Erich Zann
Модератор
- Член од
- 13 мај 2012
- Мислења
- 14.635
- Поени од реакции
- 31.850
The Man Without a Past
Најпрвин да напоменам дека станува збор за одличен фински филм. На почетокот од филмот, ликот доживува еден непосакуван настан кој ќе го смени целосно неговиот живот. Не го памти своето име, ниту минато, почнува целосно од 0, без никакви емоции кон никого. Прифатен е од добра фамилија која ќе се грижи за него се до неговото целосно закрепнување. Потоа доаѓа неговото осамостојување и борбата за преживување во една нова средина каде е обичен странец, кој лека полека почнува да се прилагодува и на околината и на луѓето. Во понатамошниот тек на филмот наидува на различни препреки кои делуваат доста природно и секојдневно, што сигурно нема да ве остават рамнодушни. Одлично се доловени различните карактери, темпераменти на повеќе луѓе. Некои од нив ќе ви станат одбивни, некои ќе ги подзасакате поради човечноста и добрината со која се карактеризираат. Станува збор за филм кој во себе разработува една несекојдневна идеја, на интересен начин, динамичен, така да нема да имате досадни мигови. Има некоја чудна финска музика која лично мене доста ми се допадна. Крајот одличен исто.
8/10
![](http://ia.media-imdb.com/images/M/MV5BMTM2MDY5NzUzM15BMl5BanBnXkFtZTYwNzQxNzk5._V1_SY636_SX450_AL_.jpg)