S
Sith_Lord
Гостин
Дојде денес Газдата кај нас на средсело. Со широка насмевка, со озарен поглед, со ведри пораки дојде да не погали по нашите глави од пластелин, кои како молкум да ја попримаа формата на неговите благородни дланки.
Твои сме, рековме и го мислевме тоа.
Дојде денес Тој, големиот властелин, Вождот, да ни вети медени планини и реки од среќа, бидејќи нашето време било дојдено.
Поучи не, рековме.
Тој климна, си го прочисти грлото и задоволно ждригна. И одеднаш некој чуден мирис се рашири на ветрот од неговата утроба. Мирис на мажи, жени и деца кои од поодамна не знаевме каде на белиов свет се загубиле. Меѓу присутните затрепери суптилна нота на напнатост, на прикриен страв. Неговата насмевка блесна во сосема поинакво светло. Пред нас стоеше Волк.
И тогаш загрми неговиот глас и силен молк ги зграпчи сите мои соселани.
Слушајте ме Сега, најдраги Мои, за'ржи Тој. Патот е поплочен, оградите се поставени, а околу вас, Бездна!
Следете ме Мене, овчички мои, бидејќи јас сум питом Волк. Јас ќе ве чувам и само по некое јагне ќе земам одвреме-навреме, бидејќи нели- и Волците треба да јадат.
А другите ваши деца, сите ќе сакаат Волци да бидат.
И ќе осамне утро кога на Вас со гладни очи ќе гледаат. Кој ќе ве заштити тогаш?
Еден осамен глас, воинствен и млад, се јави од толпата.
Водачу, јас не те избрав. Со векови живееме овде и сами се чуваме. Постоеше време кога Волкот не смееше да влезе во ова наше трло без да почувствува челична острица на грлото. А денес ве пуштаме меѓу нас. Слободно одите и бирате кревко месо, топла крв и вкусни коски за вашата трпеза. Се нарекувате Водачи, спасители, препородители. А Каде не' водите? А Кого спасувате?
А Кој, кажи ми, проклет песу, КОЈ ќе не спаси од Вас?
Браќа мои, сестри, пријатели, застанете покрај мене! Да ги истераме овие ѕверови со челични чизми од нашата земја црница, бидејќи со наши солзи е полевана, со наша крв натопена и од нашиот чемер и бол во црно обоена! Фрлете ги тие волчји знамиња, тие кучешки копја и мечеви со кои соседот го бркате од вашата нива! Застанете покрај мене и нека бидеме ние бедемот од кој сите волчји заби ќе се разбијат и сите канџи отапат!
...
Сцената се замрзна, векот закрцка и застана, а вие стоите отстрана и сеуште гледате, со рацете во џебовите.
Сега конечно треба да се запрашате. Што е човек на човека? Човек, или Волк?
Sith