Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Срамота! Ако е ова демократска држава ред е полицаецот да одговара за убиство и да му се изречат 20 год. затвор, јас мислам дека ќе биде осуден, нема причина зашто да не биде.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
ЈАс сепак ке почекам повеќе инфо што и како било. Ако е стварно така СРАМОТА и тогаш ќе присуствувам на протестот во петок
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Поминаа повеќе од 24 часа а нема многу известување на настанот. Меѓу последните вести на сајтот на МВР се колку добро биле организирани избориве од полициски и безбедносен аспект, и активности за колку добра работа завршила минатиот месец мобилната единица за борба против криминалот ''алфи''.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
ЈАс сепак ке почекам повеќе инфо што и како било. Ако е стварно така СРАМОТА и тогаш ќе присуствувам на протестот во петок
Паметна одлука. Размислувајте со ладни глави. Секогаш има две страни, така и во овој случај.

факт #1: Македонскиот народ е лесен за манипулација.
факт #2: Од друга страна пак, веројатноста ова навистина да се случило е многу голема.

Сигурно нема да молчат од МВР, а нема да молчат ни родителите/роднините.
Утре/задутре ќе излезат на површина повеќе информации. Ако имало насилство, трагите на телото не може да се прикријат.

Само не ми е јасно... Од каде па сега испадна дека ова се случувало на Плоштад? Нели во парк беше? Затоа и на фонтатана започна протестот... Ако било на Плоштад, тогаш има видео запис од инцидентот. Плоштадот го снимаат барем 10-тина камери.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Јас сум за протест и со каков и да е конечен резултат на случајов. Не е единствен случај каде што алфите прикажале прекумерна сила при својата работа. Сите скоро сме биле сведоци на такви случаеви. Мора некогаш да се побуниме.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Да не ме сфати некој погрешно но, во секоја држава во светот постои полиција и единици што се задолжени за зачувување на јавниот ред и мир. Треба на секој граѓанин на секоја држава да му биде јасно дека кога полицијата ќе те застане и ќе ти побара документ за идентификација треба да си доволно свесен дека треба да соработуваш со нив. Не, не го оправдувам тоа што Алфите претепале момче до смрт, напротив, треба некој да преземе одговорност за тоа. Зборот ми е дека во нашава држава има премногу луѓе кои мислат дека се семоќни и дека никој ништо не им може. Сум гледал примери пред мои очи како младо дете пијано се тепа со полицајци и после ништо не му прават, едноставно со врски ќе ја истера работата и никому ништо. Значи пак ќе кажам, не го оправдувам полициското малтретирање, посебно не претепување до смрт на младо дете без некоја посебна причина, но понекогаш има некои луѓе што го заслужиле тоа што го добиле. Во секој случај жалам за изгубениот млад живот и подржувам протест!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Паметна одлука. Размислувајте со ладни глави. Секогаш има две страни, така и во овој случај.

факт #1: Македонскиот народ е лесен за манипулација.
факт #2: Од друга страна пак, веројатноста ова навистина да се случило е многу голема.

Сигурно нема да молчат од МВР, а нема да молчат ни родителите/роднините.
Утре/задутре ќе излезат на површина повеќе информации. Ако имало насилство, трагите на телото не може да се прикријат.

Само не ми е јасно... Од каде па сега испадна дека ова се случувало на Плоштад? Нели во парк беше? Затоа и на фонтатана започна протестот... Ако било на Плоштад, тогаш има видео запис од инцидентот. Плоштадот го снимаат барем 10-тина камери.
Не не колку што сфатив јас на плоштад било, му ја треснале главата од една од клупите, тоа собирањето на фонтана беше само предлог збирно место од Твитер движењето.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.521
Поени од реакции
29.023
Да не ме сфати некој погрешно но, во секоја држава во светот постои полиција и единици што се задолжени за зачувување на јавниот ред и мир. Треба на секој граѓанин на секоја држава да му биде јасно дека кога полицијата ќе те застане и ќе ти побара документ за идентификација треба да си доволно свесен дека треба да соработуваш со нив. Не, не го оправдувам тоа што Алфите претепале момче до смрт, напротив, треба некој да преземе одговорност за тоа. Зборот ми е дека во нашава држава има премногу луѓе кои мислат дека се семоќни и дека никој ништо не им може. Сум гледал примери пред мои очи како младо дете пијано се тепа со полицајци и после ништо не му прават, едноставно со врски ќе ја истера работата и никому ништо. Значи пак ќе кажам, не го оправдувам полициското малтретирање, посебно не претепување до смрт на младо дете без некоја посебна причина, но понекогаш има некои луѓе што го заслужиле тоа што го добиле.
Грешка си. Не знам колку од вас тука ги познаваат законите но полицаец нема право веќе да те запре ради проверка онака како што е на автопатите да ти бара возачка и терај да ти рече. Ако нема причина да речеме дека немам каиш, возам пребрзо, или на улица ме глеа и знае дека сум пијан тогаш смее да ме стопре. Али без сигурна причина нема право и за тоа можеш да го тужиш. Се сменија некој закони не живееме у комунизам веќе :)
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Работата е што кај нас во било кој случај што и да се деси секогаш се меша политика. Видете на она профилот за фб, има еден куп дебили кои викаат дека протестот е организиран од СДСМ.
Па маме му ебам, ја бев прееска таму и никој не помеша никакви политички партии во извикувањата.

Чудно што никој не излегува со повеќе информации или се труди некој ова колку што е можно повеќе да го заташка...
Иначе на плоштад било не во парк, на Баскер Фест, пред форнети штандот прееска палеа свеќи на клупата.
Мене ми е чудно како никој не изреагирал да пријави нешто кога клупата е буквално на 3 метри од форнети штандот, сигурно имало вработени таму во 00:30
И да има камери на плоштад, треба да се погледнат и да се откријат за јавноста што стварно се десило за да нема забуни и политичко етикетирање на протестот.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.432
Поени од реакции
6.078
Замислете дали ќе имаше протест во грција пред 3 години ако се двоумеа дали било вистина или не.
Од протестот во Атина пред 3 год. :
Во Атина вчера не работеа училиштата и универзитетите бидејќи професорите прогласија тридневен штрајк во знак на протест поради убиството на момчето.
За ваков подвиг да не правам муабет ...затоа што нашите вработени во јавна администрација незнаат дека има нешто повредно од работното место- гордоста.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.503
Поени од реакции
8.182
МОРА ДА СЕ ПРОТЕСТИРА!!!!! РАДИ СИРОМАШТИЈАТА, против насилството, ЗАРАДИ ЕДИНСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, против тие пиченца од политичари, ЗАРАДИ СЕВКУПНАТА ПОЛОЖБА У ОВАА ДРЖАВА, А ПРЕД СЕ ЗАРАДИ ЕДЕН ПРЕРАНО ЗГАСНАТ ЖИВОТ...
У секоја нормална држава(Франција 2005 и Грција пред некое време) ЦЕЛА НАЦИЈА СЕ ДИГА НА НОЗЕ РАДИ БРУТАЛНОТО ПОЛИЦИСКО УБИВАЊЕ ВРЗ МЛАДИ ПОЕДИНЦИ, само ние што ли ќе правиме со ова, дали ќе БИДЕ ЗАПИШАНО како соединување на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, или само собирање на политички поени ? ...
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Утрото е попаметно од ноќта нели !?

Почекајте до утре, сигурно ќе има порелевантни извори. Обдукцијата сигурно нема да излаже, ќе се види дали има насилство.

Зборот ми е, протестот што бил вечерва е ок, спонтано, така треба, браво за тоа, ама сеа да се закажуваат протести за понатаму а без знаење што точно се случило е глупо. Плус голема е веројатноста тој протест да добие политичка позадина.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom