш забрзано. Не ти е мило да паднеш, но тоа те возбудува. Мислите почнуваат да ти летат на сите страни, губиш контрола и се што сакаш да направиш во моментот е да извикаш: ЕХО![/FONT][FONT=&quot][/FONT]
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.402
Поени од реакции
25.262
Јави ми се... (од циклусот глупави приказни)

Беше 31 декември 1999 година. Главниот град беше цел осветлен. Луѓето беа растрчани насекаде. Некои носеа огромни торби со поклони, други шетаа за рака фатени со партнерите а некои трети ѕиркаа во кој кафич има слободно место.
Ако некој поминеше низ големиот плоштад ќе помислеше дека цел град дошол тука. Тоа е така било отсекогаш и секогаш ќе биде. Да одиш по кафичи, мислиш сите луѓе одат таму. Да одиш во дискотека, мислиш сите луѓе одат таму. Да излезиш покрај кеј, мислиш сите одат таму. Да одиш да погледниш како е на гробишта, мислиш сите умираат.

Ноќта на 31 декември 1999 година, во Државната болница во одделението за Гастроентерохепатологија, во една мрачна соба со два нечисти кревета и прозори со спуштени завеси, лежеше еден човек. Имаше виткана коса, околу 32 години и беше прилично слабичок. Во едната рака имаше канила и на канилата беше закачена игла поврзана со инфузија. Лежеше исцрпен и беше многу жеден. Помислуваше како е најлудата ноќ во годината да ја поминеш целосно осамен. Беше околу 10 часот и 30 минути кога последен пат го погледна часовникот кој го чуваше на масичето до креветот. Во собата беше сам затоа што некој кој лежел на другиот кревет си заминал уште сабајлето. Раскажувачот не го знае името на тој што си заминал, а богами и на човекот кој уште лежеше тука. Можеби и го знаеше, ама не сакаше да го каже, а не сакаше ни да каже некое измислено име затоа што обично повеќето од измислените имиња се глупави и неадекватни за некоја приказна.
Ноќта на 31 декември 1999 година низ ходниците и низ сите останати соби беше тишина. Целата болница беше како напуштена, па мислиш дека дури и дежурните сестри и лекари од толку мака што не можат адекватно да ја прослават Нова Година, избегале од должност.
Негде околу 11 часот се слушна некој глас и тешки чекори низ ходникот. Во собата број 15 каде што беше сместен нашиот херој, влезе човек облечен во костум од Дедо Мраз. Праша дали да запали светло, и кога човекот што лежеше потврди со главата, овој запали.
- Синко, што сакаш Дедо Мраз да ти донесе за Нова Година? - го праша Дедо Мразот кој се држеше за вештачката брада да не му падне.
- Сакам да си одам дома и да си ги видам децата. - полека и со многу тешкотија одговори слабиот човек.
- Како се викаш ти синко?
- Сашо. С... - немаше сила да го изусти презимето.
- Да правев чуда, од срце ќе ти ја исполнев желбата што ја сакаш, ама синко, можам да направам барем нешто друго. На ти неколку весници и списанија, разлистај ги. - ги изваде од големиот црвен капут кој сигурно му беше барем 3-4 броја поголем.
На слабот човек со глупаво име кое сега навистина не е измислено почна да му се врти. Претпоследното нешто што го виде беше како Дедо Мраз ги испушта весниците од рака и му паѓаат на подот, а последната работа што ја слушна беше како Дедо Мраз викаше по дежурниот лекар и се стрча низ ходникот.

Беше 31 декември 2009 година. Низ една полупрометна улица во Главниот град се шеташе дечко облечен во костум од Дедо Мраз. Застана пред маалскиот дуќан и почна да пее песни. Беше негде околу 11 часот, остана уште еден час од старата година. Во една од куќите до дуќанот живееше еден човек со малку падната коса, беше малку покрупен и имаше околу 40 до 45 години.
- Смени друга телевизија. - и рече тој на една постара жена која седеше до него и сигурно беше неговата мајка.
- Децава заминаа, сигурно сега се негде по кафичиве и се гладни. - рече старата жена додека бараше интересна програма.
- Нивно време е, нека го проживеат и нека не го фрлаат залудно, јас го потрошив цел мој живот, ама барем не го жалам, го потрошив да ги пораснам овие три деца, сам, со овие две раце.
- Ебати малерот. - рече постар човек кој седеше на фотелјата и раскажувачот прв пат го забележа дури откако ги изусти овие два збора.
- Животов е скап, ама ние не си го цениме. Го трошиме ефтино и залудно. Денес се секираме зошто телевизииве се полни со глупости, зошто сите весници се делат на комуњарски и вмровски, зошто луѓето кои до вчера сме ги знаеле денес не ни прават муабет. Дур е така, јас треба да си врзам шамар. Пред 10 години се борев за живот, а денес се навраќам пак на истото; нервирање без потреба. И кај ме доведе тоа? На куров. В болница. И мислам дека никако не научив дека не треба за глупости да се нервирам, ама ај, кажи му на овај будалиов. - се чукна три пати по главата.

Стана и излезе надвор. Беше студено, ја стави капата и се доближи до Дедо Мразот.
- Како се викаш ти дечко?
- Боби. - се исправи тој.
- Знаеш... да те прашам нешто. И татко ти да не беше Дедо Мраз?
- Не се шегувајте господине, нема врска.
- Океј, батали. Јас сакам да ми исполниш една желба. - рече човекот и ја изваде капата. - Сакам здравје.
- Пуф. Ќе го имаш во новава година, нова бројка, секси бројка, не е за зафркавање. - се насмевна Дедо Мразот.
- Иднината е подеднакво заебана како и минатото, драг мој Дедо Мраз.
Се поздравија и човекот чие име го запамтивме и е глупаво, влезе пак во неговата куќа.

- Ова броењево ме убивало отсекогаш. Глупав ритуал. - ја изваде капата и седна пред телевизорот.
На некоја од телевизиите се одбројуваа секундите. 10, 9... Почнаа огнометите, луѓето си честитаа Нова Година. Некои со друштвото, некои со партнерите, некои со своите родители, а некои сами.
Долу на улицата се слушна силно врескање. Луѓето се насобрале пред маалскиот дуќан. Сашо излезе да види што е работата. Дедо Мразот си ги исекол вените.
- Јебемти живот! - извика тој. Беше згрозен од сликата. Неговата омилена фигура - Дедо Мраз, беше извалкана во крв. Си ги исекол вените. Една девојка со шатирана коса и венче, а и можеби некоја потскриена штипка стрча до него и со пискање исчезна подолу низ улицата.
Сашо се качи горе, го зеде мобилниот и му се јави на поголемиот син.
- Те сакам, да ти ебам све да ти ебам. Запамти го тоа и кажувај го на тој што чувствуваш. Луѓето доаѓаат овде и си одат, некои на ваков начин, некои на онаков, некои на сосем трет.
- И јас тато. Среќна Нова Година. - со смешкање врати гласот од другата страна.
- Цени го животов, педерска работа е синко, ама добра работа. Денес си човек, утре си ништо. А денес да беше ништо, утре немаше да можеш да бидиш човек! Ебати животот, не го цениме. Мора нож до коска да дојде за да си ги тресниме главите од земја.

Денес е 4 јануари, 2010 година. Низ таа улица во Главниот град сега е тивко. Луѓето се сеќаваат. Пред маалскиот дуќан уште има траги од крв. И да поминеш и денес има неколку траги од крв. Раскажувачот уште не ја најде девојката која помина низ Сашко таа вечер. Можеби таа не сака да го открие идентитетот. Можеби таа направила лоши работи во животот. Секој прави лоши работи ама Божиќниот дух полека го стигнува и сака да се покае и да побара прочка.
Не е тоа карма, тоа се работи за кои ние самите сме криви. Тоа е некој невидлив морал, некој кој Господ знае да го постави токму тогаш кога треба и кај тој што треба. А за тоа што ни се случува нас, самите си сме криви.
Денес е 4 јануари 2010 година. Утре можеби девојката со шатирана коса повторно ќе помине низ таа улица па раскажувачот ќе ја запознае и ќе ни раскаже и за неа.
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Каде си ?



Никогаш не се помирив со самата идеа дека те нема , дека повеќе не си тука.
Твојот парфем сеуште го чувствувам исто како што го чувствував во твоите прегратки , во твоите нежни раце.
Гласот твој ечи во тишината , приказните кој толку нежно и искрено ги прераскажуваше додека јас седев и несакав ниту да трепнам со страв дека ќе заспијам со чувството на прекрасна меланохолија. Ечи со звукот на иднината која ти ми ја ветуваше , подобрите времиња каде ќе го добиеме тоа што го сакаме , каде ќе добиеме се што сакаме.
Ми велеше дека нашиот живот е како темна соба . Се наоѓаме во темнината , во неповратот , вечноста. Најпрвин сме збунети , неснаодливи и неподготвени да се соочиме со светлината . Чекор по чекор ја градиме самодовербата , доаѓаме во допир со нештата што не опкружуваат , добиваме една привидна слика на минимална светлина и започнуваме да ја чувствуваме слободата.
Часовникот неможеме да го видиме , нити времето е важно кога сепак изминува , неможеме да направиме ништо , посилно е од нас.
Трудејќи се да го сопреме текот ние само се губиме себе си во таа соба , остануваме запоставени во темнината .
Тие кој сватиле дека неможат да променат ништо во оваа соба , дека оваа соба е фикциона , претходно поставена и предодредена продолжуваат. Го занемаруваат звукот на часовникот и продолжуваат понатаму.
Најчистите и најискрените стигнуваат до другиот крај на собата гордо , со крената глава . Го вклучуваат светлото кон кое треба да се движат .
Таму каде што они се движат е вистинската светлина , таму , надвор од собата.
На сето тоа ме научи ти , на сето тоа ме потсеќа твојот кармин на мојот образ и празнината во плакарчето за чевли.
Сеуште ги слушам твоите последни стапки во далечината , на скалите. Одмерени , ритмични.
Сеуште гледам низ прозорот и чекам да се вратиш .
Но тебе те нема. Тебе сеуште те нема.
Ти , ти си мојата болка.
. Ти си звукот кој продолжувам да го слушам во мојата глава. Звукот кој продолжувам да го слушам иако не е присутен. Звукот со чиј тек јас знам да заплачам , да оставам солза да се тркала по мојот образ , солза која ќе го допре подот.
Ти, ти си мојот часовник, но јас , јас несакам да те оставам.
Би останал во темнината се додека чувствувам како си дел од мене.
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
ТЕМНИНА...

Ги отвори очите... Темнина... Зарем вака требаше да го поздрави новиот ден, со густа темнина до кајшто окото гледа? Помисли дека можеби уште сонува, но не; ја почувствува болката кога силно се штипна. Не му беше јасно, но потсвесно како да знаеше дека, можеби, самиот тој е изворот, причината за оваа црна дупка и мртвата тишина во неа. Само на моменти слушаше, или барем си замислуваше дека слуша, пригушени врисоци, болни крици, кои доаѓаа од некаде далеку, а потоа нагло замолкнуваа. Проба да ги занемари, ги затна ушите... Но така одекнуваа уште посилно, како да доаѓаа од неговата глава. Проба да се движи, лево, десно, напред, назад... А тие упорно како да доаѓаа од некоја централна точка во тој мрак, кај и да се движеше, го следеа во чекор, го прогонуваа. Почна да станува нервозен, првите капки пот се јавија на неговото чело. „Не, дефинитивно не сонувам“, помисли, кога се забриша по челото со единственото шамивче кое знаеше дека му останало во џебот. Но, кога ја спушти раката, имаше што да види. Во таа мртва тишина, шамивчето беше кристално бело, а на местото кајшто го избриша челото од потта, осамнала црна дамка, како истурено мастило. Ја гледаше дамката, стоејќи здрвено неколку минути. Што е, зошто е, од каде е, дали нешто значи? Но одговорот на овие прашања не можеше да му ги каже никој, зашто и онака беше сам; ако не ги рачунаме криците, врисоците кои се’ почесто беа причина да посегнува по шамивчето во џебот за да ја бриши новонастанатата пот. И секојпат, истата, црна дамка на белото шамивче. Почна да го фаќа паника, почна да мисли дека можеби оваа темница се протега на илјадници километри од него, и дека е сосема сам во неа. Но зошто, што беше причината? Погрешил ли нешто, некому? Почна да трча, недефинирано, се чувствуваше како да оди по провалија. Таман ќе помислеше дека истрчал многу, ете ги повторно, гласовите, пригушени и болни како и дотогаш. И така, по ист шаблон, 10, 15, 20 минути... Се’ додека нозете не му откажаа, и колабира на земјата, за која не ни знаеше дали е вистинска во целото тоа црнило. А тие, криците, се’ повеќе и повеќе се доближуваа до него, и за првпат звучеа се погласни, и позаканувачки. Но му беше гајле, и онака веќе немаше сили за да стане, да проба повторно да бега... Беше залудно, почна да се предава во таа мртва атмосфера, а единствен знак за живот, покрај врисоците, беше бавниот пулс на неговото срце... Ги затвори очите, и се’ што осети е како некоја надворешна сила, надворешна моќ, влегува во него насилно, го парчосува неговиот граден кош... И одеднаш, мртва тишина, од гласовите ни трага ни глас, а него му остана да се препушти на дремката која полека, но сигурно, му стануваше господар во овој темен замок... Несвесен дека сета таа црнина произлегуваше од неговата сегашност, а криците од кои не можеше да избега, а на крајот повторно го заробија, беа лузните од неговото минато.
 

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Ако некој го интересира да го разбере крајот на ова што ќе го напишам сега клик тука
...

A love letter

Гимназија Јосип Броз Тито беше мојата одлука за средно образование. Дојде и четвртата и последна година од неговото изучување. Последна година со најдрагите, со кои по цели денови, цели четири години сме дремеле (или не сме дремеле) на час. Последна екскурзија. Ни наближува и матура.
На последната екскурзија бев решена да отидам по секоја цена, макар и без најблиските другарки кои не беа во можност да дојдат ...
Дестинација - Италија. Всушност имаше цел пакет места за посетување, ама мене лично Италија ми беше цел. Лидо ди Јесоло, Венеција, Верона, Милано.
Ќе ги занемарам здобиените воздишки од наброените локации и ќе се посветам на целта.
...
Верона.


Североисточна Италија. Преубаво гратче со многу знаменитости. Величенствената Арена, плоштадот `Ербе` ..Куќата на Џулиета и легендарната приказна за Romeo Montecchi и Giulietta Capelletti.
Се започна кога незаборавниот водич Николче ја почна легендата за Ромео и Џулиета при влегувањето во нејзината куќа.
Веднаш ја забележав специфичната градба на куќата. Преубава, восхитувачка глетка. За момент како да ги заборавив претходно видените официјални и крајно гламурозни продавници на Долче и Габана, Луи Витон кои ме оставија без здив..


Куќата беше обвиена со зелена ограда, а долу стоеше и нејзин златен споменик, на Џулиета, за кој постои посебна легенда.
Се вели дека ако ја допреш нејзината града (онаа која е соголена) и замислиш желба, дека ќе ти се исполни. Наводно, како што ни кажаа. Тоа и баш не го испочитував. Имаше нешто друго во целата посета што ме фасцинира.
Влезот на куќата на Џулиета.
Уште додека влегував ги забележав сите чудни, но слатки ливчиња хартија кои стоеја залепени за ѕидот во тоа мало тунелче. Имав слушнато,но не ја знаев точната легенда што постоела зад овие илјадници ливчиња, па ме заинтригира и започнав да си го слушам внимателно драгиот ни водич.
Никола ни раскажа дека сите посетители кои секојдневно доаѓаат тука ги оставаат слатките писменца. Зошто? Затоа што се верува дека личноста која ја сакаат или сакаат да бидат со неа треба да ја запишат на лист хартија, да го запишат нејзиното име и да го залепат на ѕидот. И единствениот начин на кој тоа функционира е ливчето да биде залепено со мастика. Се верува дека таа љубов гарантирано трае ВЕЧНО, па веројатно и е возвратена. И тоа навистина се случувало !
Толку многу ме убедија дека тоа е вистина, не знам ни самата како толку брзо поверував на една обична легенда.. но веднаш тргнав во потрага по мастика како обезглавена. За среќа пред тргнување од Скопје имав купено една тетратка и пенкало, бидејќи си имам обичај да чкрткам или пишувам песни кога ми е досадно..а ме очекуваше дооолг дооллг пат. Се сетив на тоа и го отворив ранецот и за среќа сум ги понела.
Се израдував како мало дете. Додека другите се сликаа со голоградата Џулиета јас бликав од среќа. Брзо ја џвакав мастиката, за да не дојде време да си одиме..
И јас имав некој да запишам.
Зокиче. Денес моето Бубче, моето најмило за кое искрено порано не верував дека воопшто ќе биде мое. Затоа што не ми беше верно дека постои таков човек.
Се запознавме официјално на мојот роденден, ми го подари најубавото точно по 00.00 ... себе. Ми го подари првиот бакнеж пред една црквичка во Ѓорче. Да, дојде дури дотука за лично да ми честита. Никогаш никој не направил ништо позначајно за мене. Бев исполнета и денес му благодарам за инвентивноста и оригиналноста. Таа средба никогаш нема да ја заборавам.
Се плашев само за едно во тоа време.. дали ќе стасам јас навреме назад од Италија за неговиот роденден. Денот на враќањето беше негов ден. Успеав, но уморна бев приморана да го видам наредниот ден. Се плашев затоа што планирав јас да му подарам нешто значајно, искрено и од се срце. Признавам, долго се мислев што да му купам од Италија. Се видовме неколкупати и не го знаев баш најдобро.. Знаев само дека ми недостигаше многу, не знаев зошто, но не сакав да признаам, затоа што се плашев од неговата реакција. Што ќе си каже? Сигурно дека сум некој фрик... -.-
Знаејќи дека Милан беше негов фаворит, а јас ко случајно се најдов баш во Милано решив оттаму да му купам шалче со ознаката на омилениот фудбалски клуб. Без загрижена и дали ќе имам време, дали ќе најдам, но официјалниот фудбал фан-клуб ми беше пред носот. Во Милано, минувајќи низ Galleria Vittorio Emanuele Due. Уште едно величествено место со трајни сеќавања во мојата глава. Му го купив шалчето и бев пресреќна. Потоа го изненадив со уште една честитка од граничниот премин Словенија-Хрватска, а и смс-пораче што му го пратив (се надевам) прва.
Многу ми беше мерак да му го купам шалчето. Бев свесна дека можеби и ништо нема да биде понатаму од нас или да трае којзнае колку долго, но имав желба и го сторив тоа од се срце :)
...
Да се навратам назад во Верона...
Џвакајќи ја брзо мастиката, го зедов пенкалото во рака.. прашувајќи се дали забегав што го правам ова? Не сакав да се пошегувам со легендата, бидејќи навистина поверував дека се остварува... Тогаш не знаев зошто, но почувствував дека таму на ѕидот треба да стои неговото име. Ги запишав тие две имиња .. Нашите.


Ми изгледаше многу празно..две имиња како стојат едноставно, без никаква шарена боја на еден лист по квадратчиња. Па си зедов за слобода да го украсам со неколку срциња :) Хах.. како звучи како да бев во облаци. А кој знае дали не бев ?
Истрчав назад кон ѕидот кога конечно го завршив писменцето и барав место каде да го залепам. Немаше место меѓу илјадниците шарени заљубени парови, но сепак најдов...И денес се надевам дека сеуште стои, читко напишано, со големи букви ..Зоки и Маци.
Ја ставив мастиката оздола и го залепив за ѕидот. Апаратот ми се расипа насред екскурзија и криво ми е што не успеав да го сликнам ливчето. Си помислив : Еј, можеби еден ден би можела да му го покажам на Зоки. Се надевав, но како и да е не успеав да извадам слика.
Би отишла првиот момент кога би можела да отидам таму. Уште веднаш..Само за да го видам тоа смешно ливченце. Но, би отишла со него. Сега со моето Бубче, за кое се борам да остане мое..затоа што искрено си го сакам.
`Oh Romeo! Wherefore art thou Romeo?`
Нашата приказна навистина испадна како Ромео и Џулиета...Само јас и ти знаеме зошто.
Те сакам. Премногу.

 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Нежно го спушти преполниот куфер на прагот од вратата и за последен пат фрли поглед на просторијата во која долго време престојуваше.
Му навираа сите спомени поврзани со неа.
Лесно се врзуваше за лица,предмети и места.Затоа беше толку тешко да замине.

А уште потешко беше да ги погледне за последен пат нејзините светли очи.
Оние кои секое утро го будеа и кои секоја вечер го опиваа.
Сега нејзините очи светеа со посебен сјај, но не оној убав сјај...
Не можеше да го замисли денот без неа и без таа мала просторија.
Но ете дојде и тој ден кога мораше да го направи тоа.
Тишината беше погласна од било кога а и неговиот куфер беше потежок од било кога.
Замина со истото со кое и дојде, но тежеа спомените и сеќавањата.
Посака да може целиот тој куфер да го остави во некој воз и да го испрати некаде далеку во неповрат.

Но за сега, стоеше на прагот и како и секогаш се надеваше
 

Kajgana Shop

На врв Bottom