Прозни искри

Член од
12 април 2007
Мислења
21
Поени од реакции
4
повторно бура од емоции...плачам...но зошто сето ова?...зошто без потребни солзи...објаснувања...?знам дека си далеку од мене...па зошто тогаш толку се трудам со што ли ја заслжи љубовта моја која неизмерно ти ја пракам....кога само работите би биле поинаку....ох кој ли лажам работите се такви какви со се и на поарно нема да одат.....но јас не можам го сакам....го сакаш ли?...а со што ли тој ја заслужи твојата лјубов????.......со тоа што те измачува??....не не е така ти не го познаваш...зар јас не го познавам па нели јас и ти сме едно..се што ти прави тебе ми прави и мене...зарем мислиш јас сум бесчуствителна??....ама не е така...ти не свакаш...јас не можам да живеам без него...можиш...можеме...зарем не мислиш дека јас твојата гордост...и јас патам по него....и јас многу пати ти дозволив да поминеш преку мене за да бидеш со него.....но не можам повеке...и мене ми се потребни неговите прегратки....неговите бакнежи....неговите додири и мириси....но кој лажам јас...тој е далеку...далеку од мене ......од тебе....... од нас.....мора да го заборавиме....но како??...незнам но мораме да пробаме...ама и тој не сака нас....го почствувавме тоа...се секаваш ли на вечерта помината во хотелот...кога првпат почуствувавме што значи да сакаш и да бидеш сакан...но тоа беше одамна...но сепак беше...знаеш и тој пати исто колку и ние...не тоа не е вистина!!...тој..тој не ни мисли на нас...опкружен со девојки мислиш има ли тој време да мисли на нас.?...ама секој ден не бара?...да тоа му е навика..па нормално е...знаеш ли ти колку години сме со него?....знам....ама сепак тој не сака....не ...тој не заборави..не е вистина.!..можеби така е најдобро...но ти сама знаеш дека то не е вистина......знам но така е најдобро ..далечината убива се па и љубовта...што мислиш до кога тој нас ке не чека да се вратиме дома???....а?...ке не чека знаам....не биди толку сигурна....најдобро е да го оставиме на мира...ако не сака ке не побара...но јас не можам да живеам без неговиот глас...ке мора да се научиме.....ке мора...ке му ја дадеме слободата...не е од наша страна фер..а што со нас....зар не мислиш на нас...мислам...но така е најдобро...ке се снајдеме...ке преживееме... во овој свет со љубов ефтина ....но ние сме само странци овде....знам... но вака со него само повеке се измачуваме.....но тој ни е потпора....ни беше ....не заборавај....не напушти....
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
..На тато

Ноќ..
Предолга ноќ и обвисната тага над мојата душа.

Спомените се враќаат како некоја забавена снимка, која моли повторно да биде видена и оживеана.
А во нив, еден лик толку драг, еден човек чија топлина и љубов сеуште ги чувствувам, иако знам дека неговиот последен здив одамна го издишал..
Се би дала за повторно да го слушнам и почувствувам твоето дишење, на момент да се оддалечам од оваа проклета реалност и да запливам во водите на нешто многу повозвишено каде ќе можам да танцувам со имагинацијата, слушајќи како мечтите творат прекрасни ноти на животот.

Секаде си со мене. Верувај, нема ден а да не помислам на тебе и на тоа колку би било прекрасно да си тука со нас. Знам, знам дека духовно не` исполнуваш и дека на некој начин си тука..Ама јас сакам физички да си присутен, сакам да те допрам, да те гушнам, да плачам како мало дете во твоите прегратки, додека ти ме галиш и ме тешиш, кажувајќи ми за иронијата на животот, постоењето на солзите и големината на искрената прегратка.
Сите зборови се залудни, залудно е се кога не си ти тука, да ме искараш, да ми се насмевнеш, да ме прегрниш, да ме утешиш..
Ни моите крикови веќе не се слушаат.. Полека тонат на дното на душата и се таложат како огромни снегулки. Но не се топат. Остануваат таму до крајот на животот, наговестувајќи дека еден дел од мене умре заедно со тебе.
Останало само малце надеж во аглите на моето срце, кои ми даваат сила за да можам да чекорам понатаму, соочувајќи се со сите тие иронични силуети на животот, кој со своите канџи се обидуваат да ме здробат, без да ми дадат повод зошто толку сакаат да ме имаат.

Се поклонувам пред твојот вечен дом обвиткан со мирис на темјан, кој потсеќа на болната вистина која одамна не сакам да ја ставам пред очи.

Крик. Сега веќе не толку гласен но доволно силен за да ми каже дека не можам да живеам спокојно.

И оддалеку се слуша твојата песна..

...Свирајте ми јесен стиже дуњо моја
јесен рана, нек зазвоне тамбуре у трансу..
Знам да није пјесма ова,
за весеље и сватовац
ал' ја морам чути ту романсу..

 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Сама...Не можам да ја избришам онаа моја зацртана слика за тебе, оној лик кој веќе го нема, но го гледам длабоко во срцево. Онаа слика на нем талкач и трагач по апсолутното. Како птица која шири крилја во затворено, како пијаница со празна чаша...Но птица која се подготвува да излезе од кафезот и да полета, и пијаница кој се готви да ја наполни чашата повторно. Секогаш со желба да ја откриеш сивата нијанса во црното кое ја надвиснуваше твојата ужасна загуба...Загуба која верувам зема дел од тебе и која потресно ја извади рамката од сликата на едно среќно семејство. И ете, твоето детство беше поинакво, ти беше и си поинаков, секогаш криејќи го својот поглед кога се зборуваше за родителите и семејниот живот.
Но, јас знаев, уште како мала, бессилна да го вратам минатото, но секогаш тука за тебе. И знаеш, напати размислував како ќе те утешам ако ете, ми се отвориш. Но ти никогаш не ми проговори за тоа, ниту некогаш ми го искажа своето негодување што си сам, и што се издвојуваш од средината, различен...што си полжавот што ја носи сета куќа на својот грб во еден мравјалник. Според мојата зацртана слика за тебе, секогаш насмевка го красеше твоето бледо лице и ги криеше зргчените усни, што ме бодреше никогаш ни јас да не се пожалам за мојата ситуација. И така поминуваше времето...Те сакав како човек со кој кружевме по наши имагинарни орбити, со кој не размислувавме што ќе биде утре со нас и нашите животи, впрочем ниту сега не би размислувала за тоа ако ти беше тука.
Но не си! И променет си. Дали изби од тебе сета твоја внатрешна огорченост и прерасна во тешка болка? И пак си сам на светот, но ја нема твојата сила да се справиш со болката, дозволуваш насмевката да ти замре, го губиш сјајот во погледот и топлината во срцето. Што остана од тебе, зар се` се претвори само во гнев и омраза кон себе и кон светот?
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Се е толку прекрасно, непроменето. Исто како вчера, како што ќе биде и утре. Небото сеуште знае да биде пурпурно или модро, со полна месечина или безброј мали и светкави ѕвездички. Наутро птиците ја пеат својата безгрижна песна или дождот шири смирувачка музика со секоја падната капка на лимот, гелендерот, прозорецот, колите... Ти постоиш, совршенство во движење, шарм што дише, суштество како ангел. Толку нови мигови, погледи што зборуваат, зборови што молчат и хемија во воздухот. Парфемот од вчера буди планови за утре, а тој од сабајле ме потсетува на цвеќиња... навечер следи мирисот на ванила, тој како твоите усни. Се е исто како и пред една година, можеби и поубаво, но нешто ми недостига. Не се бакнежите, тие ме посетуваат секој ден. Не е ни музиката која што танцува на моите дланки. Ми недостигаат зборовите, бескрајните редови и размачканото мастило. Ја нема тишината во која мојата душа се забавуваше со листот хартија, создаваше слики без да нацрта, создаваше песни без музика.

Да, се е исто...само...
Немам инспирација!
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Каде е вистината во мојот живот?
Некаде под слоевите шминка и црните воздушесто лесни пердуви ставени на очните капаци, тоните стаклести насмевки и слаткиот вкус на овошната салата што ја јадам секогаш кога сум излезена на вечера со татко ми.
Се гледам сама себе преку двојни стакла, се рефлектирам скршено на два дела, но никој никогаш немал сила да застане пред мене и да ми каже дека не сум јас таа што е скршена, само одразот е тој што пати некаде под ноктите на младината.Ѕвездите ми се виновни што се толку далеку, дури на дофат на рака ... бар да имав раце.
Засекогаш изгубена во вртлогот на идеологии и непотребни хипотези, заробена од разумот, осудена да не препознавам емоции кои што сепак ме држат потполно сама во соба полна со влага и мирис на мртви тела, изедени коски потепени во киселната на наводната љубов.Го сакам тој мирис.Остар е, ме потсетува дека сепак сум жива, како сонцето кое што своите зраци ги праќа право низ моите веќе оштетени бели дробови.
Се изгледа како дом, се е веќе изгмечено и прекршено, само лагата останува да ме заштитува како тенок слој алуминиум кој лесно се обликува.
Каде е вистината во мојот живот?
 
Ј

јовица11

Гостин
Доаѓа време кога нашите животи се изложени на крстопат.Во очаен момент мораме да одбереме само еден правец.Дали би останале на патот доколку другите ви кажуваат кои сте и што сакате?Дали би потклекнале?Или би го одбрале сопствениот пат?Секое утро самите одбираме дали ке одиме по новиот пат и ке се предадеме,дали самите ке ја коваме сопствената судбина,или други ќе ни ја коваат...
 
Ј

јовица11

Гостин
Моето име е Јовица Крстевски.Апсолвент сум на Филозовскиот факултет во Скопје.Скопје е само мал дел некаде во светот.Можеби е сличен на вашиот свет.Можеби и нема никаква сличност,но ако погледнет поблиску можеби ќе најдете некој сличен на себе,сличен на мене...Чудно е како нештата можат да се променат додека да трепнеш,или во мојов случај преку ноќ...
 

*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
43
Некој од колегите можеби ќе го препознае "делово" :P напишано на часот по Емоции и мотивација минатиот петок... Темата беше: Очите се огледало на душата :nesum:
"Кога ме погоди таа идеја јас веќе бев длабоко загубена во бездните на едно синило кое везден ме потсеќаше на ведрото небо над овој валкан град кој почнувам да го мразам. И кога ќе ни се сретнат погледите се чуствувам како честичка прав која слободно може да одлета кон најнеочекуваните краишта на светот. Сигурно се сеќаваш на мојот поглед по твоите остри зборови последниот пат кога се сретнавме, на она срамежливо превртување на моите очи под полната месечина која велеше дека доаѓа крај на летото. А каде беше ти кога јас упорно ги барав очите на лагата во пикселите на мојот монитор. Тогаш наместо синило јас гледав црнило, а понекогаш и не гледав ништо поради темнината на просторијата од кај што доаѓаа милион килобајти научна фантастика. И тогаш се сетив дека појасно огледало од твоите очи немав видено, макар и во мрачниве пиксели...
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
---------------------

- Слушам, гледам, дознавам…си почнала сешто да каниш кај тебе. На две-три голтки морска вода, не? Зар не беше некогаш ти само мала сирена?
Како после се да ти верувам кога велиш дека капе нешто во бунарот на твојата длабочина?

- А што знаеш ти за потребите мои?
Што знаеш за нивните здивови?
Единствената топлина што си ја почувствувала била жега од пустински песок на твојот врат. Да, признавам, ми се допаѓа наивноста со која веруваат дека мојот поглед е навистина светол, зависна сум од слатката разновидност на еден ист дух кој моли за љубов!
Но немам време, немам доволно нерви за да ги сакам сите, често мораат да умрат.
- ...Доста. Во едно сум сигурна, немаш ти таква потреба. Сосема доволно ти е да те сакаат тебе. Забележуваш ли? Чадот од цигарите кој ти го замаглува ликот кога те гледаат. Ти ја суши кожата, копнежливо гниеш од неприродните состојки на својата маска.
Не верувај им, тие не знаат, ништо не знаат! Ни дека откако зелените лисја ќе паднат, во нивните желни очи ќе зјапа само сувата кора на повредената вештица.
Водата истекува, морињата се брануваат, се жртвуваат за твојот мир.
Но каде си ти?

-Јас..? Не обидувај се да ме загубиш во своите мисли.
Јас знам, јас често зборувам за себе.
Суди ми, плукај. Испушти ги отровите на сопствената двојна егзистенција врз мене. Но неможам и нема да речам дека сама ќе го прекинам мојот болен круг.
- Точно..
Со секоја совршена насмевка ме потсетуваш дека си сепак само обична проѕирна душичка.
Знаеш да појаснуваш, боиш епитети.
Сакаш големи драми срушени врз горкиот живот.
Ги шминкаш изливите на емоции.
Но сето тоа биднува брзо заборавено, отпаѓа од твојата меморија како стара лепенка.
Всушност немаш зачувано ниедна цврста приказна за себе.
Мислите и патеките на сирените се променливи како бојата на зраците светлина низ призмата на водата.
Бесот мој мине, но ти немаш добро срце, малечка сирено.
Се е во ред, никој не ни би очекувал најкревкиот концепт да го најде својот пат низ овие денови. Прашинките се лепат за влажните усни, а усните лажат и бакнежите гребат, прашинките вдишени се лепат за белите дробови, а белите дробови шуштат налик злобни ветришта. Убавината на најшармантниот безвреден лик.
Не се мери, и не се купува. А тебе постојано ти доделуваат по една златна минута за да ја постелеш пред најмудрите, најбогатите, оние со најкрупни очи. Токму оние сенки кои би понудиле светови само за да ја заборавиш и да живееш како нивна рамноправна, се разбира, сенка.
Мал облик на совет, ако смеам. Се растураш со нешто што знаеш дека го заслужуваат само оние мали ништожни суштества кои поседуваат сирова скапоценост.
Знај дека си и ти просјак колку што се и тие, ти си просјак за љубов со дом.




Овде е таа во дом од топло дрво.
Собрана во затвор од милости земски, чувствува болка само при повторен допир.
Ќе ја полудат кутрата, гласови во убавата глава.
Мајчински повици назад под брановите кои прекриваат спокој.
Каде нежните не молчат туку танцуваат со разбушавени коси
Под допирот на слаба месечина се буди свет на задушени врисоци
Како ноќен здив на млади цветови, ѕвонливо низ водата разнесуваат од минатите животи траги.
Музата на Посејдон,
Коралната постела мртва и студена од нејзе бега.

 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Театар

Како харфа од бројки успива – допирот врз испуканата кожа врз седиштата.
Скорпијата седи увиено во својот стар театар.
Нежноста од острици, гладната утеха – дали е тоа вистинскиот избор на драма за опис на денешните ветришта?
Врзани во сопствените школки, актерите си дишат во врат и плачат
Фамозно беше некогаш ова светилиште на божици!
Грациозни светлини ги валкаа нивните бели кожи
Марами од лотосов цвет ги собираа млечните сокови
Благ мирис, се таложеше во ѕидовите
И просторот ги губеше рабовите, растопен во меки бранови
Сега стебла на страсти злокобно воскреснуваат од урнатите темели
О, што се случи со неговиот театар?
Како ли се осмелија да го разбудат правот од древниот олтар
Бурата на екстремната патетична драма!

Што е сега тој, беден набор од пустински лушпи, без приказните со театралност на морски вртлог?
Отровни за сопственото месо, но омилени како снежни бајки.
Болниот магичен круг на драматика го снемува овде пред сите очи
Со новото сонце горат прекрасните документи.

Светлата полудени сами се палат и гасат
Зажарени сијалици со нова црвена боја
И седиштата почнаа да исчезнуваат, излижаните конци сеуште милно по подот се влечат-
Скорпијата седи и молчи во својот чад.
Таванот паѓа-
Свилените завеси лизнати во зинат под.
Театарот се слеа, во порои префинет ликвид
Се врати во утробата на својата актерка прва,
Единствената желна со затворени очи назад да го прими.
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Најголемата наша казна мили мои е тоа што сме фрлени да живееме во овој свет... Ние- луѓето фрлени во овој свет сме проколнати... Проколнати да се уништуваме меѓу себе, да уништуваме се околу, се она што е вредно, убаво, што оди кон совршенство... Да расипуваме, да разочаруваме, да изневеруваме... Да се повредуваме меѓу себе... И се ова ви звучи како ненормално (а реално) нели? Како да сте свесни за тоа, знаете дека не треба такви да бидеме, а сепак како нешто посилно од се да го диктира тоа... Како нешто надмоќно да тера на такво лудило... Како да сме управувани, хипнотизирани од нешто...
И во најубавото нешто ќе се утепаме да го најдеме и она малку лошото, за да го прикажеме, и со тоа закопаме убавото и целиот тој сјај кој би можел да го направи светот толку убав... А зошто ли го бараме и манифестираме тоа малку лошо? Има објаснување? Проколната човечка природа!
Некој ти прави добро, тука е за тебе постојано, те сака, обожава, дава се за тебе, спремен е на се за тебе- ти ќе му свртиш грб кога најмалку очекува... не цениш ништо од сето тоа што треба ПРЕМНОГУ да се цени... а зошто? Упс... забораваш на се ВРЕДНО во вистинска смисла на зборот- само за да се препушташ на нешто во кое привремено ќе уживаш, што те прави среќен еден период... но што ти останува после? Размислил некој? Што кога ќе сфатиш дека тоа завршило, а тебе ти треба она на кое си му свртил грб, она вистинското, она што трае? Нелогично а? Хипнотизираност... Проколната човечка природа!
(наравоучение: Копај нов бунар, ама на стариот не плукај...)
Постои личност во твојот живот која не си ни свесен што се прави за тебе, те чува, сака, тука е за тебе постојано... ама ти не го гледаш тоа... Ти со таа личност си баш понекогаш најсуров, најнезаинтересиран... а зошто? Па таа ти дава се.. Ти се преокупираш со некоја која си поигрува со тебе, или со некоја која те повредува, со некоја која не ти обрнува внимание... И така патем ќе го изгубиш и ангелот чувар (погоре спомената личност) и тогаш ќе сфатиш колку ти значела и што се правела за тебе и колку те сакала... И остануваш осамен... Човечко слепило... Проколната човечка природа!
Некој ќе те види среќен и ќе потроши цел ден, цел месец за да ти ја уништи среќата можејќи за тоа време да си креира својата...
Гледаш кола нова убава кола- ќе ја изгребеш со шајка... Гледаш цвеќе ново посадено или дрвце што утре ќе ја разубави твојата околина- ти ќе го изгазиш, гледаш натпис на некое место не фрлај ѓубре, ти баш тука ќе фрлиш, ти градат забавен парк со лулашки и се тоа за да можеш да го користиш секој ден и да уживаш во него ти веќе следниот ден ќе го уништиш- (извадени даски од лулашки, скршени делови...), ти градат игралиште за кошарка во мало кај што можеш секој ден да играш- ти ги ваѓаш кошевите за да ги ставиш кај тебе во двор на метар простор... Нелогично... Проколната човечка природа!
Нема веќе трајни вредности...
И до кога бе вака мило мои? До кога? Сами себе се уништуваме само алоо...
До кога? Знам! Додека не ја уништиме планетава и заедно со неа не исчезнеме и ние... Ха, можеби и тоа е целта на она „нешто“ што не управува и хипнотизира и си игра со нас... Зарем немоќни сме? Тогаш продолжуваме со ова наше масовно лудило... Ќе не однесе до самиот КРАЈ!
 

Dadence

sweet devil
Член од
3 февруари 2007
Мислења
390
Поени од реакции
2
Во идилата на сопственото срце, во компромисот кој е немоновен, во комплексноста на човечката творевина. Дали навистина постојам или ме води ветерот, изгубена сум во магла и барајќи го патот ја заборавам вистината.

Дали некогаш е убаво чувството да си изгубен во вечната потрега? Дали некогаш посакуваш некој друг да те најде за да не се мачиш ти самиот?
Дали во длабоката јама од мисли ја губиш смислата од потрагата?

И кога ќе ги затворам очите една тивка музика плаче, оти некои постапки некогаш едноставно се погрешни. Им простувам на другите, но дали си простувам себе си? А тебе мил мој незнам како но секогаш наоѓам начин да ти простам... Дали си премоќен или преслаб? А тоа сеуште не го знам...

Некогаш луѓето нетреба да ги осудуваш, доволна им е кнедлата в грло, односно последиците кои сами ќе ги сносат. Доволна им е помислата и стравот од коментарите без разлика дали ке се појават.
Зошто да те прашувам или да ти претам, зошто да те напаѓам или бранам, кога самиот си знаеш колку си грешник, што си направил и како ќе го носиш тоа со себе.
Имаш едно срце и во него чуваш се и добро и лошо, и гордоста и срамот. И желбата да се покаеш или простиш.

Јас веќе одамна се откажав од битката бидејќи исходот од војната е премногу очигледен.... еднаш некогаш ќе се раздени и сонцето силно ќе блесне.
И сите ќе се разбудиме од идилата на себичното сонување. Од борбата на бесконечното себе, која бесцелно ја водиме. Никој без другите не е целосен. Едно дрво не е шума.

А јас не сум тука за да судам, туку само гласно размислувам во дебатата на нашите умови.

Можеби си ѓавол во ангелска облека, неодоллива насмевка и глас кој сите не плени. Можеби сакаш да владееш со многу личности, но дај молимте прво завладеј со идеалите на сопственото посакување. Размисли што е коректно и правично. Различни дали некој вечно ќе се опоравува од нанесените убоди? Дали вреди и која е целта?
Дали некогаш посакуваш нештата да се поинакви.... можеби поискрени и поткрепени со искушување.

Ајде во овој црно-бел свет, во изгубеноста на вечното сивило да внесеме еден малку поинаков колорит. Да ги пронајдеме убавите мигови, убавите соништа, прекрасните насмевки кои занесно пловат низ спомените. Се надевам дека овде кадарот не е премал да ги собере сите весели песни обединети со другарството. Градба која заедно ја создаваме. Од друга страна треба да се внимава да на сме предалеку застанати и да се изгубиме во композицијата на просторот, на патот кон заедничка цел.
Да, сликите се некогаш премногу совршени и оставаат погрешен впечаток. Но секако не се лажни, зад нив стојат најголемите вистини. Но сепак тука некаде се јавуваат погрешни предрасуди од небитни личности, индиректни играчи. Некои кои немаат што да прават па се занимаваат со чаршиски моабети. Сите за да се прикриеме себе си им кроиме капути на другите.

А некој, мил мој, тука некаде се обидува да заврти нова страница без да ги заврши веќе започнатите работи. Без да биде свесен дека секогаш во себе носиме дел од она што било.
Јас продолжувам... чекорам, патувам, сонувам... тие што се спремни да го прифатат моето навидум лудило во облек на идеа за успеси, дружење и убави мигови.....храбро ќе ме придружат, не затоа што ме сакаат, туку едноставно се спремни за предизвик...
Секој еден збор има свое значење, секој еден миг претставува симбол кој не збогатува со животно искуство. Сите учиме од грешките, но најдобро се учи од сопствените. Нема враќање, нема повлекување, нема извинување...

Првите чекори , најтешките се направени, децата така проодуваат и не е страшно еднаш да се падне.
Лесно е да се уништува, но каде е создавањето?
Лесно е да се биде неверник, но каде е посветеноста и убавината на вербата?
Каде е љубовта која сите неизмерно ја посакуваме?

Ова сум јас, ова си ти, ова сме сите ние заедно!!!




 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Пополека умира сонот за една толку убава приказна.
Пригушени светла кои ја покажувааат слабоста на една проколната девојка за која веќе немаше спас.
Длабок, мрачен, темен сон кој ја пие нејзината крв, а таа облеана во пот чувствува насекаде сенки кои и кажуваат за минатото и за закопаните спомени заробени некаде далеку..
Под нејзината перница се наоѓаат сите нејзини успеси и падови, кои полека се нижеа врз нејзината животна лента.


Одблесокот од нејзината древна љубов паѓа како тешко бреме над нејзините гради, а потоа пополека се спушта, газејќи ја земјата по која таа некогаш гордо чекореше.
Сенките повторно се појавуваат кружејќи околу неа, и и` наговестуваат дека се само една лоша копија од нејзиното изнемоштено тело. А таа, се обидува да стигни до неговата сенка иако знае дека е големо растојанието меѓу реалноста и имагинацијата.


Низ воздухот кружеше миризба на љубов која и` вдахнуваше надеж за подобро утре, проследено со прекрасни залези на љубовта. Но, секогаш беше придружена од еден темен зрак кој ги будеше демоните кои беа населени во нејзиното срце, а тие полека и ја гризеа нејзината внатрешност, надевајќи се дека еден ден таа ќе попушти и ќе им се предаде.

А таа и понатаму ја сакаше сенката на светлината..
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
БОЛКА

Едноставно е невозможно да си објаснам како воопшто можеше, како воопшто се појави место за таа лага да биде спомната - да ја види светлината на денот - да исплива од темнината и да расипе се... Лага ситна и навидум безначајна како зрнце песок во бесконечна пустина но сепак толку моќна за да остави понатамошен белег како грда лузна која останува и те обележува, лузна која те означува, те маркира како дивеч за отстрел, како стебло на кое одамна му поминало времето и неговото постоење не е неопходно, лузна која ќе ме оцрнува не само во моите очи туку и во очите на сите околу мене, лузна која до крајот на животот ќе ми покажува дека времето назад не се враќа....
Цел ден ме убиваат проклетиве, ме потиштуваат, постепено ме убиваат... тешко успевам на моменти да достигнам некој баланс - да се смирам... дури ни прекраснов залез, прекрасните мириси кои се шират наоколу не ми даваат спокој...
Настапува прекрасна врела летна ноќ низ која струи здивот на природата носејќи ги мирисите на свежо покосена трева и измешан мирис на полски цвеќиња... чуствата кои се будат се испреплетени, тага, очај, задоволство, некоја си чудна смиреност од спокојството околу мене од песната на штурците, повторно од мирисите....
Темнината која настапува предизвикува привидно слепило кое станува се појако и појако, ме турка во потполна темнина во потполно слепило, во мрак кој ми ги покрива очите, им се предавам на темнината и на околината да влијаат на мене - да ме исполнат како некој совршен лек за мене во оваа очајна вечер, да ми ги исполнат длабочините на душата таму да најдат преноќиште, да им дозволам да ме исполнат, да ме издигнат макар сосема малку....да ме освежат и да ми помогнат да го пребродам ова деноноќие поминато под превезот на лагата... да ми помине гладот за љубов која одамна не сум ја вкусил, да го расчистам ужасното недоразбирање, да се поправам и исправам во очите на дугите - во моите очи, да станам повторно човек... но тоа утре вечерва небото ќе ме покрива а прекрасното поле ќе биде мој кревет во кој ќе закрепнам, ќе се спремам за понатаму....
 

mirkec

Неостварена желба
Член од
26 јуни 2007
Мислења
502
Поени од реакции
3
Денес беше обичен ден - класика, наутро станување, спремање и на работа. Како што си имам обичај кога стигам на работа насмеан, кога ме прашуваат сите дали сум добро - јас им велам НЕ - не сум добро туку ОДЛИЧНО. Добро е за 3, а одлично е за 5. Секој работен ден за мене е 5, бидејќи секој ден се дружам со многу, многу луѓе. Доволно е двајца да треснат некоја глупост и денот ми го прават интересен.
100 пати сум рекол дека Ти не си ми потребна да ми го исполнуваш денот - има бре други луѓе со кои сакам да се видам и позборувам.
Зошто ми се јави пак денес на телефон ? Ми бараш некои глупави и банални податоци да ти доставам, а немаш право на тоа да ми го бараш. Низок удар - верувај ми.
Ти реков веќе неколку пати - уживај во својата мизерија и не ме чепкај повеќе - одамна го изгубив осетот за тебе. Не пробувај - само го губиш тоа малку што остана од Твоето ЈАС. Ги прокоцка своите шанси, како што го прокоцка и другиот јас, со кој мислеше дека ќе ме направиш љубоморем. Истиот тој дечко седеше со мене денес и патеше за ТЕБЕ. Те знам тебе - го знам него. Многу лоша слика.
Веќе имаш друг спонзор и не ти е гајле за другиот ЈАС. Тој можеби направи повеќе од мене за да ја задоволи твојата желба да бидеш во центар на внимание и верувај - ми падна жал за него. Го отфрли како последна крпа. Те молам само едно - не повредувај други луѓе за да ми вратиш за тоа што те проценив од првиот момент каква си и дека те отфрлив бидејќи те спознав каква девојка си. Те молам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom