Прозни искри

Mind In Motion

Smirking Revenge
Член од
29 мај 2007
Мислења
816
Поени од реакции
46
Пиво



Пиво.Јасно ви е. Да запрам тука? Нема. Нектарот кој го пиеле Боговите, го пиете и вие а и јас. Незнам за вас но ја знам дека тоа причина за мојата сакана да биде крајност на нервите.
-Алекс, што планираш викендов да биде со нас? - ме праша
Ах, само колку ја сакам што секогаш збори во множина, НАС! Совршено. Да бидам искрен, но мене веќе однапред ми беше сихронизиран викендот. Дел го видов во билтенот за спортска прогноза и тв програмата. Претпоставувате дека тоа е фудбал! Фудбал и неколку шишиња од нектарот на боговите, комбинација на која ниту еден маж не би одолеал. Ме понесе самата помисла, приметувате и вие, но како ќе и го кажам ова. Дека тројцата наречници рекле и пресекле, во викендот Алекс ќе ги помине пред телевизор. Во меѓувреме отрчувам до кујната, додека мојата Теодора со задоволство чека да и кажам дека ќе излезиме во град, ох подобро да незнае за пророшствата. Си давам на себеси време за да најдам начин како да и кажам. Еурека! Мојата Дора е толку досетлива, нели е прекрасен манир досетливоста во вакво доба?
Зедов пари, дестинација - продавницата од другата страна на улицата. Купив нектар во совршено извајани зелени шишиња. Се вратив дома и целиот во делириум почнав да се дерам ко будала.
- Се вратив!!!
- Е добро де - најпрво незабележа што сум купил.
Одеднаш со малце скептичност ме праша
-Алекс, да не подготвуваш некаква забава?
- Да, но само за еден.
Наезда беше на повидок од викотници, но тука пресеков.
- Ама можам да направам исклучок за најслатките усни - гарнирано со искрена насмевка. Кутриот јас во лајна сум. Дора го сфати штосот и фуриозно замина во спалната. А јас заминав да го ставам задоволството да се лади во фрижидерот.

Викенд е. Го пиеме утринското кафе и вртиме некоја полузаспана тема за муабет. На телефонот гледам порака од Тони. Покана за да гледаме фудбал кај него, поканети се и останатите мајтапџии и сеирџии од нашето древно друштво. Оу шитс, а сега? Пауза во просторот и времето само мојот глас го слушам во главата.
-Алекс, добро си? Да не ти треба уште шеќер? - модулативно се враќаше околината низ моите уши.
- Не ми треба, нели е најслатко кога го правиш - се вратив во нормала.
- Дора, знаеш ли каков древен ритуал ќе скршам денеска?
Целата во прашалници и WTF фаца.
- Каков? - ги тргна прстите од филџанот.
- Древен, знаеш, фудбал, друштво, многу пиво, древна импровизација.
- Ова значи дека нема да гледаме фудбал заедно?
- Јок, останувам вечерва со тебе и многуте пива, во дневната!
Ми се фрли во прегратки и силно ме гушна.
- И онака не ми се излага вечерва. Сакам да видам што ве плени вас мажите, пиво и фудбал - со огромна доверба во себе за новиот за неа подвиг.
20:00. Војсководците се на арената. Пивата завзеле одлична дофатна позиција. И на фрлувам на втора едно пивце и на дора, целиот фперен во екранот. Владее некоја инзвесност на арената а и овде не беше поразлично. Шинав неколку шишиња задоволство. Ја гледам дора уште ни до пола не го испила.
- Де бре, Дора, да не ти треба виљушка за сирупот?
- Дај сокче ова горчи!


Сите личности и ситуации се случајни или измислени

Н.Д 10.01.2008:mesakanemesaka:
 
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
Холден

Имаше 16 години. И веќе беше делумно станат тоа што не сакаше да биде. Иако не го гледаше тоа. Беше бунтовен, револуционерен во себе. А во околината доживуван само како необичен. И мрзлив. Што секако дека беше. Сепак и јас сум во околината и затоа гледам на него така... Премногу мрзлив и СКЕПТИЧЕН за да направи нешто повеќе, за да стане Закрилник како што сонуваше.

Сепак го сакам. Неговите соништа и мисли се доволни да ме фасцинираат... Иако не го оствари тоа на дело. А она што го сакаше беше само... чистиот детски дух да не се закорави. Да не се стане возрасен, промислен, да не се оди според правилата наметнати од егоистичните закоравени луѓе што заборавиле да бидат деца: искрени, ведри, слободни и добродушни. Што не се плашат, ниту се срамат да си играат во полето. Не ни би требало. Кој смее да ни забрани да си играме во полето? Кој смее да си зема за право да ја ограничува слободата на другите? Никој. И Холден го виде тоа за разлика од другите. Само што... Ни тој не беше чист... Сите беа премногу несовршени за него, а не се погледна себе. Илјада ситници му ги валкаа блескавите идеи. Немаше најдобар другар, девојка која ја сака, Бог во кој верува, тим за кој навива, идол... Реална визија за иднината... Неодговорно пристапуваше кон скоро се`... посебно кон иднината. Немаше планови... зошто не сакаше да порасне... Сакаше безгрижност и слобода. За сите, не само за себе. Но барем не беше себичен.

Го сакам. И многу ми е мило што во радоста на тоа мало девојче најде мотив да живее. Што се насмеа. Што заборави на гневот кон оние што паднале од карпата, што немале Закрилник... или не се обиделе да станат самите свој Закрилник. Едноставно, за момент заборави на играта во `ржта. Можеби затоа што во тој момент без да биде свесен играта од `ржта премина во паркот. Во тој дождлив ден кога се` стана толку сончево за него. Насмевка. Среќа. Љубов. Тој се промени. Верувам на подобро.

И после се`, тој не направи ништо посебно. Кога пораснал не станал Закрилник. Ќе знаевме. Ама не. Од пеесетите до сега се поминати толку години... Можеби станал хипик. Се надевам дека станал хипик... Дека не го изгубил целосно детскиот дух. Дека не станал правник како татко му. Дека не се занимавал со она што највеќе презираше: правилата.

Да беше станал Закрилник веројатно до сега светот ќе беше поинаков. Сите безгрижно ќе си игравме во `ржта. Немаше да се плашиме да не не казни страшниот чувар. И немаше никој да се повредува од карпата.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Сакам колаче.
Сакам колаче полно со џем од јагоди во внатрешноста, за да биде сочно кога ќе го загризам, прелиено со чоколадо и шарени мрвици.
Сакам колаче.
Најубавото колаче на светот.
Штета што нема да биде вкусно.
 

Mind In Motion

Smirking Revenge
Член од
29 мај 2007
Мислења
816
Поени од реакции
46
Ко пијан за плот

Помислувам по незнам кој пат на збирот објектив плус окулар, хех, де бре што ли сум се запнал за тие прозирни предмети, али едно ќе кажам и ќе ги остаам на мира неолицетворените сироти стакленца, а приметуваш дека со многу придавки ги декорирав, подолу ќе прочиташ зошто, а се што сакав да кажам а да: сакам да ѕирнам низ таа парна комбинација со поглед чиј флукс е далеку од наивната, како што љубите да ја наречете реалност.Незнам само на каде, ми останува само иднината, на која не треба со инертни очи да се потсетам како што секогаш правам за минатото. Успат ако не ги декорирав стакленцата со придавки, завеси,пердиња,драперии а уште подобро да не ги забришев со ефтино средство за стакло. немаше ни ја да посакам луцидно да погледам од близу во далечната иднина а ни ти немаше да го прочиташ ова....време е да заспијам

Н.Д
06.01.2008 04:40 :baeh:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.734
Поени од реакции
13.491
Потаен поглед

Секојдневие... Досадно, монотоно, без никаква акција. Рутина... Замина со истиот поздрав што го даваше секој ден. Не беше свесен дека денот ќе биде пресуден за променување на текот на неговиот живот. Првите часови беа интересни колку и мавање по вреќа компири. Математика - тригонометрија, синуси, косинуси... Некаде овие термини ги имаше сретнато во биологијата. Но не се исти. Знаеше. Не беше глуп. Дома често го слушаше постариот брат како мелеше како улав со математиката. Впрочем неговиот брат една година постар од него, учеше во математичка гимназија. И самиот тој знаеше понешто од математиката, ја разбираше лесно но не му беше омилена. Заврши часот. Безволно го зема ранецот и ги собра книгите. Се подготви за следниот час - Англиски јазик. Не мораше да биде присутен тука - јазикот веќе одамна го имаше совладано прилично солидно, а башка професорката не ги запишуваше учениците. Но што ќе правеше сам 45 минути? Сепак остана. Почна да чита книга колку да му помине времето. Среќа професорката не го забележа тоа но и да го забележеше немаше ништо да превземе, знаеше дека тој ќе одговореше точно. Одморот започна... 20 минути да земе воздух. Само што излезе погледот загадочно му застана на неа. Прв пат ја виде тогаш. Умот му се помати. Проба да и пријде но нозете не го слушаа, се закочија. така неколку моменти се ѕвереше во неа с`е додека таа не го забележа тоа. Го тргна погледот и се вцрви. Излезе на свеж воздух. За целото тоа време беше преокупиран во мислите со неа. Која е таа девојка што така лесно му го поматила умот, што талка по мислите како бедуин барајќи ја оазата??? Заврши одморот. Конечно историја. Ќе предава за третата крстоносна војна... Султанот Саладин против кралот Ричард Лавовско срце во битката за Акра. Но мислите не му беа таму. ПРед да почне часот ја забележа како се мота околу клупите. Што бара тука??? Професорката се појави но девојката остана. Не замина...
- Здраво дечки како сте ми денес? - Секогаш весело и оптимистички ги поздравуваше професорката своите ученици. - Имаме нова регрута во нашата војска, сте ја забележале сигурно предтоа... Името и е...
Тајно ја поглед погледнуваше неа. Ангела... Убаво име. Никаш не сретнал личност која се вика така. На никого не го потсеќаше. Беше оригинална.
Височка со коса фатена во стегач со боја на мед. Очите и беа светло плави малку закосени. Цело време ја гледаше како да паднала од марс. Еден момент професорката го прекина.
- Ајде ќе излезеш на табла да ни ја предаваш лекцијата? Сите сме гладни за нови знаења...
Излезе со доза на трема... Почна да предава за тоа како Папата ги собрал трите крала на тогаш најсилните држави на европскиот континент Филип Август, Ричард I и Фридрих Барбароса на света борба против султанот Саладин кој веќе ги зазел големите градови во Светата земја, вклучувајќи го и Ерусалим. Цело време додека предаваше ја гледаше неа. Погледите честопати им се сретнуваа... Му се насмевна...Му се влеа огромна количина на самодоверба и почна да се прави важен, да се соживува со лекцијата што ја раскажуваше. Заврши предавањето заврши со голем аплауз. Професорката на шега му дофрли:
- Ако вака продолжиш ќе може слободно да барам отказ...
Се подготвуваа за следниот час. На малата пауза таа му пријде.
- Навистина знаеш како да предаваш лекција...
- Историјата отсекогаш сум ја сакал. Извини што не се претставив - Игор
- Мило ми е - Ангела. - ја испружи раката.
Кога ја допре за прстите почувствува топлина... И` се насмевна...
 

Mind In Motion

Smirking Revenge
Член од
29 мај 2007
Мислења
816
Поени од реакции
46
Шаманот и Месечината

Дали е ова сон или јаве, незнам ни ја. Неверувам дека е ни едното ни другото. Светлата или темната страна на Месечината. Колку добро знам можеш во салвета завиткани да ми ги донесеш сите твои соништа, а твоите спомени не ми требаат. Веќе еднаш ги имам. Само зафаќаат една педа прашина, чат пат ги забришувам со помислата дека тоа беше уште едно сензуално искуство во Вселената. Јас сум Шаман. Ги сеам ѕвездите за Таа да не биде сама. Да не помисли дека е само едно мртвило кое кружи околу нешто што се вика Идеал. Добро подредиги твоите соништа и донеси ги овде, на реката, каде што идеалот не е само мисловна или сонлива именка. Како што Ти досега гледаше по цели ноќи и денови. Прати ги да плутаат во Реката на Будноста и умешно да се влијат во Океанот што се вика Круг.



Сите личности и ситуации се случајни или измислени
Н.Д 15.01.2008 19:58:stargaze:
 
С

Сатори

Гостин
~*~

-Се затвараш во себе!
-Можеби, не знам, крајно, битно ли е?
-Битно е, како може да не биде.Не е животот сложувалка без делови.
-Тоа е само ако некој се одлучи воопшто и да ги реди тие наводни делови.
-Преморена си.
-Понекогаш.
-Не, се почесто во последно време, не можеш да се бориш.
-Не сакам да се борам.
-Тажно.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Имам Скирол Незнам Да Го Возам.

Јас сум вљубен во мојот град, и многу се радувам кога ќе видам дека Јове е исто толку зацапан во неговиот па имам плодна почва за сеење на сите мои радости за градот. Сепак, тоа не е најубавиот дел, вистинкото мое уживање е талкањето низ Скопје, особено кога е празно... оние делови од годината кога е Божик, или уште поубаво за време на Илинден и центарот на градот изгледа како неделно попладне во Менхетн, комплетно празно, температурата е некаде околу седумдесет, и во приказната сме само јас и сенката. Можам слободно да го покажам моето стомаче на градскиот инвентар бидејќи тој не сведочи пред злобните очиња на замислените и вистинските скопјанчиња, тие не се таму, никој не гледа, дури и градските учителки пијат пиво некаде во парк. Да, сигурно се кај Вршац... ти текнува, малата лимена градба пред градски за која ти кажував, што служи точено Скопско во замрзнати кригли.
А кога си таму, како чичко милицаец, секогаш можеш да се извадиш дека си слушнал муабет, како комити се организирале пред фонтана, а ти си тргнал да го обезбедуваш Дебар маало, бидејќи тоа значи потенцијална опасност по животите и безбедноста на жителите кои би можеле да бидат и романтичари... што секако не е точно, но, тоа е величината на интелигентниот офицер, секогаш да знае како да ја спаси ситуацијата.
А мене ако ме прашаш за Дебар маало, искрено нема да знам од каде да ти почнам. Не знам што повеќе сакам во тој правоаголник на картата. Можеби мирисот на дивите костени кога е седумдесетката во плус, или звукот на коцки за табла во четири наутро, или бакнежот кај Ганза. Мојот конечен одговор нека биде под це.
Тоа е најновата пасија на возрасните скопјанки, да уживаат во шармот на младиот господин и да се радуваат на својот бојлер кој секогаш грее повеќе вода од оние кои се на жешкото столче. А тоа мора да е така, бидејќи столчето е жешко и потенциометарот не препознава дека треба да грее повеќе, па така оној на госпоѓите пред дебармаалските колор телевизори е секогаш потопол.
Ах срце мое Скопје, те имам, не знам да те живеам...
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Порака во шише

Прво и основно, мразам љубовна поезија. Мразам и љубовна проза, ама поезија не сакам ни општо, и така се заедно дупло.

Но, денес е специјален ден – денот кога ми пукна филм и решив се’ што е патетично во мене да исплива на површина (како што пливаат гомната) и веќе еднаш да ме остави на мира. Оваа “писмена по македонски јазик” не е наменета за вас (затоа и ја ставам во Канта за ѓубре), наменета е за една личност. Нема да напишам ништо ново и интересно, не морате да читате, бевте предупредени – немојте после да сум ве видел да серете во коментари.

Причината што ова е напишано тука (а не на некое парче хартија забутано меѓу предметите што веќе сум ги положил) е пред се’ себична. Еден дел од мене се надева дека ова ќе стигне до вистинските очи, и тие ќе ме препознаат. Нешто у стил порака во шише, т.е. има исто толкава веројатност да биде прочитана.

Спремни за исклишираниот дел? Те сакам, го сакам секој дел од твоето тело, те сакам и целосно и посебно и секако. Ете толку можам да кажам, со оглед на тоа дека на филмските сцени каде што луѓето си изразуваат љубов јас или ракувам со даљинското, или ако сум на кино се прозевам длабоко и значајно.

Ова (задебеленото погоре) ти го имам кажано еднаш порано, тогаш, последниот пат и нема да го повторам, затоа што знам дека не сакаш да го слушнеш. Знам дека сум ти мил, и дека никогаш не си сакала да ме повредиш, па другари сме отако се сеќавам за себе. Да знаеше дека моите чувства ќе тргнат во овој правец, никогаш немаше ни да почнеме.. Се сеќаваш, ти дојде кај мене. Беше искрена цело време и знам дека со здрав разум прифатив дека ова меѓу нас нема да има иднина, уште повеќе, тогаш тоа и ми требаше, се чувствував јако и самоуверено, тогаш. Сум бил со многу други пред тебе, но никогаш подалеку од линијата. Контрола на чувствата. Зошто сакаше да водиме љубов? Можев и со тебе да се ебам како со сите досега и животот да го проживеам како “емоционално затупен”, “емоционално дегенериран”, “емоционално неспособен” итн. Сега сум бескрајно тажен.

Не ти се јавувам зошто немам ништо убаво да и кажам. Нели љубовниците (тоа сме ние) се заедно заради задоволство. Не сакаш сериозна врска – имаш причина за тоа – те разбирам. Другари, па љубовници. Најфеноменалното сексуално искуство. И каде сега? Сакаш да бидеме повторно другари. И јас сакам да можам, но секоја средба со тебе ме убива. Да можев да се контролирам, сега веројатно ќе бевме заедно, ќе се допиравме .. Ах, мојата голема уста. Но! Не жалам за она што ти го кажав. Знам дека ова што го чувствувам е убаво, дури и ако и не го сакаш, пак е убаво, мое е, и убаво е.

Кога ме прашуваш како сум, лажам дека сум добро. Кажувам: не се грижи за мене, ќе ми биде добро, си имам живот, пријатели, се забавувам. Мислам: колку сум осамен, повеќе сум осамен кога сум во друштво отколку кога сум сам, а најосамен сум кога си и ти во друштвото.

И нема да ти се јавам. Продолжи си со животот, имај само пријатни спомени од мене. Сакам да постигнеш се’ што си замислила во животот. Не верувам во судбина, но верувам дека ако треба да бидеме заедно, ќе бидеме. Но, од денес натака, ќе се насмевнам и ќе престанам да се надевам.

Текстов е намерно напишан во погрешен род.



*Првпат објавено од dual_nature во мај 2003, на друг македонски форумhttp://bagra.org/node/973
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Солза

Се извинувам поради тоа што морав да ставам слика, поради тоа што пишуваното беше во Мац Ц Тимес фонт :smir:


 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.734
Поени од реакции
13.491
Ангела беше една сосема обична девојка која уште од мали нозе знаеше да се снаоѓа во животот. Немаше некое возбудливо детство, имаше помал брат од неа кој беше малку размазен. Таа иако беше на моменти љубоморна сепак тоа го разбираше. Татко и` беше посветен на работата - беше човек кој нон-стоп патуваше на бизнис конференции и не беше дома често , но кога беше целосно се посветуваше на своето семејство. Но еден ден сфати дека животот нема да биде ист каков што бил до тогаш. Всушност таа веќе подолго време имаше забележано дека нејзината мајка чудно се однесува. Почесто излегуваше со изговорот дека треба да се види со нејзините колешки од работа. И стана сомнителна. Веќе следниот ден сомнежот го покажа на дело. Наводно татко и` ја имал забележано најка и` со друг. Беше нервозен. По две недели се појави пред Ангела и и` рече: - “Јас и мама се разведуваме. Знам дека ти е тешко но вака сметаме дека е најдобро. Сакаш да појдеш со мене или ќе останеш тука?’’ Солзи му навираа во очите. Ангела иако ретко го гледаше низ дома сепак многу го сакаше. Тој секогаш и бил рамо за плачење, секогаш и ги давал најдобрите совети, ја поддржувал во сите нејзини одлуки додека мајка и` иако цело време била присутна секогаш барала изговор да не ја сослуша ќерка си. Ја проголта кнедлата што и седеше во грлото, го погледа и му ја подаде раката. “Со тебе сум тато’’. Се спакуваа и без глас за една недела заминаа од куќата. Заминаа во друг град, во град каде што ветуваше пооголема перспектива. Татко и` ја продолжи својата стара работа, впрочем нему не му беше многу тешко - имаше пропатувано по светот, знаеше лесно да се снајде во нова средина. Но што беше со Ангела??? Нејзе не и` беше нималку лесно. Требаше од почеток да се запознае со новата средина, да си најде нови пријатели... Новото школо беше местото каде што стекна нови пријателства. Таму го запозна и Игор - дечкото кој прв и подаде рака. Иако беше во преодна фаза знаеше да ги скрие чувствата. Ја стави маската на оптимизмот и во се` гледаше позитивно.... Дали беше тоа така??? To be concluded......
 

Mind In Motion

Smirking Revenge
Член од
29 мај 2007
Мислења
816
Поени од реакции
46
Параноизам и Ренесанса

Ја зафрлив чантата уште од самото отворање на вратата, и се фрлив во кревотот да ги одморам мислите и телото. Се ѕверев во ѕидовите посакував да сум на нив. Не помина долго време, ја зедов јадицата и седнав на бреговите на празниот аквариум да ловам риби. Звуци ме обземаа, ладна пот ме обливаше. Ја фрлив јадицата и станав. Параноично се развртев и помислив: Проклетство, се чуствувам како некој да ме набљудува... Горе,долу, дали е тоа реалноста? Изгубив контакт и ги затворив очите и секавично ги отворив. Мојот ум стана бланко лист, кога видов дека тоа е Моето Кадифено Мече, кое седеше на столот зад вратата и притаено ме гледаше.....




Н.Д 02.02.2008 14:26:vnos:
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
ИЗВЕШТАЈ ОД МЕТЕОРОЛОШКАТА СТАНИЦА

Се што е потребно е веќе во воздухот.
Изнесено е навреме, во своето сопствено време, кажано е на јазик што вклучува знаци и звуци и боја и пластика. Информациите патуваат со брзина од 4555km/h во тунели од споени капки.
Материјалното ќе ви биде претставено како полупробојно лигаво стакло, прилагодливо на човечките лепливи прсти. Заинтересираните за патувања низ природата во себе можат да ги остават личните податоци на означениот шалтер во свесниот колоктум па да преминат на следниот чекор во предавање во возилото што ќе дојде по нив.
Иако очекуваме дека нема да остане во тој облик долго време.
И без тоа, се што ви е денес потребно, можете да го наберете од воздухот.
Во ова шарено деноноќие, изгрејсонцето и зајдисонцето ќе ги собере на истото небо. Предизвикувачки, воздушните автопати се наталожени со песок од вчерашните пустински ритуали. Ризиците во слободното движење денес се бесценети и препорачливи за здравјето.
На толку отворни премини ќе ви биде сосема непотребно да ги движите усните за да остварите контакт.
Очекувана е лесна контаминација, но скоро незабележлива за човечките рецептори.
Излезот е секогаш на десно.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Вино и крв

Нагон за повраќање. Потреба да се исфрли цело едно искуство кое уште повеќе ми го црвенееше виното, го правеше црвено и лепливо како крв, а јас не сфатив дека е вампирски да се пие крв и ја впивав жедно секоја ебана голтка.
А секогаш поубаво ми било белото. Но нели ќе се откажам од навиката да го правам непосакуваното ако пијам бело? Знаеш, јас сум човек од навика, дури и кога таа старее и се кине како старата портокалова ташна од шесто. Некој рекол дека моите навики се мојот живот...А мојот живот е права, а не осцилирачка крива линија. Отсекогаш сум сакала да воведувам ред во хаосот, хаосот не може да ме контролира се` додека создавам ред.

Виното ми носи леснотија, можеби утре главоболка, но не и хаос. Зошто и со црвени очи гледам дека не си таму каде што требаше да бидеш, но ти не си човек како оние неранимајковци што ми јадеа бурек, па ми се пикаа и дудлаа, и беа цело време со иста мисла, дали да се промени маската, дали да се стави ваква или онаква маска. Бедно.
Твоето "можеби" си го заменив со "сигурно", за тоа себе се обвинувам, но зар имам право или основа тебе да те осудам? Не, ги сфаќам твоите мизантропски мисли, зошто во тоа се пронаоѓам, а ја сфаќам и твојата борба против клишеата зошто истата ја почитувам. И искреноста многу ја почитувам па макар и кажана меѓу редови у само 2 реченици.
Од оваа и пар други расположливи прави вредности, научив да се задоволувам со малку, како просјак кој ја гледа стотката како ние илјадарката и воодушевено прави планови што ќе купи. Ти чекаш поголема доза да те плесне в лице како бран, само пази, можеби нема да забележиш оној бран кој ти го носи моето вино, но ти ја носи и мојата крв, зошто низ моите вени тече твојот дух.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.734
Поени од реакции
13.491
Зближување

Concluding...
Денот кога пристигна во новата средина веќе одамна го стави зад себе. Запозна многу нови пријатели меѓу кои и Игор - дечкото што и` се допаѓаше. Но не беше сега време за барање на љубовта. Знаеше дека самата таа кај и да е ќе се појави. Беше преокупирана со други работи. Не и беше нималку лесно. Иако многу време помина од денот кога се раздели од мајка си и братчето, сепак каменот сеуште и беше заглавен... не можеше лесно да и падне од душата. Пробуваше на било каков начин да го симне но тешко. А еден и ден се разболе. Тој ден Игор ја забележа нејзината отсутност. Се загрижи... и` се јави на мобилен.
- Здраво, како си?
- Еве никако...болна...качив температура... Тажна сум.
- Оф, што така??? Да не доби грип?
- Не.... Те молам кога ќе завршат часовите да дојдеш кај мене, да ми кажеш што сте земале денес.
- Важи. Се гледаме
- Ок чао
Разговорот заврши оставајќи го загрижен. Но го јадеше и црвот на сомнежот. Зошто ли го повика? Што поточно бараше од него? Не ќе да беше само објаснување на матерјалот. Како и да е времето бавно изминуваше. Но Игор не се даваше... не сакаше да избега. Како после ќе и ги објаснеше работите што тој ден ги учел? Впрочем самиот тој најголем дел од матерјалот го совладуваше на школо. Крајот едвај дојде. На самото ехо од ѕвончето, ги пикна книгите во ранецот и како попарен прелета преку вратата. За миг се најде пред нејзиниот дом. Зачука на вратата. Кога го виде него, му се фрли в прегратки.
- Како си?
- Не ми е добро. Ми недостасува братчето. Откога моите се разведоа целиот свет се сруши... Многу ми е тешко... Татко ми кога е тука, заборавам на сите грижи, но често не е. Често сум сама. Немам на кого да се доверам...
- Грешиш...
- Те молам не ми отежнувај...
- Не ти отежнувам туку ти викам дека грешиш. Ги имаш Марија, Виктор, Бојана...
- Искрено со нив и не се дружам... знаат да бидат интересни но само на момент... Само тебе можам да ти верувам... Ти си ми единствениот кој може да ме разбере.
Го прегрна цврсто. Бараше поддршка... Нежно го погледна во очите. Сакаше да го бакне но... се воздржа. Сеуште е рано. Ќе дојде и тој ден.
Седеа така едно време додека Игор не ја потсети дека време е да си оди. Знаеше дека и` е тешко, но истотака знаеше и друго. Но и нему не му се брзаше. Ќе почекаат и двајцата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom