Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
ццц каква држава сме значи еј човек да незнае во што да верува...ако ова е вистина се надевам дека ке се преземат ригорозни акции а најдобро би било да испадне нешто од протестот....како и да нека почива во мир дечкото и сочуство до фамилијата
 
Зошто си бараат оправдување за наводното бегање, ако се корисници на дрога како што се шпекулира барем. А и таквите зависници лесно е да некои од политичариве ги насочат за некој денар за политички цели, сепак да не пишувам и јас тука непотврдени информации туку ќе почекам првен МВР да излезат со официјално соопштение во врска со ова.. да видиме што покажала истрагата според нив.

Ја пак ќе кажам смрди нешто тука, и Котевски прееска кажа дека немало стигната пријава во врска со тоа!!
Па добро ама ова е више креирање на сценарио, плус премногу болно и неверојатно би ми било на некој на кој што му умрел другар му од икс причини, во случајот демек биле наркомани, да си смислува алиби и да го продаде тоа на медиумите
 
Имам потврда од човек од Ѓорче. Нема тој информации за родителите или што и да е - али битно сигурно е дека има Даниел кој починал минатата вечер.
Значи има починат, но дали од Алфа и дали од тепање? Можеби предозираност од дрога и слично...
 
Па добро ама ова е више креирање на сценарио, плус премногу болно и неверојатно би ми било на некој на кој што му умрел другар му од икс причини, во случајот демек биле наркомани, да си смислува алиби и да го продаде тоа на медиумите

Кажав она што слушнав (не сум сигурен, како ни 90% што пишуваат за или против тука), сепак чим бегал има место да е вистина стварно.
 
Како и да е многу е лесно да се потпали фитиљот и народот одма да крене узбуна.

Брат, и треба да се крене узбуна!
Да не се кренеше, тек тоаш ќе беше кристално јасно дека сме зарѓан народ.
И да е едното, и да е другото брат, пак треба да се крене узбуна.
И ниедно да не е. Пак треба да се крене узбуна.
Треба, да, се, крене, узбуна.
Треба тој во пратеничката клупа да работи за мене, а не ја за него.
Ама во македонијава наша, утописки муабет е ова. Кревањево узбуна. Земањето на работата под своја контрола. Тоа е нешто што во македонскиот ум е веќе некое време врежано како тотално невозможно.
Ич да не го водам наваму муабетов, знам дека никогаш нема да го завршам...
Мислам дека е кристално јасно дека нешто у држава смрди на туна.
 
Ако е местенка е само финта од страна на полицијата да се отргнат очите од случајот со Љубе....
 
Значи не е местенка, и мене ми кажаа дека има починат Даниел од Ѓорче, и јас ко Дарк Кинг живеам таму.
 
Значи океј утврдивме дека има починат. Но бегал, наркоман е, џандари го тепале. Има 1000 верзии мене ми паѓа на памет само дека дилал дрога го фатиле, пробал да бега и крајниот резултат е добиен. И пак се сведува на тоа дека сепак е од Алфи според мене. Треба некој да излезе на ТВ и да разјасни што и како е ...
 
Значи не е местенка, и мене ми кажаа дека има починат Даниел од Ѓорче, и јас ко Дарк Кинг живеам таму.
не зборуваме за местенка дали навистина починал човек или не. Сигурно е дека починал човек, но она што може да е местено од страна на некој медиуми е дека тој човек бил убиен од алфите...
 
Кажав она што слушнав (не сум сигурен, како ни 90% што пишуваат за или против тука), сепак чим бегал има место да е вистина стварно.
Нема врска тоа што бегал, ако изел ќотек како што се тврди, се знае чија е одговорноста, без разлика во каква состојба бил.
 
Евентот на Фб е креиран од лажен профил.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom