Прозни искри

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
сама тука седам едвај преживувам а овие стихови повторно кон тебе посветени
тешко ми е..болна сум имам температура..а пак мислам на тебе
и додека сонував неможев мирно да спијам..
се прашував каде си и со која ли си сега
размислував за нас..дали сум уште една бројка од твоите заведувачи способности
размислував дали тоа што ми го велеше е вистина или лага
сакам да ти поверувам..но гледај што правиш..не ми даваш никаков доказ дека ти значам..
надежна сум..очекувам во некој момент да помислиш на мене и да ми пишеш..но те нема повторно..
немам сили да се борам со тебе..оваа борба е преболлна..а ти којзнае дали знаеш мене како ми е..
дали воопшто те интересира како ми е..дали мислиш на мене како што јас мислам на тебе
нешто ми направи..некоја магија да не ми фрли?Незнам зашто ама ччуствувам како се повеке се одалечуваш се повеке ми недостасуваш..
деновиве не сум чула збор од тебе..а кога би знаел како би се израдувала кога би чула..мислам дека и оваа настинка температура што и да е нема да ја чуствувам зашто ке бидам радосна што си помислил на мене..
три дена ке те чекам..три дена..ако за тие три дена..не напраиш ништо и се остане вака како што е..ке морам да се откажам од тебе
болно ке биде ама ке морам..ке ја трпам болката..таа сигуно ке биде помала од оваа што ја имам сега..
ми недостигаш...неможам да ти кажам те сакам..но можам да ти ги подарам сите бакнежи и прегратки што ги чувам во себе..за тебе..
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Потполно затворена во магичниот круг на давање и земање, не беше толку лошо, понекогаш.Но затворена во сопствените ѕидови на самоконтролата и недостигот од рефлектори е сепак далеку подобра варијанта.Барем во тој вид на изолација уживам во мирот, спокојот ќе се појави некаде на патот, веројатно ќе дојде со мудроста и годините.
Цврстина и фиксност, го уклучуваме агентот за маркетиг да ја контролира штетата и да го подготви новиот план за реализација.„Барбароса“ во фри стајл денцинг.
Морам да мудрувам за по некоја трагична причина случајно разберам дека без зборови е повеќе од роман на Достоевски.Немам веќе ништо да кажам, навистина, кажав се што не мислев и се што чувствував, сега во мене се е благо умртвено.
Свежо тело во ноќта на темната магнолија, жешка е пустината преку ден, но да е благословена ноќта Боже и во тебе почнав да верувам.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.734
Поени од реакции
13.494
Само што стапна на килимот, целиот праспослан во дневната соба доби порака на мобилниот. “Ти благодарам што дојде. Твоето присуство многу ми значеше’’. Се израдува. Почувствува топлина во градите, каменот му слегна од душата. Си легна со мирна глава и заспа.
Утредента не беше на школо. Сабота. Сонцето беше затскриено во тенкиот слој облаци, во розова боја. Се разбуди со голем елан. Скокна од креветот како попарен. Бранот на свежина го погали по лицето. Сакаше што повеќе добри дела да направи тој ден. Му текна. Ќе организира друштво за ноќешното излегување. Скоро сите се согласија на неговиот предлог. Филип, Виктор и Бојана ко едвај и да чекаа вакво нешто... После се јави кај Ангела.
- Се собираме друштво ќе излеземе вечерва во Маракана.
- Фино... А кој с`е ќе биде?
- Па Филип, Бојана, Виктор, Александра, Марија, Дејан и јас. Очекувам и ти да дојдеш...
- Па не знам. Некако шубе ми е... ќе размислам.
- Ај да не навалувам ќе те оставам. Ама јави ми до поручек.
- Ок ќе се чуеме. Чао.
- Чао.
Го затвори телефонот. Малце чувствуваше непријатност. “Ќе дојде’’ - си повторуваше. До тогаш направи многу работи само за да го помине побрзо времето. Прошета до кај баба му која живееше на Водно. И` помогна малку околу чистење на куќата. Таа живееше сама и веќе беше во години. Можеше да измие садови, да испегла, но и беше тешко да користи усисивач. Од кај неа замина кај своите две братучетчиња кои живееја во близина. Се позанимава малку со нив - тоа му беше еден вид лесна разонода. Тие него многу го сакаа. Секогаш им носеше чоколата - можеби затоа. Ах корумпирани ѓаволи. Некаде за ручек време замина дома. Го пречекаа дома таман за ручекот. Додека се враќаше ја почувствува онаа топлина на градите од минатата вечер. Ручаше со голем апетит - впрочем се истроши многу денес. Чекаше малку. Очекуваше повик од неа. Но ко за беља таа не се јавуваше. На крај попушти. Го крена телефонот и и` се јави.
- Здраво. Како си?
- Здраво. Еве добро. Ти?
- Шетнав денес малку па сега одмарам сега. Туку што реши, ќе дојдеш?
- Па не знам... не ми се оди.
- Ајде не зезај. Дојди, ќе ти биде поубаво.
- Па не знам... Некако срам ми е. Не сум многу по ноќните излегувања...
- Еххх немој така... Ти викам поубаво ќе се чувствуваш... Те молам дојди... Ќе ми биде празно без тебе.
- Ќе размислам па ќе ти кажам.
- Добро ама пред излегување да ми кажеш важи.
- Ок. Се гледаме.
- Важи. Чао.
Непријатно се чувствуваше... Некако му се одмили се`. Отиде на попладневна дремка...
Се разбуди 1 саат пред закажаното. Набрзинка се истушира и се подготви. Пак го чекаше нејзиниот повик. Но од неа ни трага ни глас. Го обзеде нервоза. Замина без трага. Чекореше со крупни чекори до самото место. Но имаше ронка надеж дека сепак таа ќе се појави. Се најде со друштвото кај фонтаната. Со сите се поздрави, но со погледот неа ја бараше. Седеше разочарано како да беше отфрлен од друштвото.
- Што си таков?
- Ништо... Нешто лошо спиев...Ќе помине.
- Игор!
Се сврте позади. Ја виде како забрзано одеше кон него. Му се фрли во прегратки.
- А сепак дојде.
- Изненадување! Зарем не заслужуваш?
- Богами е изненадување. Но што така ти текна???
- Оној ден кога дојде кај мене сфатив една работа. Дека сепак има некој кој се грижи за мене. Сакав да му приредам изненадување. И што мислиш ми успеа?
- И тоа како - ја погледа во очите па во усните. Таа ја сфати пораката. Го бакна. Нежно слатко, со затворени очи.
- Подобро е да побрзаме. Забавата ќе почне без нас.
Журката беше супер. DJ-от пушташе убава музика, од Рок до Slow Dance. Баш како што сакаа... По журката заминаа низ кејот. Во ушите сеуште им бучеше од гласната музика па мораа малку да се надвикуваат. Разговараа како одсекогаш да се познаваат. Пред да се разидат тој ја повлече за раката.
- Ти благодарам што дојде... Знај дека вечерва најубаво си поминав во целиот мој живот.
- Знам... Затоа и дојдов. Затоа што ти си единствениот што ме разбира покрај татко ми. Те сакам... Не знам што би правела без тебе...
The end
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Не питај ме никад више зашто невен не мирише,не сечам се то је прича дуга...



Чавките стоеја на гранките...така немо вкочанети со секогаш присутниот продорен поглед.Се слушаше звукот на виулицата која наговестуваше голема тага,а убав ден беше.Рана пролет,кога целата љубов се вгнездува во крвта.
Се скрши сијалицата...седев во темница.Сама.Сите тие луѓе околу мене не им ги знаев лицата,што всушност бараа тие овде?Зошто сакаа виното да го налетаат врз мене?
Имаше само еден глас кој се развлекуваше ама не ,не сакав ништо да ѓи слушам!Избегав од сите тие луѓе кои мојот мозок го направија храм за своите воздишки.




После многу години,еве ме пак.Седам и цврсто се држам за масата,со крик во душата.
Не сум поет,не сум уметник...ниту сум муза.Јас сум обична девојка која незнае како да излезе од целата болка.
Стојам под дрвото под кое пораснав,дрво кое не постои од кога те нема тебе.Целиот восклик и целата разиграност ја нема.Го нема мирисот на јоргованот,го нема мирисот на храната ...па го нема веќе ни снегот од кога те нема тебе.Го нема твојот глас кој секогаш знае да ме реинкарнира во нешто посилно.Ни димот од цигарите веќе не е ист,ја нема истата боја,го нема истиот жар кој никогаш не го гаснеше ти.Нема ни со кого да појдам на фудбал сега ,од кога те нема тебе ни цвеќињата не говорат.И знаеш дека сите праски ги исековме?Немаше кој да и се радува.


Зошто после многу години ми требаа целиот крик да излета од мене.Зошто и пајажина кога ќе видев мислев дека сакаш да ми кажеш нешто?Можеби зошто не успеав јас да ти кажам ништо од она што заслужи да знаеш?
Кога паѓаат звезди знам дека ти ми ѓи пракаш,го знам тој пат...го познавам одјајот на клдрмата,го чувствувам одронот во мене со секоја боја на небото.
Знам дека и сега си овде,знам и дека секогаш ќе бидеш со мене,ама проклето ми недостигаш.





Извини што немавме доволно време за да можам да ти кажам колку ТЕ САКАМ ТАТО.
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Принцезата Људмила

Во еден дворец живеела една принцеза.. Се викала Људмила. Таа била многу убава и сите принцови ја сакале за себе. Но Људмила не сакала ни еден од нив бидејќи по брзо време и станувале здодевни. Не и биле повеќе забавни. Во такви случаи таа го викала дворскиот шут Монси кој бескрајно и бил интересен и луд што многу и било забавно на Људмила, но таа знаела често да западне во депресија и да биде многу тажна. Никој не знаел дека таа порано многу сакала некој принц кој се викал БрухСприз (Барух Спиноза во превод) и кој при борба со некој голем змеј (читај: тепачка в крчма) се повредил и починал. Људмила долго жалела по БрухСприз се додека на еден бал не го видела принцот Бажур. Бажур многу и се допаднал, но тој никако не ја забележувал Људмила поради што таа била многу тажна. Од тој бал поминале две години а од Бажур ни трага ни глас. Сепак Људмила не го заборавила и постојано била у тешка депресија. Дури ни Монси не можел да ја развесели. Гледајќи ја така тажна срцето на дворскиот шут ќе препукнело од тага и дргнал да го најде Бажур незнаејќи за проклетството што лошиот принц Даримир и го фрлил на нашата принцеза: Никогаш да не се омажи за принцот што ќе го засака, бидејќи долги години пред тоа принцезата одбивала дури и да разговара со Даримир (нашки сркал корпа*). И така Монси го барал и барал и барал Бажур и го нашол. Тогаш му ја кажал својата мака и маката на принцезата Људмила, Бажур бидејќи имал добро срце се согласил да се ожени со Људмила бидејчи слушал колку таа била добра, паметна и убава. Трнале назад и се вратиле кај Људмила која кога го видела Бажур била пресреќна. Целата околина почнала да се спрема за свадбата на принцезата Људмила и принцот Бажур. Како свадбен подарок од принцот Људмила добила коњче кое било волшебно и го нарекле Хуго Гроциус (по кое подоцна еден социолог ќе го добие своето име). Се било убаво, но лошиот принц Даримир слушнал за свадбата и додека сите спиеле, на ноќта пред свадбата, влегол во дворецот, го украл Бажур и го однел преку 7 гори, преку 7 планини и преку 7 мориња и го оставил на најмалечкото островче во седмото море. Утрото кога Људмила видела дека Бажур го нема помислила дека тој ја напуштил и повторно западнала у тешка депресија. Еден ден кај неа дошло едно добро џуџе кое се викало Смеси и кое и кажало каде се наоѓа Бажур. Људмила во тој момент не знаела дали да биде тажна или среќна бидејќи иако знаела дека Бажур не ја оставил тој сепак бил предалеку од неа. Еден ден таа шетала со Хуго, коњчето, седнала на една ливада и заплакала од немоќ. Тогаш коњчето проговорило и и рекло да не плаче туку за да го врати Бажур дека прво треба да ја скрши клетвата на Даримир и да го жртвува Монси, односно да се омажи за некој што не е принц.......

Крај на 1виот дел пош неам више живци да пишувам


*ги повлекувам сите понатамошни белешки во загради ради читкост на текстот:pos2::pos2:


 
С

Сатори

Гостин
~*~

~Двојност~

Така едноставно, потполно реално или виртуелно, магично?
Заробено некаде помеѓу соголените дрвја и црните гаврани на моќната и прва самосвест, жртва на примитивните нагони и наводните смирувачки медитации, апсент за добра ноќ.
Стругање по жиците како отварање на последната зандана со чкрипењето на клучот во клучалката која е премачкана со мед.Скоро да заборавив, не, навистина заборавив, енергијата се предава преку нешто далеку поразлично од канџите на опојната музика.
Црни темјанушки и бели рози на патиштата оставени и извезени со традиционални везови, исплетени од звуците на моите некогашни прабаби.
Поклонување на висината на неговата далечна планина, која можеби не е негова, туку е само нејзина.Страшна иронија која со текот на времето ја губи смислата.
И ветерот ги носи геометричките фигури со себе на рацете на воинот кој станал непослушен за да ја допира телесната течност на младата девица, некогаш, некаде во светлото на ноќта и во бурните мисли на Месечината.
Двојност.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Мислиш дека може да постои некаде, било каде, апсолутен мир и неподвижност? Можеш да оставиш просторот да ја исцица твојата живост, но стрелките на часовникот ќе продолжат ад се движат. Понекогаш не можам да го поднесам нивниот тик-так звук, ми доаѓа да го искршам часовникот, но времето нема да запре.
Знаеш, ние сме како двете стрелки на часовникот, како часот и минутата, се приближуваме и се оддалечуваме, се допираме кратко, навидум случајно. Бавни сме и двајцата како да ќе имаме цела вечност да тиктакаме и да уживаме во оние слатки мали контакти. Вртиме по иста оска, ги минуваме истите патишта, но во различно време. Кругот е тој, Скопје е наше. Мислиш на мене нели? Те чекам. Зошто сакам да ме привлечеш кон себе и да продолжиме заедно, па макар и да прекршиме законот на часовниците, наречи го тоа едноставно борба против клишето. Само...кога ли ќе започне нашето време?

П.С. Напишано под обземеност од тик-так звукот во тишина. :)
 

Dadence

sweet devil
Член од
3 февруари 2007
Мислења
390
Поени од реакции
2
Јас и ти

Кога времето и звуците ќе го допрат својот пат, птиците ќе пискотат на голите гранки во ноќта, јас ќе се изгубам во далечината на звукот и ветерот кој некогаш ги вееше нашите сомнежи, нашите копнежи и музиката. Не треперам за чувството, ќе плачам за снегот кој се топи во срцето на малдоста и убавината. За пејсажите на морето и брановите, за солзите и мислите кои можеби ќе те допрат. И кога допирот ке се топи во постелата, сонцето возвишено ќе ги топли силуетите на овој студ. Во маглата на душата ќе се сретнат две мисли и ќе го прегрнат своето битие, за да бидат заедно барем за миг. Миг кој ќе биде еден вечен спомен на времето, хоризонт на погледот кој ќе сретне своја вистина и ќе патува.... ќе патуваме и ние како птици преселници, барајќи ја онаа поинаква насмевка, мила... Бурата не предизвик и силно доживување, светлина која плачеше за едно остварување, за посакувањата и ѕвездите, за соништата кои можеби никогаш нема да исчезнат.... а ќе исчезнеме ние во ова време и простор, во бидувачкото кое можеби не требало да биде...

Време на меѓучовечки односи, врски и разлики. Но пред се разговор и другарство кои вредат многу.Убедувања и ставови кои тешко се менуваат. И тука останува едно отворено прашање, дали ова влијае на личност која е способна да расудува за себе.
Во сенката на мракот, во окото на една мала слатка радост, живееме за да бидеме заедно, да го пронајдеме она што можеби веќе го имаме...
Низ времево се прашувам која е вистинската формула до среќата, но можеби брилијантна е идејата за делумна послушност и чувствително размислување. Кога еден поглед значи многу, а една солза уште повеќе... И Мартин Идн почнал да пишува кога бил тажен и неможел да го добие она што го сакал.... А јас една мала збунета капка од морето се обидувам да ја пронајдам вистинската насока, во која ме запираат или со мене чекорат многу луѓе. Но ова не е Дантевиот рај, чистилиште и пекол со своите кругови, овде нема скалила на добро и зло, овде нема предрасуди. Во животот единката се среќава со предизвици и луѓе поврзани со нив.
Најпрво здогледуваш една фигура, очи кои зборуваат за себе и животна определва која доаѓа сама....
Во оваа можеби и по малку контроверзна идеила избрав различен објектив преку кој јас ке ги редам кадрите, можеби без прецизна хронологиија, но сепак со убави хермонки тонови, бои и ентериери, луѓе, осаменост, интимност....

Што си?
Дали си човек, ангел или ѓаволот лично????
Ах ти!!! Личноста која знае да ми го земе воздухот за 7 секунди...ти оној за кој има навистина што да се каже... Ти оној кој знае да направи многу, да бара, но и да даде во вистински мигови. А тие мигови можеби некогаш после илјада години ќе успејам да ги избројам или можеби раскажам. Можеби некои ќе останат тајна или изгубена недореченост во ветерот. Во обидот да се остане рамнодушен кон оваа приказна човекот ја губи мислата и после некое време продолжува да твори, како кога ќе удри блесок од мирно езеро во сончево пладне. А кога сме веќе кај водата, знам дека многу ја сакаш, емотивно те исполнува и одмара, го смирува твојот немирен дух и ти дава можност да размислуваш. А јас, јас сега размислувам како всушност се појави.... со поглед кој прозборе пред ти самиот да го направиш тоа. Бев сигурна дека во фигурата која стои пред мене се кријат неверојатни нешта. Енергија која од самото присуство можев да ја почувствувам. Се прашував дали навистина постоиш или халуцинитам....
Да, тоа си ти суштество кое се храни и и движи, величество кое постои во своите емотивни моменти....

Светлина која стреми кон убавина, живот или смрт во потрега по комбинација, вистина. Блесок кој бескрајно го посакуваме, причина повеќе да се биде бестрашен, искрен и одлучен. Ако времето се менувало, нови правила носеле боите кои секогаш изгледале различно, а сепак сеуште се истите. Но некогаш раскошни, некогаш елегантни, некогаш едноставни и пак претрупано сложени. А сепак тука и предизвикувачки. И тука се поставува прашањето што е навистина убаво? Дали срцето или душата, човекот или природата? Но мајка пожртвувано не створила, помалку или повеќе моќни или свесни за себе. Јас можеби го сакам сонцето и светлината, а ти љубов моја, мракот или мистиката на прибежиште. Светот е некогаш суроб, а од друг агол е розов, зелен или син. Во одблесокот на сонцето, ослепана го гледам она што најмалку сакам да го видам, го барам виновникот, незнаејќи дека тоа сум јас самата.... Мислата, грижата која живее во мене во ова време на покајание и желбата да се прнајде внатрешна сила, мора да си простам... Зошто ако не си простиш самиот неможеш да очекуваш другите да го сторат тоа. Сакај се себе си, биди јунак.... и победата и поразот не се она што се нарекуваат ако немаш со кого да ги споделиш. А споделувањето е дициплина, дарба која ја поседуваат малкумина...

Кога една виолина ќе заплаче, знај плаче нечие срце, знај дека и најсилниот е тогаш слаб и дека тие солзи се најгорчливи и најболни.... дел од мене некогаш беше една виолина, дел од мене некогаш беше ти, единатвената музика која сакав да ја слушнам, единствените очи кои сакав да ги видам, синило кое ме водеше до бескрајот. Еднаш ми рече дека нејкеш светкава фолија зошто премногу блеска, но и дека нејкеш солзи зошто и тие блескаат по моето лице... ама заборави, ги заборави сопствените зборови, ги одбегнуваш луѓето, се спотиснуваш себе си. Го заботаваш денот за да се изгубиш во ноќта. Ја забораваш сопствената виолина за сопственото срце. И кога звучите немо ке ти покажат колку грешиш, ти повторно ке избегаш од местото на сопствената судбина. Местото кое денес ти изгледа премногу вистинито или те плаши неговот совршенство. Хармонијата е неразделлив дел од музиката, а ние, луѓето сме сами по себе музика на сопственото срце. Иако некогаш не сакаме да ја слушаме, се плашиме од неа, од самите себе си. Можеби оваа солза е само една онота од оваа музичка реченица. Но сепак значи дека постои една мала искра кој апатува кон скришните прибежишта. Знам дека длабоко во себе се си кажуваш, понекогаш можам и тоа да го видам. Да видам еден поглед кој плаче во себе како мојата виолина.
Кога сонот ќе се претвори во музика тогаш ти ќе бидеш фронтменот на овој бенд.....
А кога ме погледна со солзи во очите помислив дека ќе се стопам. Дали тоа сепак значи дека не сме од камени постојат емоции или можеби длабоко во себе посакував да те утешам, да те прегрнам, а не смеев да го сторам тоа не смеев да те допрам....

И тогаш е можеби право време хероината да се збогува со својот љубен, само поради тоа што открива во себе дека е предодердена да продолжи понатаму кон своите соништа... а нас само ќе ми остане да замислиме дека некаде далеку одовде патиштата повторно ке се вкрстат....

Ги погледна авионските билети и рече:„ верувам дека ке успееш и знам дека ке бидеш среќна, зошто светот го очекува твојот потенцијал, а нашиве граници се премали за тебе„. Нож ме бодеше во срцево, во далечината на сликата на сликата чувтвував празнина, очите ми беа полни солзи, но те прашав: како ке знаеш ако не си таму?
На маста над црната книга која никогаш не ја отворив стоеја два билета,а ајас патував сама.. Тоа беше тажна разделба, со многу солзи и погледи кои искрено признаваа дека грешиме. Но ние не го сторивме тоа. Дали поради сопствената гордост или можеби слабоста да му се изменат соништата на другиот. Знам дека сум среќан со сознаниот дека си среќен ти и додека си среќан мена да признаам дека сеуште очите ми се во солзи. Можеби, а можеби и не и ти пред да заспиеш помислуваш на мене....
Зошто утрото е малдо и со идеи, пладнето е полано со труд и достигнувања, квечерината кога сонцето не бои во пурпур им се насмевнуваме на успесите, ја наоѓаш празнината во ноќта кога нема со кого да ги споделиш миговите, сеќавањата, радоста, солзите или соништата. Тука некаде е само шепотот на старите песни кои секогаш не правеја едно, гитарата која со години плаче во аголот на собата. Можеби и заминувањето не е толку далечно колку што се далечни мислите.

Човековата личност и нејзиниот најголем идеал, слободата.
Да се влезе низ тесната врата значи да се допрат сопствените длабочини и во нив да се најдат сите значења на приридата и човекот во неа.

Јас човекот кој е изгубен во потрагата на вистинското себе.
Јас човекот кој е потиснат да признае дека треба да е сакан.
Јас човекот кој се плаши од мракот на сопствената душа.
Јас човекот кој бега од љубовта на сопственото срце.
Дали навистина постојам?
Дали го чусвтвувам овој свет или тој мене?

И кога конечно пронајдов утеха во дождот и кога конечно почнав да заборавам, престанав да се надевам. Повторно нешто се случува, нешто повторно светка во темнината.. Дали секогаш кога ке се откажеш нешто мора да се случи? Дали се е залудно?

Сите живи нешта некогаш умираат. Но енергијата е вечно заробена во просторит и осудена да се претвара од една во друга форма... Дали чувството е енергија која се претвара од радост во тага или можеби обратно? Дали сите ние сме заробени во вечниот лавиринт на преобразба?

Заминувам... ја затварам вратата, солзите ги голтам длабоко во себе и се обидувам да се разубедам дека сега навистина ке издржам. Ќе бидам борец, ќе ги надминам мислите, сопственото срце ќе го убијам ако треба.... зошто ова е она што сум, и тоа е се што знам, а одбрав да живем....патот продолжува.....
Но до кога?...


во инспирација на песните од Кајгана радио....
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Љубов...
Истовремено немоќ да го видиш она што ти е пред очи, а истовремено и моќ да полеташ до небото(дури и до седмото)и назад. Во нашиот случај беше како да леташ до сонцето, занесено си леташ со раширени крила и немаш гајле...Се` додека не сфатиш дека твоите восочни крила наскоро и сосем ќе ги снема, а ќе ти остане само една насока - надолу. И кога ќе видиш колку е долг падот за надолу ќе посакаш никогаш да не го направеше она искачување нагоре.
Отсекогаш сум се обидувала да извлечам позитивно од негативно, но понекогаш...Се каам...и толку си ми одбивен...Можеби те мразам? Не, не можам да ти простам. Којзнае, можеби затоа што не знам дали некогаш ќе можам на себеси да си простам.
Сеедно, сега само сакам да те избришам. Поточно кажано, заменам...

ПС. Напишано после пар текили и скокови врз изгазен лимон.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

~Најмила~

Драгоцени се твоите мисли најмила, додека сонувам дека се сум заборавила, дека повеќе не се сеќавам на долините прекриени со злато и реките од мед.Земјата на сонцето во утробата на некој што одамна го љубев.Сега е зима, не би успеале зрната дури и некој да ги посади, земјата не е ровка, а и водата се претворила во мраз, кога не знам, не сум забележала.
Повторно се враќам назад низ времето, туѓо време, ама сепак е сопственост на мојата душа и скоро да се плашам од тебе најмила, а никој друг не ми е толку близок како тебе.
Сите црвени допири полека се губат во водата, сите прегратки толку пати прераскажани во различни верзии ја продале вредноста, а сознанијата, бакнежите и прегратките, болат што некој веќе им ја одредил цената, без воопшто да ме праша, дали срцето ќе продолжи да чука, после сите тапи удари.
Најмила, зарем веќе не сме и двете мртви?

В.Бојковска
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Си беше еднаш еден Крумче.Крумче беше сосем обично,секојдневно младо момче,четврта година во локалното училиште за технички занаети-отсек Столар.Си имаше номален,убав живот,полн сонце,другарчиња,девојче кое си го сакаше и се што едно нормално младо идно столарче би имало за да не му текне да бара повеќе од животот.

НО,еден ден на Крумче му се случи нешто неверојатно.Отиде да јаде сендвич во сендвичарата спроти школото.Си нарача седвич со се'.Се накрка убаво и си замина.Вечерта Крумче се уби од повраќање и серење.Го однесоа на доктор и таму му кажаа дека има труење.
Од тој ден натаму,Крумче веќе не е Крумче....Крумче е САЛМОНЕЛА БОЈ!!!

-Крумче остана да лежи во болницата.Му рекоа недела дена најмалку ќе морал да лежи.Прими неколку инфузии,и седум инјекции тој ден,и беше толку изрендан што неможеше ни да оди.
-Но,вечерта,на Крумче многу страшно му се примоча.Пробаше да стиска,но притисокот само се наголемуваше.Знаеше и сам дека нема шанси да мрдне од кревет и дека ќе мора да се случи чудо за да воопшто успее да стане од креветот,а камо ли да отиде во вецето.
-И тогаш,Крумче се претвори во САЛМОНЕЛА БОЈ!!!!
Салмонела Бој стана од креветот.Нешто што Крумче неможеше сам да го направи ни за милион години да ги немаше овие супермоќи.Салмонела Бој почна полека да оди кон вратата.За десет неверојатни минути Салмонела Бој помина неверојатни три метра и стигна до вратата.Но,тука почнаа проблемите на Салмонела Бој....

Ходникот штотуку го беше исчистила чистачката и сега цел паркет беше воден и опасноста да Салмонела Бој се лизне и падне на газ беше голема.А ако падне на избушениот газ,тоа ќе биде крај на Салмонела Бој.Затоа мораше да ја користи својата МОЌ НА ЕКСТРЕМНО ВНИМАВАЊЕ.Полека Салмонела Бој чекореше кон вецето,со страшната опасност од паѓање на газ обвисната на него.Храбро,храбро Салмонела Бој се приближуваше кон победата,цврсто стискајќи се да не се помоча пред воопшто да стигне во уринирачницата.

Поминаа дваесет минути и Салмонела Бој храбро влезе во вецето,полека го извади Салмонела лилт Бој,и храбро се измоча.Тоа беше првата победа од редот на многуте кои следуваат во име на човештвото на новиот херој,Салмонела Бој...
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
И, тема?
Јок тема.
А имаат пчелите душа?
Јок душа.

Не, не, не...види младичу, ти си веќе млад возрасен човек. Свесен си за тоа, зар не? Многу јасно.
Последователно, вплеткан си во нормалните активности на еден млад човек. Пиеш ко смок, зар не? Да спомнеме и маалски дрогаш? Сексуални варијации и заведување малолетнички? А џбарање дупки во законот наместо појадок? Воопшто не се ни сомневав во тебе.
Претпоставувам досега никој не се потрудил да ти ги каже овие недоволни зборови, но, иднината е во твои раце, набљудувајќи го твоето моќно пенетрирање во сите најценети области.
Задоволно климаме, веруваме во тебе момак.
Свеста на овој народ со полно срце и џеб ти ја предаваме тебе!

/
Нема смисла, мораш да ги проветриш емоциите одвреме навреме.
Да ги мењаш, мислам. Тоа воопшто не го намалува критериумот за нивниот квалитет, далеку од тоа, туку ти овозможува да ги осетиш со реален интензитет а да не дозволиш да ти станат секојдневно расположење, сфаќаш? Ќе ја изедев корпата со ѓубре пред саат време.

Искри?
Јок искри.
Само незадоволство од денешното прејадување.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Тојги истури фигурите со различен облик пред мене и ја уклучи штоперката.Незнам што требаше да открие со тоа.Колку сум итар,колку сум брз или можеби колку логички размислувам.Јас не знаев што треба да добијам со нивно спојување.Се плашев да побарам помош од него.Тој само страшно ме гледаше со своите мали очи и ништо не ми зборуваше.
Тогаш реков дека се откажувам,дека сакам да си заминам и дека со мене е се во ред.Но тој веднаш ме прекина и отсечно рече само:
-Неможе.Седи тука и обиди се!
Имаше дебел и матен глас.Како да зборуваше од некое буре.А изгледаше како да е изморен од се.Како да не спиел со денови.
Решив да им се посветам на коцките со различни облици кои стоеа пред мене на масата.Почнав да ги превртувам и дасе обидувам,но ништо не ми успеваше.Сакав само побрзо да завршам се и да ставам крај на непријатната ситуација.
Но тој од мене не се откажуваше.Кога ќе видеше дека она што јас ќе го составев не личи на ништо што постои како пример во реалниот свет ќе ми помогнеше малку.Тоа го правеше толку дискретно,како во просторијата да имаше некој друг освен тој и јас.
На штоперката покажуваше 22,а јас сеуште немав ништо составено.Тогаш повторно го слушнав неговиот глас:
-Што очекуваш од мене?
Јас само молчев.
Тој повторно се јави со својот грозен глас:
-За се сум крив јас,нели,што и да направам?Никогаш не сте знаеле да го цените она што ви е дадено?Секогаш кога не ви оди нешто онака како што сакате веднаш посегнувате по ножиците,за да ставите крај.Размисли малку.Што бараш и што очекуваш и можеби коцките пред тебе сами ќе се состават.И верувај во себе-ми рече животот!
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.734
Поени од реакции
13.494
Реквиемот само што не стапна

Дождот повторно се појави, не оставајќи ништо пред себе, истекувајќи од небото, плавејќи ги улиците, правејќи ги црни како нечистотијата која се беше нафатила по оџаците. Гледајќи низ прозорецот, се присетив на успесите кои до неодамна ги испуштив од рацете... Не верував многу дека ќе успеам... Многу од самодовербата веќе одамна беше изгубена... Погрешен факултет, разочарувања разни, домашни препирки – се` се собра... А тоа подоцна замавна во самодовербата која се сруши како кула од карти. Зачестија градењата на одбрамбениот ѕид, кој не ветуваше многу но, имаше своја сигурност. Затворен во соба, изолиран од светот, дубарав врз книгите, голтајќи ги страниците како незаситен. “Ќе им покажам јас нив дека ме бива’’. Мислите ми беа насочени само кон една работа – науката. И им покажав... Се врати една жичка на надеж во мене... Ги импресионирав со успехот кој следуваше. Но најмногу од се`, бев задоволен со самиот себе... Самодовербата се градеше катадневно, полека но сигурно. А еден ден се случи и нешто во што веќе поодамна изгубив верба. Ја запознав неа – таа во која верував и сеуште верувам, таа која го ми направи светот поубаво место за живеење, таа која докажа дека љубовта никогаш не замира. Иако траеше кратко нашата врска сепак не останав со празни раце. Таа замина но ме остави со истата верба за понатаму. И продолжив...Иако факултетот го запоставив малку, знаев да се избавам од калта. Впрочем бев во многу полоша ситуација од оваа, па пак испливав на површината. Но дали беше тоа така??? Не. Неуспесите почнаа да зачестуваат... Понекогаш се прашувам дали вака требаше да постапам??? но за каење нема време. Life goes on, so don’t make stupid mistakes. Го гледам дождот кој веќе се има наталожено во дупките... Меланхолоијата зачукува пред портите на душата. Зар пак???Не. Saved by the cavalry at the last moment. Го почувствував допирот по срцето. “Не се давам’’
Надежта штoтуку навлезе длабоко внатре недавајќи и на меланхолијата со своите црни мисли да ме запоседне уште еднаш.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Кога флертувате со оптимизмот-ВНИМАВАЈТЕ.Оптимизмот е едно дволично копиле кое секогаш има тенденција да ве ебе во газ на долги патеки.
Секогаш се трудам да ја сфатам поентата на тој нееволуиран ембрионален оптимизам,кој и покрај фактот дека секој ден умираат еден куп оптимисти,секој ден оптимист губи работа,на оптимистка детето и умира во утроба,на млад оптимист ногата му се крши на четири места и неможе веќе да игра фудбал и ќе мора да учи,останал недопрен и суштински еднакво влијателен.
Оптимизмот низ целата постбушава ера на човекот е beacon,камен темелник на кој човекот ја гради својата општествено-духовна иднина.Од него потекнува желбата,амбицијата,љубовта...од него потекнуваат сите оние пориви и емоции кои не е сигурно дека ќе дадат посакуван ефект.ОД него потекнува дури и фантазирањето кај децата,како можеби прва манифестација на оптимизмот,кога тие сонуваат замоци,пространи полјанки,бели коњи,и се надеваат дека еден ден тие ќе живаат на такво чудесно место.
Со првата брунка полна гној на лицето на младичот,тие соништа се веќе минато,па дури и смешни.Сега тој сонува дека ќе биде ценет,почитуван,дека ќе го примети девојчето на кое му го има одамна фрлено меракот,дека ќе го засака како тој што ја сака неа,дека засекогаш ќе бидат заедно,среќни и сите срања од тој тип.ЗА малкумина тоа се остварува,и можеме да им честитаме на правоусмерениот оптимизам.Ама бројката на оние на кои желбите за добивање на саканата и станување шизик не им се остваруваат и тоа пичкуматерински брутално е далеку,далеку поголема.Во најблага мера,тие поминуваат незабележано од околината,девојката не се ни осмелуваат да ја прашаат и со тоа им се кршат сите соништа,ама имаат уште нафта за да продолжат да бидат оптимисти.Вториот можен исход е дека крајно нема да успее во околината и ќе биде иссмеан,по што ќе се повлече,а девојката ќе ја праша,таа благо ќе го одбие,и тој,скршен,ќе се повлече целосно.Кај овие случаи,периодот не регенерирање оптимизам е прилично долг,но сепак не е траен.По некое време тие пак храбро се појавуваат на сцена,спремни да направат одново будала од себе.Третите,и нејекстремните случаи се оние кои не само што нема да успеат во околината,туку ќе бидат и редовна мета на оние кои успеале,и тоа на физички(шамари,фиски,клоци,соблекување пантолони кога субјектот не носи рамки)и психички план(споменување на интимните органи на мајката/сестрата на субјектот во корелација со пенисоидниот орган на агресорот,невкусни шеги со цел хиперболизирање на субјектовите уши,нос,заби,веѓи,пеги,бенки,најчесто поврзувајќи го субјектот со некои карактери кои ги среќаваме на телевизија и кои имаат за цел да не засмејуваат),и како шлаг на сето тоа,после храбриот обид на субјектот да и пристапи на девојката,да добие од нејзина страна силно смеење на глас,или,пу пу скраја да е,израз на гнасење и заминување од видик на субјектот.
Дечките од третиот тип се ебтен наебани копилиња.Мртовци кои цел живот ќе живеат со тие трауми.Понатаму или ќе фатат ќе утепаат едно дваесет колеги на факултет,па ќе си свирнат куршум у грло,или ќе станат готици,ќе се нашминкаат,секој втор збор ќе им биде смрт/болка/амбис/агонија/тага.Оптимизам е многу тешко пак да добијат во било која етапа од животот,освен,можеби на стари години,кога ќе добијат желба да одат на скијање,кајшто ќе си го скршат вратот и ќе умрат мизерно.

Еве да ја земеме првата ситуација во која типот не се ни потруди поштено да биде изруган.Тој сеуште е оптимист.Знае дека е грд како кур,дека е мутав како тој послабиот во Стенли и Олио(Ете,толку е мутав,не му текнува ни како се викаше тој послабиот во Стенли и Олио),и дека нема шанси да успее во светот ако не направи нешто кое само по себе ќе го истакне.Затоа,тој учи.Учи многу.Тој се надева,дека така ќе заврши факс брзо,ќе најде закон работа,ќе има многу пари и ќе фати некоја сиромашна,ама цицлеста Молдавка која штотуку избегала од рацете на нејзиниот СексЛорд Шаќип.
И биднува така.Завршува средна,завршува факс.Потоа оди стажира 4 месеци во една фирма,и таман да му дадат плата-го отпуштаат.Ист рецепт и во втора фирма,и во трета.Веднаш штом ќе му помине периодот на стажирање,типовиве го бркаат од работа.На крај ја тужи последната фирма која му го направила тоа.Фирмата најмува некој адвокат-ајкула,а субјектот некојси Спасе,кој прима клиенти во една продавница за леб.Во судскиот случај,субјектот губи,мора да го плати Спасе,да ги плати судските трошоци,за што,нормално,нема пари,па на крај му ја земаат куќата и фиќото.Скршен,5 години живее кај тетка му.Еден ден,на негови 30+ години,ја гледата жената која како младо грдо дете ја сакал со некој тип плус две деца,типов насмеан,она насмеана,децата насмеани,кучето насмеано.Брзо субјектот се затскрива под некое дрво,оти срамота е љубовта на неговиот живот да го види ваков.Тој е оптимист.Се надева дека,еден ден,сепак ќе најде работа,и ќе стане богат,и ќе му ја земе љубовта на неговиот живот на тоа шимпанзото кое сигурно ја ебе љубовта на неговиот живот брутално секоја вечер и и прави деца.Гарант и му го пуши.И ја тера да голта.Ц Ц Ц.

Субјектот не успева д анајде работа.Четириесет годишен неоженет,проќелавен,станува голем верник.Животот му го посветува на Бога,цврсто верувајќи дека ако Бог не го наградил во земскиот живот,сигурно големи благодети ќе го следат во тој после овој.Така цели дваесет години,по смртта на тетка му и чичко му,сам во станот,секој ден пред икона.Секој ден за Бога.Надвор само за Леб.Во ве-це само за Мочање и Серење....а ако има кондиција и за сениорско дркање,по кое се надева дека Бог не го видел.

Еден ден на негови 60+ години,доаѓа млада дама во станот и му кажува дека станот му е одземен и мора да се иссели поради тоа што се вратиле неговите братучеди од странство и планираат да го продадат.
Субјектот си ја зема иконата од Свети *НекојаБудала*,оди под мостот и таму продолжува да живее за Бога.Секое утро прави екскурзија до најблискиот контејнер да најде храна.Првен пребира и јаде само нешто кое се квалификува како храна,а потоа почнува да јаде се што неговите заби можат да скршат.
Тој знае,знае дека следува нешто прекрасно.Знае дека ова е само почеток.Тој е оптимист и ги чека добрите времиња.Тој е среќен кога бесниот загар почна да го напаѓа и на крај го растргна на парчиња.Тој беше масакриран како оптимист чекајќи го убавото Утре.

Сите ние сме субјектот.Можеби пишував од машка перспектива,со машки лик и можеби прмногу ја користев мојата умрена смисла за хумор и хиперболизирање....ама,упорно стојам зад тоа дека многу многу малку успеваат својот оптимизам да го донесат до оптимален заклучок.Сите ние кои остануваме зад нив,сме само идиоти полни лажна надеж.Затоа,мразете.Јадете,пијте,тепајте,ебете,зем ајте,бидете магаломани,егоисти,ексентрици,агресивни....само така можете да и пркосите на гнасната умереност,на зависноста од надворењшни елементи....на нежниот пасивен оптимизам,чиј резултат е секогаш пред нас....освен тогаш,кога нешто не крвари поради нас,и наеднаш стане реалност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom