Преубавата ЕСЕН

Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Океј, извини шо заборавив да ти кажам што не бива во сликите горе. Прво сите се премногу темни, треба да се напрегнеш за да видиш шо има на самата слика.

Неколку пати ти напоменав дека треба главниот објект да биде на една од страните, тебе повторно ти е во средина.

Слика број еден. Само сонце низ гранка од дрво, другото е премногу темно за да одвлече внимание.
Слика број два. Што? Круши или хаос од лисја, или подскриени гранки? Немаш објект што е foreground немаш background. Фак ми не ми текнуваат соодветните зборови на македонски.
Слика број три. Црвено/розево, ниту се разликува што си сакала да доловиш, ниту пак има некаква композиција.
Слика број четири. Пак хаос во долниот дел на сликата, додека горе има гранче што се одвојува од позадинското небо.
За петтата слика веќе ти кажав.

И извини Блонди, ама не сум јас Гуру, ниту нешто убер, само си кажувам мое мислење, моја гледна точка, дали ти ќе го прифатиш тоа или не тоа е твое. Ако ништо друго барем имам повеќе искуство од тебе. Креативност и вкусови не се дискутираат бидејќи се индивидуални. Има одредени правила кои треба да се почитуваат, ти ги имам укажано неколку пати, чисто добронамерно. Незнам од каде никна целава напетост ама океј твое си е.

Кога ќе го земеш апаратот што го меркаш ќе имаш “појака“ опрема од мене, јас имам само еден Канон 1000D и стар руски објектив за портрети како алтернатива, ништо повеќе. Можеби е клише сликата моја може не, порака има сигурно, мене искрено ме подсеќа на циклусот на животот, незначи дека секој ќе ја разбере. Квалитетот не е лош, туку е HDR некои детали се губат, други се додаваат, и делува малку чудно, а и порамнувањето на 3те слики избега за пиксел два. Никаде јас не спомнав дека мојата есенска слика е најдобра.
еве ти линк од мојот девиант арт http://donjas.deviantart.com/ и линк од фејсбук http://www.facebook.com/media/albums/?id=1097468926, па повели разгледај ја мојата креативност.
--- надополнето: Nov 7, 2011 7:04 PM ---

Сосема точно, мислам дека повеќето шо ме читаат го имаат сфатено истото. Јас лично неможам да осудам нечиј начин на работа, затоа кажувам како мислам јас дека треба, дали со тоа се слага истата персона или не зависи од нејзе/него, исто така од нејзе/него зависи дали ќе го прифати мојот совет. Не ја гледам дилемата во целава работа со Блонди искрено.

Да сакав да ја омаловажам нејзината работа ќе и кажев, девојко мењај професија, продај апаратот иди купувај штикли. Никаде такво нешо не спомнав фор фак сејк.
--- надополнето: Nov 7, 2011 7:08 PM ---

Тука пријателе морам да ти кажам дека грешиш. Повеќето од фотографите го користат апаратот на мануелен мод, се што прави апратот е што фокусира сам, дури денес се почесто ги користат и старите објективи, па и фокусот е мануелен, једина разлика од сето тоа е што можеш на лице место да видиш како искочила горе доле сликата и што немаш 36 слики на располагање од филмот, и не плаќаш за развивање.

Јас лично, од кога го купив мојот DSLR модот селектиран е manual. Јас лично имам контрола врз секој периметар на апаратот, сензитивност на сензор, експозиција, отвор на бленда, па и во повеќето случаеви, особено макро фокусот. Од кога го земав рускиот Helios 44m-4 на адаптер се што прави сам апаратот е шо ми свирка кога сум во фокус, не дека е тоа точно, промашува, ама од прилика ми кажува барем кога централната точка ми е во фокус, се друго е основа на моето око.
На место ти се коментариве - овие последниве, и не се лутам нормално...Најверојатно повторно по не знам кој пат згрешив изгледа што ги менував вредностите за експозиција, white balance и soft focus во Фотошоп и тука ги утнав и затоа изгледаат темни...И секако можев подобро да ги рапределам елементите и да добијам подобра композиција...
Јас ти се налутив затоа што ми напиша дека една слика вреди само, а другите НЕ...Иначе за мене имаат и малку емотивно значење затоа што фоткиве ги правев на мојот плац, над селото на дедо ми ...
Етее..Смир-смир... :)
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
На место ти се коментариве - овие последниве, и не се лутам нормално...Најверојатно повторно по не знам кој пат згрешив изгледа што ги менував вредностите за експозиција, white balance и soft focus во Фотошоп и тука ги утнав и затоа изгледаат темни...И секако можев подобро да ги рапределам елементите и да добијам подобра композиција...
Јас ти се налутив затоа што ми напиша дека една слика вреди само, а другите НЕ...Иначе за мене имаат и малку емотивно значење затоа што фоткиве ги правев на мојот плац, над селото на дедо ми ...
Етее..Смир-смир... :)
Треба една работа да сфатиш, една слика тебе може да ти вреди на скала од 1 до 10 цели 15 само поради сентиментална вредност, но тоа за остатокот од светот немора да значи. Гледај објективно на работите, како тие слики да не се твои. Така пореално ќе можеш да согледаш колку всушност сликата е добра според правила и прописи и прекршувања правила и прописи
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Еве уште некоја сликичка од мојот плац во село...Со есенски мотив се разбира...
Div karanfil...U...jpg Road...U...jpg smoke...U....jpg The pumpkin...U....jpg
 
Член од
27 март 2007
Мислења
584
Поени од реакции
37
Bunny прекрасно.. браво браво браво..
goran manevski некако мн чудни бои им ставаш у дообработка..
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Сенките се осветлени и додадено е малку боја. :)
Ама дека си сликал у скоро темно преовладува плавата боја, и кога ги засилуваш боите добиваш премногу плаво, тоа ти го покрива зеленото, и аутоматски сликите ти се нереални :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom